тутунари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 May 2022 15:59:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тутунари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трипуновски оствари средба со земјоделци од Крушевско Норово: Тутунарите си ги бараат субвенциите за тутунот! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/tripunovski-ostvari-sredba-so-zemjodelci-od-krushevsko-norovo-tutunarite-si-gi-baraat-subvenciite-za-tutunot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/tripunovski-ostvari-sredba-so-zemjodelci-od-krushevsko-norovo-tutunarite-si-gi-baraat-subvenciite-za-tutunot/#respond Sun, 22 May 2022 15:56:09 +0000 https://kurir.mk/?p=680215

Тутунарите од Норово си ги бараат субвенциите за тутунот! Предмалку завршив со средбата со земјоделците од Крушевско Норово, вредни производители на тутун кои во дискусијта ми посочиа дека ова што го прави власта со неисплаќањето на субвенциите уште еднаш се потврдува дека државната каса е празна а они се доведени до работ на егзистенија, стои во Фејсбук статусот на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој во својата објава додаде дека токму поради горенаведеното се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/tripunovski-ostvari-sredba-so-zemjodelci-od-krushevsko-norovo-tutunarite-si-gi-baraat-subvenciite-za-tutunot/feed/ 0
Трипуновски: Николовски се сокри позади Талески, на тутунарите им е преку глава од вашата демагогија – исплатете им ги субвенциите! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-nikolovski-se-sokri-pozadi-taleski-na-tutunarite-im-e-preku-glava-od-vashata-demagogija-isplatete-im-gi-subvenciite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-nikolovski-se-sokri-pozadi-taleski-na-tutunarite-im-e-preku-glava-od-vashata-demagogija-isplatete-im-gi-subvenciite/#respond Mon, 09 May 2022 12:38:12 +0000 https://kurir.mk/?p=673975

Николовски се сокри позади Талески! Секоја година иста песна. Па човек со вас не знае дали да се смее или да плаче? Како немате ни тронка срам ни ти ни оваа таканаречена влада па да им се обраќате на тутунарите и да ги убедувате дека Опозицијата е крива што ВИЕ не сте имале исплатено субвенции, стои во Фејсбук статусот на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ. - Па дали сте свесни што зборувате? Со кои законски измени се вадите пред тутунарите кога сите знаат дека ДАНОКОТ на тутунарите им се запира при самата исплата на тутунот. На тутунарите им е преку глава од вашата демагогија и затоа под ИТНО да им ги исплатите субвенциите бидејќи тоа се нивни пари а не ваши, пишува тој во својата објава. Трипуновски додава дека одговоноста која што ќе следи е многу поблиску од она што мислите! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-nikolovski-se-sokri-pozadi-taleski-na-tutunarite-im-e-preku-glava-od-vashata-demagogija-isplatete-im-gi-subvenciite/feed/ 0
Трипуновски: За тутунарите нема субвенции, а за фирмите на Заев милионски грантови! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-za-tutunarite-nema-subvencii-a-za-firmite-na-zaev-milionski-grantovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-za-tutunarite-nema-subvencii-a-za-firmite-na-zaev-milionski-grantovi/#respond Fri, 06 May 2022 12:00:09 +0000 https://kurir.mk/?p=672924

Денес на барање на тутунопроизводителите од општина Могила остварив средба со нив на која покрај другите проблеми со кои се соочуваат тие се пожалија и за неисплатените субвенции за тутунот и со самото тоа паднаа во вода сите изјави и фалби на мзшв и платежната агенција дека субвенциите се исплаќаат навремено и редовно бидејќи по програмата за дирекни плаќања овие субвенции требаше да се исплатат во месец март, коментира на социјалната мрежа на Фејсбук Цветан Труипуновски од ВМРО-ДПМНЕ. -Со ова закаснување на субвенциите кое е редовна практика на оваа власт се доведува во прашање самата егзистенција на тутунарите бидејќи во услови на огромна инфлација вредноста на парите кои ќе ги добијат тутунарите ќе биде многукратно намалена,а исто така се доведува во прашање и самото расадување на новата реколта кое пак ќе повлече и намалување на и така десеткуваното производство а тоа ќе значи не само загуба за тутунарите туку и за државата. Исто така тутунарите се револтирани што во ситуација на огромен скок на нафтените деривати повторно се извисени од власта и не се вклучени во мерката ЗЕЛЕНА НАФТА. И за крај ќе ја искористам оваа можност да упатам јавно барање до Николовски и Бачовски кои доколку завршија со исплатата на грантови на нивни блиски луѓе и завршија со сликање и себе промоција, под итно да се зафатат со работа и да најдат пари за субвенциите за тутунот како и за сите други земјоделски гранки, пишува во својата објава Трипуновски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-za-tutunarite-nema-subvencii-a-za-firmite-na-zaev-milionski-grantovi/feed/ 0
Почна откупот на тутунот, тутунарите очекуваат добра цена поради квалитетниот род https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-otkupot-na-tutunot-tutunarite-ochekuvaat-dobra-cena-poradi-kvalitetniot-rod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-otkupot-na-tutunot-tutunarite-ochekuvaat-dobra-cena-poradi-kvalitetniot-rod/#respond Mon, 06 Dec 2021 14:25:14 +0000 https://kurir.mk/?p=604829

Почна откупот на тутунот од годинашната реколта. Денеска се отворени 20 од 173 откупни пункта во државата. Пунктови отворија Прилепскиот тутунски комбинат, „Сокотаб“ од Битола и „Алијанса“ од Кавадарци. Годинава се склучени договори за околу 22.200 тони тутун. Тутунарите очекуваат добра цена бидејќи велат дека тутунот е квалитетен. -Донесов околу 500 до 600 килограми тутун за процена. Тутунот е квалитетен и очекувам добра цена за разлика од лани, изјави тутунарот Методија Ѓорѓиоски. За претседателот на тутунското здружение „Мице Козар“ од Прилеп, Злате Дамески, реално е тутунарите да очекуваат добра цена поради квалитетот и апелираат да носат тутун од сите класи. -Квалитетот е добар и очекуваме добра откупна цена. Првиот ден во Прилепскиот комбинат го потврдува тоа. Ќе видиме наредните денови како ќе биде. Апелирам тутунарите да носат за откуп род од сите класи, изјави Дамески. И координаторот на четирите новоформирани тутунски здруженија Игор Мирчески вели дека ќе следат како тече откупот. Очекуваат и Сојузот на земјоделските здруженија и Земјоделскиот инспекторат будно да го следат откупот. -Еве, три компании почнаа со откуп на тутунот. Во „Сокотаб“ не тргна според очекувањата, но ќе почекаме со оценките како ќе биде наредните денови. Бараме Сојузот на земјоделските здруженија со поверениците да го следи откупот, како и Земјоделскиот инспекторат да биде буден на теренот, изјави Мирчески. Проценителите на вагите во Прилепскиот тутунски комбинат потврдуваат дека тутунот е поквалитетен и се надеваат дека и производителите ќе бидат задоволни. Директорот на Прилепскиот тутунски комбинат Кире Станкоски се надева дека откупот ќе тече без проблеми. Од четврток ќе се отворат пунктовите во населените места, а исплатата ќе биде за еден ден. -Без проблеми почна откупот на тутунот во Комбинатот. Од денес се откупува на пунктот во градот, а од четврток ќе бидат отворени 21 откупен пункт со 31 вага во населените места. Потврдено е дека родот годинава е добар и се очекува далеку повисока откупна цена од лани, изјави Станкоски. Според директорот на Земјоделскиот инспекторат Зоран Шапуриќ, сите компании треба да ги отворат пунктовите до 15 декември. -Откупот почна на 20 од вкупно 173 откупни пункта во земјава. Од осумте компании уште една деновиве треба да достави гаранција за исплата. За годинашнава реколта се потпишани договори за околу 22.300 тони тутун. Родот е квалитетен. Очекуваме добар тек на откупот, а инспекторатот секако ќе биде на терен да ја следи откупната кампања, изјави Шапуриќ. Откупот официјално трае до 31 март наредната година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-otkupot-na-tutunot-tutunarite-ochekuvaat-dobra-cena-poradi-kvalitetniot-rod/feed/ 0
Мицкоски од Прилеп со поддршка за тутунарите: Земјоделските субвенции, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи владата, ќе бидат најмалку 5% од буџетот https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mickoski-od-prilep-so-poddrshka-za-tutunarite-zemjodelskite-subvencii-koga-vmro-dpmne-kje-ja-predvodi-vladata-kje-bidat-najmalku-5-od-budzetot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mickoski-od-prilep-so-poddrshka-za-tutunarite-zemjodelskite-subvencii-koga-vmro-dpmne-kje-ja-predvodi-vladata-kje-bidat-najmalku-5-od-budzetot/#respond Sat, 09 Oct 2021 13:35:15 +0000 https://kurir.mk/?p=575993

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски од средбата со граѓаните во општина Прилеп изрази огромна поддршка за земјоделците, особено за тутунопроизводителите, при која прилика вети дека во првиот момент кога партијата ќе го преземе раководството на владата, земјоделските субвенции ќе изнесуваат 5% од државниот буџет. Мицкоски, ова го истакна одговарајќи на новинарски прашања за став по однос на тоа што се уште не е исплатен петтиот пакет антикризни мерки, од кој што исплата на финансиски средства чекаат и тутунарите од прилепско, без кои средства може да се рачуна дека тутунопроизводителите годината ја обработиле на вересија. Тој истакна дека во Македонија треба да се зголеми вложувањето и инвестирањето во земјоделието затоа што државата е производител на навистина квалитетна храна и производи, како и производител на квалитетен тутун. -Ние како ВМРО-ДПМНЕ, се обврзуваме и тоа ќе го направиме веднаш кога ќе ја имаме можноста да ја водиме владата во Македонија, субвенциите за земјоделците, во кои што посебно место ќе имаат тутунопроизводителите, да изнесуваат 5% од буџетот и тие 5% практично, директно да ги вложиме во земјоделието, во храната, бидејќи Македонија е производител на навистина квалитетна храна, производител е на квалитетен тутун, овде регионот на Прилеп и прилепско. И ќе дадеме се од себе, преку методологија и механизми со кои што ги имаме предвидено во програмата „Обнова за Македонија“, да не ни се случуваат вакви работи какви што денеска се случуваат во Прилеп, односно како што се случуваше минатата година при откупот на тутунот на минатата сезона. Така што, мојата порака и до земјоделците и до тутунопроизводителите е да бидат спокојни, да не се обесхрабруваат, крајот доаѓа на овие криминалци и политички измамници. Најмалку пет проценти од државниот буџет директно ќе биде вложен во земјоделието, со посебен акцент на тутунопроизводителите, истакна Мицкоски. Тој посочи дека во изминатиот период бевме сведоци, како се шверцуваше тутун, а во јавноста се шпекулираше дека тоа го прават фирми блиски до Љупчо Николовски, при што царинската управа тоа го потврди додека домашниот тутун остануваше во амбарите непродаден. Мицкоски додаде дека тој изразува жалење и поддршка и дека навистина сочувствува со болка и мака која што во моментов ја чувствуваат и живеат тутунарите затоа што во континуитет се лажени од оваа Влада, предводена од Зоран Заев -Како човек, изразувам жалење и поддршка за луѓето кои што се тутунопроизводители и кои што континуирано се лажени од оваа Влада, и од Љупчо Николовски, и од Зоран Заев. Минатата година беше историски најлошата за нив, голем број трауми и лични искуства слушав и навистина сето тоа, мене како човек, ме погоди. И сочувствувам со сета нивна болка, со сета нивна мака која што тие луѓе во моментот ја чувствуваат и ја живеат. Самите рековте дека оној, би рекол егзибионистички донесен петти пакет и не е исплатен, тоа го кажуваат и тутунопроизводителите овдека во прилепско, истакна Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mickoski-od-prilep-so-poddrshka-za-tutunarite-zemjodelskite-subvencii-koga-vmro-dpmne-kje-ja-predvodi-vladata-kje-bidat-najmalku-5-od-budzetot/feed/ 0
„Заев гази по македонските тутунопроизводители и ги пљачка, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе забрани увоз на тутун и ќе го заштити домашното производство“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-gazi-po-makedonskite-tutunoproizvoditeli-i-gi-pljachka-zatoa-vmro-dpmne-kje-zabrani-uvoz-na-tutun-i-kje-go-zashtiti-domashnoto-proizvodstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-gazi-po-makedonskite-tutunoproizvoditeli-i-gi-pljachka-zatoa-vmro-dpmne-kje-zabrani-uvoz-na-tutun-i-kje-go-zashtiti-domashnoto-proizvodstvo/#respond Sun, 01 Aug 2021 07:16:07 +0000 https://kurir.mk/?p=544555

Владата предводена од Зоран Заев не се грижи воопшто за граѓаните освен за своите интереси. Десетици илјади семејства кои живеат од тутунот се заборавени, излажани. Власта наместо на страна на земјоделецот се става на страна на откупувачите со што не се цени, односно се гази по трудот на земјоделците, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -За разлика од Заев и Владата предводена од Заев, ВМРО-ДПМНЕ се грижи се грижи за земјоделците. Токму затоа во прва прилика ќе предложи измени на Законот за тутун. ВМРО-ДПМНЕ со предложените измени ќе забрани увоз на тутун се додека не се откупи и последната количина тутун произведена од македонскиот земјоделец, стои во партиското соопштение и се додава: „Целта е да се постигне повисока откупна цена на тутунот со што ќе се вреднува трудот на тутунарите, бидејќи Заев и Владата предводена од СДСМ ги пљачкаат тутунарите бидејќи откупната цена не е доволна да се покријат основните трошоци за производство. Заев овозможува да се увезува тутун од странство газејќи по домашните тутунопроизводители. Четирите години власт на Заев се четири украдени години за сите. Се крадат и потценуваат тутунопроизводителите, наместо да се цени нивниот труд. ВМРО-ДПМНЕ ќе стави крај на ваквото расипничко однесување на Заев и потценувањето на тутунопроизводителите!“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-gazi-po-makedonskite-tutunoproizvoditeli-i-gi-pljachka-zatoa-vmro-dpmne-kje-zabrani-uvoz-na-tutun-i-kje-go-zashtiti-domashnoto-proizvodstvo/feed/ 0
ФОТО: Трагични глетки од откупните пунктови за тутун во Битола – до кога оваа слика ќе биде секојдневие за пелагониските тутунари? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-tragichni-gletki-od-otkupnite-punktovi-za-tutun-vo-bitola-do-koga-ovaa-slika-kje-bide-sekojdnevie-za-pelagoniskite-tutunari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-tragichni-gletki-od-otkupnite-punktovi-za-tutun-vo-bitola-do-koga-ovaa-slika-kje-bide-sekojdnevie-za-pelagoniskite-tutunari/#respond Thu, 25 Mar 2021 17:52:08 +0000 https://kurir.mk/?p=487794

Километарски колони за предавање на “жолтото злато” за “без пари” – “Патот до пропаста” трасиран од неспособните власти за кои земјодеците се последни на листата “за живот”. Овие денови за жал сликата на откупните пунктови за тутун во Битола изгледаше како во едно тажно време во транзицијата во 90те години кога земјоделците беа третирани како “граѓани од втор ред”. Да, токму така, “граѓани од втор ред”, потценети, измачени, понижени, изгорени од сонцето и ветерот, без сон, со последни сили го произвеле своето “жолто злато” и сега им е “одземно” за “без пари”, стои во Фејсбук статусот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола - Колони долги неколку километри од возила натоварени со “жолто злато” кои чекаат со часови и денови да се откупи вишокот тутун на тутунопроизводителите од пелагонискиот регион за симболична цена која не ги задоволува ни производните трошоци . До кога оваа слика ќе биде секојдневие за пелагониските тутунари? До кога владата ќе ги залажува тутунопроизводителите дека секој килограм тутун ќе биде правилно оценет и платен ? Прашањето е и каде се мешовитите комисии, каде се земјоделските инспектори, каде се “претставниците” на тутунските здруженија? Или сите во една “неформална коалиција” на грбот на тутунопроизводителите да им се откупи тешко производениот тутун за непристојно ниски цени. Дали некој се запрашал колаква е грутката на срце кај домаќинот кога и соопштува на сопругата дека нивната мака е откупена за без пари, се вели во објавата. А работеле од 5 наутро со месеци ливче по ливче. Како да и каже дека катранот под ноктите не го носела со себе со месеци за на крај некој буквално да им ја загрози егзистенцијата на нивните скромни семејства. Кој се обиде да ги заштити овие измачени луѓе? Кој? Владата со неконтролата на количините за слободен увоз на тутун? Владата со никаква иницијатива за привлекување на нови инвеститори во тутунската индустија? Владата со маргинализацијата на улогата на земјоделските инспектори ? Претставниците таканаречени “повереници’ од здруженијата кои мудро молчеа за да им се откупи нив и на нивните блиски некое кило повеќе по добра цена? Во меѓувреме ќе остане само надежта на земјоделците за некое подобро утро, кога ќе блесне “новото сонце на слободата” и ќе го огрее “жолтото злато” во сиот свој сјај, зошто само сонцето наше македонско има доволно топлина да ја стопи грутката на срце, пишува во Фејсбук статусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-tragichni-gletki-od-otkupnite-punktovi-za-tutun-vo-bitola-do-koga-ovaa-slika-kje-bide-sekojdnevie-za-pelagoniskite-tutunari/feed/ 0
Трипуновски: Власта увезува тутун, додека домашниот го остава да скапува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-vlasta-uvezuva-tutun-dodeka-domashniot-go-ostava-da-skapuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-vlasta-uvezuva-tutun-dodeka-domashniot-go-ostava-da-skapuva/#respond Sun, 21 Mar 2021 11:39:43 +0000 https://kurir.mk/?p=485583

Огромни количини на тутун останаа не откупени. Откако им го земаа 80% од тутунот за цена од 120 до 160 денари за килограм. Власта сега е во нов поход и останатиот тутунот се откупува за мизерни 65 - 80 денари. Тие 65 денари не покриваат ништо. Тутунарите се во чист зијан, изјави на денешната прес конференција, Цветан Трипуновски. - Ова е причината за агонијата и мизерувањето на тутунарите во Република Македонија! Ова се документи за увезен ориентален тутун од Бугарија во Македонија. Заев и целата власт лажеа дека не се увезува тутун. Со овие документи се демантираат во целост. Со дозволата да се увезува тутун во Македонија, во тек на откуп на домашното производство директно влијаеше на производната односно на продажната цена на тутунот. Власта свесно ги уништува тутунарите. Ова е недозволиво и Заев лично е причина за маката на илјадници семејства кои се доведени на раб на егзистенција, посочи Трипуновски. Тој вели дека маката нема уште долго да трае. - ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт, ќе забрани увоз на тутун. Нема да може да се внесе тутун од странство, пред вашиот да биде купен, а вие да добиете достоинствена цена. Заев мора да замине. Македонија мора да се крене на нозе, додаде Трипуновски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-vlasta-uvezuva-tutun-dodeka-domashniot-go-ostava-da-skapuva/feed/ 0
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде на страната на тутунарите и апелираме власта да не си поигрува со овие луѓе кои мачно го заработуваат лебот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vmro-dpmne-sekogash-kje-bide-na-stranata-na-tutunarite-i-apelirame-vlasta-da-ne-si-poigruva-so-ovie-lugje-koi-machno-go-zarabotuvaat-lebot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vmro-dpmne-sekogash-kje-bide-na-stranata-na-tutunarite-i-apelirame-vlasta-da-ne-si-poigruva-so-ovie-lugje-koi-machno-go-zarabotuvaat-lebot/#respond Fri, 19 Mar 2021 12:36:17 +0000 https://kurir.mk/?p=484756

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на денешната средба со жителите на Чаир, прашан од страна на новинари за големиот револт кај тутунарите кои се жалат за откупот на тутунот, рече дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде на страната на тутунарите. Тој истакна дека не смее власта да си поигрува со трудот на тутунарите кои чесно и напорно се мачат да си го заработат лебот. -Тутунарите ја имаат целата поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, се разбира и од пратеничката група. Ова го говорам затоа што пред извесно време ние поддржавме закон во Собранието, зборам токму поради нас помина тој закон затоа што немаше кворум во Собранието. Но, ВМРО-ДПМНЕ гласаше за да се продолжи рокот за откуп на тутун, но како што можам повторно да слушнам цените се многу ниски. А тоа се случува поради одреден увоз на тутун од одредени земји. И тоа тутунарите го знаат. Оваа власт крие и сака да сокрие дека нивни структури шверцуваат тутун или го носат тука, го увезуваат за да го продаваат, дециден е Мисајловски. Затоа да не си поигруваат со тутунарите, рече тој, бидејќи тие се луѓе работници кои сакаат само трудот да им се плати и она што го сработиле да им се исплати. -И ние како пратеничка група ќе настојуваме и во иднина да се врати она старо законско решение каде што навистина тутунарите имаа поголеми права и со кое решение тие ќе добијат поголема и реална цена за тутунот. Затоа повторувам ВМРО-ДПМНЕ е целосно на страната на тутунарите, изјави Мисајловски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vmro-dpmne-sekogash-kje-bide-na-stranata-na-tutunarite-i-apelirame-vlasta-da-ne-si-poigruva-so-ovie-lugje-koi-machno-go-zarabotuvaat-lebot/feed/ 0
Милошоски од Демир Хисар: Тутунарите се незадоволни од власта, како пратеничка група ќе вршиме притисок трудот и маката да им се исплати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-od-demir-hisar-tutunarite-se-nezadovolni-od-vlasta-kako-pratenichka-grupa-kje-vrshime-pritisok-trudot-i-makata-da-im-se-isplati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-od-demir-hisar-tutunarite-se-nezadovolni-od-vlasta-kako-pratenichka-grupa-kje-vrshime-pritisok-trudot-i-makata-da-im-se-isplati/#respond Wed, 17 Mar 2021 13:01:49 +0000 https://kurir.mk/?p=483700

Денеска давам изјава од посетата на Демир Хисар и Крушево. Главната тема на средбите со граѓаните е катастрофалниот откуп на тутун и гледаме дека производителите на тутун се многу незадоволни. Прво од ниската откупна цена и второ од декласирањето на тутунот според некоја методологија на мустри кои што не одговараат на квалитетот на произведениот тутун и трето од тоа што гледаат дека во државата за жал некои стопански субјекти блиски до власта увезуваат ориентален тутун што претставува директна конкуренција и го загрозува производството на домашниот тутун, изјави денеска за медиумите, Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека  како политичка партија побарале  уште во декември минатата година во собранието да се расправа за оваа тема. Но, за жал владејачкото мнозинство не излезе во пресрет на таквите барања. - Сега е продолжен откупот до крајот на март, но гледаме ситуацијата не се менува и голем број на тутунопроизводители остануваат со непродаден тутун а од тоа егзистираат. Цениме дека ваквиот начин и однос од власта не е соодветен со трудот и времето кое се вложува од страна на тутунарите во производството на тутун, вели Милошоски. - Ние како пратеници ќе пробаме повторно во собранието оваа тема да ја подигнеме во јавноста и со самото тоа да создадеме притисок врз властите и компаниите да го испорачаат она што тутунопроизводителите го заслужуваат, додаде тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-od-demir-hisar-tutunarite-se-nezadovolni-od-vlasta-kako-pratenichka-grupa-kje-vrshime-pritisok-trudot-i-makata-da-im-se-isplati/feed/ 0