тв права – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 09:27:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тв права – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Серија А ќе инкасира 174 милиони евра од продажба на ТВ правата за Купот на Италија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/serija-a-ke-inkasira-174-milioni-evra-od-prodazhba-na-tv-pravata-za-kupot-na-italija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/serija-a-ke-inkasira-174-milioni-evra-od-prodazhba-na-tv-pravata-za-kupot-na-italija/#respond Tue, 31 Oct 2023 09:27:33 +0000 https://kurir.mk/?p=894791

Серија А повторно ги продаде ТВ правата за Копа Италија на „Медиасет“. Новиот договор е потпишан за три сезони: 2024/25, 2025/26, 2026/27. Натпреварите од турнирот ќе се пренесуваат на каналите за бесплатен пренос, а за секоја сезона радиодифузерот ќе потроши по 58 милиони евра, што е за 10 милиони повеќе од претходниот договор. Компанијата Медиасет ќе го емитува националниот Суперкуп, кој се планира да се одржи во нов формат - со учество на четири клуба. Во борбата за правата на Купот и Суперкупот на Италија, концернот контролиран од семејството Берлускони победи во конкуренција на државниот холдинг РАИ кој ги поседува ексклузивните права за прикажување натпревари на италијанската репрезентација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/serija-a-ke-inkasira-174-milioni-evra-od-prodazhba-na-tv-pravata-za-kupot-na-italija/feed/ 0
УЕФА ги продаде ТВ правата за ЛШ за 15 милијарди евра! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-gi-prodade-tv-pravata-za-lsh-za-15-milijardi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-gi-prodade-tv-pravata-za-lsh-za-15-milijardi-evra/#respond Thu, 10 Feb 2022 10:38:04 +0000 https://kurir.mk/?p=629555

Европската фудбалска федерација (УЕФА) за рекордни 15 милијарди евра ги продаде ТВ правата за своите клупски натпреварувања за периодот од 2024 до 2027 година, пишува „Марка“. Краткиот проект европска Суперлига кој беше формиран од 12 фудбалски гиганти, влијаеше на УЕФА да се обиде да дојде до поголема сума на пари за да ги „задоволи“ клубовите, кои, пред се настапуваат во Лигата на шампионите. Европската куќа на фудбалот успеа во својата намера, ги продаде ТВ правата за наредниот тригодишен циклус (2024-2027) за натпреварите во Лигата на шампионите, Лига на Европа и Лигата на конференции за неверојатни 15 милијарди евра. Од оваа сума, 51 отсто ќе задржи УЕФА, а 49 отсто, односно 7.35 милијарди евра ќе им бидат поделени на клубовите. Заработката со новиот договор ќе биде за 40 отсто поголема од актуелниот договор кој УЕФА го има со носителите на ТВ правата. Причина за зголемување на сумата е промената на форматот на клупските натпреварувања, пред се на Лигата на шампионите од 2024 година. Тогаш ќе учествуваат 36 екипи и ќе се играат повеќе натпревари. – Мило ни е што постои толку големо интересирање. Воодушевени сме што новиот договор ќе овозможи поголема распределба на парите на клубовите низ Европа и ќе биде постигната одредена финанска стабилност – изјави Александар Чеферин, претседателот на УЕФА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-gi-prodade-tv-pravata-za-lsh-za-15-milijardi-evra/feed/ 0