убиени новинари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Jan 2023 17:18:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png убиени новинари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 УНЕСКО: Расте бројот на убиени новинари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-raste-brojot-na-ubieni-novinari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-raste-brojot-na-ubieni-novinari/#respond Mon, 16 Jan 2023 17:18:34 +0000 https://kurir.mk/?p=788064

По неколку години последователен пад, бројот на убиени новинари ширум светот минатата година се искачи на 86, наспроти 55 во 2021 година, што претставува зголемување од 36 отсто, соопшти денеска организацијата на ОН за културно наследство УНЕСКО. Повеќе од половина од убиствата се случиле во Јужна Америка и на Карибите, додека најголем дел новинари биле убиени во Мексико, а потоа во Украина и Хаити. „Властите мора да ги удвојат своите напори за да ги запрат овие злосторства и да се погрижат напаѓачите да бидат казнети, бидејќи рамнодушноста е голем фактор во оваа клима на насилство“, рече генералниот секретар на УНЕСКО, Одри Азулај. Бројот на убиени медиумски работници опадна во периодот од 2018 до 2021 година, а сега повторно е во пораст. Половина од новинарите не се убиени на должност, туку додека патувале или во биле во своите домови, соопшти УНЕСКО.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-raste-brojot-na-ubieni-novinari/feed/ 0
Репортери без граници: Оваа година убиени 49 новинари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reporteri-bez-granici-ovaa-godina-ubieni-49-novinari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reporteri-bez-granici-ovaa-godina-ubieni-49-novinari/#respond Tue, 17 Dec 2019 07:50:53 +0000 https://kurir.mk/?p=278510

Четириесет и девет новинари загинаа низ целиот свет во 2019 година, објавија „Репортери без граници“. Според нив, тоа е најмал број за изминатите 17 години. Повеќето од загинатите новинари се убиени, како одраз на конфликтите во Јемен, Сирија и Авганистан. Организацијата базирана во Париз нагласува дека „новинарството останува опасна професија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reporteri-bez-granici-ovaa-godina-ubieni-49-novinari/feed/ 0
Убиени 80 новинари во светот во 2018 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubieni-80-novinari-vo-svetot-vo-2018-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubieni-80-novinari-vo-svetot-vo-2018-godina/#respond Tue, 18 Dec 2018 08:59:16 +0000 https://kurir.mk/?p=141658

80 новинари беа убиени во 2018 година за време на нивната работа во однос на 65 смртни случаи пријавени во 2017 година, според објавениот годишен извештај на Репортери без граници (РСФ). Меѓу жртвите има 63 професионални новинари, што е за 15 отсто повеќе отколку во претходната година. Според РСФ, во 2018 година, 13 непрофесионални новинари беа убиени, во споредба со претходниот, и четворица соработници на медиумите. Во годишниот извештај на невладината организација со седиште во Париз се осудува ова “невидено” насилство врз новинарите]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubieni-80-novinari-vo-svetot-vo-2018-godina/feed/ 0
Репортери без граници: За девет месеци убиени се 56 новинари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reporteri-bez-granici-za-devet-meseci-ubieni-se-56-novinari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reporteri-bez-granici-za-devet-meseci-ubieni-se-56-novinari/#respond Thu, 11 Oct 2018 14:49:42 +0000 https://kurir.mk/?p=113768

Во првите девет месеци од годината поради нивната професионална дејност убиени се 56 новинари, што е повеќе од целата 2017 година, се наведува во соопштението на невладината организација Репортери без граници. Организацијата посочува дека 2017 беше година со најмал број на убиства на новинари во последните 14 години, но 2018 година не продолжува таквиот надолен тренд. - Веќе 56 новинари се убиени поради нивната професија. Бројот се зголемува и треба да се додадат повеќе од десет случаи, што ги истражува Репортери без граници. Таквата вознемирувачка бројка не упатува дека под итно треба уште многу да се направи за заштита на новинарите, истакна генералниот секретар на Репортери без граници, Кристоф Долоар. Тој додаде дека поради тоа Репортери без граници повторно инсистира за именување на специјален претставник на Обединети нации, кој ќе биде задолжен за заштита на новинарите, мерка поддржана од низа држави, како и од 130 медиуми, организациии и синдикати од целиот свет. Најопасна држава за новинарите е Авганистан, каде од почетокот на годината убиени се 13 новинари. На 30 април во Авганистан загинаа 10 новинари. Деветмина загинаа во двоен бомбашки напад, меѓшу кои и главниот фоторепортер на АФП во Кабул, Шах Марај, Истиот ден дописникот на Би-Би-Си, Ахмад Шах загина во вооружен напад во источен Авганистан. Репортери без граници наведува дека е намалена бројката на загинати новинари во Сирија во споредба со минатата година. Од почетокот на 2018 година во Сирија се убиени двајца новинари, а во 2017 година - девет. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reporteri-bez-granici-za-devet-meseci-ubieni-se-56-novinari/feed/ 0