турски војници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Jul 2020 12:42:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png турски војници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Турција: При експлозија во камион, загинаа тројца турски војници https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turcija-pri-eksplozija-vo-kamion-zaginaa-trojca-turski-vojnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turcija-pri-eksplozija-vo-kamion-zaginaa-trojca-turski-vojnici/#respond Thu, 09 Jul 2020 12:42:55 +0000 https://kurir.mk/?p=372545

При експлозија во камион, кој превезувал пиротехника и експлозив, во северозападна Турција загинаа тројца полицајци, а шестмина се повредени. Пиротехнички средства биле транспортирани од фабрика за да бидат уништени во контролирана експлозија во Сакарија, соопшти Министерството за внатрешни работи. Материјалот експлодирал при извлекување од камионот, а двајцата загинати војници се од воената полициска екипа за деактивирање на експлозив. Материјалот доаѓа од истата фабрика во која при експлозијата пред една недела загинаа седум лица, а повредени се повеќе од 120. Уапсен е сопственикот на фабриката и четворица вработени. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turcija-pri-eksplozija-vo-kamion-zaginaa-trojca-turski-vojnici/feed/ 0
Двајца турски војници загинаа во Идлиб https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-turski-vojnici-zaginaa-vo-idlib/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-turski-vojnici-zaginaa-vo-idlib/#respond Thu, 05 Mar 2020 21:27:40 +0000 https://kurir.mk/?p=312769

Двајца турски војника се убиени од силите на сирискиот претседател Башар Асад во северозападниот дел на Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана, само неколку часа пред прекинот на огнот, договорен денеска од Анкара и Москва. Двајца турски војника загинаа, а тројца се повредени откако сириските владини сили отворија оган во провинцијата Идлиб, соопшти Министерството, додавајќи дека турската војска одговорила веднаш на нападот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-turski-vojnici-zaginaa-vo-idlib/feed/ 0
Уште двајца турски војници убиени во Идлиб https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-dvajca-turski-vojnici-ubieni-vo-idlib/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-dvajca-turski-vojnici-ubieni-vo-idlib/#respond Wed, 04 Mar 2020 09:49:10 +0000 https://kurir.mk/?p=311881

 Уште двајца турски војници се убиени, а шестмина се повредени при напад на сириските безбедносни сили во провинцијата Идлиб, соопшти денеска турското Министерство за одбрана, со што бројот на загинати турски војници изнесува најмалку 37 во текот на изминатата недела.

Турската војска веднаш одговори на огнот на сириските сили и продолжи да напаѓа цели, се наведува во соопштението на Министерството.

Со тоа вкупниот број на жртви од турска страна достигна 59 лица за еден месец.

Од почетокот на минатонеделната воена операција, Турција уништи три сириски авиони, осум хеликоптери и повеќе од 150 тенкови, додаде турското Министерство.

Жестоките борби во сириската провинција Идлиб предизвикаа нов мигрантски бран од еден милион лица кон Турција, по што Анкара ги отвори границите кон Грција и Бугарија.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-dvajca-turski-vojnici-ubieni-vo-idlib/feed/ 0
Во Либија загинале двајца турски војници, информира Ердоган https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-libija-zaginale-dvajca-turski-vojnici-informira-erdogan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-libija-zaginale-dvajca-turski-vojnici-informira-erdogan/#respond Tue, 25 Feb 2020 08:36:10 +0000 https://kurir.mk/?p=308433

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска информира дека двајца турски војници се убиени во Либија, каде Анкара распоредила сили и сириски борци за поддршка на меѓународно признатата Влада. Ердоган не прецизираше кога загинале војниците. Турскиот претседател во неделата објави дека во Либија се убиени турски војници, но не прецизира колку. Ердоган пред четири дена првпат призна присуство на протурски сириски сили во Либија, каде ги поддржуваат силите на меѓународно призната влада во Триполи. Турскиот претседател рече дека „на терен има елементи на Сириската народна армија“. Тој додаде дека либискиот генерал Калифа Хафтар сака Турција да излезе од земјата и го праша „зошто не се зборува за руските сили од 2.000 лица кои го поддржуваат Хафтар“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-libija-zaginale-dvajca-turski-vojnici-informira-erdogan/feed/ 0
Курдите тврдат дека убиле 75 турски војници во Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurdite-tvrdat-deka-ubile-75-turski-vojnici-vo-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurdite-tvrdat-deka-ubile-75-turski-vojnici-vo-sirija/#respond Sun, 13 Oct 2019 07:50:31 +0000 https://kurir.mk/?p=251004

Арапско-курдските сириски демократски сили ја нападнале турската армија во Рас ал-Ајин, при што загинале 75 турски војници и уништиле седум тенкови, јави курдската агенција Фират, пренесува БГНЕС. Според истиот извор, уште 19 турски војници се повредени во нападите на Курдите. Вчера, турското Министерство за одбрана соопшти дека стратешки важниот град Рас ал Ајин е под контрола на вооружените сили на Турција и на опозиционата сириска национална армија, кои ја водат офанзивата во северна Сирија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurdite-tvrdat-deka-ubile-75-turski-vojnici-vo-sirija/feed/ 0
Привремено замрзната одлуката за азил за еден од осумтемина турски војници кои пребега во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/privremeno-zamrznata-odlukata-za-azil-za-eden-od-osumtemina-turski-vojnici-koi-prebega-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/privremeno-zamrznata-odlukata-za-azil-za-eden-od-osumtemina-turski-vojnici-koi-prebega-vo-grcija/#respond Mon, 08 Jan 2018 13:07:30 +0000 http://kurir.mk/?p=7785

Претседателката на Апелационен суд во Атина, го прифати барањето на грчката Влада и привремено ја замрзна одлуката за доделување азил за еден од осумтемина турски војници кои пребегаа во Грција. Според грчките медиуми, јави дописникот на МИА од Атина, конечната одлука ќе биде донесена на 15 февруари, а до тогаш, наместо да биден пуштен на слобода по добиениот азил, копилотот од турскиот хеликоптер, е уапсен и повторно ќе биде однесен во полициската станица во Олимпиското село во близина на Атина, каде што се наоѓаат и другите седум турски војници. Како причини за ваквата одлука на судот за замрзнување на доделениот азил, како што објавија локалните медиуми, се наведуваат јавниот интерес и интересот на самиот војник. На 30 декември, Независната второстепена комисија за азил во Атина, одобри азил за еден од турските војници, а неколку часа подоцна од грчката Влада соопштија дека поднеле барање за поништување на одлуката на Комисијата. Врховниот суд во Атина, на 26 јануари минатата година, одлучи осумтемина турски војници да не бидат екстрадирани во Турција, а сите поднесоа барање за азил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/privremeno-zamrznata-odlukata-za-azil-za-eden-od-osumtemina-turski-vojnici-koi-prebega-vo-grcija/feed/ 0