ученик – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
Најнови вестиWed, 14 Jun 2023 09:13:06 +0000mk-MK
hourly
1 https://wordpress.org/?v=6.3.3https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.pngученик – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
3232Го избркале од училиште поради лошо однесување, се вратил со пиштол: Детали за малолетниот напаѓач од БиХ
https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/go-izbrkale-od-uchilishte-poradi-losho-odnesuvane-se-vratil-so-pishtol-detali-za-maloletniot-napagach-od-bih/
https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/go-izbrkale-od-uchilishte-poradi-losho-odnesuvane-se-vratil-so-pishtol-detali-za-maloletniot-napagach-od-bih/#respondWed, 14 Jun 2023 09:13:06 +0000https://kurir.mk/?p=845550Како што пренесуваат босанските медиуми, поранешниот ученик кој отворил оган во основното училиште во Лукавац и во таа прилика тешко ранил работник, пред неколку месеци бил избркан од училиштето поради лошо однесување.
„Аваз“ дознава дека утрово дошол во училиштето со пиштол и го побарал вработениот во училиштето, а потоа пукал.
Според официјалните информации, во престрелката нема повредени деца.
Престрелката се случила околу осум часот утринава. Според информациите на „Аваз“, насилникот е уапсен.
Со прострелна рана во пределот на вратот во УЗ Тузла е хоспитализиран ранетиот пациент со иницијали О.Н.
„Пациентот е интубиран, операцијата во моментов е во тек“, велат од болницата.]]>Како што пренесуваат босанските медиуми, поранешниот ученик кој отворил оган во основното училиште во Лукавац и во таа прилика тешко ранил работник, пред неколку месеци бил избркан од училиштето поради лошо однесување.
„Аваз“ дознава дека утрово дошол во училиштето со пиштол и го побарал вработениот во училиштето, а потоа пукал.
Според официјалните информации, во престрелката нема повредени деца.
Престрелката се случила околу осум часот утринава. Според информациите на „Аваз“, насилникот е уапсен.
Со прострелна рана во пределот на вратот во УЗ Тузла е хоспитализиран ранетиот пациент со иницијали О.Н.
„Пациентот е интубиран, операцијата во моментов е во тек“, велат од болницата.]]>https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/go-izbrkale-od-uchilishte-poradi-losho-odnesuvane-se-vratil-so-pishtol-detali-za-maloletniot-napagach-od-bih/feed/0Наставник физички нападнал ученик во двор во основно училиште кај Бит Пазар
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nastavnik-fizichki-napadnal-uchenik-vo-dvor-vo-osnovno-uchilishte-kaj-bit-pazar/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nastavnik-fizichki-napadnal-uchenik-vo-dvor-vo-osnovno-uchilishte-kaj-bit-pazar/#respondSun, 28 May 2023 15:02:28 +0000https://kurir.mk/?p=839770На 27.05.2023 во 21.00 часот Н.А.(38) од Скопје пријавил дека на 26.05.2023 околу 08.00 часот во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот А.И.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
]]>На 27.05.2023 во 21.00 часот Н.А.(38) од Скопје пријавил дека на 26.05.2023 околу 08.00 часот во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот А.И.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nastavnik-fizichki-napadnal-uchenik-vo-dvor-vo-osnovno-uchilishte-kaj-bit-pazar/feed/0Аеродром: 10 годишен ученик напишал заканувачки текст на клупа
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/aerodrom-10-godishen-uchenik-napishal-zakanuvachki-tekst-na-klupa/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/aerodrom-10-godishen-uchenik-napishal-zakanuvachki-tekst-na-klupa/#respondFri, 12 May 2023 13:55:33 +0000https://kurir.mk/?p=833512Полициски службеници од ЕВР Аеродором и Драчево при СВР Скопје денеска извршиле службен разговор со 10-годишен малолетник и со неговите родители, постапувајќи по пријава од основно училиште на територија на општина Аеродром дека детето на клупа напишало текст со заканувачка содржина, информира МВР.
Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.]]>Полициски службеници од ЕВР Аеродором и Драчево при СВР Скопје денеска извршиле службен разговор со 10-годишен малолетник и со неговите родители, постапувајќи по пријава од основно училиште на територија на општина Аеродром дека детето на клупа напишало текст со заканувачка содржина, информира МВР.
Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/aerodrom-10-godishen-uchenik-napishal-zakanuvachki-tekst-na-klupa/feed/0Ученик од штипската гимназија се заканил со пушка – полицијата е во училиштето!
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenik-od-shtipskata-gimnazija-se-zakanil-so-pushka-politsijata-e-vo-uchilishteto/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenik-od-shtipskata-gimnazija-se-zakanil-so-pushka-politsijata-e-vo-uchilishteto/#respondThu, 11 May 2023 11:17:43 +0000https://kurir.mk/?p=833022Полицијата е на влезовите од гимназијата „Славчо Стојменски“ откако ученик од четврта година на Инстаграм споделил порака дека ќе дојде со пушка на училиште, објавува ММС. Во моментов полицијата, службите, родителите и ученикот се на разговор во училиштето, потврди директорот Марјан Арсов.
-Во текот на вчерашниот ден имаше дојави од странки дека има закана на социјалните медиуми од еден ученик, кој го даде алармот до нас. Ние ги презедовме сите мерки. Беа повикани целата служба, родителите, ученикот. Моментално е тука полиција, разговараме, состојбата се држи под контрола. Ги повикуваме родителите совесно мирно да ги пуштат децата на училиште, најверојатно невкусна шега, изјави Арсов.
Ова е прва ваква закана во некое штипско училиште. Се очекува и полицијата да извести за случајот.]]>Полицијата е на влезовите од гимназијата „Славчо Стојменски“ откако ученик од четврта година на Инстаграм споделил порака дека ќе дојде со пушка на училиште, објавува ММС. Во моментов полицијата, службите, родителите и ученикот се на разговор во училиштето, потврди директорот Марјан Арсов.
-Во текот на вчерашниот ден имаше дојави од странки дека има закана на социјалните медиуми од еден ученик, кој го даде алармот до нас. Ние ги презедовме сите мерки. Беа повикани целата служба, родителите, ученикот. Моментално е тука полиција, разговараме, состојбата се држи под контрола. Ги повикуваме родителите совесно мирно да ги пуштат децата на училиште, најверојатно невкусна шега, изјави Арсов.
Ова е прва ваква закана во некое штипско училиште. Се очекува и полицијата да извести за случајот.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenik-od-shtipskata-gimnazija-se-zakanil-so-pushka-politsijata-e-vo-uchilishteto/feed/0Курир дознава: Ученик од ОУ во Скопје вперил пластичен пиштол кон соученици, средношколки се заканувале преку социјална мрежа
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-doznava-uchenik-od-ou-vo-skopje-vperil-plastichen-pishtol-kon-souchenitsi-srednoshkolki-se-zakanuvale-preku-sotsijalna-mrezha/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-doznava-uchenik-od-ou-vo-skopje-vperil-plastichen-pishtol-kon-souchenitsi-srednoshkolki-se-zakanuvale-preku-sotsijalna-mrezha/#respondSat, 06 May 2023 07:34:38 +0000https://kurir.mk/?p=831176По случувањата изминативе три дена во Србија каде 13 годишен ученик усмрти 8 ученици и чувар на училиштето, а следниот ден 21 годишно момче изврши масакр убивајќи 8 и ранувајќи 14 лица, Македонија ги бележи првите инциденти.
Курир дознава дека ученик од скопско основно училиште вчера на училиште дошол со пластичен пиштол. Пиштолот играчка во еден момент го вперил кон други ученици, но потоа го предал.
Инцидентот се случил околу пладне, во училиштето кое се наоѓа на територија на Чаир. Потврда за овој настан добивме од Министерството за внатрешни работи.
-На 05.05.2023 во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетник-ученик во училиштето, постапувајќи по претходна пријава од директорката на училиштето дека извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, а потоа и го предал на неа. Известен е дежурен јавен обвинител за малолетници, велат од МВР за Курир.
Дознаваме и за уште еден инцидент кој се случил вчера во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Извори за Курир велат дека список со имиња бил забележан во една од паралелките, по што се јавила вознемиреност кај учениците. Во одговорот кој го добивме од МВР, е наведено дека четири средношколки објавиле содржина со закана на социјална мрежа.
-На 05.05.2023 полициски службеници од ПС Центар при СВР Скопје извршиле службен разговор со Е.Р. (18) и три 17-годишни малолетнички, сите ученички во средно училиште во Скопје, на кој присуствувале и нивните родители, по добиена пријава од вработени во училиштето дека ученичките на социјална мрежа постирале содржина со закана кон ученичка во истото училиште и други лица. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, одговорија од МВР.
Во двата случаи вклучен е и Центарот за социјални работи.
Министерството за образование и наука вчера информираше дека почна консултации за креирање мерки и надополнување на постоечките механизми за детекција и спречување на врсничко насилство, промена на пристапот за работа со деца со асоцијално однесување, за работа со нивните семејства и слично.
Министерот Јетон Шаќири имаше средба со академски професори и експерти од областа на педагогијата, психологијата, социологијата, безбедносните науки, со цел како што рече да дискутираат што е тоа што можат да го интегрираат во нашиот образовен систем, за да превенираат несакани настани како во соседна Србија.
Отворени и активни се електронски адреси каде младите, родителите и воопшто граѓаните ќе можат да пријавуваат врсничко насилство: [email protected] и [email protected] на албански јазик.
Од МОН најавија дека процесот на креирање мерки ќе биде инклузивен и во него ќе се вклучат сите засегнати министерства, а ќе следат и средби со МТСП, МВР и Министерството за здравство.]]>По случувањата изминативе три дена во Србија каде 13 годишен ученик усмрти 8 ученици и чувар на училиштето, а следниот ден 21 годишно момче изврши масакр убивајќи 8 и ранувајќи 14 лица, Македонија ги бележи првите инциденти.
Курир дознава дека ученик од скопско основно училиште вчера на училиште дошол со пластичен пиштол. Пиштолот играчка во еден момент го вперил кон други ученици, но потоа го предал.
Инцидентот се случил околу пладне, во училиштето кое се наоѓа на територија на Чаир. Потврда за овој настан добивме од Министерството за внатрешни работи.
-На 05.05.2023 во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетник-ученик во училиштето, постапувајќи по претходна пријава од директорката на училиштето дека извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, а потоа и го предал на неа. Известен е дежурен јавен обвинител за малолетници, велат од МВР за Курир.
Дознаваме и за уште еден инцидент кој се случил вчера во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Извори за Курир велат дека список со имиња бил забележан во една од паралелките, по што се јавила вознемиреност кај учениците. Во одговорот кој го добивме од МВР, е наведено дека четири средношколки објавиле содржина со закана на социјална мрежа.
-На 05.05.2023 полициски службеници од ПС Центар при СВР Скопје извршиле службен разговор со Е.Р. (18) и три 17-годишни малолетнички, сите ученички во средно училиште во Скопје, на кој присуствувале и нивните родители, по добиена пријава од вработени во училиштето дека ученичките на социјална мрежа постирале содржина со закана кон ученичка во истото училиште и други лица. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, одговорија од МВР.
Во двата случаи вклучен е и Центарот за социјални работи.
Министерството за образование и наука вчера информираше дека почна консултации за креирање мерки и надополнување на постоечките механизми за детекција и спречување на врсничко насилство, промена на пристапот за работа со деца со асоцијално однесување, за работа со нивните семејства и слично.
Министерот Јетон Шаќири имаше средба со академски професори и експерти од областа на педагогијата, психологијата, социологијата, безбедносните науки, со цел како што рече да дискутираат што е тоа што можат да го интегрираат во нашиот образовен систем, за да превенираат несакани настани како во соседна Србија.
Отворени и активни се електронски адреси каде младите, родителите и воопшто граѓаните ќе можат да пријавуваат врсничко насилство: [email protected] и [email protected] на албански јазик.
Од МОН најавија дека процесот на креирање мерки ќе биде инклузивен и во него ќе се вклучат сите засегнати министерства, а ќе следат и средби со МТСП, МВР и Министерството за здравство.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-doznava-uchenik-od-ou-vo-skopje-vperil-plastichen-pishtol-kon-souchenitsi-srednoshkolki-se-zakanuvale-preku-sotsijalna-mrezha/feed/0Родители тврдат дека ученик доаѓа со нож во ОУ „Браќа Миладиновци“: Бараат решение, директорката вели дека сите надлежни работат на случајот
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditeli-tvrdat-deka-uchenik-doaga-so-nozh-vo-ou-braka-miladinovtsi-baraat-reshenie-direktorkata-veli-deka-site-nadlezhni-rabotat-na-sluchajot/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditeli-tvrdat-deka-uchenik-doaga-so-nozh-vo-ou-braka-miladinovtsi-baraat-reshenie-direktorkata-veli-deka-site-nadlezhni-rabotat-na-sluchajot/#respondThu, 04 May 2023 14:25:59 +0000https://kurir.mk/?p=830583Родители од основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје бараат да се реши проблемот со еден ученик кој, според нив, носи ладно оружје во училиште и ги малтретира останатите ученици. Директорката на училиштето во изјава за МИА вели дека се преземаат сите законски мерки и дека во целиот процес се вклучени наставниот кадар и стручната служба.
Таа истакнува дека во училиштето се превземаат сите законски мерки во врска со ученикот и засилено е вклучувањето на наставниот кадар, стручната служба и директорот во периодот кога тој е присутен на настава. Вклучени се и останатите институции (Општина Аеродром, Педагошката служба при МОН, МЦСР, МВР, ДПИ).
-Во време кога се случи трагичниот настан во Белград сметам дека родителите треба да се воздржат од создавање на паника и да посветат поголемо внимание со своите деца. Стручната служба во училиштето во континуитет одржува работилница во врска со спречување на меѓуврсничкото насилство. Апелирам, родителите да го почитуваат куќниот ред и правилата во училиштето заради безбедност на учениците, вели директорката Анета Велкоска.
Родителите во писмо испратено до дел од медиумите апелираат да се реши проблемот. Тврдат дека се обратиле до Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи, Општина Аеродром и до социјалните служби, но дека од никаде немаат повратна информација. Според нив, ученикот носел нож во училиште и им се заканувал на учениците.
- Бојкотиравме и настава, свикавме и итна родителска средба во присуство на директорката на училиштето, каде што ни вети некои санкции. Првата беше постојано присуство на часови од личност назначена од директорот – тоа не се случи, зголемено надгледување од страна на дежурни наставници пред нивната училница зборот не беше одржан. Во меѓувреме се случија и други насилства. Истото дете постојано го ремети наставниот процес. Беше поднесено барање до дирекцијата на училиштето, Општина Аеродром и МОН, Центарот за социјало, за преместување на ученикот во друго училиште, се наведува во писмото од родителите.
Директорката на училиштето апелираше до медиумите да се внимава при пренесувањето на вакви сензитивни информации бидејќи, како што вели, самиот наслов во објавите предизвикува вознемиреност, а за веродостојност на целата ситуација предлага во иднина медиумите да побараат информации и од училиштето.
МИА побара одговор и од Министерството за образование и наука и од Општина Аеродром. Одговор добивме од Секторот за образование од Општина Аеродром од каде потврдуваат дека добиле поплака од родителите по што се обратиле до стручните служби на училиштето и оствариле состанок со директорката и стручните служби.
- На состанокот од страна на училиштето било посочено дека се превземаат сите законски мерки и дека максимално се работи за подобрување на состојбата. Оттаму посочуваат дека дополнително секторот е во постојана комуникација и со родителите преку советот на родители во училиштето со цел подобрување на образовниот процес. Општина Аеродром е во контакт со училиштето за овој случај, се вели во одговорот за МИА.
Од МОН во меѓувреме испратија соопштение во кое се наведува дека случувањата во нашето соседство вклучиле сериозен аларм дека институционалната, семејната и индивидуалната посветеност и грижата за правилниот раст и развој на децата треба да се подигнат на уште повисоко ниво.
- Младите денес растат во поинакви околности за разлика од минатото. Новите времиња носат поволности, нови достапни можности, но и многу нови фактори кои негативно би можеле да се одразат на однесувањето на децата и да доведат до ситуации со несакани последици. Бројни законски решенија, проектни мерки и активности досега се спроведени во оваа насока. Континуирано се зајакнуваат стручните психолошко – педагошки служби во училиштата, се спроведува советување на ученици и на родители на ученици со проблеми во однесувањето од различна природа. Се имплементираат проекти за заштита од насилство заедно со општествено одговорни компании и со меѓународни организации, велат од МОН.
Додаваат дека е започнато со ревидирање на воспитната компонента на образовниот систем, механизмите за детекција на предизвици и формите на поддршка на учениците и семејствата и дека за утре е најавена средба со универзитетски професори од областа на педагогијата и психологијата, социологијата, безбедноста и сајбер насилството и други.
- Очекуваме поддршка од сите засегнати чинители, експертската јавност, граѓанскиот и невладиниот сектор, бизнис заедницата и меѓународните партнери, кои и досега имаат важен придонес во напорите за заштита на правата на децата, за заштита на физичкото и менталното здравје, спречувањето на врсничко и неврсничко насилство и така натаму, велат од МОН.
По завршување на средбата ќе бидат соопштени заклучоците, односно препораките кои ќе бидат иницијален чекор за подигнување на институционалната грижа за правилен раст и развој на младите.]]>Родители од основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје бараат да се реши проблемот со еден ученик кој, според нив, носи ладно оружје во училиште и ги малтретира останатите ученици. Директорката на училиштето во изјава за МИА вели дека се преземаат сите законски мерки и дека во целиот процес се вклучени наставниот кадар и стручната служба.
Таа истакнува дека во училиштето се превземаат сите законски мерки во врска со ученикот и засилено е вклучувањето на наставниот кадар, стручната служба и директорот во периодот кога тој е присутен на настава. Вклучени се и останатите институции (Општина Аеродром, Педагошката служба при МОН, МЦСР, МВР, ДПИ).
-Во време кога се случи трагичниот настан во Белград сметам дека родителите треба да се воздржат од создавање на паника и да посветат поголемо внимание со своите деца. Стручната служба во училиштето во континуитет одржува работилница во врска со спречување на меѓуврсничкото насилство. Апелирам, родителите да го почитуваат куќниот ред и правилата во училиштето заради безбедност на учениците, вели директорката Анета Велкоска.
Родителите во писмо испратено до дел од медиумите апелираат да се реши проблемот. Тврдат дека се обратиле до Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи, Општина Аеродром и до социјалните служби, но дека од никаде немаат повратна информација. Според нив, ученикот носел нож во училиште и им се заканувал на учениците.
- Бојкотиравме и настава, свикавме и итна родителска средба во присуство на директорката на училиштето, каде што ни вети некои санкции. Првата беше постојано присуство на часови од личност назначена од директорот – тоа не се случи, зголемено надгледување од страна на дежурни наставници пред нивната училница зборот не беше одржан. Во меѓувреме се случија и други насилства. Истото дете постојано го ремети наставниот процес. Беше поднесено барање до дирекцијата на училиштето, Општина Аеродром и МОН, Центарот за социјало, за преместување на ученикот во друго училиште, се наведува во писмото од родителите.
Директорката на училиштето апелираше до медиумите да се внимава при пренесувањето на вакви сензитивни информации бидејќи, како што вели, самиот наслов во објавите предизвикува вознемиреност, а за веродостојност на целата ситуација предлага во иднина медиумите да побараат информации и од училиштето.
МИА побара одговор и од Министерството за образование и наука и од Општина Аеродром. Одговор добивме од Секторот за образование од Општина Аеродром од каде потврдуваат дека добиле поплака од родителите по што се обратиле до стручните служби на училиштето и оствариле состанок со директорката и стручните служби.
- На состанокот од страна на училиштето било посочено дека се превземаат сите законски мерки и дека максимално се работи за подобрување на состојбата. Оттаму посочуваат дека дополнително секторот е во постојана комуникација и со родителите преку советот на родители во училиштето со цел подобрување на образовниот процес. Општина Аеродром е во контакт со училиштето за овој случај, се вели во одговорот за МИА.
Од МОН во меѓувреме испратија соопштение во кое се наведува дека случувањата во нашето соседство вклучиле сериозен аларм дека институционалната, семејната и индивидуалната посветеност и грижата за правилниот раст и развој на децата треба да се подигнат на уште повисоко ниво.
- Младите денес растат во поинакви околности за разлика од минатото. Новите времиња носат поволности, нови достапни можности, но и многу нови фактори кои негативно би можеле да се одразат на однесувањето на децата и да доведат до ситуации со несакани последици. Бројни законски решенија, проектни мерки и активности досега се спроведени во оваа насока. Континуирано се зајакнуваат стручните психолошко – педагошки служби во училиштата, се спроведува советување на ученици и на родители на ученици со проблеми во однесувањето од различна природа. Се имплементираат проекти за заштита од насилство заедно со општествено одговорни компании и со меѓународни организации, велат од МОН.
Додаваат дека е започнато со ревидирање на воспитната компонента на образовниот систем, механизмите за детекција на предизвици и формите на поддршка на учениците и семејствата и дека за утре е најавена средба со универзитетски професори од областа на педагогијата и психологијата, социологијата, безбедноста и сајбер насилството и други.
- Очекуваме поддршка од сите засегнати чинители, експертската јавност, граѓанскиот и невладиниот сектор, бизнис заедницата и меѓународните партнери, кои и досега имаат важен придонес во напорите за заштита на правата на децата, за заштита на физичкото и менталното здравје, спречувањето на врсничко и неврсничко насилство и така натаму, велат од МОН.
По завршување на средбата ќе бидат соопштени заклучоците, односно препораките кои ќе бидат иницијален чекор за подигнување на институционалната грижа за правилен раст и развој на младите.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditeli-tvrdat-deka-uchenik-doaga-so-nozh-vo-ou-braka-miladinovtsi-baraat-reshenie-direktorkata-veli-deka-site-nadlezhni-rabotat-na-sluchajot/feed/0Наставничка нападнала ученик во училиште во Гостивар
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nastavnichka-napadnala-uchenik-vo-uchilishte-vo-gostivar/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nastavnichka-napadnala-uchenik-vo-uchilishte-vo-gostivar/#respondThu, 23 Mar 2023 16:36:35 +0000https://kurir.mk/?p=815626Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.И.(53) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата “.
На 06.03.2023 во основно училиште во Гостивар, пријавената – наставничка во училиште, за време на час физички нападнала еден ученик.]]>Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.И.(53) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата “.
На 06.03.2023 во основно училиште во Гостивар, пријавената – наставничка во училиште, за време на час физички нападнала еден ученик.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nastavnichka-napadnala-uchenik-vo-uchilishte-vo-gostivar/feed/0Професорка од Флорида му одзела Нинтендо на ученик, а тој брутално ја претепал (ВИДЕО)
https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/profesorka-od-florida-mu-odzela-nintendo-na-uchenik-a-toj-brutalno-ja-pretepal-video/
https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/profesorka-od-florida-mu-odzela-nintendo-na-uchenik-a-toj-brutalno-ja-pretepal-video/#respondSat, 25 Feb 2023 12:39:27 +0000https://kurir.mk/?p=804916
Во училиште во Флорида дошло до насилство кога ученик физички нападнал професорка откако на час му одзела видео игра Нинтендо.
На вознемирувачкото видео се гледа 17-годишно момче како трча кон професорката која се врти кон него пред тој насилно да ја собори на подот.
Ученикот, за кој Њујорк пост пишува дека тежи 113 килограми, продолжил да ја удира со нозете веќе онесвестената професорка во средното училиште Матанзас во Палм Коуст.
Уште неколку вработени, кои биле сведоци на овој брутален напад, истрчале да го одвојат ученикот од професорката, која веднаш била пренесена во локалната болница.
Се очекува таа да се опорави од повредите.
„Ученикот тврди дека жртвата го изнервирала кога го земала неговото Нинтендо за време на часовите“, се вели во соопштението на полицијата.
Во извештајот за апсење се вели дека полицајците ја нашле професорката облеана во крв и онесвестена на местото на настанот.
Разбеснетиот ученик кој живее во колективно сместување и викал на полицијата дека ќе ја „убие“ кога ќе се врати на училиште.
Во текот на рочиштето тој повеќепати ја прашувал полицијата кога ќе биде пуштен на слобода, а станал насилен и во станицата кога не добил позитивен одговор.
„Постапките на овој ученик се апсолутно ужасни и неприфатливи“, рече шерифот на округот Волузија, Рик Стејли.
„Се надеваме дека жртвата брзо ќе закрепне од овој инцидент, и физички и психички“, заклучи тој.
Ученикот е предаден на одделението за малолетничка деликвенција,пренесуваат светските медиуми.
]]>

]]>https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/profesorka-od-florida-mu-odzela-nintendo-na-uchenik-a-toj-brutalno-ja-pretepal-video/feed/0Наставник претепал ученик во основно училиште во Гази Баба
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nastavnik-pretepal-uchenik-vo-osnovno-uchilishte-vo-gazi-baba/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nastavnik-pretepal-uchenik-vo-osnovno-uchilishte-vo-gazi-baba/#respondThu, 09 Feb 2023 16:24:45 +0000https://kurir.mk/?p=798548На 09.02.2023 во 11.00 часот во Полициска станица Гази Баба, Н.Ј.(51) пријавил дека на 07.02.2023 околу 11.00 часот неговиот малолетен внук бил физички нападнат од страна на учител во основно училиште на подрачјето на Гази Баба.
Во врска со случајот, на 08.02.2023 во 22.40 часот од ГОБ „Св.Наум Охридски" е пријавено дека кај нив е донесен повреден малолетник кој бил физички нападнат од учителот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
]]>На 09.02.2023 во 11.00 часот во Полициска станица Гази Баба, Н.Ј.(51) пријавил дека на 07.02.2023 околу 11.00 часот неговиот малолетен внук бил физички нападнат од страна на учител во основно училиште на подрачјето на Гази Баба.
Во врска со случајот, на 08.02.2023 во 22.40 часот од ГОБ „Св.Наум Охридски" е пријавено дека кај нив е донесен повреден малолетник кој бил физички нападнат од учителот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nastavnik-pretepal-uchenik-vo-osnovno-uchilishte-vo-gazi-baba/feed/0Наставник нападнал ученик во тетовско училиште
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nastavnik-napadnal-uchenik-vo-tetovsko-uchilishte/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nastavnik-napadnal-uchenik-vo-tetovsko-uchilishte/#respondTue, 07 Feb 2023 15:51:54 +0000https://kurir.mk/?p=797382
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(43) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.
На 13.12.2022 во средно училиште во Тетово, пријавениот, додека одржувал настава, физички нападнал еден ученик.

]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nastavnik-napadnal-uchenik-vo-tetovsko-uchilishte/feed/0