уапсени полицајци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Mar 2022 10:53:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png уапсени полицајци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Национале“: Уапсени 48 припадници на косовската погранична полиција во антикорупциска операција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nacionale-uapseni-48-pripadnici-na-kosovskata-pogranichna-policija-vo-antikorupciska-operacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nacionale-uapseni-48-pripadnici-na-kosovskata-pogranichna-policija-vo-antikorupciska-operacija/#respond Mon, 14 Mar 2022 10:53:15 +0000 https://kurir.mk/?p=646842

Сите припадници на косовската полиција од две смени на граничните премини Ќафе Пруш и Ќафе Морине на границата со Албанија се упасени утрово во антикорупциската операција на Полицискиот инспекторат на Косово (ИПК), објави порталот „Национале“. Според приштинскиот медиум, вкупно во денешната операција на ИПК се уапсени 48 полицајци, меѓу кои и лица на повисоки позиции, како и двајца цариници. Главниот обвинител на Специјалното обвинителство на Косово, Блерим Исуфај, во изјава за „Национале“, ја потврди информацијата дека има упасени во акцијата на ИПК, без да наведе бројка. Исуфај исто така информира дека акцијата продолжува. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, претходно ИПК соопшти дека утрово спровел обемна операција, на која ѝ претходела речиси едногодишна истрага против полициски службеници осомничени за кривичните дела „земање поткуп“ и „злоупотреба на службената должност“. Во операцијата биле вклучени Специјалното обвинителство на Република Косово и други надлежни агенции. – ИПК ќе продолжи посветено да презема дејствија кои имаат за цел јакнење на полицискиот интегритет, се вели во соопштението, во кое се најавува дека детали за текот и резултатите на операцијата ќе бидат објавени подоцна во текот на денот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nacionale-uapseni-48-pripadnici-na-kosovskata-pogranichna-policija-vo-antikorupciska-operacija/feed/ 0
Во притвор во Индија татко и син претепани до смрт, уапсени петмина полицајци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-pritvor-vo-indija-tatko-i-sin-pretepani-do-smrt-uapseni-petmina-policajci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-pritvor-vo-indija-tatko-i-sin-pretepani-do-smrt-uapseni-petmina-policajci/#respond Thu, 02 Jul 2020 08:49:20 +0000 https://kurir.mk/?p=367197

Индија уапси петмина полицајци обвинети за смртта на татко и син во полициски притвор, изјави денеска висок истражен службеник, откако јавноста изрази гнев за случајот, споредувајќи го со смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во САД. Минатата недела, Џ. Џајараџ (59) и Беникс Имануел (31) биле брутално претепани, што предизвикало ректално крварење, по што починале, се наведува во писмото до владини службеници испратено од сопругата на Џајараџ, Селварани. Би-Би-Си наведува дека уапсените полицајци се обвинети за убиство поради смртта на таткото и синот во индиската држава Тамил Наду. Двајцата починале на 22 јуни, два дена откако беа ослободени од полицискиот притвор. Тие беа уапсени за наводно држење отворена продавница, по истекувањето на времето кога на продавниците им беше дозволено да се отворат за време на пандемијата на коронавирусот. Инцидентот предизвика протести, поради што локалниот суд започна истрага. Судот во вторникот соопшти дека има основа да поднесе обвинение за убиство против полицајците. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-pritvor-vo-indija-tatko-i-sin-pretepani-do-smrt-uapseni-petmina-policajci/feed/ 0