убиство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 13:24:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png убиство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Класната на Коста Кецмановиќ мора да сведочи на суд: „Таа жена е во шок, не е истата наставничка“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/klasnata-na-kosta-ketsmanovik-mora-da-svedochi-na-sud-taa-zhena-e-vo-shok-ne-e-istata-nastavnichka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/klasnata-na-kosta-ketsmanovik-mora-da-svedochi-na-sud-taa-zhena-e-vo-shok-ne-e-istata-nastavnichka/#respond Tue, 31 Oct 2023 13:24:19 +0000 https://kurir.mk/?p=894961

Според неофицијални информации, класниот раководител на момчето убиец, Коста Кецмановиќ (14) кој на 3-ти мај уби девет ученици и вработен во обезбедување на ОУ „Владислав Рибникар“ е во лоша психичка состојба поради страшниот масакр што го извршил нејзиниот ученик. Одделенскиот раководител од минатогодишнотo 7/2 во основното училиште „Владислав Рибникар“ ќе треба да сведочи пред суд во граѓанската постапка што ја покренаа 27 оштетени, односно родителите, браќата и сестрите на жртвите на момчето, против момчето убиец, неговите родители, но и  училиштето. Одделенскиот раководител на момчето ќе треба да објасни како тој бил префрлен во нејзиниот клас пред почетокот на учебната година и чија одлука била. Некои родители на ученици од ова училиште за медиумите изјавија дека класниот раководител нема никаква врска со доаѓањето на момчето во нејзиниот клас и дека тоа е одлука на директорот. „Таа жена е во шок. Веќе не е истата наставничка. Знаеме дека ќе сведочи на суд. Кога тоа момче се запиша во нејзиниот клас, таа ги упати децата добро да го прифатат и да го вклучат и во училишните активности и во дружењето. До тој ден и се чинеше дека нема проблеми. Сега жената не знае што да каже, а таа и сите го колнеме денот кога момчето дојде на час“, изјави мајката на еден од учениците. Инаку, во граѓанската постапка, покрај одделенскиот раководител, ќе бидат повикани и други вработени во училиштето да зборуваат за кобниот ден, но и за тоа што му претходело на хоророт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/klasnata-na-kosta-ketsmanovik-mora-da-svedochi-na-sud-taa-zhena-e-vo-shok-ne-e-istata-nastavnichka/feed/ 0
Во Скопје обезбедени докази за убиство на жена во Белгија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-skopje-obezbedeni-dokazi-za-ubistvo-na-zhena-vo-belgija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-skopje-obezbedeni-dokazi-za-ubistvo-na-zhena-vo-belgija/#respond Thu, 26 Oct 2023 09:36:11 +0000 https://kurir.mk/?p=893313

Постапувајќи по барање за меѓународна правна помош, Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи презедоа повеќе комплексни истражни дејствија по барање на белгиските истражни органи, вклучувајќи и два претреси во Скопје со цел обезбедување докази за убиство од користољубие извршено во Белгија. Белгиското обвинителство води постапка за убиство извршено во Остендe, Белгија, откако на 21 март било пронајдено безживотно тело на жена фрлено во близина на граничниот појас меѓу Белгија и Холандија. Во досегашната постапка на белгиските истражни органи обезбедени се докази за инволвираност на двајца македонски државјани во овој настан, од кои едниот веќе се наоѓа во притвор во Белгија и очекува судење. Како дел од истрагата за вклученост на вториот македонски државјанин, белгискиот истражен судија побара од Основното јавно обвинителство Скопје да преземе повеќе истражни дејствија. Врз основа на обезбедени наредби од Основниот кривичен суд Скопје, беа извршени и претреси на две локации во Скопје. Јавен обвинител и истражниот центар на скопското обвинителство, како и повеќемина припадници на Министерството за внатрешни работи ги реализираа сите активности согласно барањето за меѓународна правна помош. Од белгиска страна, при спроведувањето на истражните дејствија во Скопје, беа присутни истражен судија, јавен обвинител и претставници на белгиската федерална полиција, кои исклучително високо ја оценија соработката со македонските истражни органи. “Овој предмет е вистински школски пример за совршена меѓународна соработка помеѓу јавните обвинители и полициските службеници од Република Северна Македонија и европските правосудни и полициски органи”, оцени претседателот на Истражниот оддел на Првостепениот суд на Западна Фландрија, истражниот судија Кун Витук по акцијата во која беа обезбедени докази важни за постапката пред белгискиот суд.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-skopje-obezbedeni-dokazi-za-ubistvo-na-zhena-vo-belgija/feed/ 0
Детали за хоророт во Србија: До смрт го претепал татко му, ја повредил мајка му, а сестрата едвај се спасила https://arhiva.kurir.mk/svet/region/detali-za-hororot-vo-srbija-do-smrt-go-pretepal-tatko-mu-ja-povredil-majka-mu-a-sestrata-edvaj-se-spasila/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/detali-za-hororot-vo-srbija-do-smrt-go-pretepal-tatko-mu-ja-povredil-majka-mu-a-sestrata-edvaj-se-spasila/#respond Wed, 18 Oct 2023 18:47:59 +0000 https://kurir.mk/?p=890474

Вишото јавно обвинителство во Белград донесе наредба за спроведување истражна постапка против Ф.В.(38) поради сомнение дека на 19.09.2023 година во Сурчин брутално до смрт го претепал својот татко, нанел тешки физички повреди на мајка му и упатувал закани на неговата сестра. Осомничениот денеска откако бил пуштен од психијатриската установа каде бил сместен на лекување по извршувањето на делото е приведен и сослушан во Вишото јавно обвинителство во Белград. Тој се бранеше со молчење, односно го искористи законското право да не дава одбрана. Обвинителството по сослушувањето му предложи на судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград да му одреди притвор на осомничениот за да не влијае врз сведоците, за да не го повтори кривичното дело за краток временски период, како и поради вознемиреност во јавноста и висината на казната за кривичното дело со кое се соочува. Наредбата за спроведување на истрагата го товари осомничениот за кривично дело тешко убиство во комбинација со две кривични дела семејно насилство. Се сомничи дека на 19 септември околу 18:00 часот пред семејниот дом во Сурчин, Ф.В., најпрвин физички го нападнал својот татко, соборувајќи го на бетон и удирајќи го неколку тупаници по главата и телото. Кога неговата мајка му рекла да престане да го тепа татко му, тој исто така ја удрил неколку пати во главата, поради што паднала и добила фрактура на јаболчната коска под окото. Тогаш неговата сестра која живее во соседната куќа му рекла да се смири, тој и рекол дека и таа ќе го види „својот бог“, па се упатил кон нејзината куќа, но таа успеала да се заклучи во бањата со малолетната ќерка. Осомничениот се вратил во семејниот дом каде зел метална шипка со која неколку пати го удрил татко му по главата и телото и му нанел тешки повреди, поради кои починал два дена подоцна во болница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/detali-za-hororot-vo-srbija-do-smrt-go-pretepal-tatko-mu-ja-povredil-majka-mu-a-sestrata-edvaj-se-spasila/feed/ 0
Осомничениот за вчерашното убиство на две лица во Брисел во терористички напад се уште е во бегство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osomnicheniot-za-vcherashnoto-ubistvo-na-dve-litsa-vo-brisel-vo-teroristichki-napad-se-ushte-e-vo-begstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osomnicheniot-za-vcherashnoto-ubistvo-na-dve-litsa-vo-brisel-vo-teroristichki-napad-se-ushte-e-vo-begstvo/#respond Tue, 17 Oct 2023 06:42:59 +0000 https://kurir.mk/?p=889614

Во Брисел продолжува полициската потрага по човекот осомничен за убиството на двајцата шведски државјани и ранувањето на трето лице во нападот што белгискиот премиер Александре де Кро го оквалификува како терористички, јави ДПА. -Вчера три лица излегоа со намера да одат на прекрасен фудбалски празник. Двајца од нив го загубија животот во брутален терористички напад, изјави Де Кро на прес-конференција утринава. - Се верува дека осомничениот е маж со туниско потекло кој илегално живеел во Белгија, рече Де Кроа. -Сторителите конкретно ги нападнаа шведските навивачи кои дојдоа во Брисел на фудбалскиот натпревар на „црвените ѓаволи“, рече премиерот, мислејќи на натпреварот меѓу репрезентациите на Белгија и Шведска на стадионот „Крал Бодуен“ во Брисел, кој беше прекинат по прво полувреме поради нападот.полувреме 1-1. -Терористите мора да разберат дека никогаш нема да успеат во својата намера. Никогаш нема да успеат да ги потчинат нашите слободни општества. Со својата омраза и насилство тие само покажуваат немоќ, рече Де Кро. „Тероризмот никогаш нема да не победи“. Де Кроа посочи дека полициското присуство во белгискиот главен град ќе биде зголемено. Мерките за безбедност, исто така, ќе бидат зголемени на голем број чувствителни локации, особено оние поврзани со шведската заедница, рече тој, а проверките ќе бидат засилени во остатокот од Белгија. Де Кро ги повика сите во Брисел да бидат внимателни. Попладне ќе заседава Советот за национална безбедност, додаде премиерот на Белгија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osomnicheniot-za-vcherashnoto-ubistvo-na-dve-litsa-vo-brisel-vo-teroristichki-napad-se-ushte-e-vo-begstvo/feed/ 0
Хамас се заканува дека ќе ги погуби заробените Израелци поради нападот врз Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hamas-se-zakanuva-deka-ke-gi-pogubi-zarobenite-izraeltsi-poradi-napadot-vrz-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hamas-se-zakanuva-deka-ke-gi-pogubi-zarobenite-izraeltsi-poradi-napadot-vrz-gaza/#respond Mon, 09 Oct 2023 18:28:04 +0000 https://kurir.mk/?p=887124

Военото крило на Хамас - Бригадите ал-Касам - се заканија дека ќе ги погубат израелските заробеници доколку Израел продолжи да бомбардира и убива цивили во Газа. „Секое таргетирање на невини цивили без предупредување ќе биде со егзекуција на еден од заробениците во нашиот притвор, а ние ќе бидеме принудени да ја емитуваме оваа егзекуција“, рече Абу Обеида, портпарол на бригадите Касам на Хамас. „Жалиме за оваа одлука, но го сметаме ционистичкиот непријател (Израел) и нивното раководство за одговорни за тоа“, рече тој. Хамас објави дека распоредува 1.000 припадници на специјалните единици за напад на Израел, изјави денеска извор близок до групата. Како што наведе, Хамас се подготвува да го изврши најразорниот напад врз Израел во изминатите децении. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hamas-se-zakanuva-deka-ke-gi-pogubi-zarobenite-izraeltsi-poradi-napadot-vrz-gaza/feed/ 0
Брутално убиена млада инфлуенсерка https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/brutalno-ubiena-mlada-influenserka/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/brutalno-ubiena-mlada-influenserka/#respond Tue, 03 Oct 2023 11:13:32 +0000 https://kurir.mk/?p=884583

Дваесет и едногодишната инфлуенсерка Сања Силва е убиена во Бразил откако гневните луѓе и наредиле да го запре моторот. Како што пишува „Дејли мејл“, таа била нападната откако во неделата со пријателите излегла од клуб во градот Терезина. Инфлуенсерката го возела својот мотор со уште двајца пријатели кога двајца мажи на мопед ја натерале да застане, соопшти полицијата. Како што понатаму се наведува, таа одбила и почнала да бега, по што започнал хаос со бркотница. Вооружените напаѓачи испукале шест куршуми кон Силва, а на местото на настанот била констатирана смрт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/brutalno-ubiena-mlada-influenserka/feed/ 0
Србинот од Бањска бил убиен додека лежел на грб, тврди Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbinot-od-banska-bil-ubien-dodeka-lezhel-na-grb-tvrdi-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbinot-od-banska-bil-ubien-dodeka-lezhel-na-grb-tvrdi-belgrad/#respond Mon, 02 Oct 2023 09:08:08 +0000 https://kurir.mk/?p=884108

Директорот на српската владина канцеларија за Косово, Петар Петковиќ, денеска на прес-конференција рече дека „косовската полиција се осветува на Србите и дека теророт на Албин Курти од ден на ден се зголемува“. Тој изјави дека нема соодветна реакција од Западот за тоа што се случува на Косово и оти, како што вели, тамошната влада може да направи се што прави поради тоа. Тој додаде дека во редовите на косовската полиција имало платени убијци. „Тие сакаат да прикријат дека Србите се убиени неселективно. Тие не сакаат да се утврди дека во редовите на косовската полиција имало платени убијци кои дошле од различни терористички кампови со цел да ги убијат сите Срби. Затоа не дозволуваат ЕУЛЕКС да се вклучи во истрагата. До денеска не добивме одговор од ЕУЛЕКС“, рече Петковиќ. Тој рече дека „заштитениот сведок“ раскажал како бил егзекутиран Бојан Мијаиловиќ, а потоа покажа фотографија од неговото тело. „Ве предупредувам дека фотографијата содржи чувствителна содржина, но добивме согласност од семејството на Бојан да ја објавиме оваа фотографија. Она што ни го кажаа нашите патолози, бидејќи ЕУЛЕКС и косовската полиција им забранија на нашите експерти да присуствуваат на обдукцијата, е дека од влезната рана се гледа дека тој бил убиен додека лежел на грб. Десната нога му е во неправилна положба, што јасно покажува дека прво бил ранет, дека паднал и дека после тоа е извршена егзекуцијата“, наведува Петковиќ. Косовскиот премиер, пак, Албин Курти денеска соопшти дека косовската полиција потврдила дека „терористичкиот напад“ во Бањска, општина Звечан, бил дел од поширок план за анексија на северот на Косово. „Врз основа на одземените документи, косовската полиција потврди дека терористичкиот напад бил дел од поширок план за анексија на северот на Косово преку координиран напад на 37 различни позиции. Би следело формирање коридор кон Србија, за да се овозможи снабдување со оружје и војници“, напиша Курти на X (Твитер). Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечља изјави дека подготовките за нападот биле направени во Србија и дека тоа може да се види од беспилотните летала запленети од групата. Во нападот на група Срби на 24 септември, предводена од потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, беше убиен косовски полицаец, а потоа косовската полиција во, како што рече, „антитерористичка операција“ ликвидираше четворица напаѓачи и уапси уште шестмина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbinot-od-banska-bil-ubien-dodeka-lezhel-na-grb-tvrdi-belgrad/feed/ 0
УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ХРОМ: Избодел 45 пати маж, а неговата мајка го запалила станот за да го прикријат делото! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsen-ubietsot-od-hrom-izbodel-45-pati-mazh-a-negovata-majka-go-zapalila-stanot-za-da-go-prikrijat-deloto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsen-ubietsot-od-hrom-izbodel-45-pati-mazh-a-negovata-majka-go-zapalila-stanot-za-da-go-prikrijat-deloto/#respond Sun, 01 Oct 2023 15:25:21 +0000 https://kurir.mk/?p=883893

Во брза заедничка акција на Оперативен тим Потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција денеска во 14.20 часот на подрачјето на населба Влае лишен е од слобода А.Д.(39) од Скопје, за кого пред два дена беше распишан Централен распис за потрага, а во текот на вчерашниот ден беше поднесена и кривична пријава по брза постапка за извршени две кривични дела, „убиство“ и „тешки дела против општата сигурност“, информираше МВР. Како што додаваат оттаму, по преземени сеопфатни оперативно-тактички мерки и активности во претходните неколку денови, лицето во 14.10 часот е забележано во близина на мостот „Обединети Нации“ и при обид за бегство е фатено и приведено во полициска станица, по што ќе биде изведено пред надлежен судија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsen-ubietsot-od-hrom-izbodel-45-pati-mazh-a-negovata-majka-go-zapalila-stanot-za-da-go-prikrijat-deloto/feed/ 0
Притвор за мајка осомничена за предизвикување пожар со цел да се прикрие свирепо убиство сторено од синот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pritvor-za-majka-osomnichena-za-predizvikuvane-pozhar-so-tsel-da-se-prikrie-svirepo-ubistvo-storeno-od-sinot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pritvor-za-majka-osomnichena-za-predizvikuvane-pozhar-so-tsel-da-se-prikrie-svirepo-ubistvo-storeno-od-sinot/#respond Sun, 01 Oct 2023 11:23:13 +0000 https://kurir.mk/?p=883822

Триесетдневен притвор за мајката на осомничениот за убиство во скопската населба Хром, која предизвикала пожар во станот на 36-годишниот И.Ј. откако нејзиниот 39-годишен син го извршил убиството. Мајката е лишена од слобода, а нејзиниот син е во бегство. ЈО информира дека Основното јавно обвинителство Скопје постапува по кривична пријава во врска со настанот од 22 септември, кога по предизвикан пожар во стан на улицата „Исаија Маџовски“, беше пронајдено безживотно тело на 36-годишниот сопственик на станот со траги на насилство. – Доказите обезбедени до овој момент даваат основано сомнение за еден осомничен како сторител на кривично дело убиство на свиреп начин. Осомничениот го сторил делото по кратка расправија со жртвата, лишувајќи го од живот оштетениот со повеќе од 45 убодни рани во вратот и телото, известуваат од ЈО. По настанот, тој се јавил повеќе пати телефонски кај неговата мајка, која зела пластично шише и отишла до најблиската бензинска пумпа, купила литар и пол гориво и во соизвршителство со синот подметнале пожар со намера да ги прикријат трагите за извршеното свирепо убиство. – Со подметнатиот пожар тие предизвикале значителна опасност по животот и телото на станарите коишто живеат во зградата, велат од ЈО. Против осомничениот, кој е недостапен на органите на прогонот, ќе биде поведена истрага за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1, како и за Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството за него ќе предложи притвор како мерка за обезбедување по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. – За неговата 59-годишна мајка, како соизвршител, поведена е истрага за Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Таа е лишена од слобода и по предлог на јавен обвинител, определен и е притвор во траење од 30 дена, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да ги скрие или уништи трагите од делото или дека ќе влијае врз сведоците, известуваат од ЈО. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pritvor-za-majka-osomnichena-za-predizvikuvane-pozhar-so-tsel-da-se-prikrie-svirepo-ubistvo-storeno-od-sinot/feed/ 0
Ова се најновите детали за убиството во Хром: Мајката на убиецот сакала да ги скрие трагите од убиството, еве како https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ova-se-najnovite-detali-za-ubistvoto-vo-hrom-majkata-na-ubietsot-vo-hrom-sakala-da-gi-skrie-tragite-od-ubistvoto-eve-kako/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ova-se-najnovite-detali-za-ubistvoto-vo-hrom-majkata-na-ubietsot-vo-hrom-sakala-da-gi-skrie-tragite-od-ubistvoto-eve-kako/#respond Sun, 01 Oct 2023 10:24:45 +0000 https://kurir.mk/?p=883797

Основното јавно обвинителство Скопје постапува по кривична пријава во врска со настанот од 22 септември, кога по предизвикан пожар во стан на улицата „Исаија Маџовски“, беше пронајдено безживотно тело на 36-годишниот сопственик на станот со траги на насилство. Доказите обезбедени до овој момент даваат основано сомнение за еден осомничен како сторител на кривично дело убиство на свиреп начин. Осомничениот го сторил делото по кратка расправија со жртвата, лишувајќи го од живот оштетениот со повеќе од 45 убодни рани во вратот и телото. По настанот, тој се јавил повеќе пати телефонски кај неговата мајка, која зела пластично шише и отишла до најблиската бензинска пумпа, купила литар и пол гориво и во соизвршителство со синот подметнале пожар со намера да ги прикријат трагите за извршеното свирепо убиство. Со подметнатиот пожар тие предизвикале значителна опасност по животот и телото на станарите кои што живеат во зградата. Против осомничениот кој е недостапен на органите на прогонот ќе биде поведена истрага за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1, како и за Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството за него ќе предложи притвор како мерка за обезбедување по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. За неговата 59-годишна мајка, како соизвршител, поведена е истрага за Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Таа е лишена од слобода и по предлог на јавен обвинител, определен и е притвор во траење од 30 дена, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да ги скорие или уништи трагите од делото или дека ќе влијае врз сведоците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ova-se-najnovite-detali-za-ubistvoto-vo-hrom-majkata-na-ubietsot-vo-hrom-sakala-da-gi-skrie-tragite-od-ubistvoto-eve-kako/feed/ 0