тужба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 28 Oct 2023 18:09:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тужба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Жена ги тужела своите возрасни синови затоа што не сакале да се иселат од нејзиниот дом https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zhena-gi-tuzhela-svoite-vozrasni-sinovi-zatoa-shto-ne-sakale-da-se-iselat-od-nejziniot-dom/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zhena-gi-tuzhela-svoite-vozrasni-sinovi-zatoa-shto-ne-sakale-da-se-iselat-od-nejziniot-dom/#respond Sat, 28 Oct 2023 18:58:00 +0000 https://kurir.mk/?p=894091

Седумдесет и пет годишна мајка, чие име не е објавено, неколку пати неуспешно се обидела да ги убеди своите синови да се иселат од нејзиниот дом во Павија, северна Италија. И покрај тоа што имале работа, мажите - на возраст од 40 и 42 години - одбиле да најдат свое алтернативно сместување. Тие одбиле да придонесуваат и за трошоците на домаќинството и покрај тоа што имале сопствени приходи и не помагале во домашните работи, пренесува Инсајдер. Бидејќи не можела да ги избрка со убедување, мајката решила да оди на суд. Според италијанскиот весник La Provincia Pavese, тоа било успешно. Судијата во Павија, Симона Катерби, одлучи дека синовите мора да го напуштат домот на нивната мајка до 18 декември. Во пресудата, судијата признал дека аргументот за останувањето на синовите на имотот некогаш можел да се смета за „основан“, со оглед на обврските на родителите кон децата, пишува весникот. Сепак, Катерби рече дека тоа повеќе не изгледало оправдано со оглед на тоа што и двајцата сега се во своите 40-ти. Според студијата на Statista од 2023 година, околу 70 отсто од Италијанците на возраст меѓу 18 и 34 години живеат во домовите на нивните родители, со малку поголем процент кај мажите. Овој феномен може да се припише на високата стапка на невработеност кај младите во Италија, што им отежнува на многу млади Италијанци да постигнат финансиска независност на рана возраст. „Гардијан“ забележа дека Италија дури има термин за возрасни кои не сакаат или не можат да го напуштат семејниот дом - „бамбочиони“, што грубо во превод значи „големи бебиња“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zhena-gi-tuzhela-svoite-vozrasni-sinovi-zatoa-shto-ne-sakale-da-se-iselat-od-nejziniot-dom/feed/ 0
ЕК ја тужи Шпанија поради несоодветна примена на правилата на единствената европска железничка област https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-ja-tuzhi-shpanija-poradi-nesoodvetna-primena-na-pravilata-na-edinstvenata-evropska-zheleznichka-oblast/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-ja-tuzhi-shpanija-poradi-nesoodvetna-primena-na-pravilata-na-edinstvenata-evropska-zheleznichka-oblast/#respond Thu, 19 Oct 2023 06:37:27 +0000 https://kurir.mk/?p=890584

Европската Комисијата одлучи да ја тужи Шпанија пред Судот на правдата на ЕУ поради неправилна имплементација и примена на Директивата за воспоставување единствена европска железничка област, јави дописникот на МИА од Брисел. Еврокомисијата смета дека со шпанската законска регулатива за железниците се прекршуваат неколку одредби од Директивата на ЕУ, кои се однесуваат на независноста во управувањето со железничката инфраструктурата, на непочитување на комерцијалните принципи и на неусогласеност на договорите меѓу Владата и операторот со железницата. Како што соопшти ЕК, таа во мај 2018 година испратила писмо за формално известување до Шпанија за своите забелешки за неусогласеноста со Директивата, на кое Мадрид одговорил во јануари 2019 година, информирајќи дека некои од забелешките се решени со новото законодавство на земјата, додека за другите е „потребна понатамошна работа“. Врз основа на одговорот, Комисијата утврдила дека Шпанија не успеала да обезбеди правилно усогласување со неколку членови од Директивата и во октомври 2019 година испратила мислење до Мадрид во кое го образложува својот став. Лани во декември Шпанија ја известила Еврокомисијата дека спровела дополнителни мерки. Сепак, анализата на ЕК покажала дека не биле усогласени сите посочени забелешки, поради што е донесена одлуката Шпанија да биде упатена пред Судот на правдата на Европската унија. Посочената Директива има за цел создавање отворен европски железнички пазар, понуда на повеќе услуги од страна на железничките оператори и привлекување нови клиенти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-ja-tuzhi-shpanija-poradi-nesoodvetna-primena-na-pravilata-na-edinstvenata-evropska-zheleznichka-oblast/feed/ 0
Бендевска: Недостигаат една третина од учебниците, подготвуваме тужба против државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bendevska-nedostigaat-edna-tretina-od-uchebnitsite-podgotvuvame-tuzhba-protiv-drzhavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bendevska-nedostigaat-edna-tretina-od-uchebnitsite-podgotvuvame-tuzhba-protiv-drzhavata/#respond Thu, 05 Oct 2023 13:42:08 +0000 https://kurir.mk/?p=885635

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација подготвува тужба за заштита од дискриминација против Министерството за образование и наука поради недостигот на учебници, изјави денеска претседателката на Комисијата, Весна Бендевска. На денешната средба со граѓани, претставници на граѓанскиот сектор и локалната самоуправа во Струга, Бендевска нагласи дека Комисијата работи на неколку случаи на структурна дискриминација, односно кога е зафатена голема популација, како што е недостигот на учебници и необезбедувањето бесплатен превоз за студентите и средношколците од приватните гимназии и факултети. Посочувајќи со бројки, истакна дека од вкупно 123 потребни учебници, на 1 септември недостигале 46, што, како што потенцира, е повеќе од една третина од учебниците во разни одделенија на разни наставни јазици. Токму поради тоа, подвлече, Комисијата утврдила дека кога не постои учебник како основно средство за изведување наставно-образовен процес, нема еднаков пристап до квалитетно образование во споредба со оние што имаат учебници. - Комисијата донесе одлука и таа се спроведува. Ќе поднесеме тужба пред граѓанскиот суд за заштита од дискриминација од јавен интерес заради недостиг на учебници. Она што го констатиравме во своето работење. Во тој случај, Комисијата ќе биде една странка од спорот и започнува со стратешко застапување на интересите на учениците. Нивни интерес е да добиваат квалитетно образование, а тоа значи учебник по секој наставен предмет, во секое одделение и на секој јазик на кој се одвива наставата. Тужена ќе биде државата, односно МОН. Тужбата ја подготвуваме и ќе ја поднесеме заедно со нашите стратешки партнери, Македонското здружение на млади правници, изјави Бендевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bendevska-nedostigaat-edna-tretina-od-uchebnitsite-podgotvuvame-tuzhba-protiv-drzhavata/feed/ 0
Се лизнала на пршута и сега го тужи ресторанот за отштета- бара вртоглава сума на пари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-liznala-na-prshuta-i-sega-go-tuzhi-restoranot-za-otshteta-bara-vrtoglava-suma-na-pari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-liznala-na-prshuta-i-sega-go-tuzhi-restoranot-za-otshteta-bara-vrtoglava-suma-na-pari/#respond Tue, 15 Aug 2023 08:40:58 +0000 https://kurir.mk/?p=866862

Жена го скршила левиот глужд откако се лизнала на парче месо при престој со сопругот во гостилницата „Итали“ (Eataly) во Бостон, САД. Оштетената сега го тужи ресторанот. Незгодата се случила на 7 октомври минатата година, кога Алис Коен се упатила кон делот каде што на посетителите им се делат примероци од храната. Жената се лизнала на „пршута“ (Prosciutto). Нејзините медицински трошоци, престојот в болница и физикалната терапија, надминаа 7.500 долари, се вели во тужбата поднесена во петокот во Врховниот суд во Сафолк во Бостон. Таа „се здоби со телесни повреди, губиток во уживањето во животот, болка и страдање и ги направи неопходните медицински трошоци за медицинска нега и грижа“, се вели во тужбата. Алис Коен и нејзиниот сопруг Роналд, кои се од Гилфорд, Њу Хемпшир, бараат најмалку 50.000 долари отштета од угостителскиот објект. Во тужбата се тврди дека гостилницата „има должност да обезбеди од површината на подот да бидат тргнати сите непотребни опасности, должност на обична грижа за одржување на просториите во разумно безбедна состојба и должност да предупреди за опасни услови“ за движење низ објектот. „Итали“ е гурмански италијански синџир ресторани со осум локации во САД и уште осум објекти во странство, според интернет-страницата на компанијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-liznala-na-prshuta-i-sega-go-tuzhi-restoranot-za-otshteta-bara-vrtoglava-suma-na-pari/feed/ 0
Зоран Заев најави тужба за австрискиот амбасадор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoran-zaev-najavi-tuzhba-za-avstriskiot-ambasador/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoran-zaev-najavi-tuzhba-za-avstriskiot-ambasador/#respond Wed, 28 Jun 2023 07:41:56 +0000 https://kurir.mk/?p=850342

Целосно се оградувам од било каква моја инволвираност во споменатиот деловен спор што се води во судовите, изјави бившиот премиер Зоран Заев по вчерашното јавно обраќање на австрискиот амбасадор Георг Вуцас. Австрискиот амбасадор преку соопштение до медиумите во кое на невообичаено директен начин упати критики до македонското правосудство затоа што австриска компанија не може да наплати отштета од фирма во Македонија, со реакција се јави експремиер и екслидер на СДСМ Зоран Заев, чиј член на фамилијата, но и самиот тој се споменуваат во дописот на амбасадорот. Покрај оградувањето од било каква инволвираност во деловниот спор, Заев во реакцијата упатува и порака до австрискиот амбасадор дека ќе се видат на суд, ако повторно го спомене неговото име на ваков начин. – Целосно се оградувам од било каква моја инволвираност во споменатиот деловен спор што се води во судовите. Колку што гледам и читам од соопштението на амбасадорот, овој судски деловен процес е јавен и транспарентен како и сите други судски процеси. Законите важат еднакво за сите и убеден сум дека судот ќе донесе законита одлука како и впрочем се очекува без разлика за кој грагјанин или правен субјект се однесува. Јас можам само да апелирам судот и правосудните органи, како и било која друга институција да си носат исклучиво законски одлуки и да не дозволат никој да им влијае на работењето и одлучувањето. Ако амбасадорот и амбасадата го споменат уште еднаш моето име во ваква негативна конотација нема да можам ништо друго да превземам освен што ќе морам да ги тужам за нанесена штета врз честа и угледот, наведува Заев во реакцијата, пренесува порталот „Независен“. Тој понатаму вели дека се смета за пријател на Австрија и дека за време на „својата одговорност како премиер сум воспоставил одлични пријателски релации и соработка со Австрија“ и оти нема да дозволи првиот претставник на Австрија во Македонија со „ваква леснотија и без било какви докази и аргументи да го валка моето име“. – Следното споменување на моето име на ваков начин ќе значи дека ќе треба да се видиме на суд со амбасадорот на Австрија за да покаже и докаже било каква моја инволвираност, во спротивно ќе барам јавно извинување, надомест на штета за нарушени чест и углед и лично ке го известам австриското МНР и Владата на Австрија за ваквиот однос на амбасадорот на Австрија, вели Заев во реакцијата. Австрискиот амбасадор образлагајќи го деловниот спор во кој, како што наведува, компанијата „АММА импорт експорт џи-ем-би-ејџ“ со седиште во Хоенемс, Австрија, поради манипулации и одолговлекувања од македонските судови не може да наплати отштета од 4,5 милиони евра од фирмата „Дена продукт увоз извоз Велес“ директно посочува дека во случајот е инволвирана фирма чиј сопственик е Емилија Заева – Костова, сопруга на сопственикот на „Дена“ Атанас Костов, но и братучетка на поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoran-zaev-najavi-tuzhba-za-avstriskiot-ambasador/feed/ 0
Ширел лажни информации и невистини: Мицкоски со добиена тужба против провладин медиум за клевета https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shirel-lazhni-informatsii-i-nevistini-mitskoski-so-dobiena-tuzhba-protiv-provladin-medium-za-kleveta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shirel-lazhni-informatsii-i-nevistini-mitskoski-so-dobiena-tuzhba-protiv-provladin-medium-za-kleveta/#respond Tue, 20 Jun 2023 07:54:24 +0000 https://kurir.mk/?p=847694

Вака изгледа срамот од лагите на власта, уште еднаш осудени се дека клеветат, пишува во својата Фејсбук објава лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. -На големиот христијански празник Прочка водеа кампања со лаги, навреди и измислици по кој знае кој пат овие пет години, против мене и моето семејство. Сакаа да ме изедначат со нив и претстават како политички профитер и криминалец. За таа цел СДСМ и ДУИ ги вклучија сите свои медиумски слуги да ме навредуваат мене и честа на моето семејство со лаги, измислици и конструкции. На тој подол начин мислеа дека ќе спечалат на краток рок некој политички поен. Не успеаа…, а денес ја добив пресудата во прв степен, а еден од тие медиумски слуги е осуден дека сторил клевета, со изнесување невистини и се задолжува на негов трошок да ја објави пресудата во еден дневен весник. www.frontline.mk го прекршил членот од 8 од ЕКЧП како и кодексот на новинари на Македонија. Можеби мала утеха, но доволна за лична сатисфакција..., пишува Мицкоски во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shirel-lazhni-informatsii-i-nevistini-mitskoski-so-dobiena-tuzhba-protiv-provladin-medium-za-kleveta/feed/ 0
Судот на ЕУ ја отфрли тужбата на британски граѓани за губење на права по Брегзит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudot-na-eu-ja-otfrli-tuzhbata-na-britanski-gragani-za-gubene-na-prava-po-bregzit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudot-na-eu-ja-otfrli-tuzhbata-na-britanski-gragani-za-gubene-na-prava-po-bregzit/#respond Thu, 15 Jun 2023 12:17:16 +0000 https://kurir.mk/?p=846132

Судот на правдата на Европската унија денеска ја отфрли тужбата на британски граѓани поради губење на нивните права како европски граѓани по Брегзит. За многу Британци кои живеат и работат во Европската унија, животот стана покомплициран по одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ, вклучително и кога станува збор за работа и дозволи за престој. Но, Судот на ЕУ одлучи дека тие немаат правна основа за да го отповикаат губењето на нивните права по Брегзит. - Судот заклучува дека британските државјани немаат интерес во поднесување тужба и дека Општиот суд правилно го отфрли нивното барање како неосновано, се вели во соопштението. Пред Брегзит, во ЕУ живееле околу еден милион Британци, покажуваат податоците на Велика Британија и Ирска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudot-na-eu-ja-otfrli-tuzhbata-na-britanski-gragani-za-gubene-na-prava-po-bregzit/feed/ 0
„Тик-ток“ ја тужи американската сојузна држава Монтана https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tik-tok-ja-tuzhi-amerikanskata-sojuzna-drzhava-montana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tik-tok-ja-tuzhi-amerikanskata-sojuzna-drzhava-montana/#respond Tue, 23 May 2023 10:14:20 +0000 https://kurir.mk/?p=837838

Апликацијата „Тик-ток“ поднесе тужба против американската сојузна држава Монтана, каде што ќе стапи во сила забрана на платформата. Во новото обвинение се вели дека тој Закон за забрана на „Тик-ток“ и неговата работа во државата е неуставно кршење на правата на слободата на говорот и се заснова на „неосновани шпекулации“ дека кинеската влада има пристап до податоците на корисниците. Оваа тужба следи по тужбата поднесена од пет други креатори на содржини, кои ги даваат истите аргументи, вклучително и дека државата Монтана нема јурисдикција за прашањата за национална безбедност. И двете тужби се поднесени пред Федералниот суд во градот Мисула. „'Тик-ток' не споделува и нема да споделува податоци на американски корисници со кинеската Влада и презема мерки за заштита на приватноста и безбедноста на своите корисници, како што е чување на податоците на корисниците во САД“, се вели во документот. Гувернерот на Монтана, Грег Џанфорте во средата го потпиша Законот. Со тоа, Монтана стана првата американска сојузна држава што ја забрани популарната апликација за кратки видеа по потекло од Кина. Кинеските закони налагаат кинеските компании да споделуваат податоци со Владата од која било причина што се чини дека се поврзани со националната безбедност. „Тик-ток“ тврди дека ова никогаш не им се случило ним. Забраната ќе важи од 1 јануари 2024 година. „Тик-ток“ има над 150 милиони корисници во САД, но сѐ поголем број американски законодавци и владини претставници бараат забрана на апликацијата на национално ниво поради загриженоста за потенцијалното влијание на кинеската Влада врз платформата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tik-tok-ja-tuzhi-amerikanskata-sojuzna-drzhava-montana/feed/ 0
Реал Мадрид поднесе тужба по расизмот во Валенсија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-madrid-podnese-tuzhba-po-rasizmot-vo-valensija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-madrid-podnese-tuzhba-po-rasizmot-vo-valensija/#respond Mon, 22 May 2023 12:12:52 +0000 https://kurir.mk/?p=837420

Винисиус Жуниор беше мета на расистички напади на дуелот меѓу Валенсија и Реал Мадрид во шпанската Ла Лига, по што поранешниот гигант реши да поднесе тужба. „Кралевите“ покажаа револт и ги осудија случувањата на „Местања“, по што соопштија дека ќе бараат правда. „Реал Мадрид смета дека ова е чин на омраза и поради тоа поднесовме пријава до канцеларијата на Обвинителството. Членот 124 од Уставот на Шпанија го обврзува државниот обвинител да преземе акција кон одбрана на правата на сите граѓани и јавниот интерес“, соопшти шпанскиот гигант.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-madrid-podnese-tuzhba-po-rasizmot-vo-valensija/feed/ 0
Борко ќе го тужи МОК во Лозана: Парите што ќе ги добијам ќе ги поделам на ФК Вардар и на РК Вардар https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/borko-ke-go-tuzhi-mok-vo-lozana-parite-shto-ke-gi-dobijam-ke-gi-podelam-na-fk-vardar-i-na-rk-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/borko-ke-go-tuzhi-mok-vo-lozana-parite-shto-ke-gi-dobijam-ke-gi-podelam-na-fk-vardar-i-na-rk-vardar/#respond Fri, 28 Apr 2023 11:17:30 +0000 https://kurir.mk/?p=828675

Борко Ристовски на денешната прес-конференција објави дека ќе поднесе и тужба против Македонскиот Олимписки Комитет за изречената суспензија. Воедно, тој стави на знаење дека парите што би ги добил од тој судски процес ќе ги додели на клубовите на кои би им биле добредојдени. „Јас во последните денови бев во контакт со неколку адвокати од странство и сите ми кажаа дека имам правна основа за тужба до Спортскиот суд во Лозана. Јас ќе го искористам тоа право и во наредниот период ќе испратам тужба до овој суд. Сакам јасно да ставам до знаење дека немам намера да заработам со парите што би ги добил бидејќи јас ова не го правам за пари. Онаа сума што судот ќе ми ја додели, а ќе се движи од 180.000 до 230.000 евра веднаш ќе ја поделам, половина за РК Вардар и половина за ФК Вардар“, изјави Ристовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/borko-ke-go-tuzhi-mok-vo-lozana-parite-shto-ke-gi-dobijam-ke-gi-podelam-na-fk-vardar-i-na-rk-vardar/feed/ 0