„Учебници и настава мора да има“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 May 2021 08:13:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Учебници и настава мора да има“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ од денеска до четврток повторно собираат потписи за референдум https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanskata-inicijativa-uchebnici-i-nastava-mora-da-ima-od-deneska-do-chetvrtok-povtorno-sobiraat-potpisi-za-referendum/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanskata-inicijativa-uchebnici-i-nastava-mora-da-ima-od-deneska-do-chetvrtok-povtorno-sobiraat-potpisi-za-referendum/#respond Tue, 25 May 2021 08:13:27 +0000 https://kurir.mk/?p=514692

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ од денеска до четврток во подрачни одделенија на Државната изборна комисија во Скопје и Битола одново ќе собира потписи за да се иницира референдум, за граѓаните да се изјаснат за Предлог-законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование, откако во Собранието минатата недела не беше прифатена нивната иницијатива зашто потписите не биле собрани согласно со Законот за референдум. Собраниската Комисија за политички систем и Законодавно-правната комисија во средата заклучија дека нивната иницијатива е неуредна зашто не е поднесена во форма предвидена во членовите 66 и 70 од Законот за референдум односно потписите не се собрани пред овластена институција каде што во работно време треба да се потпишат и треба печат од институцијата. Иницијаторите кои дејствуваат здружени во фејсбук-група соопштија дека поднеле барање до ДИК за отворање изборни органи за собирање на првите 100 потписи од граѓани потребни за да се оформи предлог за инициирање референдум на државно ниво, што ќе го поднесат повторно во Собранието. Согласно автентично толкување на Законот, потписите на граѓаните се даваат на образец пред органот на државната управа, односно подрачните одделенија на ДИК, надлежни за евиденција на избирачкото право, во работното време. -За таа цел, отворени за собирање потписи ќе бидат Подрачно одделение Центар (за општините Центар и Аеродром) и Подрачно одделение Битола (за општините Битола, Новаци и Могила), во деновите 25, 26 и 27 мај од 8.30 до 16.30 часот, информираат од Граѓанската иницијатива. Кога ќе го достават предлогот за иницирање референдум во Собранието, надлежните комисии во рок од два дена треба да донесат одлука за уредноста. Доколку е уредно поднесена, постапката продолжува понатаму – двете комисии упатуваат извештај до претседателот на Собранието. За да се предложи референдум, доволни се сто граѓански потписи, а потоа иницијативата треба да се потврди со 10 000 потписи по што надлежните органи треба да распишат референдум на државно ниво. Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ бара да запре постапката за новиот закон за учебници зашто не се согласува со целосно отфрлање на печатените учебници, како и со други најавени реформи во образованието. Повикуваа на бојкот на наставата и бараа средба со МОН која заврши без заклучок и во отсуство на ресорната министерка Мила Царовска. Претставничката на иницијативата Драгана Спасевска во изјавите за медиумите посочи дека нивната фејсбук-група има 70 000 приврзаници и дека се „гласот на родителите“ кои се противат на реформи што не се во интерес на нивните деца. Според Предлог-законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование, од учебната 2021/2022 година ќе бидат воведени дигитални учебници, најпрво во четврто одделение, а во наредните години и во погорните одделенија, како и во средното образование. Според предлог-законот, учениците до трето одделение ќе продолжат да учат од печатени (хартиени) учебници. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanskata-inicijativa-uchebnici-i-nastava-mora-da-ima-od-deneska-do-chetvrtok-povtorno-sobiraat-potpisi-za-referendum/feed/ 0
Царовска без консултација од стручната јавност и со злоупотреба на европско знаменце, реформата упорно ја турка за да уништи идни генерации https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-bez-konsultacija-od-struchnata-javnost-i-so-zloupotreba-na-evropsko-znamence-reformata-uporno-ja-turka-za-da-unishti-idni-generacii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-bez-konsultacija-od-struchnata-javnost-i-so-zloupotreba-na-evropsko-znamence-reformata-uporno-ja-turka-za-da-unishti-idni-generacii/#respond Thu, 13 May 2021 09:00:57 +0000 https://kurir.mk/?p=509819

Реформата во образованието, односно дигитализацијата на образованиот систем во Македонија покрена лавина коментари и незадоволство од јавноста, особено од родителите и учениците. Но гласот како да не им се слуша, министерката за образование и наука, Мила Царовска упорна ја тера реформата пред да се консултира со родителите и стручната јавност. Родителите од иницијативата „Учебници и настава мора да има“ на една од нивните прес конференции го изразија своето незадоволство од одговорот на МОН по повод нивните барања за укинување на електронските учебници, по што порачаа дека ќе покренат иницијатива за задолжителен референдум на кој граѓаните ќе можат да се изјаснат за предложените измени во законот за учебници. Покрај ова Драгана Спасевска која е координатор на оваа иницијатива, порача дека од сабота започнуваат протести во Скопје, како и останатите градови низ земјава. -Бидејќи МОН немаше слух за нашите барања останува на нас родителите да се бориме за иднината на своите деца. Следен чекор кој ќе го преземеме е организирање на протесни маршови во сите градови ширум земјава. Па така, во сабота во 12 часот започнуваат протестите како во главниот град, така и во сите други“, изјави Драгана Спасевска за медиуми. За рутата на протесниот марш, Спасевска изјави дека јавноста ќе биде дополнително известена. -Најавените протести и иницијатива за референдум за образовните реформи се уставно загарантирано право. Но, реформата ќе продолжи со цел во фокусот на образованието да се стават ученикот и неговите потреби затоа што таа не само што не е избрзана туку можеби е и задоцнета, а резултатите од новата образовна концепција треба да ги очекуваме по пет-шест години, изјави министерката за образование и наука, Мила Царовска, по најавите за протести во следните денови поради промените што треба да се случат во основното образование со почетокот на следната учебна година. „Ние како МОН имавме средба со групата и им одговоривме на нивните барања, кои главно се однесуваат на тоа да се исклучи родовата еднаквост од образовниот систем. За тоа има закони што се поминати во Собранието и гласани од сите политички партии, што значи дека има консензус за почитување на родовата рамноправност, што е и уставно загарантирано право и треба да биде дел од образовниот систем. Државата има ратификувано и многу конвенции и има обврска да се придржува и да рапортира кон нив. Сметам дека одговорите што ги добија во иницијативата ќе ги разгледаат и ќе расправаат по нив“, рече Царовска. ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициона партија посочува дека реформите во образованието не може министерката да ги носи без консултација со стручната јавност и не може да го злоупотребува европското знаменце за вакви реформи кои можат да уништат генерации. -Од почетокот на работата на овој Парламент и парламентарен состав, нешто што е нотирано и од страната на европската делегација е постојаната злоупотреба на европското знаменце. За што служи европското знаменце? Тоа служи за закони кои што треба да се хармонизираат со регулативи, директиви и акти на ЕУ, а во моментот на пример имаме предлог закон за реформа во образовниот систем во кој што не се повикува на европското законодавство, туку се повикува на некои декларации кои што не се законодавство на ЕУ и што е целта, злоупотреба на европска вредност за да се избегне дијалог и за да се избегне дебата. Паралелно зошто? За да се наметне тој образовен радикализам неуспешен на министерката Мила Царовска“, истакна Тимчо Муцунски, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во гостување во емисијата „24 анализа“. Муцунски додаде дека Мила Царовска е класичен пример за избегнување на дебата. Истиот министер кој што бараше задолжување од 25 милиони евра за апстрактна реформа и не дојде пред пратениците да каже зошто го бара тоа задолжување, при тоа дрско одговарајќи на мене лично на пратеничко прашање и дека нема да дојде кога ќе се дискутира на пленарната седница, за да сега злоупотребува т.н. европска вредност за да направи социјален немир во нашата држава и да создаде проблеми на идни генерации, рече Муцунски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-bez-konsultacija-od-struchnata-javnost-i-so-zloupotreba-na-evropsko-znamence-reformata-uporno-ja-turka-za-da-unishti-idni-generacii/feed/ 0
Претставниците на „Учебници и настава мора да има“ чекаат од МОН покана за нова средба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnicite-na-uchebnici-i-nastava-mora-da-ima-chekaat-od-mon-pokana-za-nova-sredba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnicite-na-uchebnici-i-nastava-mora-da-ima-chekaat-od-mon-pokana-za-nova-sredba/#respond Sun, 09 May 2021 15:56:38 +0000 https://kurir.mk/?p=508109

Иницијаторите за стопирање на носење на новиот закон за учебници за основно и средно образование, здружени во фејсбук-групата „Учебници и настава мора да има“, од МОН чекаат покана за нова средба откако првата во четвртокот заврши без заклучок односно со ветување дека повторно ќе бидат поканети. Претставничката на групата Драгана Спасевска изјави за МИА дека викендов не добиле покана за нова средба и дека ќе почекаат до утре попладне, до завршување на работното време на МОН, а дотогаш нема да ја бојкотираат наставата. Доколку не се оствари најавената повторна средба, рече дека ќе ја известат јавноста за следните чекори. -Утре ќе бидам во Скопје и ќе чекам до крајот на работното време. Ако не биде, ќе ве известиме за понатаму, рече Спасовска. По средбата пред три дена таа за медиумите изјави дека претставниците од МОН не биле компетентни за сите нивни барања и дека треба да бидат вклучени претставници од Бирото за развој на образованието и од СОНК. На средбата, на која не присуствуваше министерката Мила Царовска, им било кажано дека по консултации со БРО, одново ќе ги поканат од понеделник на средба. Тогаш таа најави дека ќе протестираат доколку нема средба за нивните барања до почетокот на идната недела. Фејсбук-групата има над 70 000 приврзаници кои, според Спасовска, се „гласот на родителите“. Од пред десетина дена повикуваат на бојкот на наставата – бараат хартиените учебници да останат во употреба за сите одделенија во основното и средното образование и задолжително нивни претставници и од граѓанскиот сектор да учествуваат во работна група за измени во Законот. Покрај ова, имаат и уште неколку други барања. Министерството за образование и наука по средбата со претставниците од групата во четвртокот соопшти дека како за сите останати реформски процеси, така и за Законот за учебници, консултира и го слуша мислењето на сите засегнати страни. -Сепак, во носењето на законското решение предност се дава на квалитет на наставата и повеќе бенефиции за младите, така што тоа не смее да биде причина за бојкот. Промените во основното образование ќе се случат, затоа што тоа не е самоиницијативна одлука на Министерството за образование и наука, туку е резултат на сеопфатни анализи на квалитетот на националниот образовен систем спроведени од кредибилни меѓународни организации. А исто така, промените се и барање на наставниците и на многу генерации на ученици, но и потреба која ја наметнува современиот свет и глобалните образовни трендови со кои Северна Македонија конечно мора да фати чекор и да ги следи. информираше МОН. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnicite-na-uchebnici-i-nastava-mora-da-ima-chekaat-od-mon-pokana-za-nova-sredba/feed/ 0
Претставници на фејсбук-групата „Учебници и настава мора да има“ утре на средба во МОН – Царовска нема да присуствува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnici-na-fejsbuk-grupata-uchebnici-i-nastava-mora-da-ima-utre-na-sredba-vo-mon-carovska-nema-da-prisustvuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnici-na-fejsbuk-grupata-uchebnici-i-nastava-mora-da-ima-utre-na-sredba-vo-mon-carovska-nema-da-prisustvuva/#respond Wed, 05 May 2021 10:57:38 +0000 https://kurir.mk/?p=505919

Претставници на неформалната фејсбук-група граѓани „Учебници и настава мора да има“, која од четвртокот повикува на бојкот на наставата, утре ќе има средба со претставници на Министерството за образование и наука за да ги презентираат своите барања. Драгана Спасевска од фејсбук-групата изјави за МИА дека се поканети утре напладне да имаат средба со претставници на МОН, на која поради обврски нема да присуствува министерката Мила Царовска. Спасевска тврди дека бојкотот во училиштата, кој го почнаа минатиот четврток, е помасовен и имаат се поголема поддршка за нивното барање да се стопира постапката за донесување на законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование. – Се повеќе имаме поддршка за бојкотот, но утре е клучното што ние како родители го бараме и ќе видиме дали од нивна страна ќе имаме црвено или зелено светло. Потврдено е дека Царовска нема да биде на средбата, ние баравме, но не известија дека имала работни активности, рече Спасевска. Нивните барања и најавата за бојкот беа соопштени минатата среда пред МОН. Бараат да се организира јавна расправа за предложениот закон, а нивни стручни претставници непосредно да учествуваат во негова ревизија и интервенции. Според нив, предлог-законот не ги решава проблемите што постојат во образованието и генерира нови, има и недоследности и импликации во останатите закони што се однесуваат на образованието во земјава. Фејсбук-групата „Учебници и настава мора да има“ има над 70 000 приврзаници кои, како што рече Спасевска, се „гласот на родителите” кои алармираат дека во државата има руинирани училишта без нормални услови за настава, дека секое седмо дете нема ИТ- уред и интернет. Посочи дека не се против осовременување на образованието со дигитални алатки, но тие да бидат дополнителни помагала, а печатените учебници да останат во употреба. -Во нашата фејсбук-група направивме и анкета во која родителите имаат многу барања во образованието – печатените учебници да останат во употреба во наставата, да нема спојување на два предмета во еден, да се исклучи сеопфатното родово сензитивно образование, што побргу да се донесат протоколи за враќање на децата во училишните клупи и нам, родителите, да ни се овозможи да имаме право да предлагаме изучување на темите во образовнието, додаде Спасевска. Според Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование, дигиталните учебници треба да почнат да се употребуваат од учебната 2021/2022 година, најпрво во наставата за четврто одделение, а потоа етапно, во наредните пет години, и во сите погорни одделенија. Учениците до трето одделение ќе продолжат да учат од печатени учебници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnici-na-fejsbuk-grupata-uchebnici-i-nastava-mora-da-ima-utre-na-sredba-vo-mon-carovska-nema-da-prisustvuva/feed/ 0
Организаторите на бојкот на наставата тврдат дека има одѕив https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/organizatorite-na-bojkot-na-nastavata-tvrdat-deka-ima-oddziv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/organizatorite-na-bojkot-na-nastavata-tvrdat-deka-ima-oddziv/#respond Thu, 29 Apr 2021 08:21:59 +0000 https://kurir.mk/?p=503610

Фејсбук-групата на родители „Учебници и настава мора да има“ за денеска најави бојкот на наставата со барање да се стопира донесувањето на законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование. Претставничката на неформалната фејсбук-група Драгана Спасевска, која вчера ги соопшти барањата и најави бојкот, за МИА утрово изјави дека се бојкотира во повеќе основни училишта, а за средните, рече, нема информации. – Имам доста информации од родители и наставници дека денеска воопшто не почнале со настава. Имам приватни податоци што ми стигнуваат и можеби 80-90 проценти денес нема да има настава кај основците. За средно немам доволно информации, рано е уште. Нашиот став е дека еден ден пропуштен во наставата не е толку значаен колку што е значајно да се донесат промени во образованието. Ќе стоиме зад сите наши дела се додека не не слушне Министерството, рече Спасевска. За начинот како го организираат приклучувањето на бојкот со оглед дека се неформална група, одговори дека „секој родител одлучува за своето дете“ и дека таа не може, како што рече, никого да принуди да не го пушти своето дете на настава, но дека „волјата на родителите е силна во изминатите пет дена“. Спасевска одговори и дека од надлеженото министерство никој не ги повикал на средба, а сакаат, рече, да дебатираат и да ги предложат своите факти и аргументи дека овој предлог-закон нема да донесе позитивни ефекти за децата. Средношколскиот сојуз вчера се огради од бојкотот со укажување дека негови организатори не се тие, туку родители. Лидерот Бленди Ходаи утрово за МИА изјави дека нема сознанија дали средношколци денеска бојотираат самоиницијативно. Неформална фејсбук-група „Учебници и настава мора да има“ здружени на Фејсбук, која има над 70 000 приврзаници, вчера пред Министерството за образование и наука ги изнесе своите барања – да се стопира носењето на новиот закон за учебници, да се организира јавна расправа и нивни стручни претставници непосредно да учествуваат во негова ревизија и интервенции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/organizatorite-na-bojkot-na-nastavata-tvrdat-deka-ima-oddziv/feed/ 0