убиени деца – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 14 Oct 2023 17:01:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png убиени деца – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 УНИЦЕФ: Повеќе од 700 деца убиени во Газа од почетокот на војната меѓу Хамас и Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unitsef-poveke-od-700-detsa-ubieni-vo-gaza-od-pochetokot-na-vojnata-megu-hamas-i-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unitsef-poveke-od-700-detsa-ubieni-vo-gaza-od-pochetokot-na-vojnata-megu-hamas-i-izrael/#respond Sat, 14 Oct 2023 17:01:27 +0000 https://kurir.mk/?p=888883

Повеќе од 700 деца се убиени во Појасот Газа од избувнувањето на војната меѓу палестинската милитантна група Хамас и Израел, соопшти денеска УНИЦЕФ. „Според последните извештаи на локалните здравствени власти и медиумите, повеќе од 700 деца се убиени, а повеќе од 2.450 се ранети“, изјави за Си-Ен-Ен портпаролката на УНИЦЕФ, Сара Ел-Хатаб. Портпаролот на УНИЦЕФ Џејмс Елдер изјави дека убивањето на децата мора да престане.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unitsef-poveke-od-700-detsa-ubieni-vo-gaza-od-pochetokot-na-vojnata-megu-hamas-i-izrael/feed/ 0
Привремено одземен имотот на таткото на убиецот од ОУ „Владислав Рибникар“ на барање на семејствата на жртвите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/privremeno-odzemen-imotot-na-tatkoto-na-ubietsot-od-ou-vladislav-ribnikar-na-barane-na-semejstvata-na-zhrtvite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/privremeno-odzemen-imotot-na-tatkoto-na-ubietsot-od-ou-vladislav-ribnikar-na-barane-na-semejstvata-na-zhrtvite/#respond Wed, 14 Jun 2023 11:23:26 +0000 https://kurir.mk/?p=845591

Судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград донесе решение со кое му забранува на таткото В. К на детето масовен убиец да располага, отуѓува и оптоварува со недвижниот и движен имот чиј сопственик е тој. Одлуката за определување привремени мерки е донесена на предлог на семејствата на убиените деца во основното училиште „Владислав Рибникар“, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопштија од Вишиот суд во Белград, станува збор за стан во Белград, делови од деловен простор во Белград и патничко моторно возило. Привремените мерки ќе траат до конечното завршување на кривичната постапка. Против гореспоменатото решение е дозволена жалба до Вишиот суд во Белград, во рок од три дена од приемот на решението, што не го одлага извршувањето на решението. Обвинетиот В.К. се товари за извршување на кривично дело „тешко дело против општата сигурност“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/privremeno-odzemen-imotot-na-tatkoto-na-ubietsot-od-ou-vladislav-ribnikar-na-barane-na-semejstvata-na-zhrtvite/feed/ 0
Си ги убила трите мали ќерки: Злосторство на мајка монструм го вознемири светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-gi-ubila-trite-mali-kerki-zlostorstvo-na-majka-monstrum-go-voznemiri-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-gi-ubila-trite-mali-kerki-zlostorstvo-na-majka-monstrum-go-voznemiri-svetot/#respond Mon, 05 Jun 2023 13:37:51 +0000 https://kurir.mk/?p=842315

Полицијата во Хонг Конг денеска уапси жена осомничена за убиство на нејзините три ќерки. -Три девојчиња на возраст од две, четири и пет години веќе биле мртви кога полицијата пристигнала во нивниот стан, на повик на жена која им рекла дека сопругот ги убил, пренесува АП. Полицискиот надзорник Алан Чунг изјави дека парот бил разделен околу една година и верува дека жената е одговорна за убиствата. Тој изјави дека на телата на децата не биле пронајдени рани, а на местото на настанот не биле пронајдени остри предмети или дрога, туку била пронајдена крвава перница која најверојатно била употребена за задушување на децата. Тој додаде дека полициската истрага покажала дека случајот е поврзан со семејно насилство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-gi-ubila-trite-mali-kerki-zlostorstvo-na-majka-monstrum-go-voznemiri-svetot/feed/ 0
Нема живот за нив во Србија: Експертите со став, еве што треба да прави семејството на Коста https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nema-zhivot-za-niv-vo-srbija-ekspertite-so-stav-eve-shto-treba-da-pravi-semejstvoto-na-kosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nema-zhivot-za-niv-vo-srbija-ekspertite-so-stav-eve-shto-treba-da-pravi-semejstvoto-na-kosta/#respond Sat, 13 May 2023 10:53:52 +0000 https://kurir.mk/?p=833782

Семејството на Коста К.(13), кој на 3 мај уби осум деца и училишен чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ Белград, најверојатно од безбедносни причини ќе се пресели во странство. Мајката на Коста и неговата десетгодишна сестра би можеле први да ја напуштат Србија, а да им се придружи и таткото на момчето-убиец, откако тој ќе излезе од затвор, пишува Пинк.рс. Психолозите и криминолозите сметаат дека ова е најдоброто решение за ова семејство, особено за сестрата на Коста. Родителите на Коста добија стотици закани преку Интернет по невиденото злосторство што го изврши нивниот син. Таткото Владимир, моментално е зад решетки, а мајката, земала неплатен одмор од Биолошкиот факултет каде работи и е со ќерката во непознато место во Србија. Во тоа училиште сигурно нема да се врати помалата сестра на Коста, која исто како него учеше во основното училиште „Владимир Рибникар“ и моментално е четврто одделение. Милан Костиќ, психолог и судски вештак, смета дека и помалата сестра на Коста е жртва на нејзиниот брат, бидејќи таа ќе ги сноси последиците од неговото дело до крајот на животот. -Таа девојка не направи ништо, а цел живот ќе биде обележана и жигосана. Тоа ќе го прави околината и мислам дека треба да се заштити што е можно повеќе. Ваквата ситуација кај нас не е вообичаена, но важно е да и се објасни на мајката колку е сложена ситуацијата за нив и дека можеби најдоброто решение е да ја напуштат државата. Мислам дека разделбата од Коста е неопходна во овој случај. Мајката треба да разбере дека покрај синот има и ќерка и дека мора да направи нешто за да ја заштити – вели Костиќ и додава: – Уништено е се, вклучително и неговиот живот и животите на сите семејства кои ги огорчи со својот чин. Ги уништи и животите на својата мајка, татко и сестра. Неговото семејство многу години ќе трпи страшни последици бидејќи вакво нешто тешко се заборава – изјави Радовановиќ. Тој забележува дека мајката и таткото ќе ги чувствуваат последиците до крајот на животот, но дека сестрата, можеби поради младоста, нема. -Кога ќе порасне, можеби во одреден момент сестрата ќе се дистанцира од тоа злосторство, но… Сега единствено решение е промена на средината. Најкорисно е да се смени презимето, но не сум запознаен со процедурата. Секако, мајката и сестрата на Коста имаат опција да не сменат ништо, но потоа ќе ги сносат последиците. Доколку одлучат да ја напуштат државата, веројатно ќе бидат под постојан надзор на безбедносните служби на земјата во која се преселуваат – истакнува Радовановиќ. Бора Бањац, поранешен началник на Дирекцијата за сузбивање на организиран криминал, смета дека можеби најдоброто решение за семејството на Коста е да се пресели во далечна земја. – Што може да се направи со нив, мислам на сестрата и мајката? За нив нема живот ниту во Белград, ниту во Србија. Мислам дека не би можеле да живеат во ниту една земја од регионот бидејќи порано или подоцна ќе се дознае кои се тие. Можеби треба да одат преку океанот, некаде доволно далеку. Ако останат тука, единствено решение е да го сменат идентитетот, но прашање е дали ќе можат да го сторат тоа – вели Бањац.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nema-zhivot-za-niv-vo-srbija-ekspertite-so-stav-eve-shto-treba-da-pravi-semejstvoto-na-kosta/feed/ 0
„Сите сме неми од шок, неопислива тага е во семејството“, исповед на роднина на училишниот чувар Драган https://arhiva.kurir.mk/svet/region/site-sme-nemi-od-shok-neopisliva-taga-e-vo-semejstvoto-ispoved-na-rodnina-na-uchilishniot-chuvar-dragan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/site-sme-nemi-od-shok-neopisliva-taga-e-vo-semejstvoto-ispoved-na-rodnina-na-uchilishniot-chuvar-dragan/#respond Fri, 05 May 2023 19:04:50 +0000 https://kurir.mk/?p=831105

Во масовното пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ загинаа осум деца, како и еден чувар, а ранети се шест ученици и еден наставник по историја. Прв на метата на 13 годишниот Коста К. бил обезбедувачот Драган Влаховиќ, човек кој цела институција го обожувала. Братучед на убиениот Драган за Телеграф.рс раскажа колку човечка големина бил тој. Според него, тој бил извонреден човек, вистински добар човек. - Не сакам да претерувам нешто, но навистина е така - ја започнува својата исповед и наведува дека Драган е разведен и дека зад себе не оставил потомци. - Немаше деца, разведен беше. Неговите родители се живи, поради се минуваат низ агонија... Има и две сестри, едната е докторка - рече тој и додаде дека сите се без зборови од шок и не можат да разберат што се случило. Во семејството на чуварот владее неопислива тага. -Не знаеме кога ќе биде погребот, сите се изгубени, вели братучедот на Драган.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/site-sme-nemi-od-shok-neopisliva-taga-e-vo-semejstvoto-ispoved-na-rodnina-na-uchilishniot-chuvar-dragan/feed/ 0
Одреден 30 дневен притвор за таткото на Коста https://arhiva.kurir.mk/svet/region/odreden-30-dneven-pritvor-za-tatkoto-na-kosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/odreden-30-dneven-pritvor-za-tatkoto-na-kosta/#respond Fri, 05 May 2023 17:19:29 +0000 https://kurir.mk/?p=831078

Вишиот суд во Белград му одреди притвор до 30 дена на таткото В.К.(47), чиј син К.К. во основното училиште Владислав Рибникар уби девет и рани седум лица. В.К е осомничен за кривично дело Тешки дела против општото обезбедување од чл.288 ст.2 во врска со чл.278 ст.1 од Кривичниот законик. Притворот му е одреден поради постоење особени околности кои укажуваат дека може за краток временски период да го повтори кривичното дело, како и поради тоа што кривичното дело кое му се става на товар е казниво со затворска казна над десет години, а начинот на извршувањето и сериозноста на последиците од кривичното дело  ја вознемируваат јавноста, што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка. На денешното сослушување осомничениот негираше дека го сторил делото и детално ја изнесел својата одбрана.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/odreden-30-dneven-pritvor-za-tatkoto-na-kosta/feed/ 0
Таткото на Коста негирал дека сторил кривично дело, еве каде се наоѓал сефот со оружјето https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tatkoto-na-kosta-negiral-deka-storil-krivichno-delo-eve-kade-se-naogal-sefot-so-oruzhjeto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tatkoto-na-kosta-negiral-deka-storil-krivichno-delo-eve-kade-se-naogal-sefot-so-oruzhjeto/#respond Fri, 05 May 2023 16:30:07 +0000 https://kurir.mk/?p=831056

Во Вишото јавно обвинителство во Белград денеска беше сослушан Владимир К. (47) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело Тешки дела против општото обезбедување од чл.288 ст.2 во врска со чл.278 ст.1 од Кривичниот законик. -Се сомнева дека Владимир К. во претходниот период го тренирал неговиот 13-годишен син К.К. да ракува со огнено оружје и муниција, со тоа што го носел во стрелачки клуб за да вежбаат гаѓање цел со огнено оружје, и покрај тоа што детето има 13 години и таквата активност и обука е очигледно несоодветна за неговата возраст. Исто така, Владимир К. се сомничи дека постапил спротивно на одредбите од член 32 став 1 од Законот за оружје и муниција и член 2 став 1 од Правилникот за просторни технички услови за безбедно чување оружје и муниција, бидејќи не обезбедил услови за безбедно сместување и складирање на оружје и муниција за да не може да дојде во сопственост на неовластени лица, односно да се заклучи и одделно да се одвои во сефови, каси или слични ормари кои не можат лесно да се отворат. Се сомничи дека од неговите дејствија на 03.05.2023 година неговиот син К.К успеал да добие пиштол „ЦЗ сенка“ калибар 9х19мм и пиштол „Ругер МК“ калибар 22 мм ЛР, за што осомничениот Владимир К. располага со дозволи од надлежен орган, кој бил во неправилно обезбеден метален сеф во плакарот лоциран во ходникот на станот. Детето со себе однело оружје и муниција во основното училиште „Владимир Рибникар“ во Белград, каде испукал голем број истрели и усмртил еден чувар и осум ученици, додека тешко ранил шест ученици и еден наставник. На рочиштето осомничениот негираше дека го сторил делото и детално ја изнесе својата одбрана. Обвинителството ќе му предложи на судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград на осомничениот да му одреди притвор за да не влијае врз сведоците, за да не го повтори кривичното дело за краток временски период и поради јавна вознемиреност, се вели во соопштението на Вишото јавно обвинителство. К.К. не одговара кривично според важечките прописи, бидејќи не наполнил 14 години. Истиот е сместен на опсервација во соодветна психијатриска установа за деца и младинци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tatkoto-na-kosta-negiral-deka-storil-krivichno-delo-eve-kade-se-naogal-sefot-so-oruzhjeto/feed/ 0
Исповед на момче кое било на списокот на Коста, открива што им кажал на последниот тренинг https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ispoved-na-momche-koe-bilo-na-spisokot-na-kosta-otkriva-shto-im-kazhal-na-posledniot-trening/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ispoved-na-momche-koe-bilo-na-spisokot-na-kosta-otkriva-shto-im-kazhal-na-posledniot-trening/#respond Thu, 04 May 2023 20:58:51 +0000 https://kurir.mk/?p=830698

Кога Коста пукал, неговото лице покажувало дека е лут и бесен. Прво пукал кон наставничката, а потоа се свртел и почнал да пука кон учениците. Ова го изјавило момче кое било директен сведок на масакрот и чие име го имало на списокот на Коста. Момчето детално раскажало што се случило кобното утро. - Коста беше во дворот, чекаше да заѕвони и потоа влезе во училиштето. Бев во училницата и кога заврши лекцијата влезе Коста. Погледот му беше фиксиран, а неговото лице покажуваше дека е бесен и лут. Прво ја застрела наставничката по историја. Кога таа падна, Коста по случаен избор продолжи да пука кон нас. Сите почнаа да врескаат, некои паднаа на подот додека други скокнаа низ прозорецот. Некои истрчаа од училницата додека Коста ја менуваше рамката на пиштолот, објаснува вознемиреното момче кое инаку му било другар на Коста. Според неговите зборови, сите пријатели на Коста се на списокот што е пронајден. - Сите му беа најдобри пријатели. Не разбирам зошто се налути - додава момчето. Посочува и дека Коста никогаш не добил единица од Иисторијата. - Не е точно дека имал единица историја. Дури и беше ослободен од тој предмет до крајот на годината, поради успехот што го постигна на натпревари - изјави момчето. Потсетувајќи се на последните денови пред масакрот, момчето вели дека со Коста бил на кошаркарски тренинг. -Кога заврши тренингот рече дека тоа му е последен тренинг и дека нема да се врати. Сите мислевме дека се шегува... - вели момчето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ispoved-na-momche-koe-bilo-na-spisokot-na-kosta-otkriva-shto-im-kazhal-na-posledniot-trening/feed/ 0
Сведоштво на докторот кој прв влегол во училницата: Не можев да и кажам на мојата пријателка дека детето и е убиено https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svedoshtvo-na-doktorot-koj-prv-vlegol-vo-uchilnitsata-ne-mozhev-da-i-kazham-na-mojata-prijatelka-deka-deteto-i-e-ubieno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svedoshtvo-na-doktorot-koj-prv-vlegol-vo-uchilnitsata-ne-mozhev-da-i-kazham-na-mojata-prijatelka-deka-deteto-i-e-ubieno/#respond Thu, 04 May 2023 20:51:14 +0000 https://kurir.mk/?p=830711

Докторот Александар Стијачиќ од Заводот за итна медицинска помош прв по пријавувањето на масакрот влегол во основното училиште „Владислав Рибникар“, а потоа и во училницата каде Коста К. усмрти дел од соучениците. Стијачиќ истакнува дека вакво нешто не видел во кариерата и дека тој и неговите колеги направиле се за да ги спасат ранетите деца. Како што вели, за жал на нивните соученици, веднаш по влегувањето во училница можел само да констатира смрт. - Кога влеговме внатре, тоа беше нешто што не сум го видел досега, работам овде 30 години и сум видел секакви убиства, несреќи, но ова е нешто што остава впечаток, не само на мене туку на сите што беа таму- вели д-р Стијачиќ. Докторот додава и дека му пришла пријателка пред училиштето и го прашала дали го видел нејзиното дете.Како што вели, меѓу жртвите било и нејзиното дете, но немал сила да и каже. - Ми пријде другарка, чие дете беше внатре, го познавам и детето и неа. Знаев дека детето е мртво, не можев да и кажам, реков - оди во училишниот двор и види што се случува. Не смеев да и кажам, жената ќе умреше, објаснува Стијачиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svedoshtvo-na-doktorot-koj-prv-vlegol-vo-uchilnitsata-ne-mozhev-da-i-kazham-na-mojata-prijatelka-deka-deteto-i-e-ubieno/feed/ 0
Мајката и сестрата на Коста пренесени на безбедна локација https://arhiva.kurir.mk/svet/region/majkata-i-sestrata-na-kosta-preneseni-na-bezbedna-lokatsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/majkata-i-sestrata-na-kosta-preneseni-na-bezbedna-lokatsija/#respond Thu, 04 May 2023 19:43:32 +0000 https://kurir.mk/?p=830694

Коста К. вчера направи крвав масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар кога уби девет лица. Како што дознава порталот Република.рс, по грозоморното злосторство, мајката и помалата сестра биле пренесени на безбедна локација. -Жената и помладата сестра на Коста се однесени на друга адреса. Има некој во станот, но никој не отвора, вели еден од соседите на семејството. Сосетка вели дека се што е лошо кажано за нив е лага, а Коста бил дете од првиот брак на докторот. Соседите велат дека семејството има жена која се грижи за домаќинството, како и дека станот им е голем и убаво уреден. Коста е од угледно белградско семејство. Неговиот татко е познат доктор, специјалист по радиологија, а мајка му е асистент на Биолошкиот факултет на Универзитетот во Белград. Момчето исто така беше одличен ученик, одел на натпревари и сакал да стане астрофизичар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/majkata-i-sestrata-na-kosta-preneseni-na-bezbedna-lokatsija/feed/ 0