уапсени 18 лица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 11 Jul 2020 15:47:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png уапсени 18 лица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 После протестите во Софија уапсени 18 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/posle-protestite-vo-sofija-uapseni-18-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/posle-protestite-vo-sofija-uapseni-18-lica/#respond Sat, 11 Jul 2020 15:47:38 +0000 https://kurir.mk/?p=374144

Полицијата во Бугарија уапси 18 лица после помалите судири за време на синоќешниот протест против корупција во центарот на Софија, недалеку од местото каде што се собраа приврзаниците на бугарската Влада. На демонстрациите против корупцијата на улица излегоа илјадници луѓе кои ги обвинија главниот државен обвинител и Владата дека намерно ги одложуваат истрагите за врските меѓу бугарските олигарси и функционерите, „склони кон земање мито“. Демонстрантите се собраа втор ден по ред откако, по наредба на обвинителството, беше извршена рација во канцеларијата на бугарскиот претседател Румен Радев, кој често ја критикува Владата. Владејачката партија ГЕРБ, од чии редови доаѓа премиерот Бојко Борисов, соопшти дека Радев подгрева политичка криза која, како што истакна оваа централно-десничарска партија, „може да биде само во служба на сомнителни деловни интереси“. Во денешното обраќање до нацијата, Радев рече дека протестите покажале оти на Бугарите од сите политички определби им е доста од сè, и ги повика Владата и главниот државен обвинител да поднесат оставка. – Корупцијата, рекетирањето од страна на обвинителите и непостапувањето против крадците… како и недостигот на правда, е она на што луѓето се спротивставија, рече Радев. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/posle-protestite-vo-sofija-uapseni-18-lica/feed/ 0