ученички – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 21 Jul 2023 10:05:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ученички – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонски ученички освоија два бронзени медала на Европската олимпијада по информатика за девојки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-uchenichki-osvoija-dva-bronzeni-medala-na-evropskata-olimpijada-po-informatika-za-devojki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-uchenichki-osvoija-dva-bronzeni-medala-na-evropskata-olimpijada-po-informatika-za-devojki/#respond Fri, 21 Jul 2023 10:05:51 +0000 https://kurir.mk/?p=858689

На третата Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД 2023), која од 15 до 21 јули се одржува во Лунд, Шведска, македонски ученички освоија два бронзени медала. Бронзените медали за Северна Македонија ги освоија Софија Велковска од Скопје и Јована Трифуноска од Тетово, а солиден резултат постигнаа и другите две членки на македонскиот тим: Сара Стефановска од Крива Паланка и Атина Рувинова од Охрид. Тимот е раководен од лидерите д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Ученичките беа избрани преку целогодишен циклус на натпревари, којшто редовно се организира од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а оваа година се одржуваше по 34-ти пат. -Вклучувајќи ги овие два медала, македонските ученички на трите досегашни изданија на Европската олимпијада имаат освоено вкупно еден сребрен и четири бронзени медали, што претставува успех со кој можат да се пофалат релативно мал број на земји учеснички на олимпијадата, изјави проф. Јованов. Европската олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД) е релативно нов натпревар, наменет само за средношколки кои се заинтересирани за изучување на компјутерските науки. Примарна цел на оваа олимпијада е да се поттикне интересот за информатиката и кај девојките, кои се забележливо помалку присутни на редовните меѓународни олимпијади по информатика. Форматот на натпреварување е многу сличен на веќе етаблираните меѓународни натпревари, како што е Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ). Главниот дел од настанот се состои од два натпреварувачки дена, во кои ученичките решаваат предизвикувачки проблеми преку дизајнирање и имплементирање на соодветни ефикасни алгоритми. Секоја земја членка на ЕОИД-заедницата учествува со свој тим составен од најмногу четири натпреварувачки на возраст под 20 години, избрани преку националните натпревари во програмирање, како и лидер и заменик лидер на тимот. На ЕОИД 2023 учествуваат вкупно 127 учеснички од 36 европски земји, а како претставници на земји гости, во неофицијална конкуренција учествуваат и 62 ученички од 16 земји надвор од европскиот континент (како Бразил, САД, Египет, Индија, Саудиска Арабија и др.). -Успехот на нашиот тим, со освоените два бронзени медала во ваква силна конкуренција, е навистина голем и заслужува почит, истакнува проф. Јованов. Следната, четврта по ред, Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД 2024) ќе се одржи идната година, во Ајндховен, Холандија. Следен настан, пак, кој им претстои на македонските ученици – информатичари, е Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ) во Сегедин, Унгарија, кон крајот на август.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-uchenichki-osvoija-dva-bronzeni-medala-na-evropskata-olimpijada-po-informatika-za-devojki/feed/ 0
Упатувале закани: Четири ученички и нивните родители на разговор во полиција – ќе се преземат мерки! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/upatuvale-zakani-chetiri-uchenichki-i-nivnite-roditeli-na-razgovor-vo-politsija-ke-se-prezemat-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/upatuvale-zakani-chetiri-uchenichki-i-nivnite-roditeli-na-razgovor-vo-politsija-ke-se-prezemat-merki/#respond Sat, 06 May 2023 14:07:49 +0000 https://kurir.mk/?p=831271

На 05.05.2023 полициски службеници од Полициската станица Центар при СВР Скопје извршиле службен разговор со Е.Р. (18) и три 17-годишни малолетнички, сите ученички во средно училиште во Скопје, на кој присуствувале и нивните родители. На разговор се викнати по добиена пријава од вработени во училиштето дека ученичките на социјална мрежа постирале содржина со закана кон ученичка во истото училиште и други лица. Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/upatuvale-zakani-chetiri-uchenichki-i-nivnite-roditeli-na-razgovor-vo-politsija-ke-se-prezemat-merki/feed/ 0
Тетовска гимназија им забрани на ученичките да доаѓаат со гол стомак и градите надвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tetovska-gimnazija-im-zabrani-na-uchenichkite-da-doagjaat-so-gol-stomak-i-gradite-nadvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tetovska-gimnazija-im-zabrani-na-uchenichkite-da-doagjaat-so-gol-stomak-i-gradite-nadvor/#respond Wed, 23 Feb 2022 09:41:40 +0000 https://kurir.mk/?p=635262

„Девојчињата не треба да доаѓаат со гол стомак и со градите надвор“ – ова е пораката со која директорката на тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, Илвије Зибери Јашари, реагирала на, според неа, премногу слободниот начин на кој се облекуваат девојките во училиштето, пишува порталот Фљака. Пораката ја пратила во комуникација со колегите во група на „Вибер“, а случајот го разоткри невладината организација Центар за еднакви можности „Бубамара“ од Тетово, која за пораката дознала „од неофицијални извори“. Во пораката што ја споделија од „Бубамара“, се наведува дека секој што ќе се спротивстави на кодексот на облекување, треба да се упати кај раководителката, за таа да ги повика родителите. Според „Бубамара“, трендот на зголемување на контролата врз облеката на учениците се смета за апсолутна контрола врз нивното тело и е дискриминаторска бидејќи се однесува само на девојчињата. Оттаму се загрижени дека телото на малолетните девојчиња продолжува да се сексуализира и објективизира во училиштата. Организацијата смета дека ваквите случаи се загрижувачки, со оглед на недостигот од сексуално образование, на што се спротивставуваат истите професори кои сметаат дека децата, односно учениците, треба да се држат во синџири со стари правила кои одамна не се во мода“, стои во реакцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tetovska-gimnazija-im-zabrani-na-uchenichkite-da-doagjaat-so-gol-stomak-i-gradite-nadvor/feed/ 0
Ученички од Индија открија астероид блиску до Марс https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uchenichki-od-indija-otkrija-asteroid-blisku-do-mars/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uchenichki-od-indija-otkrija-asteroid-blisku-do-mars/#respond Tue, 28 Jul 2020 09:46:42 +0000 https://kurir.mk/?p=382520

Две ученички од Индија, со помош на слики од телескопот на Универзитетот на Хаваи, откриле астероид што се движи кон Земјата, објави вчера Индискиот институт за вселенско образование. Астероидот во мигов е блиску до Марс и се очекува да ѝ се доближи на Земјата за околу еден милион години, објави Спејс Индија – приватен институт каде што учат 12-годишните девојчиња. – Возбудена сум што добив шанса да го именувам астероидот, рече Вајдехи Векарија, која додава дека еден ден сака да стане астронаут, како и нејзината другарка Радика Лахани. Астероидот е првично наречен ХЛВ-2514, но ќе биде формално именуван дури по потврдата на НАСА дека се работи за новооткриено вселенско тело. Астероидите и кометите претставуваат потенцијална опасност за Земјата, а научниците откриваат илјадници секоја година. Астероид потежок од Ајфеловата кула, 2013 година експлодираше над централна Русија. Во несреќата беа повредени повеќе од 1.000 луѓе. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uchenichki-od-indija-otkrija-asteroid-blisku-do-mars/feed/ 0
Ученички повторно крвнички се тепаат, соучениците навиваат (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenichki-povtorno-krvnichki-se-tepaat-souchenicite-navivaat-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenichki-povtorno-krvnichki-se-tepaat-souchenicite-navivaat-video/#respond Mon, 24 Sep 2018 17:04:35 +0000 https://kurir.mk/?p=105314

Продолжува трендот на тепачки меѓу соученици и нивно снимање. Вчера се појави нова видео снимка која ја згрози јавноста, објави Канал5. „Ајде бе истепај ја..“ Се работи за пресметка меѓу две девојчиња. Едното од нив најпрво вербално, а потоа со шамари и клоци го напаѓа другото девојче, кое е немоќно да се одбрани. Никој не реагира на вознемирувачките сцени. Напротив, целата пресметка се снима со телефон, се навива и дополнително се иницира на пожесток дуел. Првата детска амбасада „Меѓаши“ остро го осудува инцидентот. Оттаму велат дека не е само воспитувањето во училиштата и домот, туку и технологијата која поттикнува агресија кај децата. Пропустите во системот се неминовни. Додаваат, она што недостасува е тоа како да се пристапи до децата и да се научат да комуницираат, а не да се напаѓаат. Јавноста се уште се сеќава на бруталната тепачка во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино. Случајот со двете девојчиња кои немилосрдно ја претепаа својата соученичка во училишниот двор, пред очите на поголема група на деца кои навиваа и снимаа со мобилни телефони, стигна и до Центарот за социјални работи и Државниот просветен инспекторат, а на ученичките им беа изречени педагошки мерки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenichki-povtorno-krvnichki-se-tepaat-souchenicite-navivaat-video/feed/ 0
Тепањето ученичка во дворот на неготинското училиште, прв ваков случај, тврди психологот Кабранова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tepanjeto-uchenichka-vo-dvorot-na-negotinskoto-uchilishte-prv-vakov-sluchaj-tvrdi-psihologot-kabranova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tepanjeto-uchenichka-vo-dvorot-na-negotinskoto-uchilishte-prv-vakov-sluchaj-tvrdi-psihologot-kabranova/#respond Sat, 14 Apr 2018 10:43:01 +0000 https://kurir.mk/?p=40565

Тепањето ученичка во дворот на неготинското училиште од страна на други две ученички, кое всушност се најде и во видео на интернет, е прв ваков случај во ОУ „Гоце Делчев”, вели психологот Елена Кабранова. Таа појасни дека помладите генерации главно имаат малку попроблематично однесување и помала дисциплина, споредено со тоа на нивните врсници од минатото. Полесно доаѓаат во конфликти, почесто знаат да навредуваат и да не почитуваат. Агресивноста кај некои од децата, вели, е поради бројни причини. - Но, физичко насилство во ваков обем досега немаме регистрирано. Главно се се сведувало на вербално насилство, тоа го покажуваат и нашите истражувања кои ги правиме секоја година, нагласи Кабранова. За случајот ги известиле и Центарот за социјални работи и полицијата. Тепачката била случајна, за тинејџерска љубов и трите девојчиња кои претходно биле другарки, се смириле и се каеле. Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски рече дека за понеделник на полициски распит се повикани сите инволвирани, со цел расветлување на случајот со тепачката. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tepanjeto-uchenichka-vo-dvorot-na-negotinskoto-uchilishte-prv-vakov-sluchaj-tvrdi-psihologot-kabranova/feed/ 0
Драма пред училиште: Штипјанец се соблекол пред малолетнички и ги повикувал да дојдат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-pred-uchilishte-shtipjanec-se-soblekol-pred-maloletnichki-i-gi-povikuval-da-dojdat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-pred-uchilishte-shtipjanec-se-soblekol-pred-maloletnichki-i-gi-povikuval-da-dojdat/#respond Tue, 27 Feb 2018 12:10:54 +0000 http://kurir.mk/?p=25339

Додека четири малолетнички додека вчера околу 14:15 часот биле во дворот на средното општинско училиште во Штип, непознато машко лице, кое било надвор од дворното место, ги соблекло панталоните и ги повикувало да дојдат кон него. -По преземени мерки, полициски службеници од слобода го лишиле И.А.(36) од Штип. Тој бил приведен во Полициската станица Штип, каде во присуство на Јавен обвинител било извршено препознавање, информираат од МВР. По целосно документирање на случајот,  против И.А. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „задоволување полови страсти пред друг“, казниво по  член 190  од К.З на РМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-pred-uchilishte-shtipjanec-se-soblekol-pred-maloletnichki-i-gi-povikuval-da-dojdat/feed/ 0