убиен новинар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 13 Mar 2022 14:07:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png убиен новинар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Прва изјава на колегата на убиениот новинар, раскажа што се случило https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-prva-izjava-na-kolegata-na-ubieniot-novinar-raskaza-shto-se-sluchilo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-prva-izjava-na-kolegata-na-ubieniot-novinar-raskaza-shto-se-sluchilo/#respond Sun, 13 Mar 2022 14:07:42 +0000 https://kurir.mk/?p=646376

Колегата на убиениот американски новинар Брент Рено кој е повреден, дал куса изјава додека лекарите го прегледувале. Новинарот кој се претставил како Хуан Диего Херера Аредондо, како што вели во видеото не знае дали Брент е жив, но видел дека бил погоден во пределот на вратот. -Го поминавме првиот мост. Видовме бегалци и тргнавме по нив. Ни беше понуден првоз до вториот мост каде требаше да снимаме бегалци. Почнаа да пукаат кон нас. Возачот сврте, видов дека Брент е погоден. Не знам како е, се раздвоивме, вели Хуан кој е повреден во пределот на бутот. Американскиот новинар Брент Рено (51) загина откако руските сили отворија оган врз автомобил во движење во близина на Ирпин. Неговата смрт ја потврди шефот на регионалната полиција. Иако во јавноста се појавија информации дека тој е новинар на Њујорк Тајмс од медиумот се огласија истакнувајќи дека тој во Украина не бил на задача за Тајмс. -Со големо жалење ја примивме веста за смртта на Брент Рено. Иако порано многу придонесе за работата на Њујорк Тајм, тој не беше на задача во Украина за Тајмс. До забуната е дојдено откако се појави фотографија од прс картичката која ја носел, а му била издадена од Тајмс пред многу години за тогашната задача, велат од медиумот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-prva-izjava-na-kolegata-na-ubieniot-novinar-raskaza-shto-se-sluchilo/feed/ 0
Убиен новинарот кој известуваше за војната против дрогата на претседателот Дутерте https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-novinarot-koj-izvestuvashe-za-vojnata-protiv-drogata-na-pretsedatelot-duterte/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-novinarot-koj-izvestuvashe-za-vojnata-protiv-drogata-na-pretsedatelot-duterte/#respond Thu, 09 Dec 2021 07:50:26 +0000 https://kurir.mk/?p=605970

На истокот од Филипините е убиен новинарот Хесус Малабанан, кој како дописник на агенцијата Ројтрес, со своето известување многу му помогна на претседателот Родриго Дутерте во информирањето за кампањата за војната против дрогата во земјата, соопшти денеска филипинската полиција, јави ДПА. Полицијата прецизираше дека Малабанан (58) доцна синоќа бил застрелан во главата и дека бил прогласен за мртов при пристигнувањето во болницата во Калбајог Сити, град на 482 километри југоисточно од Манила. ДПА јавува дека новинарот бил известувач за еден весник на англиски јазик и телевизиска информативна мрежа во Манила, а работел и за агенцијата Ројтерс и придонел за нејзиното известување за војната против дрогата, за која добил Пулицерова награда во 2018 година. Малабанан гледал телевизија во мала маалска продавница во сопственост на неговото семејство во Калбајог Сити, кога бил застрелан во главата од неидентификуван вооружен маж кој побегнал на мотоцикл управуван од друг осомничен, се наведува во полицискиот извештај. Полицијата се уште не го идентификувала осомничениот или мотивот за убиството, но неговите колеги веќе изјавија дека Малабанан добивал смртни закани пред да биде убиен. -Џес многу му помогна на Ројтерс во приказните за војната со дрогата, за што освои Пулицер во 2018 година, изјави Мани Могато, пензиониран дописник на оваа новинска агенција, кој беше дел од тимот од Манила кој работеше на наградените извештаи. Националната унија на новинари на Филипините соопшти дека Малабанан е 22-от новинар кој е убиен во оваа југоисточна азиска земја откако Дутерте стана претседател во 2016 година. Филипините важат за една од најопасните земји во светот за новинарите, сметаат групите за слобода на печатот, вклучувајќи го и Комитетот за заштита на новинаритем чие седиште е во Њујорк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-novinarot-koj-izvestuvashe-za-vojnata-protiv-drogata-na-pretsedatelot-duterte/feed/ 0
Убиен новинар во Атина: Пукале од мотор пред неговиот дом, најдени 17 чаури- еве ги деталите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ubien-novinar-vo-atina-pukale-od-motor-pred-negoviot-dom-najdeni-17-chauri-eve-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ubien-novinar-vo-atina-pukale-od-motor-pred-negoviot-dom-najdeni-17-chauri-eve-gi-detalite/#respond Fri, 09 Apr 2021 14:56:22 +0000 https://kurir.mk/?p=494938

Со најмалку шест куршуми, кусо пред 15 часот по локално време, пред неговиот дом во атинска населба, убиен е грчкиот новинар Јоргос Карајваз од телевизијата „Стар“, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за познат и искусен новинар, кој долги години следеше црна хроника и покриваше теми поврзани со полицијата, за истите теми имаше информативен портал, а паралелно работеше во претпладневна емисија на телевизијата „Стар“. По завршувањето на денешната емисија, сторителите, кои најверојатно биле двајца и се превезувале со мотор го пресретнале пред неговиот дом во јужниот дел на Атина. Неофицијално, на местото на убиството полицијата пронашла најмалку 17 чаури, а сторителите веројатно користеле оружје со пригушувач, jaвија грчки медиуми. Полицијата работи на расчистување на причините за убиството. Според грчките медиуми, Карајваз никогаш не споменал некакви закани или дека е загрижен за неговиот живот. Станува збор за второ вакво убиство во Грција, откако на речиси ист начин, во 2010 година, пред неговиот дом беше убиен новинарот Сократис Гиољас. Портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, во писменото соопштение вели дека надлежните работата на расчистување на случајот. -Убиството на новинарот Јоргос Карајваз нѐ шокираше сите. Властите веќе го испитуваат случајот за да се уапсат сторителите и да бидат изведени пред лицето на правдата, соопштува Пелони и изразува сочувство до блиските на новинарот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ubien-novinar-vo-atina-pukale-od-motor-pred-negoviot-dom-najdeni-17-chauri-eve-gi-detalite/feed/ 0
Убиен уште еден новинар во Мексико https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-ushte-eden-novinar-vo-meksiko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-ushte-eden-novinar-vo-meksiko/#respond Mon, 26 Aug 2019 06:48:37 +0000 https://kurir.mk/?p=233332

Во Мексико од почетокот на годината убиени се 12 новинари, соопшти Националната комисија за човекови права. Според локалните медиуми, последната жртва помеѓу новинарите е Невит Кондес Харамиљо, основач на порталот „Ел Опсерваторио дел Сур“, кој во саботата е пронајден избоден до смрт во својот дом во Техупилка. Во соопштението од Комисијата се наведува дека „насилството врз новинарите во сите облици е една од суштинските препреки за зацврстување на демократијата во Мексико“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-ushte-eden-novinar-vo-meksiko/feed/ 0
ИПИ: Саудиска Арабија да обезбеди правда за убиениот Кашоги https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ipi-saudiska-arabija-da-obezbedi-pravda-za-ubieniot-kashogi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ipi-saudiska-arabija-da-obezbedi-pravda-za-ubieniot-kashogi/#respond Thu, 20 Jun 2019 15:04:35 +0000 https://kurir.mk/?p=211228

Меѓународниот институт за печат (ИПИ), глобална мрежа на уредници, на медиумски директори и новинари за слобода на медиумите, денеска ја повика меѓународната заедница да побара од Саудиска Арабија да обезбеди правда за убиениот новинар Џамал Кашоги по извештајот објавен од страна на Високата комесарка на Обединетите нации за човекови права (ОХЦХР) Агнес Каламард. Тaа вчера објави извештај во кој утврдила дека не постои сигурен доказ за високите саудиски официјални лица, вклучувајќи го и принцот Мохамед бин Салман, кои се поединечно одговорни за убиството на Кашоги, се вели во соопштението на Меѓународниот институт за печат. Егзекуцијата на Кашоги е симбол на глобалниот модел на целни убиства и закани кон новинари и медиумски работници, кои државни, агенциите на ОН, посебни постапки и голем број меѓународни и национални организации за човекови права редовно ги осудуваат, стои во извештајот за Кашоги. -Наодите од овој извештај даваат дополнителни докази дека саудиската Влада е одговорна за ужасното убиство на Џамал Кашоги и дека националните власти не ја исполниле својата обврска да го испитаат овој злостор, вели извршната директорка на ИПИ Барбара Трионфи. Кашоги, колумнист во „Вашингтон пост“, беше убиен на 2 октомври 2018 година, по влегувањето во саудискиот конзулат во Истанбул. Во извештајот се наведува дека тој пристигнал во конзулатот по договор, за да добие документи, кои му биле потребни за свадба. Потоа се соочи со саудиските функционери и беше убиен, можеби така што му е инјектиран седатив, задушен со пластична кеса и распарчен, се вели во извештајот. Извештајот на Каламард ги користи снимките добиени од конзулатот за да ги осветли последните моменти од животот на Кашоги, заклучувајќи дека смртта на новинарот е „меѓународно злосторство“. Сега е работа на меѓународната заедница, особено на традиционалните сојузници на Саудиска Арабија, да гарантираат дека оние што го наредиле убиството на Кашоги ќе се соочат со правдата, рече таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ipi-saudiska-arabija-da-obezbedi-pravda-za-ubieniot-kashogi/feed/ 0
Осомничените ослободени, за убиството на новинарот никој не одговара https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osomnichenite-oslobodeni-za-ubistvoto-na-novinarot-nikoj-ne-odgovara/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osomnichenite-oslobodeni-za-ubistvoto-na-novinarot-nikoj-ne-odgovara/#respond Sat, 03 Mar 2018 15:03:23 +0000 http://kurir.mk/?p=26979

Словачката полиција ги ослободи седумте Италијанци кои беа приведени како осомничени за убиството на новинарот Јан Куциак и неговата девојка. Седуммината Италијанции беа приведени во четвртокот при полициска рација под сомнение дека се поврзани со членови на италијанската мафија. Полицијата денеска потврди дека тие се ослободени, но не наведе детали, освен тоа дека ослободените се на возраст од 26 до 62 години. Телото на 27-годишниот Куциак и неговата девојка Мартина Кушнирова пронајдени се со прострелни рани на 25 февруари. Куциак ги истражуваше активностите на италијанската мафија во Словачка и нејзините врски со лицата блиски до премиерот Роберт Фицо. Тој во последниот незавршен текст ги опишува активностите на членовите на криминалната организација Ндрангета во источна Словачка и поврзаноста на еден од нив со соработник на Фицо, како и на другите соработници на словачкиот премиер. Илјадници луѓе вчера учествуваа во демонстрациите против корупцијата што се одржаа ширум Словачка по убиството на Куциак. Околу 25.000 лица, според организиаторот, учествуваа во синоќешните демонстрации во Братислава. Протести се одржаа и во десетина други градови и покрај ниските температури. Американското Федерално истражно биро (ФБИ), британскито Скотланд јард и Европол и помагаат на словачката полиција во истрагата за убиството на новинарот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osomnichenite-oslobodeni-za-ubistvoto-na-novinarot-nikoj-ne-odgovara/feed/ 0
По убиството на новинар во Словачка, тројца функционери си поднесоа оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-ubistvoto-na-novinar-vo-slovachka-trojca-funkcioneri-si-podnesoa-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-ubistvoto-na-novinar-vo-slovachka-trojca-funkcioneri-si-podnesoa-ostavka/#respond Wed, 28 Feb 2018 18:04:03 +0000 http://kurir.mk/?p=25898

Двајца словачки високи претставници, блиски до премиерот Роберт Фицо, денеска поднесоа оставки, откако истото го направи претходно и  министерот за култура Марек Мадарич. Од функција се повлекоа главната државна советничка во владиниот Кабинет Марија Трошкова, поранешна манекенка, и секретарот на словачкиот Совет за безбедност, Вилијам Јасањ. Во заедничкото соопштение Трошкова и Јасањ наведуваат дека се шокирани од убиството на словачкиот новинар Јан Куциак и неговата девојка Мартина Кушнирова, чии застрелани тела беа пронајдени во неделата во нивната куќа источно од Братислава. Владата понуди милион евра за информации што ќе помогнат за апсење на одговорните за убиството. Организацијата за истражувачко новинарство ОЦЦРП (Проект за известување за организиран криминал и корупција) претпладнево ја објави недовршената приказна на која работеше застреланиот новинар. На таквиот потег се одлучиле за да „оддадат почит на новинарот, разјаснување на фактите и намалување на опасноста за неговите колеги“. Во центарот на приказната е токму Трошкова, поранешна натпреварувачка на Мис Универзум, која попладнево се повлече од функцијата. Таа наводно основала фирма со Италијанец, кој живее во Словачка, за која постои сомневање дека е поврзана со мафијата „Ндрангета“, една од најмоќните криминални организации во светот. Текстот беше денеска објавен под насловот „Моделот, мафијата и убијците“, а сторијата започнува со тоа дека проектот започнал со истрагата за тоа зошто словачкиот премиер Роберт Фицо ја вработил Марија Трошова, тогаш 27-годишна поранешна топлес манекенка како една од неговите помошници и покрај тоа што таа речиси воопшто немала политичко искуство. „Неговата ПР служба одби да објави во што точно се состојат нејзините работни задачи за да ја објасни нејзината функција во Владата или зошто и бил даден безбедносен сертификат“, се наведува во текстот. Потоа се открива дека таа била во врска со Антонио Вадала, кој бил со блиски врски до Ндрангета. Според извештајот, во 2001 година италијанската полиција издала потерница за апсење на Вадала, откако при прислушкување открила дека разговарал за тоа да обезбеди логистика за криење на бегалецот обвинет за шеврц и убиство, во неговиот дом во Калабрија. Меѓутоа, обвиненијата биле повлечени, а Вадала откако го избегнал апсењето, се преселил во Словачка. Словачките медиуми наведуваат дека Вадала не бил достапен за коментар. Инаку, ОЦЦРП најави дека ќе објави детали од друга истрага што ја водел Куциак, за врски на сопственици на земјоделски површини со италијанската мафија, кои, наводно ја користеле земјата за да дојдат до субвенции од ЕУ фондовите. Куциак и неговата пријателка Мартина Кушнирова беа пронајдени мртви во неделата во неговиот дом во Велка Мача, недалеку од Братислава. Шефот на словачката полиција Тибор Гашпар информирајќи за смртта на Куциак изјави дека убиството најверојатно е поврзано со неговите истражувачки активности. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-ubistvoto-na-novinar-vo-slovachka-trojca-funkcioneri-si-podnesoa-ostavka/feed/ 0