учебници по историја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 18 May 2019 14:37:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png учебници по историја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Започнаа да се менуваат учебниците по историја: Во духот на Преспанскиот договор ќе бидат ослободени од иредентистички содржини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapochnaa-da-se-menuvaat-uchebnicite-po-istorija-vo-duhot-na-prespanskiot-dogovor-kje-bidat-oslobodeni-od-iredentistichki-sodrzini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapochnaa-da-se-menuvaat-uchebnicite-po-istorija-vo-duhot-na-prespanskiot-dogovor-kje-bidat-oslobodeni-od-iredentistichki-sodrzini/#respond Sat, 18 May 2019 14:34:13 +0000 https://kurir.mk/?p=199488

На 17 и 18 мај во Охрид се одржа четвртиот состанок на Заедничкиот интердисциплинарен комитет за историски, археолошки и образовни прашања, формиран согласно Преспанскиот договор, информираат од Министерството за надворешни работи. Во соопштението се наведува дека делегациите од македонска и грчка страна во конструктивна и колегијална атмосфера извршиле детална и сеопфатна ревизијата на наставните планови по историја, учебниците и учебните помагала по историја кои се во употреба во двете земји. – Гореспоменатиот материјал треба во најкус можен рок да биде ослободен од какви и да било иредентистички и ревизионистички референци. Врз основа на Преспанскиот договор и во согласност со целите и принципите на УНЕСКО и на Советот на Европа, беше усвоена методологија, опишана во заклучоците, за ревизија на наставните планови и учебниците. Двете делегации се согласија да го поттикнуваат вклучувањето на повеќе содржини од областа на културата и уметноста во образованието со цел градење на позитивна слика за другиот – стои во соопштението. На состанокот воедно се постигнала согласност за временската рамка за примена на наодите на Заедничкиот интердисциплинарен комитет за историски, археолошки и образовни прашања и доставување на релевантните препораки до Советот за висока соработка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapochnaa-da-se-menuvaat-uchebnicite-po-istorija-vo-duhot-na-prespanskiot-dogovor-kje-bidat-oslobodeni-od-iredentistichki-sodrzini/feed/ 0