тв вис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Jun 2021 11:46:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тв вис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЖИВКО ГРУЕВСКИ, ЕУРОМАК РЕСОУРЦЕС: Време за акција и дела, а не за празни зборови и флоскули https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zivko-gruevski-euromak-resources-vreme-za-akcija-i-dela-a-ne-za-prazni-zborovi-i-floskuli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zivko-gruevski-euromak-resources-vreme-za-akcija-i-dela-a-ne-za-prazni-zborovi-i-floskuli/#respond Mon, 28 Jun 2021 11:42:34 +0000 https://kurir.mk/?p=528914

„Граѓаните од подогражденскиот регион сакаат и бараат подобра инфраструктура, заштита и подобрување на животната средина, креирање услови за спорт, еко-туризмот, развој на земјоделството, подобра едукација, опремување на училишта и институции, реконструкција на патишта и водоводни системи. Жителите од регионот масовно се одзваа на повикот на „Еуромакс ресорцес“ за поддршка на локални проекти и иницијативи со конкретни идеи и предлог – проекти во овие области“, рече д-р Живко Груевски, директор за корпоративни комуникации во компанијата Еуромакс Ресоурцес, која го развива проектот за рудник за бакар „Иловица-Штука“ на гостувањето во емисијата „Вис а Вис“ емитувана на ТВ Вис од Струмица.
На прашањето за одлуката на компанијата да обезбеди интервентен буџет од милион евра, Груевски потенцираше дека сите чинители мора да покажат акција и дела, веднаш и сега, за подобрување на животот на жителите од струмичкиот регион.
„Ние сме спремни за соработка со граѓаните, невладините организации, општините и институциите и да обезбедиме наменски, интервентен фонд, надвор од другите наши вложувања и тоа во вредност од милион евра, со кој ќе поддржиме локални иницијативи и проекти за подобрување на животот на граѓаните“ - кажа д-р Груевски.
Тој се осврна и на различниот тип проекти кои биле предложени до нив како компанија.
„На нашиот јавен повик, граѓаните масовно одговорија со испраќање многу различни идеи и предлог-проекти од областа на инфраструктурата, животната средина, спортот, еко-туризмот, земјоделството, едукацијата, опремувањето на училишта и институции, реконструкција на патишта и водоводни системи и слично. Веќе почнавме со реализација на некои од нив, како што беше и активноста од минатата недела, кога на десетина жени-претприемачки од струмичко дониравме механизација и додатни делови што ќе им користат во нивните активности од земјоделството и сточарството. Искрено се надеваме дека што поскоро ќе ги реализираме сите достапни средства од интервентниот фонд на компанијата за овој пост-ковид период“, потврди Груевски.
Во однос на оваа тема, Груевски заклучи: „Сите заедно можеме да го пребродиме овој кризен период, но за тоа се потребни акции и дела, а не разни флоскули, оправдувања и неетички зборови со кои разни самоуки експерти се спротивставуваат во реализирањето на потенцијално најголемата странска инвестиција во нашата држава, проектот за рудник на можности „Иловица-Штука“. Ние сме тука и подаваме рака да помогнеме и асистираме за побрзо да реализираме проекти кои ќе бидат од интерес на сите“. Целото интервју од гостувањето на д-р Живко Груевски на ТВ Вис можете да го погледнете на следниов линк. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zivko-gruevski-euromak-resources-vreme-za-akcija-i-dela-a-ne-za-prazni-zborovi-i-floskuli/feed/ 0
ДЕТАЛИ: Пожарот во ТВ Вис се гасел повеќе од 6 часа, повредени тројца пожарникари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-pozarot-vo-tv-vis-se-gasel-povekje-od-6-chasa-povredeni-trojca-pozarnikari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-pozarot-vo-tv-vis-se-gasel-povekje-od-6-chasa-povredeni-trojca-pozarnikari/#respond Wed, 25 Mar 2020 09:59:03 +0000 https://kurir.mk/?p=321838

Синоќа околу 2 часот во пожар изгореа просториите на Регионалната телевизија „ВИС“ во Струмица, а зафатени се и простории на еден текстилен погон и Социјалниот повеќенаменски центар на општина Струмица. Во пожарот полесно се повредени и тројца пожарникари, кои учествувале во гаснењето на пожарот. Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев во гаснењето учествувале скоро сите пожарникари со сета расположива техника и по повеќе од 6 часови пожарот е ставен под контрола. -Запрено е ширењето и сега наши екипи го контролираат местото на пожарот, рече Гудев. Информираше дека двајца од повредените пожарникари се на лекување во струмичката болница, а еден се здобил со полесна повреда на ногата. На официјалната страница на ТВ „ВИС“ информираат дека телевизијата нема да ги остави гледачите без содржини и дека екипите ќе работат и понатаму на терен. Ќе ги информираат граѓаните за се што се случува во регионот преку официјалната веб страница, фејсбук страницата, а вестите ќе се емитуваат на официјалниот „јутјуб“ канал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-pozarot-vo-tv-vis-se-gasel-povekje-od-6-chasa-povredeni-trojca-pozarnikari/feed/ 0
Пожар во ТВ ВИС, Струмица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-vo-tv-vis-strumica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-vo-tv-vis-strumica/#respond Wed, 25 Mar 2020 08:01:39 +0000 https://kurir.mk/?p=321741

Рано утрово околу 2 часот изби пожар во зградата на поранешната касарна во Струмица каде се сместени просториите на регионалната ТВ канал ВИС. Од телевизијата пренесуваат дека во пожарот зафатени беа телевизиското студио и техниката, но гореа и останатите фирми и субјекти сместени во зградата. Истрагата треба да покаже кои се причините на избивање на пожарот и колкава е материјалната штета. Повеќе фото на ТВ Вис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-vo-tv-vis-strumica/feed/ 0