тутун – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 12:49:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тутун – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Царинска управа: Запленет тутун за кој се избегнати акцизни давачки од половина милион денари и е ризичен по здравјето на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tsarinska-uprava-zaplenet-tutun-za-koj-se-izbegnati-aktsizni-davachki-od-polovina-milion-denari-i-e-rizichen-po-zdravjeto-na-graganite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tsarinska-uprava-zaplenet-tutun-za-koj-se-izbegnati-aktsizni-davachki-od-polovina-milion-denari-i-e-rizichen-po-zdravjeto-na-graganite/#respond Tue, 31 Oct 2023 12:49:26 +0000 https://kurir.mk/?p=894939

Запленети 235,5 килограми режан тутун за којшто е избегнато плаќање акциза во износ од над половина милион денари во координирана акција на Секторот за контрола и истраги на Царинската управа, Единицата за економски криминал при Одделот за крим полиција при Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат, спроведена во текот на вчерашниот ден на пазарите во Скопје и Тетово. Во акцијата e запленет и пиротехнички материјал, односно 2.000 парчиња петарди и 27 кутии огномет. Акциите се дел од заедничките активности на институциите коишто се спроведуваат со цел спречување пуштање на стока во промет за која не се платени акцизни давачки, како и пуштање во промет на забранета стока која е ризична по здравјето на граѓаните. Стоката е привремено одземена, а од страна на Царинската управа до надлежните институции ќе бидат поднесени соодветни пријави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tsarinska-uprava-zaplenet-tutun-za-koj-se-izbegnati-aktsizni-davachki-od-polovina-milion-denari-i-e-rizichen-po-zdravjeto-na-graganite/feed/ 0
ФОТО: Приведен гевгеличанец поради криумчарење на цигари и тутун https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-priveden-gevgelichanets-poradi-kriumcharene-na-tsigari-i-tutun/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-priveden-gevgelichanets-poradi-kriumcharene-na-tsigari-i-tutun/#respond Thu, 14 Sep 2023 08:33:05 +0000 https://kurir.mk/?p=877917

Ноќва (14.09.2023) во 01.20 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Н.М. од Гевгелија. При преглед во патничкото возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 387 штеки различни видови цигари и 1250 грама тутун, за кои не поседувал никаква документација. Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-priveden-gevgelichanets-poradi-kriumcharene-na-tsigari-i-tutun/feed/ 0
Запленети над 200 килограми режан тутун наменет за нелегална продажба, приведен скопјанец (фото) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zapleneti-nad-200-kilogrami-rezhan-tutun-namenet-za-nelegalna-prodazhba-priveden-skopjanets-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zapleneti-nad-200-kilogrami-rezhan-tutun-namenet-za-nelegalna-prodazhba-priveden-skopjanets-foto/#respond Tue, 08 Aug 2023 17:45:21 +0000 https://kurir.mk/?p=864754

Денеска (08.08.2023) околу 15.30 часот полициски службеници од СВР Скопје го привеле Е.А.(29) од Скопје, а во патничкото моторно возило „голф“ со скопски регистерски таблички, кое тој го управувал, пронајдени и одземени се над 200 килограми режан тутун, наменет за нелегална продажба. По целосно документирање на случајот, против Е.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zapleneti-nad-200-kilogrami-rezhan-tutun-namenet-za-nelegalna-prodazhba-priveden-skopjanets-foto/feed/ 0
СЗО: Напредува глобалната борба против тутунот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-napreduva-globalnata-borba-protiv-tutunot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-napreduva-globalnata-borba-protiv-tutunot/#respond Mon, 31 Jul 2023 15:00:59 +0000 https://kurir.mk/?p=862077

Напорите на јавното здравство за ограничување на употребата на тутун ширум светот постигнуваат напредок. Се поголем број земји преземаат мерки против пушењето, се наведува во денеска објавениот извештај на Светската здравствена организација (СЗО). - Сега 5,6 милијарди луѓе живеат во земји кои имаат имплементирано барем една од препорачаните мерки на СЗО за заштита на непушачите во речиси 40 проценти од земјите, затворените јавни простори сега се без чад, се истакнува во најновиот извештај. СЗО критикува одредени земји што не преземаат дополнителни чекори за ограничување на употребата на тутун и за спроведување на постоечките правила. Според СЗО, повеќе од осум милиони луѓе годишно умираат од пушење, повеќето од нив во земјите со низок и среден приход. Во извештајот се посочува дека чадот од тутун има големо влијание и врз непушачите односно 1,2 милиони смртни случаи секоја година, вклучително и смртта на 65.000 деца, е поради изложеност на пасивно пушење. Луѓето кои се изложени на пасивно пушење се изложени на ризик од смрт, срцеви заболувања, мозочен удар, респираторни заболувања, дијабетес тип два и рак. - Ефективните мерки за спречување на пушењето ќе обезбедат помалку луѓе да заболат од рак, кардиоваскуларни болести или респираторни проблеми, кои се предизвикани од пушењето, изјави директор на СЗО за промоција на здравјето, Рудигер Крех. Извештајот го оценува напредокот на земјите во контролата на тутунот и покажува дека две земји, Маурициус и Холандија, постигнале највисоко ниво на имплементација на сите мерки на СЗО, што досега го постигнаа само Бразил и Турција. СЗО ги повикува сите земји да ги спроведат сите мерки на СЗО за борба против епидемијата на тутун. Осум земји треба да спроведат само уште една мерка за да им се придружат на лидерите во контролата на тутунот: Етиопија, Иран, Ирска, Јордан, Мадагаскар, Мексико, Нов Зеланд и Шпанија. Во извештајот се наведува дека 53 земји сè уште немаат целосна забрана за пушење во здравствените установи. Само околу половина од земјите имаат работни места во приватни компании и ресторани без чад. СЗО ги повикува сите земји да ги спроведат сите мерки на СЗО за борба против епидемијата на тутун, која убива 8,7 милиони луѓе ширум светот, и да се спротивстават на тутунската и никотинската индустрија, која лобира против овие мерки за јавно здравје посочи Крех.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-napreduva-globalnata-borba-protiv-tutunot/feed/ 0
На секоја цигара ќе има предупредување за опасностите од тутунот- оваа земја прва ги воведува ознаките https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-sekoja-tsigara-ke-ima-predupreduvane-za-opasnostite-od-tutunot-ovaa-zemja-prva-gi-voveduva-oznakite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-sekoja-tsigara-ke-ima-predupreduvane-za-opasnostite-od-tutunot-ovaa-zemja-prva-gi-voveduva-oznakite/#respond Thu, 01 Jun 2023 07:23:25 +0000 https://kurir.mk/?p=841100

Канада ќе стане првата земја во која секоја цигара ќе мора да биде поединечно означена со предупредувања за штетното влијание на тутунот врз здравјето на луѓето. Мерката беше објавена минатата година од канадските здравствени власти, а прописите треба да стапат на сила на 1 август. Ќе се воведува постепено во зависност од големината на цигарите, прво на најголемите и на крајот на сите цигари. „Овој храбар чекор ќе ги направи пораките за предупредување за здравјето практично неизбежни“, рече канадската министерка за ментално здравје и болести од зависности, Каролин Бенет. Предупредувањата „отров со секој чад“, „чадот од тутунот им штети на децата“ и „цигарите предизвикуваат импотенција“ ќе бидат напишани на англиски и француски јазик. Министерството за здравство на Канада објави дека целта на оваа стратегија е да се намали потрошувачката на тутун на под пет проценти до 2035 година. Бенет рече дека 48.000 Канаѓани умираат секоја година како последица од пушењето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-sekoja-tsigara-ke-ima-predupreduvane-za-opasnostite-od-tutunot-ovaa-zemja-prva-gi-voveduva-oznakite/feed/ 0
Македонија меѓу посочените земји: СЗО повикува да прекине субвенционирањето на тутунот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-megu-posochenite-zemji-szo-povikuva-da-prekine-subventsioniraneto-na-tutunot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-megu-posochenite-zemji-szo-povikuva-da-prekine-subventsioniraneto-na-tutunot/#respond Fri, 26 May 2023 19:12:58 +0000 https://kurir.mk/?p=839223

Светската здравствена организација (СЗО) повика да прекине субвенционирањето на тутунот во многу земји, укажувајќи на штетното влијание на оваа култура врз здравјето на луѓето. СЗО во извештајот ги посочи европските земји кои одгледуваат тутун, вклучително и  Македонија, која, како што се наведува, е меѓу 20-те најважни извозници на тутун во светот. Таму одгледувањето тутун добива субвенции до 2 507 долари по хектар, додека пченицата се поддржува со максимум 269 долари, нагласува СЗО. -Тутунот е одговорен за осум милиони смртни случаи годишно, но владите ширум светот трошат милиони за поддршка на фармите за тутун, рече шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус пред Светскиот ден без тутун, кој се одбележува на 31 мај. Со изборот да одгледуваме храна наместо тутун, истакна Гебрејесус, даваме приоритет на здравјето, ги зачувуваме екосистемите и ја зајакнуваме безбедноста на храната за сите. Во Швајцарија, тутунарите добиле повеќе од 32 милиона долари субвенции меѓу 2015 и 2020 година, се вели во извештајот. Во САД и Аргентина, по неколку стотици милиони долари од парите на даночните обврзници се слеале во одгледувањето тутун во овој период, се вели во извештајот. Севкупно, тутунот го има на 3,2 милиона хектари во 124 земји во светот, при што многу земјоделски работници се разболеле од екстремно високата изложеност на никотин. Корпорациите авансираат пари за да ги покријат високите трошоци за семиња, ѓубрива и хербициди, но тие потоа ги плаќаат земјоделците на крајот на сезоната, создавајќи циклус на долгови и зависност. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-megu-posochenite-zemji-szo-povikuva-da-prekine-subventsioniraneto-na-tutunot/feed/ 0
Во Тетово запленета голема количина тутун и цигари без акцизни маркички https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-tetovo-zapleneta-golema-kolichina-tutun-i-tsigari-bez-aktsizni-markichki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-tetovo-zapleneta-golema-kolichina-tutun-i-tsigari-bez-aktsizni-markichki/#respond Fri, 05 May 2023 13:00:02 +0000 https://kurir.mk/?p=830966

Во координирана акција на Секторот за контрола и истраги на Царинската управа со единицата за економски криминал при Одделот за крим полиција при МВР и службени лица од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи извршена во текот на вчерашниот ден во Тетово, запленети се 260 килограми тутун, 12.800 парчиња цигари и 240 електронски цигари. - Со ова е спречен обид за пуштање во промет на акцизна стока за која е избегнато плаќање на акциза во износ од 600 илјади денари, се наведува во соопштението од Царинската управа. Оттаму посочуваат дека во заедничката акција, спроведена со цел откривање на производи без платена акциза, при контрола на неколку локации во Тетово, кај две правни и девет физички лица беа пронајдени сецкан тутун за пушење, тутун за наргиле, цигари и електронски цигари без акцизни маркички. -Стоката е привремено одземена, а против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежните институции, велат од Царинската управа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-tetovo-zapleneta-golema-kolichina-tutun-i-tsigari-bez-aktsizni-markichki/feed/ 0
Почнува садењето на тутунот, производителите очекуваат добра година и повисоки цени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/pochnuva-sadeneto-na-tutunot-proizvoditelite-ochekuvaat-dobra-godina-i-povisoki-tseni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/pochnuva-sadeneto-na-tutunot-proizvoditelite-ochekuvaat-dobra-godina-i-povisoki-tseni/#respond Sat, 29 Apr 2023 12:31:10 +0000 https://kurir.mk/?p=828983

Почнува садењето на тутунот од новата реколта. Засега некои производители од Прилепско-пелагонискиот регион почнаа да садат, а поинтензивно ќе биде во текот на мај. Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија, вели дека годинава со откупувачите е договорено производство од околу 26 400 тони, што е повеќе од лани и очекуваат добра година. -Некои тутунопроизводители од Пелагониско веќе почнаа со садењето на новата реколта тутун. Очекуваме со почетокот на мај садењето да биде поинтензивно на целата територија. Моментално тутуновиот расад е добар и се очекува временските услови да помогнат и навреме да се засади. Ако лани беа договорени под 26 000 тони, иако производната година беше околу 21 000 тони тутун, годинава се договорени да се произведат околу 26 400 тони тутун. Можеби причината е што лани тутунарите добро поминаа: родот беше квалитетен, брзо се откупи и се постигна просечна цена од 290 денари за килограм. Сепак, останува да се види дали договореното ќе се исполни, изјави Стомнароски. Тутунарите и годинава ќе бараат зголемување на цената на тутунот зашто се поголеми трошоците за производство. -Очекуваме добра производна година, иако многу зависиме од временските услови, очекуваме цените да се зголемат, да стигнеме до реални исплатливи цени за одржливот на тутунопроизводството. Само исплатливоста може да ги привлече помладите генерации да го садат тутунот за да не остане само повозрасните да се занимаваат со тутунопроизводството, смета Стомнароски. Деновиве на тутунарите им се исплаќаат субвенциите за ланската реколта. На околу 16 000 тутунари за ланскиот род им се префрлени 26 милиони евра на име субвенции. Министерот за земјоделство Љупчо Николовски при посетата на Прилеп и на тутунарите увери дека министерството и државата остануваат да ги поддржуваат производителите.Тутунот е стратешка култура. -Секако дека тутунопроизводителите ја имаат сета наша поддршка како и досега. Даваме максимална поддршка во дијалогот што ќе го го имаат со откупувачите за повисоки цени. Тутунопроизводството е македонска традиција и преку тоа државата обезбедува најголем девизен прилив. Тутунот е најизвезуван производ, а по него се виното, конзервната индустрија, изјави во Прилеп министерот Николовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/pochnuva-sadeneto-na-tutunot-proizvoditelite-ochekuvaat-dobra-godina-i-povisoki-tseni/feed/ 0
На Табановце спречен обид за шверцување на 30 килограми тутун за наргиле https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/na-tabanovtse-sprechen-obid-za-shvertsuvane-na-30-kilogrami-tutun-za-nargile/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/na-tabanovtse-sprechen-obid-za-shvertsuvane-na-30-kilogrami-tutun-za-nargile/#respond Thu, 27 Apr 2023 14:25:57 +0000 https://kurir.mk/?p=828372

Царинските службеници на граничниот премин Табановце завчера на влез во државава спречија обид за шверцување на 30 килограми ароматизиран тутун за наргиле, информираат од МВР. - Возилото со македонски регистарски таблички управувано од македонски државјанин поради основано сомневање е селектирано за детален преглед, при што се пронајдени 120 кутии по 250 гр ароматизиран тутун за наргиле, кои лицето не ги пријавило, соопштуваат од полицијата. Од МВР истакнуваат дека со ова е спречен обид на пуштање во промет акцизна стока за која е избегнато плаќање на давачки во износ од над 65 илјади денари. - Стоката е привремено задржана, а против лицето се поднесени соодветни пријави до надлежните институции, велат од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/na-tabanovtse-sprechen-obid-za-shvertsuvane-na-30-kilogrami-tutun-za-nargile/feed/ 0
Сојуз на земјоделски здруженија: Да не се потпишуваат договорите за новата реколта тутун без зголемување од 20 насто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuz-na-zemjodelski-zdruzhenija-da-ne-se-potpishuvaat-dogovorite-za-novata-rekolta-tutun-bez-zgolemuvane-od-20-nasto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuz-na-zemjodelski-zdruzhenija-da-ne-se-potpishuvaat-dogovorite-za-novata-rekolta-tutun-bez-zgolemuvane-od-20-nasto/#respond Sat, 04 Mar 2023 14:57:46 +0000 https://kurir.mk/?p=808066

Тутунарите да не ги потпишуваат договорите со откупните компании за новата реколта тутун додека цените не се зголемат за 20 насто, бара и апелира Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија. Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделци на Македонија вели дека откупувачите побрзаа да ги склучуваат договорите уште незавршен официјалниот откуп на ланската реколта (до 28 февруари) што значи дека им треба родот, но ги нудат постојните, а не нови зголемени цени по класи. Треба да се преговара за нови цени. - Ги повикуваме тутунарите да не ги потпишуваат договорите. Ако не ги потпишат, фирмите ќе имаат непотпишани договори, што значи не ќе може да ги внесат во ИСЕТ што мора да се направи до 20 март. Друга законска можност немаме за да ги притиснеме фирмите, освен да ги повикаме тутунарите да не ги потпишуваат договорите со исти цени. Целта ни е да седнеме, да преговараме, а некои фирми веќе почнаа да се јавуваат за преговарање. Додека не се зголемат цените по класи за 20 насто, нема да ги прифатиме договорите. Откупувачите испратија договори, но со лански цени, без зголемувања по класи. Ние им одговоривме дека нема да ги потпишеме договорите, зашто не се согласуваме со понудените цени. Тие се без зголемување и се на ланското, последно, ниво од 300 за прва класа, 240 за втора и 180 за трета класа. Ние сакаме зголемување за 20 насто, зашто се зголемува инфлацијата, а се зголемуваат и трошоците за производство, изјави Стомнароски. Злате Даноски, претседател на тутунското здружение „Мице Козар“ од Прилеп и Гоце Јончески, тутунопроизводител од Прилепско, објаснуваат дека ако не се зголемат цените ќе стане неисдплатливо производството и ќе ја доведе во опасност иднината на оваа земјоделско-индустриска гранка. осдобено што младите немаат интерес да работат на нивите. - Ако склучиме договори, тутунот ќе оди по стара цена. Мора да бидеме заедно, да не ги потпишуваме договорите и да се избориме за зголемување на цените. Со овие цени не може да биде рентабилно производството, ќе остане само маката. Младите не се заинтересирани, останаа само повозрасните да го работат тутунот. Со овие цени нема воопшто да сакаат да работат, вели Даноски. - На нивите останаа средновечните да го работат тутунот. Почна подготовката на расадопроизводството. Со овие цени никој нема да работи. Ако сакаме, барем дел од младата генерација да остане, мора производството да биде исплатливо. Со овие цени, без зголемување, нема да има сигурна иднина за тутунопроизводството, вели тутунарот Гоце Јончески. Ланската реколта од 21 000 тони се откупи по просечна цена од околу 290 денари и тоа за првпат тутунот се купи еден месец пред законскиот рок, 28 февруари. Почна расадопроизводството за новата реколта. Тутунарите очекуваат да ги добијат што поскоро субвенциите, кога им се најголемите трошоци за новата реколта. Од тутунопроизводството во земјава егзистираат преку 25 000 семејства.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuz-na-zemjodelski-zdruzhenija-da-ne-se-potpishuvaat-dogovorite-za-novata-rekolta-tutun-bez-zgolemuvane-od-20-nasto/feed/ 0