у18 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Jun 2023 09:55:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png у18 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 У18: Двоен пораз на македонските кошаркарки на гостувањето во Грција https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/u18-dvoen-poraz-na-makedonskite-kosharkarki-na-gostuvaneto-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/u18-dvoen-poraz-na-makedonskite-kosharkarki-na-gostuvaneto-vo-grtsija/#respond Thu, 22 Jun 2023 09:55:50 +0000 https://kurir.mk/?p=848526

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години претрпе порази на двата контролни натпревари кои оваа недела ги одигра против Грција во Солун, во рамки на подготовките за претстојното Европско првенство во б дивизијата. Во ослабен состав без Михаела Алексовска, Марија Николов и Милица Николиќ, македонската репрезентација на првиот натпревар одигран во вторникот беше поразена со 69-29, додека ден подоцна Грција беше поуспешна триумфирајќи со 83-33. Македонските кошаркари ќе одиграат контролен натпревар против Бугарија на гостински терен на 27 јуни, три денови пред почетокот на Европското првенство чиј домаќин ќе биде Софија. Македонските кошаркарки ќе бидат дел од групата А заедно со селекциите на Хрватска, Данска, Исланд и Холандија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/u18-dvoen-poraz-na-makedonskite-kosharkarki-na-gostuvaneto-vo-grtsija/feed/ 0
У18: Македонските фудбалери поразени на гостувањето во Србија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/u18-makedonskite-fudbaleri-porazeni-na-gostuvaneto-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/u18-makedonskite-fudbaleri-porazeni-na-gostuvaneto-vo-srbija/#respond Fri, 26 May 2023 08:44:22 +0000 https://kurir.mk/?p=838951

Македонската машка фудбалска репрезентација до 18 години загуби со убедливи 0:3 на пријателскиот натпревар на гостински терен против Србија. Победникот на вчерашниот натпревар во Стара Пазова беше одлучен веќе по првото полувреме во кое српската репрезентација ги постигна сите три голови. Бубањ во 27. минута ја донесе Србија во предност, која пет минути подоцна ја удвои Милошевиќ, а Бубањ во 39 минута со својот втор гол на натпреварот ги постави конечните 3:0. За избраниците на селекторот Тони Јакимовски ова беше продолжение на подготовките во рамки на кои на почетокот на овој месец одиграа два контролни натпревари против Црна Гора на гостински терен. На првиот дуел во Бар, македонската репрезентација загуби со 0-3, а на вториот натпревар му се реваншираше на противникот со триумф од 2-1.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/u18-makedonskite-fudbaleri-porazeni-na-gostuvaneto-vo-srbija/feed/ 0