убиени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 05:41:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png убиени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најмалку 22 лица убиени во пукање во американската сојузна држава Мејн, напаѓачот во бегство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-22-litsa-ubieni-vo-pukane-vo-amerikanskata-sojuzna-drzhava-mejn-napagachot-vo-begstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-22-litsa-ubieni-vo-pukane-vo-amerikanskata-sojuzna-drzhava-mejn-napagachot-vo-begstvo/#respond Thu, 26 Oct 2023 05:41:09 +0000 https://kurir.mk/?p=893174

Најмалку 22 лица загинаа, а меѓу 50 и 60 се ранети во престрелка во градот Левистон, во американската сојузна држава Мејн, што се случи на две локации вчеравечер, пренесоа американските медиуми. На прес-конференцијата синоќа, комесарот за јавна безбедност на Мејн изјави дека полицијата не може да го потврди точниот број на жртви бидејќи ситуацијата се уште „е во тек“, но полициски извор за Фокс њуз изјави дека дури 22 лица се загинати. Ен-би-си Њуз, повикувајќи се и на полициски извори, јави дека има меѓу 50 и 60 ранети. Полицијата во Лустон синоќа го идентификуваше Роберт Р. Кард од Боудоин, Мејн, како лице интересно за безбедносна. Според полицијата, Кард е инструктор за стрелање, пренесува Фокс Њуз. Надлежните соопштија дека се работи за лице кое се сомничи дека е „вооружено и опасно“. Полициската управа во Левистон претходно објави три фотографии од осомничениот на кои се гледа нешто што изгледа како полуавтоматска пушка, заедно со фотографија од бел теренец и побара помош од јавноста за идентификување на осомничениот. Канцеларијата на шерифот објави и слики од осомничениот, брадест маж во кошула со долги ракави и фармерки како држи пушка во позиција за пукање. Кард, наводно, неодамна имал проблеми со менталното здравје, по што летово бил сместен во болница, дознава американската телевизија. Од полицијата потврдија дека инцидентите се случиле на две локации, во ресторан и во куглана. Двата објекта се оддалечени околу 6,5 километри. Во 20 часот, полицијата на Мејн на Фејсбук објави дека имало пукање во Левистон, град со 36.000 жители, околу 90 километри северно од Портланд, најголемиот град во американската сојузна држава. Од локалната болница соопштија дека во тек е интервенција поради „голем број жртви во масовен напад“ и дека не можат да дадат информации за бројот на жртвите. Гувернерката на Мејн Џенет Милс на платформата Х напиша дека била известена за инцидентот и ги повика жителите да ги следат полициските упатства.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-22-litsa-ubieni-vo-pukane-vo-amerikanskata-sojuzna-drzhava-mejn-napagachot-vo-begstvo/feed/ 0
Убиени демонстранти во Кенија, солзавец испукан кон студентите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubieni-demonstranti-vo-kenija-solzavets-ispukan-kon-studentite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubieni-demonstranti-vo-kenija-solzavets-ispukan-kon-studentite/#respond Wed, 12 Jul 2023 19:18:02 +0000 https://kurir.mk/?p=856026

Полицијата во Кенија денеска уби шест демонстранти за време на новите протести поради зголемувањето на цените, изјави полициски претставник, пренесуваат американските медиуми. Според претставници на здравствените служби, солзавец бил испукан врз повеќе од 50 ученици во главниот град Најроби. Полициски службеник кој сакаше да остане анонимен, изјави дека три лица се убиени во градот Млолонго, две во градот Китенгела во близина на Најроби, додека едно лице е убиено во градот Емали, на автопатот кон пристаништето Момбаса. Истиот извор вели дека 10 лица се хоспитализирани. Претседателот Вилијам Руто беше избран минатиот август на основа на платформата за помош на сиромашните работници во Кенија, но неговите критичари велат дека зголемувањето на даноците што го потпиша минатиот месец ќе ја продлабочи кризата за сиромашните во земјата, кои веќе се борат да си дозволат основни производи како пченкарно брашно. Најмалку шест лица беа убиени минатиот петок за време на протестите што ги повика лидерот на опозицијата Раила Одинга. Одинга денеска ја осуди реакцијата на полицијата и го откажа собирот во Најроби планиран за попладнево. -Со цел да го заштитиме нашиот народ и да спречиме повеќе повреди и загуби на животи, донесовме стратешка одлука да не продолжиме, рече Одинга. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubieni-demonstranti-vo-kenija-solzavets-ispukan-kon-studentite/feed/ 0
Четворица убиени во пукотница во Филаделфија, напаѓачот уапсен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvoritsa-ubieni-vo-pukotnitsa-vo-filadelfija-napagachot-uapsen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvoritsa-ubieni-vo-pukotnitsa-vo-filadelfija-napagachot-uapsen/#respond Tue, 04 Jul 2023 07:28:48 +0000 https://kurir.mk/?p=852395

Четири лица се убиени, а други четири се повредени во престрелка во Филаделфија. Напаѓачот е уапсен, објавија синоќа локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата. Портпаролот на полицискиот оддел во Филаделфија изјави дека има „повеќе жртви од огнено оружје“, но рече дека во овој момент нема дополнителни детали. Синоќа пред 21 часот, 10 минути откако одекнаа истрели во градот, полицијата извести за апсење на осомничен маж кој носел балистички елек, додавајќи дека пронашла пушка и пиштол во блиската улица, пишува весникот „Филаделфија Инквајер“ („The Philadelphia Inquirer“). Според извештаите на весникот и филијалата на филаделфиската телевизија WPVI, филијала на Еј-Би-Си Њуз (ABC News), двајца од застреланите биле малолетници, но не е јасно дали тие се меѓу загинатите. Засега нема јасни детали за вооружениот напад. Медиумите јавија дека пукањето се случило во југозападниот дел на Филаделфија, во Кингсешинг. Престрелката се случи еден ден откако две лица беа убиени, а 28 повредени за време на забава во соседството во Балтимор, Мериленд. Полицијата соопшти дека се уште трага по повеќе осомничени за пукањето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvoritsa-ubieni-vo-pukotnitsa-vo-filadelfija-napagachot-uapsen/feed/ 0
Матурант и неговиот татко убиени на матурска вечер во Ричмонд, седум други лица се ранети https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maturant-i-negoviot-tatko-ubieni-na-maturska-vecher-vo-richmond-sedum-drugi-litsa-se-raneti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maturant-i-negoviot-tatko-ubieni-na-maturska-vecher-vo-richmond-sedum-drugi-litsa-se-raneti/#respond Wed, 07 Jun 2023 06:40:03 +0000 https://kurir.mk/?p=843018

Две лица загинаа, а неколку се ранети во пукотница што се случи вчера во парк во Ричмонд, во американската сојузна држава Вирџинија, соопшти полицијата. По пукањето приведени се две лица, едниот осомничен бил пуштен на слобода бидејќи полицијата смета дека тој не бил вмешан во нападот. -Престрелката избувнала малку по 17 часот по локално време во кампусот на Универзитетот „Вирџинија Комонвелт“, каде се одржуваа локалните матурски церемонии, изјави привремениот шеф на полицијата во Ричмонд, Рик Едвардс, и други официјални лица. Би-би-си наведува дека во пукотницата се убиени 18-годишен матурант и неговиот 36-годишен татко. -Еден од осомничените има 19 години, рече Едвардс додавајќи дека „полицијата верува дека 19-годишникот познавал барем една од жртвите“. „Дали ништо повеќе не е свето, запраша на прес-конференција градоначалникот на Ричмонд, Левар Стони. -Детето треба да може да оди на матурска и да ужива во успехот со пријателите и семејството. Ова пукање е себичен чин, рече градоначалникот Стони, пренесе Би-би-си.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maturant-i-negoviot-tatko-ubieni-na-maturska-vecher-vo-richmond-sedum-drugi-litsa-se-raneti/feed/ 0
Тројца палестински борци убиени во операција на израелската војска на Западниот Брег https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojtsa-palestinski-bortsi-ubieni-vo-operatsija-na-izraelskata-vojska-na-zapadniot-breg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojtsa-palestinski-bortsi-ubieni-vo-operatsija-na-izraelskata-vojska-na-zapadniot-breg/#respond Mon, 22 May 2023 06:35:25 +0000 https://kurir.mk/?p=837225

Тројца борци на палестинска група беа убиени во израелска воена операција на окупираниот Западен Брег во текот на ноќта. Засега нема коментар од израелската армија Палестинското Министерство за здравство ја потврди смртта на тројца млади мажи во бегалскиот камп Балата надвор од градот Наблус, во северниот дел на Западниот Брег. Военото крило на движењето Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас, Бригадите на мачениците Ал Акса, соопшти дека загинатите се нејзини борци. Вчера вечерта израелски војник беше полесно повреден во напад со автомобил во градот Хувара, во близина на Наблус. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojtsa-palestinski-bortsi-ubieni-vo-operatsija-na-izraelskata-vojska-na-zapadniot-breg/feed/ 0
ОН: Најмалку 2.940 луѓе се убиени во Мјанмар по воениот удар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-najmalku-2-940-luge-se-ubieni-vo-mjanmar-po-voeniot-udar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-najmalku-2-940-luge-se-ubieni-vo-mjanmar-po-voeniot-udar/#respond Fri, 03 Mar 2023 19:56:00 +0000 https://kurir.mk/?p=807859

Од воениот удар во Мјанмар во февруари 2021 година, досега се убиени најмалку 2.940 луѓе, изјави Равина Шамдасани, портпаролка на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации. Во Канцеларијата на ОН во Женева се одржа неделна прес-конференција на која се разговараше за ситуацијата во Мјанмар. Шамдасани рече дека е објавен последниот извештај за Мјанмар и посочи дека војската на Мјанмар употребила насилство, вклучително и убивање дисиденти, произволни апсења, тортура и насилни исчезнувања, предизвикувајќи трајна криза за човековите права. Извештајот документира серија прекршувања на човековите права и нагло зголемување на насилството, особено во северозападните и југоисточните региони на Мјанмар од 1 февруари 2021 година до 31 јануари 2023 година. - Во извештајот се цитираат сигурни извори кои потврдуваат дека најмалку 2.940 луѓе се убиени и 17.572 уапсени од страна на војската и нејзините ограноци по пучот, рече Шамдасани. Според ОН, најмалку 70.000 луѓе го напуштиле Мјанмар од почетокот на воениот удар на 1 февруари 2021 година, а повеќе од еден милион сè уште се внатрешно раселени. Неколку високи политички функционери се во затвор, меѓу кои и Аунг Сан Су Ќи. Во исто време, повеќе од еден милион Рохинџа муслимани од Мјанмар најдоа засолниште во Бангладеш. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-najmalku-2-940-luge-se-ubieni-vo-mjanmar-po-voeniot-udar/feed/ 0
Тројца убиени и петмина повредени во пукање во американски универзитетски кампус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojtsa-ubieni-i-petmina-povredeni-vo-pukane-vo-amerikanski-univerzitetski-kampus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojtsa-ubieni-i-petmina-povredeni-vo-pukane-vo-amerikanski-univerzitetski-kampus/#respond Tue, 14 Feb 2023 06:42:25 +0000 https://kurir.mk/?p=800125

Три лица се убиени, а петмина се ранети откако маж отвори оган во кампусот на државниот универзитет во Мичиген во градот Лансинг. Нападот се случил нешто по 20:00 часот по локално време (01 GMT) во зграда на универзитетот. - Откако отворил оган таму, вооружениот напаѓач заминал во друга зграда и продолжил да пука, рече Крис Роузман, вршител на должноста началник на полицијата во кампусот. Според него, дел од повредените се во критична состојба. Откако го извршил нападот, напаѓачот побегнал. Полицијата објави фотографија од него. Тој е опишан како маж, црнец, со низок раст, облeчен во тексас јакна, црвени чевли и бејзбол капа. Во потрагата по мажот се вклучија и неколку стотици полицајци и претставници на редот. Подоцна, полицијата соопшти дека напаѓачот се самоубил и неговото тело е пронајдено на околу 4 километри од областа на универзитетот. Мотивите за нападот засега остануваат нејасни. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojtsa-ubieni-i-petmina-povredeni-vo-pukane-vo-amerikanski-univerzitetski-kampus/feed/ 0
Израелска рација во бегалскиот камп Џенин, убиени двајца Палестенци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelska-racija-vo-begalskiot-kamp-dzenin-ubieni-dvajca-palestenci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelska-racija-vo-begalskiot-kamp-dzenin-ubieni-dvajca-palestenci/#respond Fri, 14 Oct 2022 07:40:13 +0000 https://kurir.mk/?p=745125

Израелските безбедносни сили убиле двајца Палестинци за време на рација во бегалскиот камп Џенин, на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство. Британските медиуми јавуваат дека до инцидентот дошло кога десетина израелски оклопни возила упаднале во кампот за време на насилни протести пред болницата. Израелската армија потврди дека извршила операција во бегалскиот камп Џенин, но не даде повеќе детали за инцидентот. Од почетокот на годината во акциите на израелската армија загинаа повеќе од 120 Палестинци, што е најцрниот биланс од 2015 година. Израел тврди дека повеќето од убиените се милитанти, но локалните палестински власти истакнуваат дека меѓу загинатите во рациите има многу цивили. За време на рациите, израелските безбедносни сили уапсија стотици луѓе, а многумина беа ставени во таканаречен административен притвор, што му дозволува на Израел да ги задржува без судење или обвинение. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelska-racija-vo-begalskiot-kamp-dzenin-ubieni-dvajca-palestenci/feed/ 0
ОН: Минатата година низ светот убиени повеќе од 140 хуманитарни работници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-minatata-godina-niz-svetot-ubieni-povekje-od-140-humanitarni-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-minatata-godina-niz-svetot-ubieni-povekje-od-140-humanitarni-rabotnici/#respond Fri, 12 Aug 2022 13:31:15 +0000 https://kurir.mk/?p=717719

Повеќе од 140 хуманитарни работници се убиени во 2021 година, соопшти денеска Службата на ОН за координација на хуманитарни прашања со седиште во Женева. Бројот хуманитарни работници убиени за време на конфликт или како последица на напад, е највисокиот од 2013 година наваму, се појаснува во соопштението на организацијата што ги координира хуманитарните активности во случај на глобални хуманитарни кризи. Повеќето од убиените биле застрелани, додека втора најчеста причин за смртта е последица на воздушни напади или гранатирање, најчесто во Сирија. Минатата година биле ранети 203 хуманитарни работници, а 117 биле киднапирани. Што се однесува на тековната календарска година, од јануари досега се регистрирани 168 напади врз хуманитарни работници, при што се убиени 44 од нив. „Хуманитарните потреби се поголеми од кога и да било, а хуманитарните работници работат во уште поопасна средина“, рече потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс. Најопасни земји за хуманитарните работници се Јужен Судан, Авганистан и Сирија, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања. „Повеќе луѓе ширум светот имаат потреба од хуманитарна помош од кога било досега, а 300 милиони од нив живеат во кризни региони“, изјави портпаролот на агенцијата Јенс Лерке. Иако донаторите обезбедуваат повеќе помош од кога било досега, потребите секојдневно растат, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-minatata-godina-niz-svetot-ubieni-povekje-od-140-humanitarni-rabotnici/feed/ 0
Во Украина досега убиени или ранети над 75 илјади руски војници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ukraina-dosega-ubieni-ili-raneti-nad-75-iljadi-ruski-vojnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ukraina-dosega-ubieni-ili-raneti-nad-75-iljadi-ruski-vojnici/#respond Thu, 28 Jul 2022 06:13:05 +0000 https://kurir.mk/?p=711117

Повеќе од 75 илјади Руси се убиени или ранети во војната со Украина, ја пренесува „Си-Ен-Ен” изјавата на демократската пратеничка Елиса Слоткин која се повикува на тајни податоци со кои располага Администрацијата на претседателот Џо Бајден. Информацијата за руските загуби во Украина Слоткин ја дала после брифинг на администрацијата на Бајден одржан зад затворени врати. -Информирани сме дека повеќе од 75 илјади Руси се или убиени или ранети, што е огромна бројка. Тие многу вложуваа во својата пешадија, а 80 отсто од копнените сили се вкопани и заморениукраина, вели таа. Последните проценки на ЦИА укажуваа за некаде околу 15 илјади руски војници загинати на фронтот. Засега нема официјални информации од Москва за своите загуби во она што Русија го нарекува специјална воена операција во Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ukraina-dosega-ubieni-ili-raneti-nad-75-iljadi-ruski-vojnici/feed/ 0