убиена новинарка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Dec 2019 06:29:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png убиена новинарка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕП бара оставка од премиерот на Малта поради убиството на новинарката https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-bara-ostavka-od-premierot-na-malta-poradi-ubistvoto-na-novinarkata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-bara-ostavka-od-premierot-na-malta-poradi-ubistvoto-na-novinarkata/#respond Thu, 19 Dec 2019 06:29:17 +0000 https://kurir.mk/?p=279454

Европски парламент синоќа усвои резолуција во која се бара премиерот на Малта, Џозеф Мускат да мора да поднесе оставка поради опасноста да ја загрози истрагата за убиството на новинарката Дафне Каруане Галација. „За“ резолуцијата гласаа 581 европратеник, 26 се изјаснија „против“, а 83 беа „воздржани“. Европратениците се загрижени поради веродостојноста на истагата за убиството на новинарката Каруане Галиција, се додека Мускат е на функција постои ризик од загрозување на истрагата. Резолуцијата на ЕП упатува на обвиненија за корупција и перење на пари против премиерот на Малта, како и против неговиот шеф на кабинет и поранешниот министер за туризам, другите членови на Владата, како и приватни фирми и поединци поврзани со него. Настаните на Малта последните години доведоа до сериозни и трајни закани за владеењето на правото, демократијата и основните права, се истакнува во соопштението на ЕП, при тоа изразувајќи загриженост поради слободата на медиумите, независноста на полицијата и правосудниот систем, слободата за мирни собири и поделбата на власта. ЕП исто така бара да се укине Програмата на Малта за доделување на државјанства и право на претстој на инвеститорите, бидејќи тоа подразбира продажба на граѓанството на Европска Унија и е опасен ризик за борбата против перењето пари и прекуграничниот криминал. Европратениците во резолуцијата го поздравија востанувањето на годишната награда „Европска награда за истражувачко новинарство – Дафне Каруана Галиција“. По убиената новинарка претходно е наречена сала во ЕП во Стразбур, во која се одржуваат прес-конференции. Мускат на почетокот од месецот по притисок на јавноста и протестите најави дека ќе поднесе оставка од функцијата на 12 јануари, откако владејачката Лабуристичка партија идниот месец избере нов лидер. Каруана Галиција истражуваше случај на корупција, во кој беа вмешани и соработници на премиерот. Таа на својот блог ги обвинуваше политичарите на Малта за корупција. Новинарката беше убиена во октомври 2017 година кога под нејзиниот автомобил беше поставен експлозив. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-bara-ostavka-od-premierot-na-malta-poradi-ubistvoto-na-novinarkata/feed/ 0
Силувана, претепана, задавена: Брутално убиена позната новинарка во Бугарија (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/siluvana-pretepana-zadavena-brutalno-ubiena-poznata-novinarka-vo-bugarija-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/siluvana-pretepana-zadavena-brutalno-ubiena-poznata-novinarka-vo-bugarija-foto/#respond Sun, 07 Oct 2018 17:36:21 +0000 https://kurir.mk/?p=111997

Бугарската новинарка Викторија Маринова беше брутално убиена во саботата, околу пладне, во градот Русе, во северниот дел на земјата. Според извештаите на локалните медиуми, нејзиното тело е пронајдено во близина на реката Дунав на тешко достапен терен. Жртвата била наводно силувана, претепана и потоа задавена. Таа била претепана со такво насилство што лицето и било непрепознатливо и не била идентификувана сѐ до минатата ноќ. Регионалниот обвинител на Русе, Георгиј Георгиев, изјави за новинарите дека смртта е предизвикана од удари по главата и задушување. “Недостигаа мобилен телефон, клучеви за автомобили, очила и дел од нејзината облека”, рече Георгиев, додавајќи дека нема информации што укажуваат дека кривичното дело го сториле повеќе од едно лице. Викторија Маринова беше административен директор на телевизијата во Русе. Таа неодамна започна со своја емисија наречена “Детектор”, за последен пат емитувана на 30 септември. Во таа прилика, таа имаше интервју со бугарскиот новинар Димитар Стојанов од веб-страницата Бивол и романскиот новинар Атила Биро, член на проектот РИСЕ за истражувачко новинарство во Романија. Стојанов и Биро беа уапсени минатиот месец од страна на бугарската полиција во близина на Софија поради тоа истражувале уништување на документи кои, се чини, откриваат корумпирани практики од страна на приватна компанија за изградба на патишта, осомничена за извршување измами со европски фондови. Европските и меѓународните федерации на новинари (ЕФЈ-ИФЈ) реагираа и рекоа дека се длабоко шокирани од бруталното убиство на Викторија Маринова, 30-годишна бугарска новинарка која работи за регионален ТВ-канал ТВН. Таа е четврта новинарка убиена во ЕУ од 2017 година по Ким Вол во Данска, Дафне Каруана Галиција во Малта и Јан Куцијак во Словачка. Настан за почит на Маринова ќе се одржи во Софија, во понеделник вечер. ЕФЈ и ИФЈ, заедно со нивните бугарски филијали УБЈ и Подкрепа, денеска ги повикаа бугарските власти да ги идентификуваат, упсат и да ги изведат пред правдата одговорните за ова ужасно убиство.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/siluvana-pretepana-zadavena-brutalno-ubiena-poznata-novinarka-vo-bugarija-foto/feed/ 0