ученички компании – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 May 2022 17:37:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ученички компании – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прогласување на победниците на натпреварот на ученички компании во организација на „Џуниор ачивмент“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proglasuvanje-na-pobednicite-na-natprevarot-na-uchenichki-kompanii-vo-organizacija-na-dzunior-achivment/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proglasuvanje-na-pobednicite-na-natprevarot-na-uchenichki-kompanii-vo-organizacija-na-dzunior-achivment/#respond Fri, 27 May 2022 17:37:01 +0000 https://kurir.mk/?p=682674

Петта година по ред „Џуниор ачивмент“ организира натпревар на ученички компании, чија цел е учениците со поддршка на наставници ментори да учат преку работа и така да ги развиваат практичните компетенции, креативноста и иновативноста, како и претприемачкиот и натпреварувачкиот дух. На манифестацијата на која беа прогласени победниците за учебната 2021-2022 година се обрати и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој рече дека натпреварот преминува во традиција, затоа што концептот е интересен за младите и тие сакаат да решаваат предизвици. – Благодарност до организаторот што со своите заложби за спроведување на овие неформални образовни активности надвор од училишните клупи, му дава една додатна вредност на воспитно-образовниот процес во нашата земја и го поттикнува претприемничкиот и натпреварувачкиот дух на учениците, на кои навистина им треба да добиваат вакви шанси преку кои ќе ги покажуваат своите лидерски способности, својата креативност и иновативност, што всушност се совпаѓа со целите на реформите кои ги прави Министерството за образование и наука и Владата за да имаме посовремен образовен систем, рече Шаќири. Информираше дека претприемачкото образование е дел од суштинската реформа на основното образование која е во тек и тоа се внесува во сите задолжителни и изборни предмети, но и во воннаставните активности. Сите нови наставни програми и учебници се изработуваат врз основа на осум национални стандарди за постигања на учениците, а еден од нив е „техника, технологија и претприемништво“. -Од учениците се очекува да стекнуваат компетенции кои се поврзани со способности за преземање иницијативи, за креирање идеи и претворање на идеите во производи и услуги, за носење одлуки и преземање ризик, додаде Шаќири. Честитајќи им на победниците, тој упати порака до сите учесници да бидат истрајни и упорни во секоја битка и да се водат по идеологијата за доживотно учење бидејќи, како што рече, едукацијата е процес, а не чин кој завршува на конкретен датум. Во рамки на тридневната манифестација што се одржа во Струга, првпат беше избран и наставник на годината, како и најпретприемачко училиште, информира МОН. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proglasuvanje-na-pobednicite-na-natprevarot-na-uchenichki-kompanii-vo-organizacija-na-dzunior-achivment/feed/ 0
Познати победниците на овогодинешниот Национален натпревар на ученички компании https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznati-pobednicite-na-ovogodineshniot-nacionalen-natprevar-na-uchenichki-kompanii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznati-pobednicite-na-ovogodineshniot-nacionalen-natprevar-na-uchenichki-kompanii/#respond Mon, 31 May 2021 17:46:26 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517352

Победник на националниот натпревар на ученички компании за учебната 2020/2021 година, организиран од Џуниор Ачивмент Македонија, е ученичката компанија „LifePal“ од гимназијата Никола Карев од Скопје, информираат од Џуниор Ачивмент Македонија. Нивната компанија нуди интересно и практично решение за непредвидливи ситуации од секојдневниот живот на училиште, работа или при рекреација. Неопходните сетови, претставуваат мали пакетчиња составени од неколку производи, кои ќе бидат лесно достапни од поставените вендинг машини. Второнаградената ученичка компанија е „TechBook“ од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје и нуди смарт тетратка и веб страна. Веб страната е од едукативен карактер и нуди простор за зачувување на белешките и корисни видеа. Смарт тетратката, како што велат, ќе го олесни начинот на пишување и организирање на училишните белешки и задачи и нуди директен пренос на податоците на компјутер. Третото место, како што информираат, припаднало на ученичката компанија „Grow Green“ од СУГС „Кочо Рацин“ од Скопје, која ја развила идејата за еко кафетерија, чии производи се биоразградливи и еколошки. Специфичните растенија кои ќе се одгледуваат во просторот имаат улога на декор и прочистувач на воздухот и ќе бидат користени во продажбата. Натпреварот се одржал од 10-ти до 31-ви мај 2021 година и учествувале 108 ученици од 23 тимови од средни училишта од Берово, Битола, Велес, Гевгелија, Кочани, Куманово, Охрид, Прилеп и Скопје. Како првонаградени, „LifePal” ќе учествуваат на Европскиот натпревар на ученички компании, кој годинава се оддржува виртуелно од 13-ти до 15-ти јули. Националниот натпревар е дел од Проектот за Поддршка на претприемничко учење во Европа и Евроазија, поддржан од УСАИД, Фондот за иновации и технолошки развој и Агенцијата за поддршка на претприемништво на РМ. Трите најдобри тимови биле наградени и од овогодинешните помагатели СЕМОС едукација и ПАКОМАК. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznati-pobednicite-na-ovogodineshniot-nacionalen-natprevar-na-uchenichki-kompanii/feed/ 0