ученици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Sep 2023 15:14:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ученици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 При контрола на возила кои превезуваат ученици констатирани 75 прекршоци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pri-kontrola-na-vozila-koi-prevezuvaat-uchenitsi-konstatirani-75-prekrshotsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pri-kontrola-na-vozila-koi-prevezuvaat-uchenitsi-konstatirani-75-prekrshotsi/#respond Fri, 22 Sep 2023 15:14:10 +0000 https://kurir.mk/?p=880819

Седумдесет и пет прекршоци се констатирани при акциска контрола на Министерството за внатрешни работи со цел зголемување на безбедноста на учениците, односно нивниот транспорт до училиштето и назад. Контролата е спроведена денеска во периодот од 06 до 10 часот. По Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 19 прекршоци на подрачјето на СВР Штип, во СВР Велес 14, во СВР Битола 10, а по девет прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Струмица и СВР Куманово. Седум прекршоци се констатирани во СВР Охрид, четири во СВР Тетово и три на територија на СВР Скопје. По Законот за возила изречени се девет прекршоци од кои пет на подрачјето на СВР Тетово и по една на подрачјето на секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Штип и Куманово. За време на акциските контроли, извршени биле проверки на 52 возила што вршат јавен превоз, а преземени се и други активности. По извршените проверки, 37 возила биле упатени на вонреден технички преглед, а 13 возила биле исклучени од сообраќај. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pri-kontrola-na-vozila-koi-prevezuvaat-uchenitsi-konstatirani-75-prekrshotsi/feed/ 0
Ученици од општина Жабаљ во Србија ќе ја претставуваат Македонија на фестивалот „Ритам на Европа“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/uchenitsi-od-opshtina-zhabal-vo-srbija-ke-ja-pretstavuvaat-makedonija-na-festivalot-ritam-na-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/uchenitsi-od-opshtina-zhabal-vo-srbija-ke-ja-pretstavuvaat-makedonija-na-festivalot-ritam-na-evropa/#respond Thu, 21 Sep 2023 15:03:10 +0000 https://kurir.mk/?p=880370

На 16-тиот фестивал „Ритам на Европа“ во Зрењанин, првпат ќе биде претставена и Северна Македонија, од ученици на општина Жабаљ во Србија. Тие денеска, при посетата на Македонската амбасада во Белград, со организаторите на фестивалот и општинското раководство, добија поддршка од в.д. амбасадорот Михаела Веселинов за нивниот настап, јави дописникот на МИА од Белград. Овој фестивал дава поддршка на децата од Србија кон земјите на Европа, а конципиран е така што ученици од цела Србија бираат одредена земја во Европа, по што на фестивалот „Ритам на Европа“ ја претставуваат таа земја. -Кога претставувате една земја, кога пеете за таа земја, тогаш не можете ништо друго да дадете освен љубов кон таа земја, а и таа земја поинаку ќе гледа на нас. Ова е подавање рака на пријателство, комуникација, култура, дипломатија и се она што е позитивно и добро, како нашите деца би растеле во нормално опкружување, изјави Игор Карадаревиќ, директор на програмата на фестивалот „Ритам на Европа“. Овој фестивал е најголем од ваковн тип во Европа и е поддржан од амбасадите на земјите од Европа, ЕУ, Израел и Австралија во Белград, а годинава, на 23 октомври во Зрењанин, покрај другите земји, првпат ќе се претстави и Севрна Македонија од ученици од општината Жабаљ во Војводина. Карадаревиќ најави и дека во декември годинава во Струмица ќе се одржи и прво меѓународно натпреварување на децата од „Ритамот на Европа“. -Годинава општина Жабаљ доби можност да ја презентира Северна Македонија и сигурен сум дека младите од нашата општина на вистински начин и во вистинско светло преку песна ќе ја презентираат Северна Македонија. Потајно се надеваме и на победа на фестивалот за да можеме идната година со децата да го посетиме Скопје и да им покажеме се она што Северна Македонија има да понуди, изјави претседтелот на општината Жабаљ, Урош Радановиќ. „Ние сами се пријавивме“, изјавија учениците од средното училиште во Жабаљ, преку фолклорната секција, и избравме на фестивалот да ја изведема нумерата „Proud“ на Тамара Тодевска. Тие изразија голема надеж дека ќе патуваат во Северна Македонија, доколку освојат некоја награда на фестивалот, или во организација на општина Жабаљ, која на приемот во Македонската амбасада изрази желба за збратимување со некоја македонска општина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/uchenitsi-od-opshtina-zhabal-vo-srbija-ke-ja-pretstavuvaat-makedonija-na-festivalot-ritam-na-evropa/feed/ 0
Симоновски: Учениците немаат учебници дадени им се материјали да принтаат сами, наставниците по физичко не се вклучени во наставата од 1 до 5 одделение, одделенските наставници сами се снаоѓаат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simonovski-uchenitsite-nemaat-uchebnitsi-dadeni-im-se-materijali-da-printaat-sami-nastavnitsite-po-fizichko-ne-se-vklucheni-vo-nastavata-od-1-do-5-oddelenie-oddelenskite-nastavnitsi-sami-se-snaogaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simonovski-uchenitsite-nemaat-uchebnitsi-dadeni-im-se-materijali-da-printaat-sami-nastavnitsite-po-fizichko-ne-se-vklucheni-vo-nastavata-od-1-do-5-oddelenie-oddelenskite-nastavnitsi-sami-se-snaogaat/#respond Thu, 14 Sep 2023 08:36:59 +0000 https://kurir.mk/?p=877921

Учебната година започна, министерот за образование и наука единствено нешто што законски реализира е само календарот за работа т.е. учебната година започна на 1-ви септември се останато е ставено на маргините. Учебници нема, материјали се дадени електронски, родителите сами да ги принтаат, може да се набројува до бесконечност за што и веќе говоревме. Вака ли министре се грижите за нашите ученици? Вашата грижа е финансискиот терет да биде на родителите, самите да се снаоѓаат за нешто што е ваша грижа. И ќе беше во ред да е само ова, но не e. Министре не се грижите за родителите, за учениците и за наставниот кадар кој требаше да го обезбедите, вели Иван Симоновски, член на Комисија за образование и наука при ВМРО-ДПМНЕ. -Според член 54 став 5 од Законот за основно образование за наставата по физичко и здравствено образование од прво до петто одделение се вклучува наставник по физичко и здравствено образование. Дали во учебната 2023/24 година се вклучени наставници по физичко и здравствено образование? За жал и на ова прашање пак одговорот е НЕ. А, зошто министре, затоа што МОН не ја извршува својата должност, НЕМАТЕ ДОСТАВЕНО СОГЛАСНОСТИ ЗА НОВО ФИНАНСИРАЊЕ МИНИСТРЕ! НЕМАТЕ ВРЕМЕ, ДА РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА ОВА? Одделенските наставници сами ги реализираат часовите, иако не им се платени, иако држат повеќе часови од што е предвидено и СЕКОЈА ЧЕСТ за нив. Не ги оставаат учениците и се трудат да ја поправат вашата негрижа иако е на нивна штета. Ги оставивте учениците без со закон предвиден компетентен кадар за реализација на наставата по физичко и здравствено образование. Образование е во прашање, недозволиво е да се импровизира. Но вие сте министер ваша обврска е, СРАМОТА Е сите инволвирани во воспитно - образовниот процес да трпат последици поради вашата неспособност. Го уништивте образованието, ги пониживте наставниците кои се темелот на една држава, ги осакатувате учениците, ги омаловажувате родителите, работите незаконски. ДОСТА Е !!! Почитуван министре, се извинувам за компарацијата која ја правам но образовниот систем и педагошката наука имаат огромна доза на сериозност, наука е во прашање министре не е трач рубрика за да се однесувате со ваква ноншалантност и несериозност, додава Симоновски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simonovski-uchenitsite-nemaat-uchebnitsi-dadeni-im-se-materijali-da-printaat-sami-nastavnitsite-po-fizichko-ne-se-vklucheni-vo-nastavata-od-1-do-5-oddelenie-oddelenskite-nastavnitsi-sami-se-snaogaat/feed/ 0
Бесплатни униформи за учениците од училиштата во општина Гази Баба https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/besplatni-uniformi-za-uchenitsite-od-uchilishtata-vo-opshtina-gazi-baba/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/besplatni-uniformi-za-uchenitsite-od-uchilishtata-vo-opshtina-gazi-baba/#respond Wed, 13 Sep 2023 12:29:22 +0000 https://kurir.mk/?p=877718

УЧЕНИЦИТЕ ОД УЧИЛИШТАТА ВО ГАЗИ БАБА ДОБИВААТ БЕСПЛАТНИ УНИФОРМИ. Со задоволство сакам да објавам дека заврши постапката за набавка на бесплатни училишни униформи за сите 6800 ученици од општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба. Оваа учебна година за прв пат во историјата општината од сопствени средства обезбедува училишна униформа која за секој ученик ќе биде бесплатна. Со реализација на овој проект ги намалуваме трошоците на родителите, а вооедно ја намалуваме класната разлика која се создава помеѓу учениците со што се постигнува степен на еднаквост помеѓу децата за време на престојот во училиштето. Од денес во училиштата започнува евидентирање на учениците со цел утврдување на величината на униформата за секое дете по што ќе следува и доделување на униформите. Реализацијата на оваа мерка доаѓа како исполнување на ветувањето дадено во мојата изборна програма. Ветувањата дадени пред граѓаните се исполнуваат!, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/besplatni-uniformi-za-uchenitsite-od-uchilishtata-vo-opshtina-gazi-baba/feed/ 0
Охрид: Бројот ученици се намалува, дел од причините и иселувањето https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohrid-brojot-uchenitsi-se-namaluva-del-od-prichinite-i-iseluvaneto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohrid-brojot-uchenitsi-se-namaluva-del-od-prichinite-i-iseluvaneto/#respond Tue, 29 Aug 2023 12:35:06 +0000 https://kurir.mk/?p=872090

Бројот на ученици што се запишуваат во охридските основни и средни училишта се намалува. Причините, според охридските советници, е намалувањето на вкупниот број жители на општината, последица на намалениот наталитет, но и поради иселувањето. Советниците на Општина Охрид на денешната седница ги усвоија одлуките за формирање паралелки со помал број ученици од дозволемиот минимум. Според последните податоци од Општинскиот отсек за образование, оваа година во прво одделение се запишани 445 првачиња, што е за 94 помалку од лани кога се запишаа 539 дечиња. За претстојната учебна 2023/24 година година во охридската гимназија се запишале 91 ученик, распоредени во седум паралелки по 13 ученика. Советникот Наум Јамнадиев од говорницата посочи дека како професор во Гимназијата со 25 годишен стаж, кога почнал со работа во Општина Охрид основно образование завршувале 1200 ученици, додека оваа година во Охрид имаше околу 450 полуматуранти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohrid-brojot-uchenitsi-se-namaluva-del-od-prichinite-i-iseluvaneto/feed/ 0
МОН: Учениците ќе имаат учебници на 1 септември, испораката се интензивира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-uchenitsite-ke-imaat-uchebnitsi-na-1-septemvri-isporakata-se-intenzivira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-uchenitsite-ke-imaat-uchebnitsi-na-1-septemvri-isporakata-se-intenzivira/#respond Tue, 29 Aug 2023 12:06:40 +0000 https://kurir.mk/?p=872070

Сите учебници кои досега се одобрени за користење од страна на Националната комисија за учебници се испечатени и интезивирана е испораката до училиштата. Согласно акцискиот план, целосно завршена е испораката во југоисточниот регион, а во моментов учебници се распределуваат во училиштата во главниот град и во општините во северниот и западниот дел на државата. Процесот на испорака на сите учебници кои се одобрени, вклучително и на најновите за трето одделение кои ќе се дистрибуираат утре, ќе биде целосно завршен на 1 септември. Оние пак кои се во постапка, а тоа се учебниците за шесто одделение, ќе се испорачаат во текот на месец септември, односно веднаш откако ќе ги поминат сите фази на процесот на одобрување. Во меѓувреме, на располагање ќе бидат помошни материјали за учениците и прирачници за наставниците кои ќе бидат објавени во електронски формат на веб страната на Бирото за развој на образованието во чија и сопственост се истите. Задолжените оператори за испорака на учебниците се максимално ефикасни. Во координација со училишните служби работеа и за време на викендите, а ќе работат и во претстојниот викенд. Интересот на учениците е заеднички фокус на сите нас. Упатуваме апел до јавноста да ги следи информациите кои ги објавува МОН, наместо информациите што ги пласираат други страни, меѓу кои често и докажани центри за ширење шпекулации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-uchenitsite-ke-imaat-uchebnitsi-na-1-septemvri-isporakata-se-intenzivira/feed/ 0
Шаќири: Поголем дел од учебниците за трето и шесто одделение ќе ги има на 1 септември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-pogolem-del-od-uchebnitsite-za-treto-i-shesto-oddelenie-ke-gi-ima-na-1-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-pogolem-del-od-uchebnitsite-za-treto-i-shesto-oddelenie-ke-gi-ima-na-1-septemvri/#respond Tue, 22 Aug 2023 18:47:03 +0000 https://kurir.mk/?p=869775

Сите учебници за прво, второ, четврто, петто, седмо, осмо и деветто одделение и поголем дел од учебниците за трето и шесто одделение ќе бидат доставени во училиштата до 1 септември. И во средното образование, по подолг период, ќе имаме достава на учебници на првиот училишен ден, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири. За трето и шесто се изработуваат нови учебници согласно новите наставни програми од Бирото за развој на образованието (БРО) и поради тоа се очекува доцнење на некои од нив. -Поголем дел од учебниците од трето одделение, по три предмети, ќе се достават на 1 септември. Само за еден предмет, за кој чекаме одобрување т.е. последно мислење од рецензентската комисија, ќе биде на почетокот на септември, но не можам да кажам точен датум. За шесто одделение денеска во Националната комисија се одобрени дел од учебниците и за нив ќе направиме максимум за да стигнат на почетокот на учебната година, изјави Шаќири во интервју во Дневникот на ТВ Сител. Додаде дека доцнењето нема да биде како минатата учебна година која, рече, „не беше лесна“ зашто имало нови наставни програми за четири одделенија. Оваа ќе биде поразлична учебна година бидејќи МОН, нагласи Шаќири, се подготвува од почетокот на оваа календарска година. Новите програми од БРО се доставени во декември 2022 за трето и во април 2023 за шесто одделение. -Најголемиот дел веќе се одобрени. Ова не беше истата позиција од претходната учебна година кога програмите беа доставени подоцна во МОН, рече Шаќири и додаде дека се одобрени и над 130 наслови во стручното образование. Во однос на рокот што му е даден на МОН од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за десет дена да ги обезбеди сите учебници поради пријава за продолжена системска дискриминација за доцнењето од минатата учебна година, Шаќири рече дека имал состанок со претседателката на Комисијата и доставиле допис за постапките на МОН и чекорите што ги презело лани за обезбедување на учебниците. На прашањето дали е можно да има штрајк на наставниците затоа што Советот на СОНК и Независниот синдикат на образование не прифаќаат зголемување на платите од 10 отсто, Шаќири одговори дека „има многу причини да не се случи штрајк“. - Да не ги споменувам претходните 20 проценти, само во претходната, една учебна година, се добиени 18,4 проценти повисоки плати во основно и средно образование. Со Општиот колективен договор се добиваат 10 проценти за целиот јавен сектор. Со синдикатот сме во напредна фаза на дискусија да се најде начин, освен со Општиот колективен договор, што може да се предвиди и во делот на покачувањето на минималната плата. Со Општиот колективен договор првпат имаме регрес во 2023 и тоа ќе се случи и во 2024 година, рече Шаќири. Тој објави и дека, во насока на мотивирање на наставниците, со Министерството за финансии разгледуваат можност во новиот колективен договор да влезат и патни трошоци за наставниците и ќе се предвиди оддалеченост до/од училиштето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakiri-pogolem-del-od-uchebnitsite-za-treto-i-shesto-oddelenie-ke-gi-ima-na-1-septemvri/feed/ 0
Поради пожар во хотел близу Пловдив, итно евакуирани стотина ученици https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-pozhar-vo-hotel-blizu-plovdiv-itno-evakuirani-stotina-uchenitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-pozhar-vo-hotel-blizu-plovdiv-itno-evakuirani-stotina-uchenitsi/#respond Wed, 09 Aug 2023 08:36:16 +0000 https://kurir.mk/?p=864907

Поради пожар во Еко хотел Здравец, во близина на бугарскиот град Пловдив итно се евакуирани над 100 деца, соопшти локалната пожарникарска служба. Евакуиран е и целиот персонал од хотелот кој се наоѓа на околу 18 км од тој бугарски град. Учениците денеска требало да си заминат и веќе биле спакувани, поради што евакуацијата се одвивала многу брзо. Хотелот е еден од популарните спа центри во областа на планинскиот парк „Хижа Здравец“. Во гаснењето на пожарот се вклучени седум тимови на пожарникари. Според бугарската полиција, пожарот најверојатно избувнал во помошна просторија во хотелот. Локалните медиуми прецизираат дека пожарот избувнал во котларата и зафатил голем дел од зградата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-pozhar-vo-hotel-blizu-plovdiv-itno-evakuirani-stotina-uchenitsi/feed/ 0
Учениците и средношколците најмногу го посетуваат Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenitsite-i-srednoshkoltsite-najmnogu-go-posetuvaat-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenitsite-i-srednoshkoltsite-najmnogu-go-posetuvaat-sobranieto/#respond Fri, 04 Aug 2023 09:25:11 +0000 https://kurir.mk/?p=863282

Учениците од основните и средните училишта се најчести посетители на зградата на Собранието во рамки на организираните посети што ги организира Парламентарниот институт. Во текот на наставната 2022/2023 гподина односно од 1 септември до 14 јуни за време на организираните обиколки,  Собранието го посетиле 9.882 лица, од кои најголемиот дел ученици од основните и средните училишта. Преку организирана обиколка на свечениот дел од Собранието, во придружба на професионален водич, учениците имаат можност да се запознаат со историјата на зградата, внатрешноста и најрепрезентативните простории, како и со организацијата и функционирањето на оваа институција. Од Парламентарниот инстиутут наведуваат дека големиот број на посетители се силен сигнал за заложбите на Собранието за промовирање на култура на отвореност на законодавната власт, посебно кај младите луѓе. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenitsite-i-srednoshkoltsite-najmnogu-go-posetuvaat-sobranieto/feed/ 0
Учениците ќе добијат пролетен распуст, но учебната година ќе заврши подоцна – ова се деталите од новата одлука https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenitsite-ke-dobijat-proleten-raspust-no-uchebnata-godina-ke-zavrshi-podotsna-ova-se-detalite-od-novata-odluka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenitsite-ke-dobijat-proleten-raspust-no-uchebnata-godina-ke-zavrshi-podotsna-ova-se-detalite-od-novata-odluka/#respond Tue, 25 Jul 2023 15:52:49 +0000 https://kurir.mk/?p=859945

Во учебната 2023/2024 основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст. На денешната седница, Владата, на предлог на Министерството за образование и наука, одлучи учебната година  да почне на 1 септември а првото полугодие да заврши на 29 декември 2023 година. Од 30 декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто полугодие почнува на 22 јануари. Во периодот од 29 април до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenitsite-ke-dobijat-proleten-raspust-no-uchebnata-godina-ke-zavrshi-podotsna-ova-se-detalite-od-novata-odluka/feed/ 0