ублажување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 28 May 2022 13:34:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ублажување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кина ги ублажува мерките против епидемијата со Ковид-19 во Пекинг https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-gi-ublazuva-merkite-protiv-epidemijata-so-kovid-19-vo-peking/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-gi-ublazuva-merkite-protiv-epidemijata-so-kovid-19-vo-peking/#respond Sat, 28 May 2022 13:28:47 +0000 https://kurir.mk/?p=682893

Во делови на Пекинг каде што се смета дека ризикот од ширење на коронавирусoт е помало, градските власти, како што е најавено денеска, ќе ги ублажат антиепидемиските мерки за да овозможат враќање на нормалниот живот. Властите во главниот град на Кина најавија делумна замена на работата од дома со одење на работа во два градски окрузи. Јавниот превоз, вклучувајќи автобуси, такси и метро, ​​ќе продолжи да работи во три области на Пекинг, а некои трговски центри ќе започнат со работа. Сепак, градските власти се уште нема да дозволат отворање на училишта, како и работа на интернет кафулиња и караоке барови. Во из минатата недела во Пекинг се пријавени 1.716 случаи на инфекција со Ковид-19. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-gi-ublazuva-merkite-protiv-epidemijata-so-kovid-19-vo-peking/feed/ 0
Во Хрватска се размислува за ублажување на епидемиолошките мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-hrvatska-se-razmisluva-za-ublazuvanje-na-epidemioloshkite-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-hrvatska-se-razmisluva-za-ublazuvanje-na-epidemioloshkite-merki/#respond Wed, 06 Apr 2022 08:36:55 +0000 https://kurir.mk/?p=659069

Хрватска планира значително да ги ублажи епидемиолошките мерки за спречување на ширење на инфекцијата со коронавирус до претстојниот Велигден, кој во оваа земја се слави според Грегоријанскиот календар. На ниво на Националниот штаб за цивилна заштита и епидемиолозите во моментов се разговара за ублажување на мерките, кои би значеле укинување на ограничувањата за работното време и потврда за сите места и настани, освен во системот на здравствена и социјална заштита, пишуваат хрватските медиуми. . Неофицијално се разговара за речиси целосно укинување на мерките поврзани со ограничување на бројот на лица кои можат да престојуваат внатре и надвор, јавува Танјуг. Сертификатите за Ковид ќе бидат укинати, но мерките на границите ќе останат како досега, согласно одлуките на Европската унија. Во Хрватска носењето маски во затворе простор е задолжително, а со новите мерки би можело тоа да стане само препорака, освен во одредени простории и превози, театри и кино сали.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-hrvatska-se-razmisluva-za-ublazuvanje-na-epidemioloshkite-merki/feed/ 0
Хрватска најави ублажување на корона мерките https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-najavi-ublazuvanje-na-korona-merkite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-najavi-ublazuvanje-na-korona-merkite/#respond Thu, 17 Mar 2022 12:59:33 +0000 https://kurir.mk/?p=648880

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ најави дека ќе се ублажуваат мерките против ширењето на коронавирус, а кои се однесуваат на работата на угостителските објекти и борјот на лица на јавни настани на отворен и затворе простор без ковид потврди. Премиерот на Хрватска на владината седница изјавил дека ќе биде укината самоизолацијата за деца од предшколска возраст, освен во случај на семеен контакт и укинување на самотестирањето на учениците еднаш неделно. Ублажувањето ќе биде и за мерките поврзани за различни забавни, спортски, верски и туристички, како и политички активности. - Се гледа дека последиците и облиците на болеста од сојот омикрон се полесни отколку што беа претходно, изјави премиерот и додал дека околу 70,6 осто од популацијата е вакцинирано со барем една доза, пренесоа хрватските медиуми. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-najavi-ublazuvanje-na-korona-merkite/feed/ 0
Србија не ги ублажи мерките, влез во државата без ПЦР тест само за вакцинираните жители https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-ne-gi-ublazi-merkite-vlez-vo-drzavata-bez-pcr-test-samo-za-vakciniranite-ziteli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-ne-gi-ublazi-merkite-vlez-vo-drzavata-bez-pcr-test-samo-za-vakciniranite-ziteli/#respond Wed, 24 Mar 2021 11:52:22 +0000 https://kurir.mk/?p=487093

Кризниот штаб за борба против коронавирусот на седница на која е разгледана епидемиолошката состојба во Србија одлучи да нема ублажување на постојните мерки. Исто така, одлучено е граѓаните на Србија кои се целосно вакцинирани со вакцинините на Синофарм, Фајзер и Спутник, како и оние граѓани кои примиле една доза од вакцината АстраЗенека, да им биде дозволен влез во земјата без негативен ПЦР тест или изолација. Истото ќе важи и за странските државјани, јави дописникот на МИА од Белград. Покраинскиот секретар за здравство, Зоран Гојковиќ, по седницата изјави дека и натаму е голем бројот на заболени граѓани и дека постојните мерки придонеле да не дојде до голем експоненцијален раст на новозаболени лица. -Владата со указ ќе прецизира оние лица кои целосно ќе се вакцинираат, со потврда за вакцинација од Србија, да можат да влезат во земјата без ПЦР-тест и без изолација, кажа Гојковиќ. Истото ќе важи и за странските државјани, кои ќе можат да влезат во Србија без ПЦР-тест и карантин, доколку целосно се вакцинирани со вакцини од Србија, изјави тој. -Целосната вакцинација вклучува две дози на вакцинација на Фајзер, Спутник V и Синофарм. Бидејќи АстраЗенека моментално има само една доза, се подразбира дека една доза е еднаква на овие три вакцини за кои е потребна двојна имунизација, објасни Гојковиќ. Тој додаде дека државата се подготвува за Велигден, не само католичкиот, туку и за православниот за шест недели, така што за тој период пак ќе се дискутира за мерките. Тој додаде дека е анализирано барањето на Министерството за образование да им овозможи на учениците кои биле на онлајн настава од почетокот на годината, да бидат оценувани во мали групи во училиштата каде што постои можност за тоа. Гојковиќ кажа дека сегашните мерки остануваат во сила до наредното известување, бидејќи придонесоа да нема експоненцијален скок на заразените. Тој потсети дека досега во Србија се вакцинирани околу 1,3 милиони луѓе и дека речиси 900 000 лица се целосно имунизирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-ne-gi-ublazi-merkite-vlez-vo-drzavata-bez-pcr-test-samo-za-vakciniranite-ziteli/feed/ 0
Оваа европска земја најави ублажување на рестриктивните мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovaa-evropska-zemja-najavi-ublazuvanje-na-restriktivnite-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovaa-evropska-zemja-najavi-ublazuvanje-na-restriktivnite-merki/#respond Wed, 24 Feb 2021 12:32:14 +0000 https://kurir.mk/?p=473216

Данската Влада денеска најави дека ќе ублажи некои економски ограничувања и ќе дозволи отворање на училиштата од 1 март во некои делови на земјата. Данска е една од европските земји со најниска стапка на инфекција со коронавирус, а од воведувањето на рестриктивните мерки во декември минатата година за спречување на ширењето на новата варијанта на коронавирусот, земјата бележи пад на бројот на новозаразени. Во согласност со препораките на експертското тело, Владата соопшти дека продавниците со површина не поголема од 5.000 метри квадратни ќе имаат право да работат, додека рекреативните активности на отворено ќе бидат дозволени за групи до 25 лица. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovaa-evropska-zemja-najavi-ublazuvanje-na-restriktivnite-merki/feed/ 0
Во Нов Зеланд ублажени мерките против коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nov-zeland-ublazeni-merkite-protiv-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nov-zeland-ublazeni-merkite-protiv-koronavirusot/#respond Thu, 24 Sep 2020 10:12:49 +0000 https://kurir.mk/?p=407813

Во Нов Зеланд се ублажени одредени мерки против коронавирусот, откако се намали бројот на новозаразени лица, така што од полноќ маските повеќе не се задолжителни во јавниот превоз. Обврската за носење маски во јавниот превоз останува на сила во Окланд, каде што е жариштето на неодамнешниот нов бран на заразата, како и во авионите низ целата земја, пренесува Би-Би-Си. Во Нов Зеланд, кој се смета за добар пример за брз одговор на пандемијата на коронавирусот, животот се врати во нормала во најголем дел во јуни, но вирусот почна повторно да се шири во август, поради што беше воведен карантин во Окланд, а одредени ограничувања беа вратени во другите градови. Во таа земја, од почетокот на епидемијата се потврдени 1.468 случаи на коронавирус, а 25 лица починаа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nov-zeland-ublazeni-merkite-protiv-koronavirusot/feed/ 0
Џонсон ќе ги објави чекорите за ублажување на мерките https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-kje-gi-objavi-merkite-za-ublazuvanje-na-merkite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-kje-gi-objavi-merkite-za-ublazuvanje-na-merkite/#respond Thu, 28 May 2020 13:51:59 +0000 https://kurir.mk/?p=351097

Британскиот премиер Борис Џонсон во текот на денот ќе ги претстави следните чекори за ублажување на вонредните мерки воведени поради пандемијата со новиот коронавирус. Новите мерки треба да стапат на сила на 1 јуни. Велика Британија е подготвена да започне со олеснување на мерките и, најверојатно, наскоро ќе овозможи поголем контакт меѓу милиони луѓе кои ги поминале најголем дел од последните недели дома.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-kje-gi-objavi-merkite-za-ublazuvanje-na-merkite/feed/ 0
Француската Влада ќе ја образложи втората фаза за ублажување на мерките https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-vlada-kje-ja-obrazlozi-vtorata-faza-za-ublazuvanje-na-merkite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-vlada-kje-ja-obrazlozi-vtorata-faza-za-ublazuvanje-na-merkite/#respond Thu, 28 May 2020 10:02:55 +0000 https://kurir.mk/?p=350984

Францускиот премиер Едуар Филип попладнево ќе ја претстави втората фаза за ублажување на рестриктивните мерки, која ќе започне на 2 јуни, јави дописникот на МИА. Благодарејќи на здравствената ситуација која се подобрува, и вториот епидемиолошки бран, кој засега не се најавува, Владата на Франција ќе може да ја започне втората фаза за ублажување на мерките. Едуар Филип околу 17 часот ќе ги соопшти рамките на неговиот план, веднаш по одржувањето на Советот за одбрана во Елисејската палата. Една од очекуваните мерки е проширувањето на дозволата за слободно движење на граѓаните, која во моментов е ограничена на радиус од 100 километри од домот. Другата многу очекувана мерка е повторното отворање на кафулињата и рестораните во зелените зони, почнувајќи од 2 јуни. Исто така се очекува најава за помасовно враќање во основните училишта, откако на 11 мај се вратија во училишните клупи само 20 до 25 отсто од учениците. Се очекува и одлуката во сферата на културата, која е тешко погодена од кризата. Премиерот веројатно ќе даде попрецизни информации за отворањето на киносалите, театрите и салите за одржување културни манифестации. Во очекување на владините мерки, на повеќе места во Франција, како во Стразбур и во парискиот регион, беа забележани собири на повеќе стотици лица, кои организираа спортски турнири и покрај забраната за собирање на повеќе од десет лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-vlada-kje-ja-obrazlozi-vtorata-faza-za-ublazuvanje-na-merkite/feed/ 0
Почнува четвртата фаза од ублажувањето на мерките во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochnuva-chetvrtata-faza-od-ublazuvanjeto-na-merkite-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochnuva-chetvrtata-faza-od-ublazuvanjeto-na-merkite-vo-grcija/#respond Mon, 25 May 2020 07:44:52 +0000 https://kurir.mk/?p=349910

Отворање на кафулињата, угостителските објекти и спортските центри на отворено, како и дозволата за патување на островите и пловидба на јахтите, се мерките кои од денеска стапуваат во сила во Грција, во рамки на четвртата фаза од владиниот план за постепено враќање во „новата нормала“, јави дописничката на МИА од Атина. Кафулиња и угостителски објекти, во текот на викендот со полна пареа работеа за да се прилагодат на поставените нови стандарди за работа и да бидат подготвени за денешниот нов почеток по речиси два и пол месеца. Масите, зависно од бројот и распоредот на столици, треба да бидат на растојание од 70 сантиметри, еден метар и десет сантиметри или еден метар и 70 сантиметри, додека пак на една маса дозволено е да има најмногу шест лица. Вработените, задолжително мора да носат маска. Ќе бидат отворени само надворешните делови и летните тераси, а според заменик министерот за развој Никос Папатанаси, се разгледува можноста кон средината на јуни да се отворат и внатрешните делови. Имајќи ги предвид вонредните околности и посебните стандарди за работа, на кафулињата и угостителските објекти ќе им се ослободи и дополнителен простор за поставување маси, онаму каде што нема да претставуваат пречка, а на општините нема да треба да им плаќаат дополнителна такса. Од денеска Грците можат да патуваат на островите, а дозволена е и пловидба на јахтите. Бродовите и траектите од минатиот понеделник сообраќаат со половина од капацитетот и со посебни превентивни мерки. Предвидено е на патниците да им се мери температурата и да пополнуваат специјален прашалник за здравствената состојба пред да се качат во брод; да постои по едно празно седиште меѓу патниците; во кабините дозволено е само едно лице, освен ако не станува збор за семејство; како и влегувањето и излегувањето да биде со одржување на потребното растојание. Следниот понеделник, планирано е отворање на хотелите што работат во текот на целата година, како и основните училишта и градинките, за кои синоќа, грчката Влада донесе одлука, по едногласната позитивна препорака на Комисијата на епидемиолози при Министерството за здравство на Грција. На денешниот редовен брифинг со новинарите, министрите за образование и внатрешни работи ќе ги објаснат деталите. Пред две седмици во училишните клупи се вратија матурантите, а минатиот понеделник започна наставата за сите средношколци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochnuva-chetvrtata-faza-od-ublazuvanjeto-na-merkite-vo-grcija/feed/ 0