учење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 06 Mar 2022 21:31:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png учење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Никогаш не е доцна да учите, еве како полесно да совладате странски јазик! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nikogash-ne-e-docna-da-uchite-eve-kako-polesno-da-sovladate-stranski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nikogash-ne-e-docna-da-uchite-eve-kako-polesno-da-sovladate-stranski-jazik/#respond Sun, 06 Mar 2022 21:31:25 +0000 https://kurir.mk/?p=641998

Како полесно да совладате странски јазик? Не очекувајте да бидете перфектни Ова е можеби најважниот совет кој треба да го примените кога започнувате да учите странски јазик. Потребно е многу време и труд за јазикот да се совлада, па доколку тежнеете кон перфекција, може да се обесхрабрите. Бидете трпеливи и упорни и најважно од сè, бидете задоволни од својот напредок. Не заборавајте, ништо не се постигнува преку ноќ! Ставете налепници на предметите во домот Ова е многу корисен начин да совладате што повеќе поими. Ставете налепници на што повеќе предмети, на пример, ако учите англиски, на шпоретот ставете налепница „oven”. Секојдневното среќавање со зборовите од налепниците ќе ви помогне брзо и лесно да го збогатите вашиот речник. Учете редовно Обидете се секој ден да посветите време на учењето. Ќе има денови кога ќе имате впечаток дека ништо не сте научиле, но тоа не смее да биде причина да прескокнете час. Без разлика дали учите сами или посетувате училиште за јазици, редовноста е клуч за успех. Зборувајте си сами со себе Во почетокот можеби ќе ви биде смешно, но кога ќе се навикнете ќе забележите колку е корисно. Гласно разговарајте со замислен соговорник, смислувајте разни ситуации, прашувајте и одговарајте. Обидете се да користите што повеќе нови зборови и изрази. Внимателно слушајте Правилниот изговор е многу важен. Без разлика дали гледате телевизија, слушате музика или имате можност да слушате разговор на јазикот кој го учите, внимателно слушајте и повторувајте ги зборовите. Најдете си партнер за учење Јазикот најлесно се совладува кога имате соговорник. Најдете си партнер и користете ја секоја можност да разговарате и да работите на граматиката. Методи има многу, без разлика кои ќе ги примените, ако сте упорни и покажете интерес, резултати сигурно ќе има. Никогаш не е доцна, не заборавајте дека човекот учи додека е жив!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nikogash-ne-e-docna-da-uchite-eve-kako-polesno-da-sovladate-stranski-jazik/feed/ 0
Овие јазици се најтешки за учење (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovie-jazici-se-najteshki-za-uchenje-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovie-jazici-se-najteshki-za-uchenje-video/#respond Fri, 22 Oct 2021 20:53:04 +0000 https://kurir.mk/?p=584015

Со доволен труд и посветеност, може да се научи секој јазик и тоа на добро ниво. Но, не секој јазик се учи со иста брзина и леснотија. Некои се потешки од други, а тоа зависи и кој е вашиот мајчин јазик и колку е поврзан со јазикот кој сакате да го научите. Дваесетте јазици кои генерално се сметаат за најтешки се токму во ова видео: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovie-jazici-se-najteshki-za-uchenje-video/feed/ 0
Прв ден тест на националната платформа за учење: Пад на системот, учениците не можат да се вклучат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-den-test-na-nacionalnata-platforma-za-uchenje-pad-na-sistemot-uchenicite-ne-mozat-da-se-vkluchat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-den-test-na-nacionalnata-platforma-za-uchenje-pad-na-sistemot-uchenicite-ne-mozat-da-se-vkluchat/#respond Mon, 28 Sep 2020 09:37:03 +0000 https://kurir.mk/?p=409509

Денеска започна тестирањето на националната платформа за учење, и веднаш уште од првиот ден наиде на проблеми. Најпрво системот беше паднат, односно учениците и наставниците не можеа да дојдат до страницата, а потоа кога беше овозможен пристап, немаше можност за вклучување (логирање). Од МОН со смирувачки тонови, велејќи дека тоа е дел од тестирањето, и дека постојат моментални проблеми, но дека истите ќе бидат решени. Додаваат дека не станува збор за никаков проблем со платформата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-den-test-na-nacionalnata-platforma-za-uchenje-pad-na-sistemot-uchenicite-ne-mozat-da-se-vkluchat/feed/ 0
Слаби образовни инвестиции: Учениците во земјава по 13 години учење добиваат знаење како за 7,3 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slabi-obrazovni-investicii-uchenicite-vo-zemjava-po-13-godini-uchenje-dobivaat-znaenje-kako-za-7-3-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slabi-obrazovni-investicii-uchenicite-vo-zemjava-po-13-godini-uchenje-dobivaat-znaenje-kako-za-7-3-godini/#respond Thu, 17 Sep 2020 08:41:17 +0000 https://kurir.mk/?p=404443

Индексот на човечи капитал на Светска банка во земјава во периодот 2010 – 2020 година се зголемил од 0,54 на 0,56, но сепак е понизок споредено со просекот во регионот на Европа и Централна Азија и земјите со висок среден приход. Според Индексот на човечки капитал, дете родено денес во Северна Македонија ќе достигне 56 проценти од својот потенцијален човечки капитал кога ќе порасне, во споредба со она што би можело да го достигне доколку има квалитетно образование и здравствена заштита. – Дете, кое во Северна Македонија започнува со училиште на четиригодишна возраст се очекува да заврши 11 години предучилишно, основно и средно образование додека да наполни 18 години. Меѓутоа, кога годините на школување ќе се приспособат според квалитетот на наученото, тоа е еквивалентно на само 7,3 години, што значи дека има јаз во учењето од 3,7 години, се наведува во извештајот на Светска банка. Индексот на човечки капитал, кој ги мери резултатите од човечкиот капитал низ целиот свет пред пандемијата. Во него за резултатите во здравството во земјава се наведува дека 99 од 100 деца родени во Северна Македонија доживуваат до петгодишна возраст. – Северна Македонија од 2010 година направи значителни напори во подобрување на резултатите во образованието и здравството, но сѐ уште постојат предизвици. За подобрување на човечкиот капитал, земјата треба да инвестира повеќе во квалитет и рамномерен пристап во образованието, вели Масимилиано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка во земјава. Тој додава дека исто така, многу е важно и зајакнување на системот за превенција од хронични незаразни болести, преку подобрување на скринингот, управувањето и контролата. Изветајот наведува дека земјите од регионот имаат релативно повисоки приходи, така што се во можност да инвестираат повеќе во основно образование и здравствени услуги, споредено со посиромашните земји. – Владите во Европа и Централна Азија дадоа приоритет на инвестициите во здравството и образованието, кои се главни двигатели на растот и развојот. Сепак, за предизвиците предизвикани од КОВИД-19 потребен е посилен одговор на политиките, што вклучува поголемо користење на технологијата со цел подобрување на услугите и подобрени програми за социјална заштита, со цел постигнување подобар квалитет на образованието и здравствените услуги за граѓаните, порачува Ана Бјерде, потпретседатлка на Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија. Извештајот вклучува и десетгодишна анализа за развојот на човечкиот капитал од 2010 до 2020 година во 103 земји. Албанија, Азербејџан и Русија се меѓу 10-те земји кои бележат прогрес во здравството и образованието. Резултатите покажуваат дека во здравството во регинот се релативно добри, во рамки на глобалните стандарди. Во последните 10 години, смртноста на децата значително е намалена во Азербејџан, Казахстан и Турција, а забележано е значително намалување на  стапките на забавување во развојот кај децата во Албанија, Азербејџан, Северна Македонија и Турција. Стапката на смртност кај возрасните е намалена особено во Казахстан, Русија и Украина, но се уште останува висока во повеќето земји.
Во делот на образованието извештајот покажува дека во просек, квалитетот на образованието не се подобри во целиот регион во изминатата деценија. Од Светска банка во извештајот наведуваат дека сепак, пандемијата предизвикана од КОВИД-19 се заканува на досегашните придобивки, додека владите се трудат да ги одржат здравствените и образовните услуги соочени со ограничувањата за заштита на јавното здравје, вклучително и затворање на училиштата.
Индексот на човечки капитал на Светска банка го разгледува патот на детето, од раѓање до 18 години, според утврдени стандарди (показатели) како што се: преживување на децата (од раѓање до 5 години); очекувани години на основно и средно образование прилагодени според квалитетот на образованието; забавување во развојот кај децата; и стапки на преживување кај возрасните. Индексот на човечки капитал 2020 базиран на податоци до март оваа година, обезбедува основа од периодот пред пандемијата, што може да помогне во информирањето на здравствените и образовните политики и инвестициите за пост-пандемиско закрепнување. Светска банка помага на владите во развој на долгорочни решенија преку кои ќе изградат поотпорни, инклузивни економии во периодот по пандемијата. Примери за таквата работа ја вклучува Украина, каде Светска банка помага во зајакнување на одговорот на земјата во борба против КОВИД–19, и вклучува модернизација на одделите за итна помош и одделенијата за мозочен удар во 40 болници, како и обука за илјадници доктори во Украина. Во Турција, Светска банка го поддржува развојот на ТВ и дигитални содржини за комбинирано поучување  и учење кога училиштата повторно ќе се отворат.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slabi-obrazovni-investicii-uchenicite-vo-zemjava-po-13-godini-uchenje-dobivaat-znaenje-kako-za-7-3-godini/feed/ 0
Студија: Девојките во Германија учеле повеќе за време на пандемијата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/studija-devojkite-vo-germanija-uchele-povekje-za-vreme-na-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/studija-devojkite-vo-germanija-uchele-povekje-za-vreme-na-pandemijata/#respond Wed, 05 Aug 2020 14:07:23 +0000 https://kurir.mk/?p=386692

Девојките во Германија учеле позасилено и повеќе време минувале на креативни проекти отколку момчињата за време на германската блокада поради коронавирусот, но и девојчињата и момчињата повеќе ги нервираат своите родители отколку пред затворањето на училиштата во март. Просечното време на децата поминато за наставни активности се спуштило на 3,6 часа на ден, од 7,4-часовната норма, се наведува во студија на Институтот Ифо. По повторното отворање на училиштата во наредните недели, истражувањето покажа дека 64 отсто од родителите веруваат дека нивните деца научиле многу помалку за време на пандемијата. Во меѓувреме, времето поминато на гледање телевизија, играње компјутерски игри или користење мобилни телефони се зголеми на 5,2 часа на ден од четири. Девојките користеле конзоли и телефони еден час помалку на ден од момчињата, но поминале половина час повеќе на учење, 20 минути повеќе на читање и креативна забава и 15 минути повеќе на социјалните медиуми. Родителите го дуплирале времето поминато на помагање на децата во активности за учење на еден час на ден, покажа студијата, при што многумина од нив се расправаат повеќе од порано. – Резултатите покажуваат колку е важно да се вратиме на нормалните часови во училиштата со следење на заштитни мерки, велат од Ифо. Децата ќе мора да носат маски барем дел од времето и да се придржуваат до физичка дистанца. Германија има релативно малку смртни случаи од Ковид-19, делумно благодарение на распространетите тестови и добро опремениот здравствен систем. Но, во последниве недели, случаите на инфекција се зголемени, при што здравствените експерти укажуваат на пониско почитување на правилата за хигиена и дистанца. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/studija-devojkite-vo-germanija-uchele-povekje-za-vreme-na-pandemijata/feed/ 0
Жени, учете: Повеќе образование, подолг живот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zeni-uchete-povekje-obrazovanie-podolg-zivot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zeni-uchete-povekje-obrazovanie-podolg-zivot/#respond Wed, 10 Jun 2020 17:14:29 +0000 https://kurir.mk/?p=356286

Жените кои немаат високо образование, имаат пократок животен век со по неколку години, покажа истражувањето спроведено во Универзитетскиот колеџ во Лондон. Ниското образование го скратува животот. Тоа е особено точно за жените во зрела возраст, кои не знаат да читаат. Тој недостиг на информација може да има негативен ефект врз здравјето, категорични се експертите. Истражувањето покажа уште дека една третина од возрасните мажи и жени немаат доволно познавање од темите кои се однесуваат на здравјето. Па затоа кај нив ризикот е неколку пати поголем од појава на разни болести. Недостатокот на писменост и образование кај луѓето општо кажано, води до лоши последици во однос на здравјето. Луѓето треба да знаат како да се грижат за себе и своето здравје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zeni-uchete-povekje-obrazovanie-podolg-zivot/feed/ 0
Brainster наполни 3 години: Eве што научивме по пат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/brainster-napolni-3-godini-eve-shto-nauchivme-po-pat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/brainster-napolni-3-godini-eve-shto-nauchivme-po-pat/#respond Tue, 04 Dec 2018 09:43:28 +0000 https://kurir.mk/?p=135466

Пред 3 години го основав Brainster - училиштето на иднината кое ќе работи со поединци и компании за да им овозможи персонален и професионален раст. Мисијата на Brainster е: Да помогне на 1 милион луѓе да дојдат до кариера која од секогаш ја посакувале. Можеби звучи лудо, но и пред 3 години звучеше лудо тоа што кажував дека ќе го направам со Brainster, па се случи.

Клучните работи кои ја одбележаа оваа година:

  1. Тимот на Brainster порасна од 5 на 14 вработени и нови отворени работни позиции во моментов.
  2. Имаме нови канцеларии во Дебар Маало.
  3. Нашите студенти изработија нови продукти со кои се гордееме.
  4. Ја лансиравме Академијата за Дизајн и првата група е во тек.
  5. Ја поминавме бројката од 6000 луѓе кои биле дел од нашите програми.
  6. Креиравме уште успешни приказни.
  7. На 60+ нови компании им помогнавме да ги обучат вработените.
  8. Започнавме со POPUP курсевите кои станаа популарни кај компаниите и поединците.
По 3 години од основањето, тимот на Brainster се состои од 14 луѓе (13 дипломирани на академиите на Braisnter), 50+ инструктори, 50+ партнерски компании, 160+ компании кои ги развиваат вештините на вработените преку нашите курсеви, одржани првите курсеви надвор од Македонија, и 6000+ учесници кои ја трансформираа својата кариера. Имавме успешна година и уште поголеми планови за во иднина.

Еве неколку лекции кои ги научив во 2018:

Дефиниција за успех Погоре спомнав „Имавме успешна година“ па би тргнал од таму. Која е дефиницијата за успех? Ако продолжиме да го мериме успехот само од финансиска гледна точка тоа е краткорочен и неодржлив план. Треба да се земат предвид сите shareholders, КЛИЕНТИ, партнери, соработници, вработени. Како работењето директно и индиректно влијае на целата заедница? На тој начин креирај пат за долгорочен успех. Создавај лидери внатре во тимот Изгради лидер кој ти би го следел. Инвестирај огромен дел од твоето време за да им направиш пат на членовите од тимот, и да можат да те надраснат. Погрижи се на секој од нив да му е овозможено да расте, да се надградува, да го работи она што го сака, да придонесува за компанијата и луѓето внатре. Со сигурност во тимот имаш луѓе без кои не можеш да функционираш. Погрижи се да го дознаат тоа. Погрижи се сите членови од тимот да знаат колку придонесуваат. Слушај ги. Прави ги работите што ги правиш добро а за другите работи вработи луѓе што се МНОГУ подобри од тебе Престани да работиш работи во кои си лош иако светот и образованието те учат да работиш на слабостите. Сметам дека тоа е многу погрешно. Ако се фокусираш на работите во кои си добар ќе имаш подобар ROI. За останатите вработи луѓе кои се многу подобри и попаметни од тебе во работата за која се вработени. Треба да ја фокусираме целата енергија на она што го сакаме и да ги работиме тие работи најдобро што можеме. Тоа ќе донесе многу повеќе резултати отколку да посветување внимание на повеќе работи кои ќе бидат сработени половично. Доволно е да бидеме добри во 1-2 работи за да направиме позитивно влијание на светот и заедницата. Тоа што јас го правам - еднаш месечно поминувам низ to-do листата за претходниот месец. Гледам кои од работите што сум ги завршил носат вредност за компанијата, кои работи можам да ги делегирам, а кои работи не носат никаква вредност за компанијата и можам да престанам да ги правам.

УЧИ

Разликата во вештините кои ги знаеш и оние кои се потребни на пазарот на труд постојано се зголемува. Технологијата се развива побрзо од човекот. Вештините кои се учат на факултет во најголем дел се вештини кои веќе одамна не се потребни а дипломата од факултет станува се поирелевантна за компаниите. Но тоа не е оправдување за тебе. Се прашуваш како да останеш релевантен? Земи го образованието во свои раце, научи да програмираш, научи UX дизајн, дигитален маркетинг, научи за бихевиорална психологија, играј си со податоци, биди љубопитен/а. Ако имаш твоја компанија или водиш тим, погрижи се вработените постојано да учат. Земете онлајн курсеви, посетувајте офлајн курсеви, конференции или академии, читајте книги, информирајте се за новостите во технологијата и постојано учете нови работи.

Никој не може да живее без рутина:

Одреди време кога ќе стануваш, кога ќе почнеш да работиш, време за твојот тим, време за вежбање, време за пријателите и време за себе. Направи рутина и придржувај се до неа. Храни се здраво. Медитирај. Ова е еден мој ден: 5.30 / Будење. 5.30 - 6:00 / Подготвување на доручек и кафе. 6:00 - 9:00 / Време за себе и слободни активности. Неколку месеци го практикувам ова. Денот ми започнува многу споро и со слободни активности. Без состаноци, без работа. Ова време е само за мене. Слушам музика, пијам кафе, читам книга, вежбам кардио, медитирам, поминувам време со кучињата, си го планирам денот. 9:00 - 18:00 / Работа. 18:00 - 19:30 / Вежбање. 19:30 - 22:00 / Време за пријателите и блиските. 22:00 - 00:00 / Работа. 00:00 - 05:30 / Спиење. Имањето на рутина не влијае позитивно само на продуктивноста туку и на стресот. Запрашај се, зошто го правиш ова? Зошто го работам ова, зошто сум дел од Brainster, зошто заслужувам колегите да работат со мене, зошто некогаш работам и по 15 саати во 1 ден..? Градење на бизнис не е спринт, туку серија на спринтови и маратони. За да победиш на крај мора да имаш одговор на прашањето „Зошто го правам ова?“ Мојот одговор е: Сакам да работам за себе, сакам да создавам работи, сакам да учам и да подучувам, сакам да креирам и продавам производи кои ќе ги направат среќни моите клиенти, сакам кога ги гледам првите клиенти како се уште ни се клиенти, сакам кога гледам како на учесници на нашите програми им помагаме да дојдат до нова кариера, сакам да гледам како моите колеги растат, како во тимот се создаваат следните лидери, сакам да правам прогрес, да победувам, да ги направам работите да бидат подобри за моите клиенти, моите колеги, соработници… Tоа е играта која вреди да се победи. Не се фокусирај да работиш против другите или да правиш нешто за да бидеш подобар од некој. Престани да се натпреваруваш во игри во кои ти не си во можност да ги поставиш правилата. Скокни ја таа игра. Работам затоа што сакам, не затоа што треба. Say no to more dumb shit. Во превод: приоритетизирај. Вклучи се во помалку работи но со повисок интензитет.  Како лидер вклучи се само во активности кои носат голема вредност за компанијата. Помогни му на тимот да се фокусира на приоритетите. Секој член на тимот треба да биде одговорен за некој дел од работата. Дадете им ownership на членовите на тимот над процесите во компанијата. Дефинирање на KPIs ќе ти помогне да го фокусираш тимот и бизнисот кон приоритетните работи. Одреди 5-10 KPIs, и одговорен за секој KPI. Одржувај неделни KPI состаноци каде ќе ги презентирате резултатите и ќе преземате акции за подобрување.

Еxecute, execute, execute

Фокусирај се на реализација. Најголемиот проблем што го увидов во последната година кај компаниите а особено е изразено кај новооснованите компании или стартапите е тоа што се слаби во реализацијата. Сите имаат добри идеи, сите имаат многу идеи… И лоши идеи. Сите имаат листа на работи кои треба да ги реализираат. Сите имаат идеи што ќе направат во 2019 година. Но не и план за реализација. Недостасува стуктуриран пристап кон реализација. Тука може да помогне една едноставна табела каде ќе ги запишете идеите, потребни ресурси за реализирање на идеите, временска рамка, одговорен, проценка на вредноста што ќе ја добие компанијата. Дајте им структура на иновациите за да станат реалност. Успешна компанија не се гради преку ноќ, ама затоа треба на тоа да се работи секој ден. Благодарам на сите што бевте дел од Brainster до сега. Ви благодарам што правите нашата работа да изгледа како колективна аватура. Ви благодарам што ни помагате да ја оствариме нашата мисија да ги создадеме новите генерации на дигитални номади, претприемачи и иноватори. Секојдневното иновирање е она што ни го овозможува овој раст. Имаш идеи за како да се вклучиш? Стани дел од Brainster заедницата преку https://brainster.co До следниот milestone!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/brainster-napolni-3-godini-eve-shto-nauchivme-po-pat/feed/ 0