убиена девојка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 21 Mar 2021 08:06:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png убиена девојка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пукање во ноќен клуб: Една девојка загина, 7 лица повредени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pukanje-vo-nokjen-klub-edna-devojka-zagina-7-lica-povredeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pukanje-vo-nokjen-klub-edna-devojka-zagina-7-lica-povredeni/#respond Sun, 21 Mar 2021 08:06:27 +0000 https://kurir.mk/?p=485452

Една 21-годишна девојка е убиена, а седум лица се повредени синоќа во инцидент со пукање во ноќен клуб во Далас, соопшти полицијата. Полицијата добила повик за пукање во ноќниот клуб „Прајм“ во 1.30 часот по локално време, пренесува локалниот огранок на Ен-Би-Си. Полицијата соопшти дека на местото на настанот открила шест лица со прострелни рани, а подоцна во блиските болници се појавиле уште две жртви. Како што е наведено, полицијата утврдила дека дошло до конфликт помеѓу две групи луѓе во клубот, а едно лице извадило оружје и пукало. Напаѓачот побегнал од местото и сè уште не е уапсен. Мотивот за пукањето не е утврден и истрагата е во тек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pukanje-vo-nokjen-klub-edna-devojka-zagina-7-lica-povredeni/feed/ 0
„Мамо, во такси сум, доаѓам“: По оваа порака, девојка е пронајдена ѕверски убиена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mamo-vo-taksi-sum-doagjam-po-ovaa-poraka-devojka-e-pronajdena-dzverski-ubiena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mamo-vo-taksi-sum-doagjam-po-ovaa-poraka-devojka-e-pronajdena-dzverski-ubiena/#respond Wed, 16 May 2018 13:18:35 +0000 https://kurir.mk/?p=54847

18-годишната студентка Ангелина Литвињенко била пронајдена мртва со отсечени дланки во Сибир, откако влегла во автомобилот на поранешен осуденик за убиство, чиј оглас го пронашла на популарната апликација за споделување на превоз - "BlaBlaCar". Руската полиција објавила фотографија од сопственикот на возилото, 47-годишниот Н.В Лебедев, кој бил осуден за двојно убиство, но ослободен по 15 години минати во затвор. Неговиот автомобил марка "Hyundai Solaris" бил пронајден во непосредна близина. Лебедев во меѓувреме се јавил во полиција. Рекол дека не ја убил тинејџерката и дека ќе поднесе докази кои ќе му помогнат, јавиле медиумите. Меѓутоа, тој сега се наоѓа во бегство, и во Сибир во тек е голема потера. Девојката влегла во неговиот автомобил во Абакан за да оди до селото Краснотуранск, оддалечено на 120 километри, каде живеат нејзините родители. На својата мајка и јавила дека е на пат, но никогаш не пристигнала дома. Телото на тинејџерката без дланки било пронајдено на 13. мај, на околу два и пол километри од Краснотуранск, ден откако родителите го пријавиле нејзиното исчезнување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mamo-vo-taksi-sum-doagjam-po-ovaa-poraka-devojka-e-pronajdena-dzverski-ubiena/feed/ 0