уапсен возач – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 Aug 2022 08:40:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png уапсен возач – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уапсен возачот на автобусот кој се преврте кај Лесковац https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-vozachot-na-avtobusot-koj-se-prevrte-kaj-leskovac/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-vozachot-na-avtobusot-koj-se-prevrte-kaj-leskovac/#respond Mon, 22 Aug 2022 08:40:12 +0000 https://kurir.mk/?p=721919

Уапсен е возачот на автобусот кој вчера рано утрината се преврте на автопатот Ниш – Лесковац, при што една жена го загуби животот, а 33 патници беа повредени. Како што потврдија од Полициското одделение Лесковац, по наредба на Основното јавно обвинителство во овој град му е одредена мерка притвор до 48 часа за сторено тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, по што со кривична пријава ќе биде изведен пред обвинител. До несреќата дошло кога автобусот со сомборски регистерски таблички, кој превезувал патници од летување во Грција, од засега непознати причини излегол од коловозот, неколку стотини метри се движел по тревната површина, а потоа се превртел на страна. Водач на патот, туристички водич Н.Н. починала на лице место, а повредените патници во зависност од тежината на повредите се пренесени во Универзитетскиот клинички центар Ниш и Општата болница во Лесковац. Меѓу патниците имало и деца, но никој од нив не е тешко повреден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-vozachot-na-avtobusot-koj-se-prevrte-kaj-leskovac/feed/ 0
На „Деве Баир“ уапсен турски државјанин откако покажал „невистинити документи“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/na-deve-bair-uapsen-turski-drzavjanin-otkako-pokazal-nevistiniti-dokumenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/na-deve-bair-uapsen-turski-drzavjanin-otkako-pokazal-nevistiniti-dokumenti/#respond Tue, 21 Dec 2021 12:24:01 +0000 https://kurir.mk/?p=611201

Турски државјанин е уапсен вчера на Граничниот премин „Деве Баир“, откако на границата покажал „невистинити документи“ за приколка, информираат од Министерството за внатрешни работи. – Вчера во 18:20 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, при извршена проверка на Б.М. (60) од Турција, кој управувал товарно возило „Мерцедес“ со турски национални ознаки, било констатирано дека меѓународнaта зеленa картa за товарното возило и зелената карта за полуприколката што ги доставил на увид биле со невистинита содржина, посочуваат од МВР. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициската станица во Крива Паланка за понатамошна постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/na-deve-bair-uapsen-turski-drzavjanin-otkako-pokazal-nevistiniti-dokumenti/feed/ 0
Уапсен возачот и сопатник во камионот што ја предизвика несреќата во Гњилане https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-vozachot-i-sopatnik-vo-kamionot-shto-ja-predizvika-nesrekjata-vo-gnjilane/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-vozachot-i-sopatnik-vo-kamionot-shto-ja-predizvika-nesrekjata-vo-gnjilane/#respond Thu, 07 Mar 2019 18:10:20 +0000 https://kurir.mk/?p=172393

Возачот на камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа попладнево во Гњилане, во која загина едно лице а околу 20 се повредени, е уапсен заедно со уште едно лице кое било сопатник во возилото, соопшти портпарол на косовската полиција за гњиланскиот регион.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, портпаролот Исмет Хашани изјави дека полициските и другите единици надлежни за вакви случаи излегле на местото на настанот веднаш по несреќата и ги презеле соодветните дејствија за вакви случаи.

– Сомнежите се дека возачот на транспортното возило, поради технички причини, навлегол со возилото во правец на центарот на градот, при што ланчано удрил во еден пешак, 10 возила и еден трактор. Полицијата во врска со случајот уапси две лица, изјави Хашани.

Косовските медиуми објавија аматерски видео-снимки од несреќата, на кои се гледа како камион, сопственост на косовска фабрика за минерална вода, со голема брзина се движи низ фреквентна зона во центарот на градот, при што, без да ја намали брзината, се судира со повеќе објекти и возила, предизвикувајќи една жртва и повеќе повредени, како и големи материјални штети.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-vozachot-i-sopatnik-vo-kamionot-shto-ja-predizvika-nesrekjata-vo-gnjilane/feed/ 0