тв серија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Nov 2022 08:12:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тв серија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПО 12 ГОДИНИ: Заврши ТВ-серијата „Живи мртовци“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/po-12-godini-zavrshi-tv-serijata-zivi-mrtovci/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/po-12-godini-zavrshi-tv-serijata-zivi-mrtovci/#respond Tue, 22 Nov 2022 08:12:07 +0000 https://kurir.mk/?p=764555

По 12 години и 177 епизоди, „Живи мртовци“ (The Walking Dead) го доживеа својот крај. Последната епизода од светски познатата пост-апокалиптична хорор-драма во САД беше емитувана на 20 ноември. Финалето се сосредоточи на преостанатите преживеани – предводени од Дерил Диксон (Норман Ридус) и Керол Пелетие (Мелиса Мекбрајд), додека се борат да го надвладеат „Комонвелтот“. „Сè уште мојата омилена серија на сите времиња. Не ми е гајле што велите. Ноќта беше толку слатка“, „Финалето беше сè што сакав. Фала за сè, ‘Живи мртовци’!“ – гласат дел од коментарите на обожавателите. Оваа 11-та сезона од серијата, што беше и последна, беше поделена на три дела со по осум епизоди. Сепак, и покрај тоа што обожавателите се збогуваа со оригиналната приказна, сега има и неколку свои „спин-оф“ одграноци, како што се „Страв од живите мртовци“ (Fear of the Walking Dead) и „Приказни за живите мртовци“ (Tales of the Walking Dead), а беше најавен и филм.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/po-12-godini-zavrshi-tv-serijata-zivi-mrtovci/feed/ 0
ВИДЕО: Чудата почнуваат, урнебесна најава за новата сезона на Преспав https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/video-chudata-pochnuvaat-urnebesna-najava-za-novata-sezona-na-prespav/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/video-chudata-pochnuvaat-urnebesna-najava-za-novata-sezona-na-prespav/#respond Mon, 13 Dec 2021 08:05:15 +0000 https://kurir.mk/?p=607585

На 20 декември ќе започне со емитување шестата сезона од серијата „Преспав“. Епизодите ќе може да ги следите во 20:15 часот на МРТ 1. -Луѓето мислат дека чудо е да левитираш или да одиш по површината на водата, но тие луѓе не гледаат Преспав, порачаа од „Преспав“. Лудориите на ликовите од серијата како и тоа кој ќе игра „преспанска лигња“ откријте ги од идниот понеделник. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/video-chudata-pochnuvaat-urnebesna-najava-za-novata-sezona-na-prespav/feed/ 0
„Зоки Поки“ ја освои цела Скандинавија, но сепак без втора сезона https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/zoki-poki-ja-osvoi-cela-skandinavija-no-sepak-bez-vtora-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/zoki-poki-ja-osvoi-cela-skandinavija-no-sepak-bez-vtora-sezona/#respond Thu, 25 Mar 2021 10:58:25 +0000 https://kurir.mk/?p=487539

ТВ-серијата „Зоки Поки“ ќе се гледа низ цела Скандинавија. Откако беше најавено дека серијата ќе се емитува на националните телевизии „SVT“ во Шведска и „NRK“ во Норвешка, пристигнува веста и за емитувањето на националните телевизии „DR“ во Данска и „YLE“ во Финска. Емитувањето на овие четири национални телевизии значи потенцијал за огромна гледаност на „Зоки Поки“. За македонската кинематографија, пак, ова е успех од историско значење. „Зоки Поки“ е единствената македонска серија и воопшто програма од овие простори што се емитувала на јавните сервиси во овие четири земји. Заслугата за меѓународното емитување е на дистрибутерот „Videoplugger“ од Лондон, кои силно веруваат во светскиот потенцијал на серијата, нејзината моќ да го збогати детскиот свет и да ја развие детската имагинација, особено во време кога нивните активности се значително намалени. -Кога Роберт Насков ни ја покажа оваа убава серија, веднаш знаевме дека треба да ја споделиме со светот. Квалитетот на фотографијата, глумата и приказните ѝ даваат филмски квалитет на серијата, што е реткост во детските програми снимани за телевизија. ʻЗоки Покиʼ ќе продолжи да ги поминува меѓународните граници“, вели Емануеле Галони (Emanuele Galloni), извршен директор на „Videoplugger“. И покрај големиот интернационален успех на серијата, втората сезона на „Зоки Поки“ е во неизвесност. -Многу се радувам што серијата ʻЗоки Покиʼ ќе се прикажува и на националните телевизии во Финска и Данска и со тоа го комплетира прикажувањето во цела Скандинавија. Ова е доказ дека во Македонија може да се продуцираат квалитетни дела кои ќе ги задоволат највисоките стандарди и критериуми за продукција на детска програма и дека македонските брендови се вреднувани и надвор од Македонија. За жал овој голем интернационален успех не наидува на поддршка од институциите во Македонија кои имаат обврска да финансираат детска и образовна програма, па затоа серијата ʻЗоки Покиʼ нема да има продолжение. Ова е голема штета за нашите деца кои се соживеаја со серијата и кои сакаат и понатаму да уживаат во авантурите на Зоки Поки и неговата дружина, вели Роберт Насков, продуцент на серијата. Модерната екранизација на популарната детска книга на писателката Оливера Николова, е во продукција на Кино Око, во копродукција со Македонската радио телевизија и со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Македонија. Главните улоги во серијата ги толкуваат Матеј Настевски (Зоки), Анастасија Аневска (Лидија), Матео Матоски (Боки) и Матеј Зимбаков (Гоки). Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, во улогата на неговата баба. Режисери на серијата се Александар Поповски, Марија Апчевска, а режисери на епизодите Марија Апчевска, Александар Поповски, Даријан Пејовски и Радован Петровиќ. Сценаријата за серијата се на Сашо Кокаланов и Билјана Црвенковска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/zoki-poki-ja-osvoi-cela-skandinavija-no-sepak-bez-vtora-sezona/feed/ 0
Се подготвува ТВ-серија „Assassin’s Creed“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/se-podgotvuva-tv-serija-assassin-s-creed/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/se-podgotvuva-tv-serija-assassin-s-creed/#respond Wed, 28 Oct 2020 10:10:59 +0000 https://kurir.mk/?p=421573

Светски познатиот серијал видеоигри под наслов „Assassin’s Creed“ (Кредото на убиецот) се преточува и во играна серија, во продукција на Нетфликс. Тоа го потврдија Џејсон Алтман и Даниела Крајник од Јубисофт компанијата за видеоигри, кои ќе бидат извршни продуценти на ТВ-серијата. Проектот е сѐ уште во претпродукција. Филмот под ист наслов од 2016 година, со буџет од 125 милиони долари и со Мајкл Фесбендер во главната улога, досега заработи 240 милиони долари на светско ниво. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/se-podgotvuva-tv-serija-assassin-s-creed/feed/ 0
Образовна ТВ-серија за учење англиски јазик наменета за средношколци и студенти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obrazovna-tv-serija-za-uchenje-angliski-jazik-nameneta-za-srednoshkolci-i-studenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obrazovna-tv-serija-za-uchenje-angliski-jazik-nameneta-za-srednoshkolci-i-studenti/#respond Tue, 26 May 2020 16:47:37 +0000 https://kurir.mk/?p=350451

Од денеска до 8 јуни во термините од 12.10 и од 19 часот на МРТ 1 се емитува нова образовна серија „The Word on the Street“ наменета за средношколци и студенти, копродукција на Британски совет и Би-би-си и посветена на предавање и учење англиски јазик. – Новата ТВ-серија има за цел да ги подобри вештините за говорен англиски јазик кај популацијата од 15 до 25-годишна возраст и да ги запознае младите со британската култура. Серијата е направена во популарен телевизиски формат со интервјуа и мини квизови. Кај нас серијата можат да ја следат и основци. Нивото на јазикот е помеѓу Б1 и Б2 според Европската јазична рамка и одговара на нивото на јазикот што го изучуваат и средношколците и студентите во земјата според нашите наставни програми, објави Министерството за образование и наука. „The Word on the Street“ ќе се емитува и во други земји од регионot. Проследена е со онлајн ресурси за вежбање и учење: https://learnenglish.britishcouncil.org/general-english/word-street, додека останатите ресурси за предавање и учење на англискиот јазик се достапни на веб-страницата на Британскиот совет: https://www.britishcouncil.mk/en/stay-home]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obrazovna-tv-serija-za-uchenje-angliski-jazik-nameneta-za-srednoshkolci-i-studenti/feed/ 0
ТВ-серијата „Зоки Поки“ започнува со емитување на 4 мај на МРТВ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/tv-serijata-zoki-poki-zapochnuva-so-emituvanje-na-4-maj-na-mrtv/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/tv-serijata-zoki-poki-zapochnuva-so-emituvanje-na-4-maj-na-mrtv/#respond Fri, 10 Apr 2020 07:38:23 +0000 https://kurir.mk/?p=330041

Долгоочекуваната ТВ серија „Зоки Поки“ започнува со емитување во понеделник, 4 мај 2020 година на Македонската радио телевизија. Десетте епизоди ќе се емитуваат секој понеделник и четврток во 20:15 часот на првата програма, со репризи наредниот ден и во сабота и недела. По емитувањето на МРТ, наредниот ден, епизодите ќе се поставуваат и на веб-страницата ZokiPoki.mk и на официјалниот YouTube канал. Пред официјалниот почеток на емитувањето, екипата на „Зоки Поки“ споделува симпатично видео за запознавање со децата-актери кои ги толкуваат главните улоги. Во видеото, Матеј Настевски, кој ја толкува улогата на Зоки Поки, Анастасија Аневска, која ја игра Лидија, Матео Матоски, односно Боки и Матеј Зимбаков, кој го глуми Гоки, зборуваат за искуството со снимањето на серијата, кое го опишуваат како „фантастично“ и „возбудливо“. Исто така, откриваат дали планираат да продолжат да се занимаваат со глума, зборуваат за најсмешните и најтажните моменти на сет и споделуваат детали како кој најмногу ја сака Лидија, која им била омилената локација за снимање и која им е омилената приказна од книгата. Видеото дефинитивно ќе ви го разубави денот. Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, која ќе ја видиме во улогата на неговата баба. Модерната екранизација на култната детска книга на писателката Оливера Николова, е во продукција на Кино Око, во копродукција со Македонската радио телевизија и со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Македонија. Главен спонзор на серијата е Витаминка, а останати спонзори се вода Ладна, Пакомак, Арс Ламина, Литература.мк, Либи и Сетек. Режисери на серијата се Александар Поповски и Марија Апчевска, а режисери на епизоди се и Даријан Пејовски и Радован Петровиќ. Сценаријата за серијата ги пишуваа Сашо Кокаланов и Билјана Црвенковска, директор на фотографија е Кристијан Војдановски, сценограф Иван Бартлинг, шминка Жанета Димитриевска, дизајн на тон Ристо Алчинов, монтажери Атанас Георгиев, Благоја Неделковски, Софија Самоиловска и Драган Алексов, додека за костимите се погрижи Жаклина Крстевска. Музиката ја компонираше Александар Пејовски, песните Александар Митевски, а музиката за најавната шпица Игор Василев-Новоградска. Десетте епизоди од првата сезона обработуваат внимателно одбрани теми и приказни од книгата со која имаат израснато многу генерации. Екипата на серијата се одлучила за екранизација токму на „Зоки Поки“ поради неговата релевантност за многу различни генерации и со цел збогатување на домашната ТВ програма за деца. Со желба за враќање на вредностите кои полека исчезнуваат, екипата создаде ТВ проект кој ќе им го задржи вниманието на децата кои растат во денешното „брзо“ време, но и на родителите со кои се надеваме заеднички ќе поминат квалитетно време со своите деца пред ТВ екраните. „Денешниот Зоки Поки е соодветен на времето во кое живееме по форма и естетика, но вредностите и пораките од книгата проткаени низ неговите авантури ќе останат чисти и недопрени, со надеж дека ќе успеат да го пронајдат патот до срцата и на генерациите што доаѓаат“, вели Насков. Повеќе информации за ТВ-серијата се достапни на веб-страницата ZokiPoki.mk.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/tv-serijata-zoki-poki-zapochnuva-so-emituvanje-na-4-maj-na-mrtv/feed/ 0
Понуда за Меган Маркл: Пет милиони долари за пет секунди во ТВ-серија https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ponuda-za-megan-markl-pet-milioni-dolari-za-pet-sekundi-vo-tv-serija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ponuda-za-megan-markl-pet-milioni-dolari-za-pet-sekundi-vo-tv-serija/#respond Fri, 06 Mar 2020 08:52:01 +0000 https://kurir.mk/?p=312844

Претставници на козметичкиот бренд „Биотулин“ ѝ предложија на Меган Маркл – за пет секунди во серијата „Форс мажор“ да биде платена пет милиони долари. Како што објави фирмата на Твитер, во шоуто глумицата треба да се појави со еден од производите на таа компанија. Инаку, Маркл е голема обожавателка на брендот, како и Мишел Обама и Леонардо ди Каприо, меѓу попознатите. Војвотката од Сасекс, заедно со својот сопруг – принцот Хари, има намера да ѝ се врати на кинематографијата. Според информациите, тие сакаат да прават и документарни филмови за разни општествени прашања и проблеми. Маркл веќе почна соработка со „Дизни“, каде што го позајмува гласот за еден цртан филм. Паричните средства добиени од тоа таа ќе ги даде во хуманитарни цели. Се појавија и гласини дека Маркл веќе бара агент и за во Холивуд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ponuda-za-megan-markl-pet-milioni-dolari-za-pet-sekundi-vo-tv-serija/feed/ 0
„Фамилијата Марковски“ се враќа на малите екрани https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/familijata-markovski-se-vrakja-na-malite-ekrani/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/familijata-markovski-se-vrakja-na-malite-ekrani/#respond Thu, 07 Nov 2019 11:39:20 +0000 https://kurir.mk/?p=261248

Долгоочекуваната втора сезона од популарната македонска серија „Фамилијата Марковски“ ќе почне со премиерно прикажување оваа сабота (09.11.2019) во 19.20 часот на телевизијата „Канал 5“. Серијата минатата сезона ги освои симпатиите на публиката прикажувајќи го секојдневието на членовите на фамилијата Марковски и предизвиците што ги носи живеењето во едно дисфункционално општество. Серијата е во продукција на „Арт проект лаб“, а е поддржана од European Endowment for Democracy (EED) и National Endowment for Democracy (NED). Лиле (Силвија Стојановска), Иван (Александар Миќиќ), Јана (Тамара Ристоска), Виктор (Владимир Петровиќ) и Бојан (Петар Петковски) од оваа сабота ќе продолжат преку своите лични приказни да ни го илустрираат македонското секојдневие допирајќи многу теми кои често завршуваат на маргините. Здравствениот хаос, партиските вработувања и непотизмот беа само дел од темите кои беа обработени во претходната сезона. - Со првата сезона се обидовме да допреме теми кои тогаш, но за жал и денес се сѐ уште актуелни. Публиката го препозна импулсот на серијата и ни дозволи да ја раскажеме приказната онака како што ја замисливме. Со втората сезона одиме уште подалеку, обработувајќи теми како семејното насилство, зависноста од коцкање и онаа можеби најболна тема за македонското општество – иселувањето на младите. Дејствието и овој пат е инспирирано од вистинити приказни од животот на граѓаните - изјавија од „Арт Проект Лаб“. Втората сезона на „Фамилијата Марковски“ имаше и свое фестивалско претставување на овогодишниот Сараевски филмски фестивал, каде премиерно беа прикажани првите две епизоди од серијата како дел од програмата „Avant Premiere Gala“ заедно со уште четири балкански серии од новата продукција. „Фамилијата Марковски“ е во режија на Даријан Пејовски а главните улоги ги толкуваат Силвија Стојановска, Александар Миќиќ, Тамара Ристоска, Владимир Петровиќ и Петар Петковски. Серијата покрај премиерното прикажување во сабота во 19:20 на „Канал 5“ ќе може да се погледне и репризно во недела од 17:00 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/familijata-markovski-se-vrakja-na-malite-ekrani/feed/ 0
„Пријатели“ слават 25-годишнина од пилот-епизодата https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/prijateli-slavat-25-godishnina-od-pilot-epizodata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/prijateli-slavat-25-godishnina-od-pilot-epizodata/#respond Wed, 14 Aug 2019 06:40:58 +0000 https://kurir.mk/?p=229470

ТВ-серијата „Пријатели“ оваа есен слави 25-годишнина од прикажувањето на првата епизода. По тој повод на 23, 28 септември и на 2 октомври, во киносалите ширум САД ќе бидат прикажани вкупно 12 епизоди, по четири во една вечер. Како што соопшти Ворнер брос, одбраните епизоди се преработени во 4К резолуција и ќе имаат додатоци како што се интервјуа со протагонистите и досега необјавени снимки и сцени. – Обожавателите ќе имаат можност да се потсетат на некои од најемотивните и најсмешните мигови од серијата – овојпат на големиот екран, изјави Реј Нат, претставник на организаторите на проектот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/prijateli-slavat-25-godishnina-od-pilot-epizodata/feed/ 0
Ќе се снима ТВ серија за Одри Хепберн https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kje-se-snima-tv-serija-za-odri-hepbern/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kje-se-snima-tv-serija-za-odri-hepbern/#respond Thu, 10 Jan 2019 08:08:07 +0000 https://kurir.mk/?p=150402

Италијанската филмска компанија Вајлдсајд најави драмска биографска серија за холивудската актерка Одри Хепберн. Снимањето ќе почне во 2020 година, а сценариото се заснова на книгата „Одри, мојата мајка“, објавена пред три години од нејзиниот син, исто така актер, Лук Доти. Во книгата таа е прикажана во вистинско светло – поинакво од она како ја знаеме од големиот екран. Италијанскиот новинар и писател Луиџи Спинол е најмен за да ја прилагоди приказната во филмско сценарио. Серијата ќе се фокусира на првите години на актерката во филмската индустрија – од детството во Европа до Холивуд. Хепберн е позната по своите улоги во педесеттите години од 20. век, во филмовите „Римски празници“, „Сабрина“, „Појадок кај Тифани“ и оскаровскиот мјузикл „Мојата убава дама“, како и по нејзината добротворна работа. Почина од рак на слепо црево во јануари 1993 година во Швајцарија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kje-se-snima-tv-serija-za-odri-hepbern/feed/ 0