уцени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Sep 2023 16:14:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png уцени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Двајца браќа изнудиле повлекување жалба на јавна набавка, еве како се заканувале https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajtsa-braka-iznudile-povlekuvane-zhalba-na-javna-nabavka-eve-kako-se-zakanuvale/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajtsa-braka-iznudile-povlekuvane-zhalba-na-javna-nabavka-eve-kako-se-zakanuvale/#respond Fri, 01 Sep 2023 16:14:22 +0000 https://kurir.mk/?p=873470

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа, на возраст од 23 и 25 години, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Изнуда од член 258 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Со намера да прибават противправна имотна корист за правно лице од Визбегово, двајцата со сила и сериозна закана, но и со употреба на огнено оружје присилиле една оштетена – одговорно лице во друга фирма да повлече поднесена жалба на одлука за избор на најповолна понуда за јавна набавка на училишен и друг мебел. На огласот за јавна набавка, објавен од едно скопско средно училиште, како најповолен понудувач била избрана фирмата од Визбегово, по што другата компанија вложила жалба на одлуката. На 22 август, двајцата осомничени се појавиле во деловните простории на другото правно лице на улицата „Благоја Стефковски“ и од одговорната побарале да ја повлече жалбата. Во следните неколку дена се обидувале и телефонски да ја убедуваат оштетената да ја повлече жалбата, но таа не им одговарала на повиците. На 29 август, двајцата осомничени повторно дошле во конкурентската фирма, упатувајќи директна закана: „Имаш 24 часа да ја повлечеш жалбата, инаку се ова ќе лета во воздух“. Оштетената побарала од нив да ги напуштат просториите и им кажала дека ќе повика полиција, на што ти продолжиле да и се закануваат. Едниот од осомничените браќа извадил пиштол, го репетирал и го вперил во слабината на оштетената, а со другата рака ја фатил за вратот. Си заминале со нови закани дека повторно ќе се вратат, по што на 30 август оштетеното правно лице ја повлекло изјавената жалба на одлуката. Основаното сомнение за стореното кривично дело е поткрепено со повеќе докази, меѓу кои и видео запис од безбедносните камери во оштетената фирма. Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничените да влијаат врз сведоците и оштетените, но и да го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлог за определување мерка притвор за двајцата соизвршители.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajtsa-braka-iznudile-povlekuvane-zhalba-na-javna-nabavka-eve-kako-se-zakanuvale/feed/ 0
Борел: Во година на војна и енергетска криза, ЕУ не попушти пред уцените на Путин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-vo-godina-na-vojna-i-energetska-kriza-eu-ne-popushti-pred-ucenite-na-putin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-vo-godina-na-vojna-i-energetska-kriza-eu-ne-popushti-pred-ucenite-na-putin/#respond Mon, 02 Jan 2023 21:50:01 +0000 https://kurir.mk/?p=783337

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел во авторски текст на блогот на дипломатската служба на ЕУ рече дека во годината на војната во Украина, енергетската и климатската криза, и покрај зависноста од увозот на руски фосилни горива, Унијата не „попушти пред уцените на Путин“. -Успеавме да ја пополниме празнината и да ги финализираме важните реформи за да ја забрзаме нашата енергетска транзиција и тоа ќе има значително геополитичко влијание, рече Борел. Според него, освен во самата Украина, војната предизвика сериозна енергетска криза во Европа и поради начинот на кој Русија ја користи енергијата,пренесе Танјуг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-vo-godina-na-vojna-i-energetska-kriza-eu-ne-popushti-pred-ucenite-na-putin/feed/ 0
Николоски: Преговарачката рамка е неприфатлива, граѓаните треба да имаат право да се изјаснат на референдум дали се согласуваат Македонија да има дополнителни услови и уцени од Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-pregovarachkata-ramka-e-neprifatliva-gragjanite-treba-da-imaat-pravo-da-se-izjasnat-na-referendum-dali-se-soglasuvaat-makedonija-da-ima-dopolnitelni-uslovi-i-uceni-od-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-pregovarachkata-ramka-e-neprifatliva-gragjanite-treba-da-imaat-pravo-da-se-izjasnat-na-referendum-dali-se-soglasuvaat-makedonija-da-ima-dopolnitelni-uslovi-i-uceni-od-bugarija/#respond Thu, 11 Aug 2022 17:03:05 +0000 https://kurir.mk/?p=717225

Оваа преговарачка рамка е апсолутно неприфатлива, ние сме многу јасни. Ова не е преговарачка рамка за напредување на Македонија кон членство во ЕУ, ова е преговарачка рамка за постојано уценување, затоа што клучните елементи се целосно и исклучиво во корист на Бугарија, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Жешко политичко лето“ на Канал 5. Николоски истакна дека македонските граѓани мора да бидат прашани и да дадат свој став да прифаќаат ваква преговарачка рамка и Македонија да има повеќе услови од останатите земји членки кога се приклучувале на ЕУ, и затоа се бара референдум. - Во однос на референдумот прашањето се уште не е дефинирано, ние кажавме дека во текот на август ќе правиме консултации со експертската јавност во однос на најдобро формулирање на прашањето и најдобро барање на суштината на ова што е проблем за Македонија, а тоа е континуираната уцена на Бугарија. Главниот фокус е насочен кон спорниот член 5 од преговарачката рамка во кој што под критериуми за членство за Македонија се додаваат уште два нови, едниот е договорот за добрососедство со Бугарија, а вториот е член 12 и протоколите кои секоја година треба да излегуваат, истакна Николоски и додаде дека од ВМРО-ДПМНЕ поддршка за промена на Уставот нема, тоа е јасен кристален став. Во однос на националната стратегија, Николоски посочи дека уште во месец март 2020 година кога за прв пат во документ на ЕУ излегоа барањата на Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ побара лидерска средба на која би се разговарало за нив. Побаравме да се направи национална стратегија како да се настапи кон Бугарија. Тогаш Пендаровски рече дека нема потреба од таа работа и дека тоа се предизборни цели на Македонија. Тие предизборни цели сега се официјална позиција на ЕУ преточена во преговарачка рамка. Ние мора да изградиме заедничка национална политика од која никој нема да отстапува, да не ни се случи како Декларацијата во Собранието која ја усвоивме од која владата отстапи, нагласи Николоски. Николоски потенцира дека клучно е да се ресетира системот, да се направи систем кој ќе има функционално владеење на право и добра економија. - Една реформирана држава и економски силна може да има повеќе пријатели кои ќе вршат притисок врз Бугарија, но држава која е на 111 место по корупција не може да очекува главните европски играчи да сакаат да ја видат на иста маса со себе, изјави Николоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-pregovarachkata-ramka-e-neprifatliva-gragjanite-treba-da-imaat-pravo-da-se-izjasnat-na-referendum-dali-se-soglasuvaat-makedonija-da-ima-dopolnitelni-uslovi-i-uceni-od-bugarija/feed/ 0
Фон дер Лајен: Русија не може да ја уценува Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-rusija-ne-moze-da-ja-ucenuva-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-rusija-ne-moze-da-ja-ucenuva-evropa/#respond Thu, 24 Mar 2022 19:31:44 +0000 https://kurir.mk/?p=652887

Русија не може да ја уценува Европа со своите енергетски ресурси и нема да ѝ биде дозволено да ги заобиколува и избегнува санкциите барајќи плаќање во рубљи за нејзините испораки на нафта и гас, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа оцени дека „тоа би било еднострана одлука и јасно прекршување на договорот“, коментирајќи го барањето на Русија нејзините енергенти да се плаќаат во рубљи. – Тоа би било обид да се заобиколат санкциите. Нема да дозволиме да се избегнат нашите санкции. Заврши времето кога енергијата можеше да се искористи за да не уценуваат, нагласи Фон дер Лајен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-rusija-ne-moze-da-ja-ucenuva-evropa/feed/ 0
Скопјанка била во врска со шефот, па три години трпела закани и уцени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanka-bila-vo-vrska-so-shefot-pa-tri-godini-trpela-zakani-i-uceni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanka-bila-vo-vrska-so-shefot-pa-tri-godini-trpela-zakani-i-uceni/#respond Tue, 09 Feb 2021 15:22:16 +0000 https://kurir.mk/?p=466380

На 08.02.2021 година во 14:40 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена од Скопје, пријавила дека во  временскиот период од 2018 година до 16.01.2021 од страна на 59-годишен маж, кој и бил претпоставен на работа и со кого неколку месеци била во љубовна врска, ја вознемирувал и ја уценувал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanka-bila-vo-vrska-so-shefot-pa-tri-godini-trpela-zakani-i-uceni/feed/ 0
Малолетничка уценувана од 16 годишник, момчето приведено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maloletnichka-ucenuvana-od-16-godishnik-momcheto-privedeno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maloletnichka-ucenuvana-od-16-godishnik-momcheto-privedeno/#respond Tue, 19 May 2020 15:49:38 +0000 https://kurir.mk/?p=347918

Малолетник на 16 години од Тетово е приведен поради уцени врз врсничка, на која и барал пари за да не објави компромитирачки материјали. Случајот вчера во полиција го пријавила 44 годишната мајка на девојчето. -Таа пријавила дека преку кориснички профили на социјалните мрежи на нејзината малолетна ќерка, едно лице ја уценувало дека, доколку не му исплати одредена сума пари, ќе објави фотографии со компромитирачка содржина. Истиот ден во 14.30 часот на улица „Штипска“ во Тетово од слобода бил лишен 16-годишен малолетник Тетово, кој се сомничи дека е извршител на пријавеното дело, соопшти СВР Тетово. Во декември 2019 СВР Тетово евидентираше случај во кој 26 годишна жена го пријави поранешниот сопруг кој и барал пари за да не објави одредени компромитирачки материјали откако и го одзел телефонот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maloletnichka-ucenuvana-od-16-godishnik-momcheto-privedeno/feed/ 0
Арсовски: Заев го руинираше правниот систем преку уцени, закани и поткупувања вршат влијание врз правосудниот систем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-zaev-go-ruinirashe-pravniot-sistem-preku-uceni-zakani-i-potkupuvanja-vrshat-vlijanie-vrz-pravosudniot-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-zaev-go-ruinirashe-pravniot-sistem-preku-uceni-zakani-i-potkupuvanja-vrshat-vlijanie-vrz-pravosudniot-sistem/#respond Sun, 24 Nov 2019 12:58:06 +0000 https://kurir.mk/?p=268351

Зоран Заев класично си ја поткупувал Катица Јанева. Јавноста е сведок дека Зоран Заев преку Владата на лична сметка на Катица Јанева префрлале пари во висина и до 600 евра и тоа последната исплата била на само 10 дена пред апсењето на Катица Јанева во сред екот на најголемиот случај во историјата на Република Македонија за рекетирање во случајот Рекет, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. -Замислете Катица Јанева примила пари на лична сметка од Владата на СДСМ и тоа по основ за учество во Советот за реформи и тоа не било единстена исплата. Имало исплати и неколку години претходно. Ако се земе во предвид дека веќе ја имаше депонирано својата оставка Катица Јанева од СЈО во тој период, која е причината за исплатата на овие средства на личната сметка на Катица Јанева од страна на владата каде што премиер е Заев во сред случајот РЕКЕТ? Да потсетиме дека Катица Јанева по разни основи од СЈО за 4 години има заработено и инкасирано замислете, потенцирам над 340.000 евра. Другите обвинители во СЈО имаат инкасирано помеѓу 270.000 и 290.000 евра за 4 години. Неколку милиони евра пари на граѓаните се имаат слеано во џебовите на овие јавни обвинители кои што беа избрани да носат правда, а не да рекетираат, додаде Арсовски. -Основите биле плата над просекот на обвинителската плата, приход по основ на доверливост, приход по основ на плаќање кирија конкретно кај Катица Јанева, каде што самата таа имала ексклузивно право да си ги одредува висината на своите приходи во СЈО. Небулозата оди дотаму да ја пуштат од притвор со образложение дека е невработена и нема примања, а гледаме дека примала пари од Заев од Владата на само 10 дена пред апсењето. Ова е срам за правосудниот систем и ова е класичен поткуп од страна на Владата каде што Катица Јанева на лична сметка прима пари од Зоран Заев, настрана од примањата во СЈО. Бараме овие пари Катица Јанева да ги врати на граѓаните назад. Ова е класичен поткуп кој што го правел Зоран Заев кон Катица Јанева, рече портаролот на ВМРО-ДПМНЕ. -Одговорност за сето ова мора да има и ќе има по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ по 12 април кога ќе следи Обнова на Македонија и исправање на сите грешки од изминатите години кои ги направи оваа Влада на СДСМ и Заев, порача Арсовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-zaev-go-ruinirashe-pravniot-sistem-preku-uceni-zakani-i-potkupuvanja-vrshat-vlijanie-vrz-pravosudniot-sistem/feed/ 0
ОЈО: Две лица под сомнение дека со закани по живот изнудувале пари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-dve-lica-pod-somnenie-deka-so-zakani-po-zivot-iznuduvale-pari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-dve-lica-pod-somnenie-deka-so-zakani-po-zivot-iznuduvale-pari/#respond Mon, 17 Dec 2018 11:01:20 +0000 https://kurir.mk/?p=141149

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против две лица поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело – Изнуда. На двете лица им е одредена мерка притвор. Осомничените, дејствувајќи во група заедно со уште едно лице кое е во бегство, со намера да прибават противправна имотна корист за себе и со сериозна закана по живот на оштетеното лице, се обиделе да го присилат да им даде 10.000 евра. -Тие во повеќе наврати го контактирале оштетениот и му барале пари, а откако тој ги одбил започнале агресивно да се однесуваат и да му се закануваат по неговиот и животот на неговото семејство. По ова, оштетениот на 14 декември 2018 година се согласил да се сретне со нив во еден трговски центар во Скопје и да им ги даде бараните пари, но настанот го пријавил во полиција, се вели во соопштението од Јавното обвинителство на РМ. Откако оштетениот се сретнал со осомничените, тие се обиделе насила да го однесат од договореното место, но во намерата ги спречиле полициски службеници, по што осомничените се дале во бегство. Во близина на лице место биле приведени двајца од нив. -Тројцата осомничени веќе подолго време биле организирани во група со намера да му наштетат на оштетениот и во повеќе наврати му се обраќале на различни начини со цел да му изнудат средства. Овие околности укажуваат на стравот дека осомничените, доколку се на слобода, ќе го повторат кривичното дело. Освен ова, постои опасност тие да му влијаат на оштетениот или да се дадат во бегство, со што ќе ја попречат кривичната постапка. Од овие причини, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор за осомничените, се појаснува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-dve-lica-pod-somnenie-deka-so-zakani-po-zivot-iznuduvale-pari/feed/ 0