уапсен македонец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 May 2019 10:15:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png уапсен македонец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уапсен скопјанецот кој преку измами заработил милиони евра низ Европа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uapsen-skopjanecot-koj-preku-izmami-zarabotil-milioni-evra-niz-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uapsen-skopjanecot-koj-preku-izmami-zarabotil-milioni-evra-niz-evropa/#respond Fri, 17 May 2019 10:15:23 +0000 https://kurir.mk/?p=199007

Скопјанецот С.Д. (34) кого италијанската полиција го бараше речиси цела деценија поради измами преку кои заработил милиони евра низ Европа, сосема случајно минатата недела е уапсен на аеродромот во Милано, од каде требало да полета за Скопје, објави Независен. Веднаш е спроведен во истражен затвор, бидејќи му е одреден притвор. Првата измама која е документирана, скопјанецот ја извршил во 2010 година, а жртва му бил златар од Германија. Слаткоречивиот измамник го убедил Германецот дека е подготвен да купи злато и тоа во кеш по значително повисока цена од вообичаената. Лаковерниот златар се фатил на удицата и се договорил со „купувачот“ да се најдат на аеродромот во Милано. Германецот донел осум дијаманти и скапоцен ѓердан од 1850 година. Златарот се согласил да го продаде накитот за 1.4 милиони евра. Измамникот му покажал пари спакувани во 70 пакети од по 20.000 евра. Германецот ги зел и набрзина си заминал. Подоцна, сфатил дека добил фалсификувани пари. Нашинецот, пак, го продал златото за 1.2 милиони евра. Една година подоцна, С.Д. повторно налетал на Германец, овојпат агент за продажба на недвижности. Му се претставил како угледен бизнисмен, експерт за дијаманти. Го убедил агентот дека е заинтересиран за луксузни вили во Франција. Подоцна, откако се уверил дека стекнал доверба, му кажал дека купува и злато. На аеродромот во Милано, Германецот му го донел семејното злато вредно 30.000 евра. Веднаш ја добил првата рата вредна половина од сумата. Втората никогаш не ја добил, затоа што скопјанецот исчезнал. Не само тоа, агентот ќе доживеел нервен слом кога сфатил дека и тие пари што ги добил се фалсификувани. Речиси една деценија, скопјанецот, кој, во меѓувреме го менувал својот изглед, успешно бегал од правдата сѐ додека минатата недела не се вратил на „местото на злосторството“ во Милано. Граничниот полицаец, кој своевремено бил вклучен во истрагата, во транзитната зона за пушачи на аеродромот, здогледал човек, кој иако значително послаб, неодоливо му личел на човекот што го бркал за измама. Му пришол да го легитимира. На авионската карта му пишувало дека станува збор за лет од Варезе преку Милано за Скопје. Скопјанецот имал пасош на друго име, но датумот на раѓање бил идентичен. Италијанците проверувале, но не успеале да најдат ништо за човекот со име и презиме како на пасошот. На крајот, на С.Д. му зеле отпечатоци од прсти, кои што ги споредиле со дактилоскопската база на податоци. Се совпаднале, по што македонскиот државјанин наместо за Скопје, одлетал во притвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uapsen-skopjanecot-koj-preku-izmami-zarabotil-milioni-evra-niz-evropa/feed/ 0
Срби брутално претепале Албанец, уапсен е и Македонец: Познати нивните идентитети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/srbi-brutalno-pretepale-albanec-uapsen-e-i-makedonec-poznati-nivnite-identiteti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/srbi-brutalno-pretepale-albanec-uapsen-e-i-makedonec-poznati-nivnite-identiteti/#respond Mon, 25 Mar 2019 20:10:56 +0000 https://kurir.mk/?p=178774

Двајца државјани на Србија се уапсени на Малта поради сомневање дека брутално претепале 32-годишен Албанец, на кого му ја скршиле раката. Станува збор за 39-годишниот Ненад Аниќ и 31-годишниот Немања Вучичевиќ, уапсени четири дена по инцидентот, пишува српски „Блиц“. При претрес во станот на еден од осомничените полицијата нашла канабис и кокаин. Како што пишуваат медиумите, во моментот кога бил вршен претресот на вратата се појавил државјанин на Македонија, 42-годишниот Александар Петровски. Тој исто така бил приведен откако полицијата и кај него пронашла наркотични супстанци. Извор: ФОКУС]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/srbi-brutalno-pretepale-albanec-uapsen-e-i-makedonec-poznati-nivnite-identiteti/feed/ 0