Твитер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Oct 2023 11:42:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Твитер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЌЕ СЕ ОТКАЖЕТЕ УШТЕ ДЕНЕС: Платформата X воведе уште две нивоа на претплата, еве колку чинат и што нудат https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ke-se-otkazhete-ushte-denes-platformata-x-vovede-ushte-dve-nivoa-na-pretplata-eve-kolku-chinat-i-shto-nudat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ke-se-otkazhete-ushte-denes-platformata-x-vovede-ushte-dve-nivoa-na-pretplata-eve-kolku-chinat-i-shto-nudat/#respond Mon, 30 Oct 2023 11:42:28 +0000 https://kurir.mk/?p=894461

Дали ви беше прескапо да плаќате осум евра месечно за X Premium? Платформата на Маск сега нуди уште две нивоа на претплата, едното за три, а другото за дури 16 евра месечно, со различни достапни функции. Продолжуваат обидите на X (поранешен Twitter) да префрли што е можно повеќе свои корисници на еден од платените начини на користење. По контроверзната платена програма за верификација Twitter Blue, која сега се нарекува X Premium и чини осум евра месечно, социјалната мрежа и нејзиниот сопственик Илон Маск смислија уште неколку начини како да зграпчат пари. Неодамна започнаа платена програма за отворање на сите нови сметки, која важи за Нов Зеланд и Филипини, а чини еден долар годишно. Таа има за цел да го намали количеството на спам и ботови. Сега се реализира уште една неодамнешна објава на Маск – се проширува понудата на достапни претплатни пакети. Покрај постоечкиот X Premium за осум евра месечно, корисниците сега добиваат и поевтин, по цена од три евра, како и двојно поскап претплатен пакет. Во зависност од цената се менуваат и поволностите што ги нуди секој претплатен пакет. X Basic Основниот пакет Basic ако го купите преку десктоп верзија чини три евра месечно или 32 евра годишно. Им овозможува на претплатниците да пост-уредуваат објави, да објавуваат подолги објави и видеа, да преземаат видеа, да слушаат содржини со исклучен екран на телефонот, како и одредени опции за персонализација (од иконата на апликацијата до криење на сопствените допаѓања и слично). Овој претплатен пакет не бара проверка на идентитетот, а претплатниците на него на X нема да имаат видлив „син беџ“. X Premium Средниот пакет, по цена од осум евра месечно или 84 евра годишно, останува како што беше. Значи, нуди се што нуди Basic, но носи и проверка за верификација, покажува помалку реклами на платформата, нуди поголема видливост на објавите, како и можност за заработка од објави (за професионални создавачи на содржина). X Premium+ Најскапиот пакет сега чини 16 евра месечно или 168 евра годишно. Само уште две поволности се додадени во пакетот Premium: подобра видливост на објавите и целосно отстранување на рекламите од прикажувањето на содржината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ke-se-otkazhete-ushte-denes-platformata-x-vovede-ushte-dve-nivoa-na-pretplata-eve-kolku-chinat-i-shto-nudat/feed/ 0
Маск размислува за повлекување на „Х“ од ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mask-razmisluva-za-povlekuvane-na-h-od-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mask-razmisluva-za-povlekuvane-na-h-od-eu/#respond Thu, 19 Oct 2023 08:44:02 +0000 https://kurir.mk/?p=890651

Илон Маск размислува да ја повлече својата платформа за социјални медиуми „Х“, порано позната како Твитер, од Европската унија, според медиумски извештај. Технолошкиот милијардер е незадоволен од Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА), објави денеска веб-страницата „Business Insider“, извор од компанијата. Законот за дигитални услуги (ДСА) ги обврзува големите онлајн платформи да преземат доследна и брза акција против говорот на омраза меѓу другото. „X“ неодамна доби список со прашања од Европската комисија, која сака да знае повеќе за тоа како платформата за социјални медиуми ги исполнува своите обврски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mask-razmisluva-za-povlekuvane-na-h-od-eu/feed/ 0
Социјалната мрежа „X“ нагласува дека „твитовите“ веќе не се „твитови“: Еве како ги нарекуваат сега https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/sotsijalnata-mrezha-x-naglasuva-deka-tvitovite-veke-ne-se-tvitovi-eve-kako-gi-narekuvaat-sega/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/sotsijalnata-mrezha-x-naglasuva-deka-tvitovite-veke-ne-se-tvitovi-eve-kako-gi-narekuvaat-sega/#respond Tue, 12 Sep 2023 07:24:50 +0000 https://kurir.mk/?p=877170

Иако многу „URL“ адреси во условите сè уште го содржат зборот „Twitter“, постојат показатели дека компанијата „X“ во целост ќе премине на „URL“ адреса која го содржи само нејзиното име. Компанијата „X“ одлучи дефинитивно да ги остави зад себе своите корени поврзани со „Twitter“. Почнувајќи од 29-ти септември, корисниците ќе бидат известени за новите услови за користење, меѓу кои најизразена промена е замената на изразот „retweet“ со „repost“, што укажува на крајот на ерата на „твитот“. Исто така повеќе не е „tweet“, туку само „post“. Името „Twitter“ речиси во целост е отстрането од новите услови за користење, а заменето е со името „X“. Иако многу „URL“ адреси во условите сè уште го содржат зборот „Twitter“, постојат показатели дека компанијата „X“ во целост ќе премине на „URL“ адреса која го содржи само нејзиното име. Дури и доменот „X.com“ моментално пренасочува на „twitter.com“. Не се споменува ни „Periscope“, апликација за „лајвстрим“ која „Twitter“ ја изгаси во 2021-ва година. Во склад со овие, нови одредби во условите за користење дополнително се менува и начинот за интеракција на корисниците на платформата. Една од клучните измени се однесува на правото на корисниците да учествуваат во колективни тужби. Новите услови за користење сега јасно наведуваат дека корисниците, „во мерка дозволена со законот, се откажуваат од правото на учество како тужител или член на класа во сите наводни колективни или репрезентативни постапки“. Сопственикот на компанијата „X“, Илон Маск, ги изразил своето негодување и кон „web scraping“-от. „Scraping“ претставува извлекување на податоци од веб страници во локални бази на податоци или табели. Во склад со тоа, условите за користење содржат строги одредби кои јасно забрануваат „scraping“ без претходна пишана согласност од компанијата. Од 29-ти септември на сила стапува и новата политика за приватност, која најавува дека „X“ ќе го прошири обемот на податоци кои ги собира од корисниците. Овие податоци сега ќе вклучуваат и биометриски информации и работна историја на корисниците. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/sotsijalnata-mrezha-x-naglasuva-deka-tvitovite-veke-ne-se-tvitovi-eve-kako-gi-narekuvaat-sega/feed/ 0
Маск призна дека саботирал голем украински напад, Подољак го обвини за убиство на деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mask-prizna-deka-sabotiral-golem-ukrainski-napad-podolak-go-obvini-za-ubistvo-na-detsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mask-prizna-deka-sabotiral-golem-ukrainski-napad-podolak-go-obvini-za-ubistvo-na-detsa/#respond Fri, 08 Sep 2023 10:11:25 +0000 https://kurir.mk/?p=875984

Си-ен-ен, синоќа повикувајќи се на извадоци од новата биографија на Валтер Исаксон за ексцентричниот милијардер со наслов Илон Маск, објави дека тој минатата година тајно им наредил на своите инженери да ја затворат сателитската комуникациска мрежа Старлинк на неговата компанија во близина на брегот на Крим, за да се спречи таен украински напад врз руската поморска флота. „Одлуката на Маск, која ги натера украинските власти да го молат повторно да ги вклучи сателитите, беше поттикната од стравот дека Русија на украинскиот напад на Крим ќе одговори со нуклеарно оружје, страв што беше поттикнат од разговорите на Маск со високи руски претставници“, наведува Исаксон во книгата што треба да биде објавена на 12 септември. Маск на X дека потврди дека го саботирал големиот украински напад, но истакнува дека не го исклучил Старлинк, туку одбил да го вклучи. Тој одговарајќи на објавата на X со наслов „ИЛОН СПРЕЧИ НУКЛЕАРНА ВОЈНА?“, Маск напиша: „Старлинк не беше активиран во наведените региони. СпејсХ (SpaceX) не деактивираше ништо“. Тој тврди дека ги одбил украинските молби за вклучување на Старлинк. - Имаше итно барање од државните тела да се активира Старлинк сè до Севастопол. Очигледната намера беше да се потопи поголемиот дел од руската флота. Ако се согласев на нивното барање, тогаш СпејсХ ќе беше експлицитен соучесник во голем воен чин и ескалација на судирот, напиша Маск. Тој додаде дека „двете страни треба да се согласат на примирје“. Откако Русија оневозможи добар дел од украинските комуникации, Маск донираше Старлинк на Киев. Системот набрзо стана клучен за украинската одбрана. Но, кога Украина почна да го користи Старлинк за офанзивни напади, Маск почна да ја доведува во прашање неговата одлука, се посочува во книгата. „Како ми е во оваа војна?“ Маск го прашува Исаксон и додава дека „Старлинк не требаше да биде вклучен во војни. Таму е за луѓето да можат да гледаат Нетфликс и да се релаксираат и да се поврзат со училиште и да прават добри мирни работи, а не за напади со беспилотни летала“. Високиот советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак по веста го обвини милијардерот за убиство на деца. „Понекогаш грешката е многу повеќе од обична грешка“, Михајло Подољак порача на Твитер. Со тоа што не дозволи украинските беспилотни летала да уништат дел од руската воена (!) флота преку попречување на Старлинк, Маск и дозволи на оваа флота да истрела ракети „Калибр“ кон украинските градови. Затоа страдаат цивили и деца, тоа е цена на коктел на незнаење и големо его. Сепак, сè уште останува прашањето, зошто некои луѓе се толку очајни да ги бранат воените злосторници и нивната желба да извршат убиство? И дали сега сфаќаат дека прават зло и поттикнуваат зло?, истакна Подољак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mask-prizna-deka-sabotiral-golem-ukrainski-napad-podolak-go-obvini-za-ubistvo-na-detsa/feed/ 0
Маск најави аудио и видео повици на социјалната мрежа Х (Твитер) https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/mask-najavi-audio-i-video-povitsi-na-sotsijalnata-mrezha-h-tviter/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/mask-najavi-audio-i-video-povitsi-na-sotsijalnata-mrezha-h-tviter/#respond Fri, 01 Sep 2023 06:17:39 +0000 https://kurir.mk/?p=873252 EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Американскиот милијардер Илон Маск денеска објави дека на неговата социјална мрежа Икс (Твитер) ќе бидат воведени видео и аудио повици. „Ќе работи на iOS, Android, Mac и PC уреди. Нема да биде потребен телефонски број. X ќе биде глобален директориум“, напиша Маск. Тој додаде дека сетот од тие опции ќе биде „уникатен“. ]]>
EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/mask-najavi-audio-i-video-povitsi-na-sotsijalnata-mrezha-h-tviter/feed/ 0
Икс ќе дозволи политичко рекламирање пред изборите во САД https://arhiva.kurir.mk/makedonija/iks-ke-dozvoli-politichko-reklamirane-pred-izborite-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/iks-ke-dozvoli-politichko-reklamirane-pred-izborite-vo-sad/#respond Wed, 30 Aug 2023 05:45:52 +0000 https://kurir.mk/?p=872257

Социјалната мрежа Икс (Х) соопшти дека ќе дозволи политичко рекламирање на кандидати и партии на изборите во САД. Тие велат дека ќе го прошират безбедносниот тим пред претседателските избори во 2024 година. Мрежата Икс неодамна го промени своето име, а претходно беше позната како Твитер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/iks-ke-dozvoli-politichko-reklamirane-pred-izborite-vo-sad/feed/ 0
Трамп се врати на социјалната мрежа „Твитер“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/tramp-se-vrati-na-sotsijalnata-mrezha-tviter/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/tramp-se-vrati-na-sotsijalnata-mrezha-tviter/#respond Fri, 25 Aug 2023 18:50:48 +0000 https://kurir.mk/?p=871017

Поранешниот претседател Доналд Трамп, кој беше исфрлен од главните социјални мрежи поради ширење лаги, лажни информации и тврдења, вклучувајќи потпалувачки твитови за време на насилниот и смртоносен напад на Капитолот што тој го поттикна, а негови подржувачи го извршија, постави порака на „Икс“, платформа претходно позната како Твитер. Тој го стори ова за првпат откако го избркаа од сајтот. Ја постираше својата полициска фотографија (mugshot) од вчерашното предавање во затворот во Џорџија. Постот е направен неколку часа откако тој синоќа пристигна во озлогласениот затвор во окруот Фултон, Џорџија, за неговото пријавување за тужбата поради обидите да се спречат изборните резултати во државата во 2020 година. На Трамп му беше дозволено да се врати на Твитер откако неговиот сопственик, Илон Макс ја откупи мрежата лани во октомври. Но, поранешниот претседаетел избегнуваше да ја користи и најмноги се обраќаше преку неговата „Трут соушал“. Десничарскиот коментатор Такер Карлсон претходно на „Иск“ објави снимено интервју со Трамп. Интервјуто беше пуштено да оди за време на првата републиканска претседателска дебата во средата, која Трамп намерно ја пропушти, а беше поканет да учествува како лидер во трката. Познавачите велат ваквите посатапки се за да го сврти вниманието кон себе како учесник во трката со засега највисок рејтинг меѓу оние кои се борат за номинација претседателски кандидит од Републиканската партија, на изборите идната година во ноември. Од штабот на Трамп изјавија дека полицискиот mugshot ќе го користат во промотивни цели, за собирање кампањски донации од продажба на маици, филџани и друг промотивен материјал со оваа слика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/tramp-se-vrati-na-sotsijalnata-mrezha-tviter/feed/ 0
„X“ ќе го отстранува насловот од линковите до вестите https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/x-ke-go-otstranuva-naslovot-od-linkovite-do-vestite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/x-ke-go-otstranuva-naslovot-od-linkovite-do-vestite/#respond Wed, 23 Aug 2023 10:35:29 +0000 https://kurir.mk/?p=869964

Платформа „X“ (Твитер) ќе ги отстранува насловите од линковите до вестите коишто се објавуваат на оваа социјална мрежа. Со тоа, нејзиниот сопственик Илон Маск сака да ги поттикне новинарите да објавуваат статии директно на платформата. Според бизнис-порталот „Форчун“ (Fortune), во иднина написите ќе се појавуваат пред корисниците на „X“ само со насловната фотографија и УРЛ-адресата. Корисникот-објавувач ќе треба самиот да додаде опис над објавата. Линковите за вести засега се појавуваат на почетната „Х“ страница пред корисниците како „картички“ што содржат слика, изворната УРЛ-адреса и скратен наслов. Таквиот облик на објавата, според познавачите, помага во привлекувањето повеќе отворања на веста и им носи повеќе читатели на надворешните интернет-страни и портали.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/x-ke-go-otstranuva-naslovot-od-linkovite-do-vestite/feed/ 0
X може да побара од вас фотографија од лична карта и селфи за верификација https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/x-mozhe-da-pobara-od-vas-fotografija-od-lichna-karta-i-selfi-za-verifikatsija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/x-mozhe-da-pobara-od-vas-fotografija-od-lichna-karta-i-selfi-za-verifikatsija/#respond Mon, 21 Aug 2023 07:55:07 +0000 https://kurir.mk/?p=869010

Новата функција би можела да биде претставена наскоро, но многумина се сомневаат во ефикасноста на овој систем. Платформата Х, порано позната како Твитер, размислува да воведе верификација на идентитети преку лични документи за да се бори против лажните профили. Овој потег беше предмет на бројни гласини откако Илон Маск ја купи платформата. Информациите дојдоа од независниот истражувач Нима Овиди, кој сподели скриншот на кој се прикажани материјалите што корисниците на Premium ќе треба да ги користат за да го потврдат својот идентитет. Меѓу нив има лична карта и уред со камера – веројатно паметен телефон. Проверката ќе трае околу пет минути. Во пораката се наведува и дека корисниците треба да бидат подготвени да се фотографираат и да испраќаат фотографии од нивните лични карти. Ако ги прочитате ситните букви, пишува дека X ќе ги складира сликите на вашите документи и биометриските податоци на своите сервери до 30 дена. Во овој период, платформата ќе ги споделува вашите податоци со компанијата за проверка на идентитетот. Датумот на лансирање на оваа функција е непознат, но важно е да се напомене дека таа очигледно ќе биде опционална за корисниците на Premium. Постои сомнеж дека ова всушност ќе ги спречи лажните сметки на платформата X.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/x-mozhe-da-pobara-od-vas-fotografija-od-lichna-karta-i-selfi-za-verifikatsija/feed/ 0
Платформата X ќе добие можност за видеоповици https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/platformata-x-ke-dobie-mozhnost-za-videopovitsi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/platformata-x-ke-dobie-mozhnost-za-videopovitsi/#respond Tue, 15 Aug 2023 07:33:07 +0000 https://kurir.mk/?p=866830

Директорката на социјалната мрежа Х (поранешен Twitter), Линда Јакарино, потврди дека корисниците на оваа платформа наскоро ќе можат да остваруваат видеоповици. Јакарино ја најави новата функција на X за време на интервју за CNBC. „Наскоро ќе можете да остварувате видеоповици без да мора да го откриете вашиот телефонски број на никого на платформата“, рече таа. Ова е уште еден показател дека Јакарино, заедно со сопственикот на X, Илон Маск, навистина работи на мисија да го претвори X во „апликација за секого“, со долги клипови, опции за плаќање, претплати и многу повеќе. Оваа информација доаѓа по „шифрирана објава“ на дизајнерката на X, Андреа Конвеј. Таа во својата објава напиша дека „штотуку повикала некого на X“. Иако на почетокот не беше јасно за каков повик станува збор, сега е јасно дека станува збор за видеоповик. Сепак, сè уште не е јасно како X ќе користи видеоповици за да ја задоволи огромната побарувачка на потрошувачите. Светот на видеоповиците е веќе „преполн“ бидејќи има „играчи“ како Zoom, Microsoft Teams, Google Meet, Apple FaceTime и други. Сепак, Маск и Јакарино се решени да ја трансформираат компанијата и да го гледаат X како нешто многу поголемо од твитовите, нешто што ќе стане центар за медиумска содржина, комуникации и плаќања. „Додека го ребрендираме X, мора да бидеме отворени и свесни дека тој еволуира во 'глобален градски плоштад' поттикнат од слободното изразување, каде што јавноста се собира во реално време. Реалното време е најважно за живоста на X и за интеракцијата на луѓето со него. Сега е сето тоа во еден беспрекорен интерфејс“, рече Јакарино. Еден од првите нови чекори на X е долготрајно видео. Во мај, компанијата додаде можност за објавување видеа долги до два часа за претплатниците на Twitter Blue. Apple веднаш го прифати ова и ја искористи можноста да ја објави целата прва епизода од својата серија „Silo“. X неодамна почна да им плаќа на креаторите на содржина кои имаат доволно следбеници за да генерираат приходи. Еден корисник тврди дека добил 24.000 долари. Директорката зборуваше и за можностите за исплата. „За тоа многу се зборуваше, за плаќања меѓу вас и пријател, меѓу вас и еден од вашите креатори. Се работи за ослободување од Twitter, кој ни овозможи да еволуираме, да го промениме начинот на кој луѓето слушаат, гледаат, се собираат, забавуваат и обавуваат трансакции, сите на една платформа“, заклучи Јакарино.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/platformata-x-ke-dobie-mozhnost-za-videopovitsi/feed/ 0