училишна година – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Aug 2023 12:23:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png училишна година – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Србија се воведува наставен предмет – „Доблестите и вредностите како животен компас“, а во Хрватска – практични вештини https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-se-voveduva-nastaven-predmet-doblestite-i-vrednostite-kako-zhivoten-kompas-a-vo-hrvatska-praktichni-veshtini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-se-voveduva-nastaven-predmet-doblestite-i-vrednostite-kako-zhivoten-kompas-a-vo-hrvatska-praktichni-veshtini/#respond Wed, 23 Aug 2023 12:23:34 +0000 https://kurir.mk/?p=870018

Од почетокот на новата учебна година во Србија се воведува нов предмет кој ќе се изучува како изборен предмет - „Доблестите и вредностите како компас за живот“, јавува денеска државната ТВ РТС. Елеонора Влахович од Институтот за подобрување на образованието и воспитанието, чии експерти ја развија темата, за РТС изјави дека „Доблестите и вредностите како животен компас“ е нов изборен предмет кој вклучува дискусија за теми како што се семејството, здравството, образованието, мир. Наставникот има слобода да ги ангажира учениците и со други вредности. Нема писмени вежби и тестови на оваа тема. Целта е да се разговара за различни провокативни теми, да се поканат гостите да зборуваат за одредени прашања, да разменат искуства, да дебатираат за различни ставови. Ова е бесплатна активност за учење и е наменета за учениците од петто до осмо одделение, изјави Влахович за РТС. Училишната година во Србија започнува на 1 септември. И хрватските училишта од оваа есен ќе воведат нов предмет - за практични вештини, објавија локалните медиуми. Подготовка на здрава храна, правење план за оброци, прва помош, едноставни поправки на чевли и облека се дел од вештините што учениците треба да ги научат како дел од овој предмет. Практичните вештини како предмет на изучување се избрани за експерименталната програма „Основното училиште како целодневно училиште“ - заедно со предметите како „Светот и јас“, „Информации и дигитални вештини“, „Општество“ и други.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-se-voveduva-nastaven-predmet-doblestite-i-vrednostite-kako-zhivoten-kompas-a-vo-hrvatska-praktichni-veshtini/feed/ 0
Царовска се однесува како почетокот на учебната година да ја изненадил како снег во мај, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-se-odnesuva-kako-pochetokot-na-uchebnata-godina-da-ja-iznenadil-kako-sneg-vo-maj-reagiraat-od-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-se-odnesuva-kako-pochetokot-na-uchebnata-godina-da-ja-iznenadil-kako-sneg-vo-maj-reagiraat-od-vmro-dpmne/#respond Wed, 01 Sep 2021 07:10:14 +0000 https://kurir.mk/?p=557610

Мила Царовска и Владата прокоцкаа цело лето и не создадоа услови за физичко присуство на учениците на настава од денес, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Голем број училишта низ дрмавата не се спремни. Дезинфекција нема. Протоколите имаат пропусти. Царовска наместо да набави брзи тестови за учениците и да создаде систем за брзо изолирање на КОВИД позитивни жртвува повторно цела година. Само прашање на време е кога Царовска повторно ќе ја воведе онлајн наставата. Учениците немаат услови за учење Царовска ги донесе до ситуација од една книга да учат две дечиња. Царовска не обезбеди книги и наставен материјал, векат од ВМРО-ДПМНЕ. Обвинуваат дека Царовска се однесува како стартот на учебната година да ја изненадило како снег во мај. -Образовниот систем е дотолчен од аматеризмот на Царовска. Време е да се стави крај на експериментите. Време е за промени, посочија од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-se-odnesuva-kako-pochetokot-na-uchebnata-godina-da-ja-iznenadil-kako-sneg-vo-maj-reagiraat-od-vmro-dpmne/feed/ 0
Почнува распустот за учениците, ќе се одлучува како ќе продолжи наставата од септември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-raspustot-za-uchenicite-kje-se-odluchuva-kako-kje-prodolzi-nastavata-od-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-raspustot-za-uchenicite-kje-se-odluchuva-kako-kje-prodolzi-nastavata-od-septemvri/#respond Thu, 10 Jun 2021 05:15:34 +0000 https://kurir.mk/?p=521291

За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден во учебната 2020/2021 година. Според изменетиот Календар за организација на работата на училиштата (основни и средни) почетокот беше одложен за 1 октомври, а бројот на наставни денови намален од 180 на 159. Учебната година почна еден месец подоцна поради потребата антиковид-протоколите за реализација на различни начини на настава да бидат законски усвоени во Собранието кое, пак, требаше да биде конституирано по одржаните парламентарни избори минатиот јули. Во двете полугодија образовниот процес беше организиран по комбиниран модел – мнозинството ученици следеа настава на далечина, главно преку платформата Мајкрософот тимс, а на часови со физичко присуство беа најмалите до трето одделение и од повисоки одделенија во помали училишта – подрачни и во рурални средини. Ученици без ИТ-уреди имаа можност за настава на Македонската радио-телевизија и добиваа печатени материјали. МОН во соработка со Комисијата за заштита од заразни болести и Министерството за здравство, ќе утврдува како ќе се реализира наставата во 2021/2022, што ќе зависи од состојбата со коронавирусот во земјава. Министерката Мила Царовска вчера изјави дека е во постојана комуникација со премиерот и министерот за здравство во врска со враќањето на учениците на 1 септември во училиштата. -Сите ние имаме една иста желба, а тоа е во септември да ги видиме училишните дворови полни со детски насмевки, училниците да се полни со ученици, а тоа најмногу ќе зависи од епидемиолошката состојба, рече Царовска. За учениците кои завршуваат основно образование, од понеделник (14 јуни) претстои пријавување за упис во средните училишта во кои, според објавениот Конкурс, слободни се 30 053 места во 913 паралелки во 109 средни училишта. Матурантите, пак, утре ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура кој е изборен меѓу предметите математика, странски јазик, филозофија или естетика. Првиот, задолжителен испит по мајчин јазик (македонски/албански/турски јазик и литература) го полагаа во саботата. Поради отежнатите услови за настава и на барање на Сојузот на средношколци, за оваа генерација матуранти е изменет концептот на државната матура откако во февруари беше постигнат договор со Владата – полагаат еден екстерен испит помалку од минатите години и имаат тестови по скратени наставни програми за сите испити (екстерни и интерни). Во текот на оваа учебна година Министерството за образование и наука подготви и најави повеќе новини за наредната. Во март ја усвои новата Концепција за основно образование според која ќе се учи по нови наставни програми. Од септември тие најпрво ќе бидат воведени во прво и во четврто одделение и веќе се изработени, а во наредните пет години се планира за целото основно образование. МОН изработи и нов закон за учебници со цел да се применуваат дигитални содржини. Според планот, од 2021/2022 дигитални учебници ќе бидат во употреба за четвртоодделенците, а во идните години во повисоките одделенија во основното, како и во средното образование. За учениците до трето одделение ќе останат во употреба печатените (хартиени) учебници. Предлог-законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование е во процедура во Собранието, а поради барања тој да биде повлечен, законодавниот дом прими и предлог на иницијатива од родители да се распише референдум за непосредно изјаснување на граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-raspustot-za-uchenicite-kje-se-odluchuva-kako-kje-prodolzi-nastavata-od-septemvri/feed/ 0
Почнува учебната година за учениците и студентите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-uchebnata-godina-za-uchenicite-i-studentite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-uchebnata-godina-za-uchenicite-i-studentite/#respond Thu, 01 Oct 2020 05:54:51 +0000 https://kurir.mk/?p=410846

Одложено за учениците и редовно за студентите почнува учебната 2020/2021 година која е со многу неизвесности поради непредвидливост со заразата од КОВИД-19. Училишната година денеска треба да ја почнат 270 000 средношколци и основци, меѓу кои 19 илјади се првачиња – еден дел ќе бидат во клупите, а поголеми дел ќе учат онлајн од дома. Учениците до трето одделение, освен оние чии родители не се согласиле, наставата ќе ја следат со физичко присуство. Останатите основци од повисоките одделенија и средношколците со своите наставници ќе комуницираат преку националната платформа за учење од далечина која не е разработена, но, како што информираа од МОН и креаторите од ФИНКИ, слабостите се откриваат тековно, се отстрануваат и очекуваат целосно да биде функционална и да ја издржи оптовареноста од сите корисници. Ресорната министерка Мила Царовска очекува дека најголем дел од учениците и наставниците денеска без проблеми ќе може да се приклучат на делот „Мајкрософт тимс“ каде што се креирани часови по одделенија и дека наставата ќе почне со двонасочна комуникација. Оваа апликација на „Мајкрософт“ поактивно ќе се користи додека се надминат слабостите со платформата која во моменти на напад, како што рече Царовска, не може да отвори одредени функционалности, кога во исто време се приклучени голем број наставници и ученици. – Важно е образовниот процес да стартува, а ресурсите со кои располагаме се тие. Ние за три недели направивме децениски скок во дигитализација на образованието во државата. Она што го имаме, со тоа располагаме, ова е огромна лекција зошто треба да се инвестира тековно и неодложно во образованието, рече Царовска по реакциите во јавноста за проблемот со функционирањето на платформата и сомнежите дали проектот ќе биде успешен. Платформата има околу 270 000 корисници и досега се најавиле околу 160 000. Со физичко присуство и со здравствени протоколи, пак, покрај учениците до трето одделение, наставата ќе ја следат и повозрасни основци и средношколци од оние училишта кои ги исполниле критериумите и добиле дозвола од владината комисија формирана за да ги разгледува и да ги прифаќа или одбива барањата на општините како основачи на училиштата. Најголем дел се подрачани училишта кои имаат помалку ученици, а главен услов е состојбата со КОВИД-19 во одредена средина. Според последните податоци кои вчера ги соопшти министерката Царовска, околу 600 основни и средни училишта добиле дозвола наставата да ја почнат со присуство на учениците, а барања поднеле над 860 училишта.  Одобренијата ќе се ажурираат месечно во зависност од епидемилошката состојба. Според Планот на Владата за наставата, основачите на училиштата (општините) најдоцна до секој 10-ти во тековниот месец ќе треба да ги достават до комисијата барањата за настава со физичко присуство со образложенија за исполнетост на условите во училиштата, а Комисијата во рок од седум дена ќе доставува предлог до Владата за давање согласност. Ако родителите се премислат во одлуката и сакаат присуство наместо онлајн или обратно, од училиштата и градоначалниците ќе зависи флексибилноста односно колку бргу може да се предаптираат капацитетите што родителите сакаат да ги користат. За бојкотот што го најавуваат жители во некои општини кои бараат присуство наместо онлајн, Царовска е децидна дека мора да се почитува одлуката на здравствените авторитети и заштитата на јавното здравје зашто голем број ученици на едно место е и голем ризик.  За Средношколскиот сојуз од каде што вчера најавија дека наставата ќе ја бојкотираат од ноември ако не се исполнат нивните барања да се организира комбинирана настава во општините со стабилна состојба со вирусот, министерката соопшти дека е во постојана комуникација со нив и дека се согласува да се ревидира одуката за онлајн-настава доколку се подобрува состојбата со заразата. – Бојкоти и протести нема да ја сменат одлуката за заштита на јавното здравје, а тоа е главната цел и сè се темели на факти и анализи. И ние сме за тоа училиштата да ни се полни со ученици, но мора да се прилагодуваме на состојбата, Ова е нужност, не е ни желба, ни хир. Наставата во овие услови е променлива, динамична и со многу предизвици и затоа нема универзално, туку индивидуални решенија,  рече Царовска вчера во телевизиско гостување. Настава ќе има и на Македонската радио-телевизија за учениците што немаат соодветни ИТ-уреди, а спред анализите на МОН се работи за околу 40 000 ученици. Часовите за секој наставен предмет ќе бидат опфатени во 15-минутни видеа и во распореди што ги утврди Бирото за развој на образованието за учениците од прво до деветто одделение. Почетокот на ТВ-наставата ќе биде секој ден во 8.30 часот.  За овие ученици исто така се предвидени и печатени материјали кои наставниците ќе им ги доставуваат на родителите. Учебната година  на 1 октомври почнува и на факултетите кои денеска ќе организираат прв академски час за новата генерација студенти. Пандемијата од март ги испразни и предавалните на универзитетите и студентите, исто така, главно имаат онлајн-настава. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ соопшти дека наставата во оваа академска година на дел од 23-те факултети ќе се одвива целосно онлајн, а на некои хибридно – онлајн и со физичко присуство поради природата на наставните содржини и методите на нивно изучување. Комисијата за заразни болести одлучи по седум месеци повторно да се отворат ученичките и студентските домови, но со преполовен капацитет и со строго почитување на протоколите. Според нив, во една двокреветна соба може да биде сместено само едно лице, а во соба со повеќе од два кревета може да бидат сместени најмногу две лица. На студентите и средношколците кои поради условите во вонредни околности и намалениот број сместувачки легла не можат да бидат сместени, иако нивните барања биле одобрени, ќе им се исплаќа месечна сума за покривање на трошоците за приватно сместување, односно месечна сума за покривање на трошоците за превоз од местото на живеење со местото каде што студираат. За да им се исплаќаат средствата, треба да се пријават на интернет-платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk  и да ги внесат потребните податоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-uchebnata-godina-za-uchenicite-i-studentite/feed/ 0
Лашкоска: Почетокот на училишната година ќе биде вистинско фијаско https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lashkoska-pochetokot-na-uchilishnata-godina-kje-bide-vistinsko-fijasko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lashkoska-pochetokot-na-uchilishnata-godina-kje-bide-vistinsko-fijasko/#respond Mon, 21 Sep 2020 12:39:37 +0000 https://kurir.mk/?p=406226

Не може да немаме конфронтација со власта во врска со ова важно прашање како што е образованието. За прашање како што е стартот на учебната година која се уште не почната е осудена на пропаст, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска на собраниската дебата за измени на Законот за основно обрзование кои се однесуваат на стартот на учебната година предвиден за први октомври. Опозицијата забележува пред се за неподготвеноста на власта и немањето на слух за барањата и интересите ниту за децата, ниту на родителите, ниту на вработените. -Убедена сум дека почетокот на училишната година ќе биде вистинско фијаско. Има многу нејаснотии кај сите, кај учениците, наставниците, ниту знаат како и кога ќе стартува учебната година. Замслете немало ни обуки за наставниците како да работат во услови на пандемија со корона вирус. Не се како прецизно ќе се одвива онлајн наставата, посочои Лашкоска. Според неа власта си поигрува со уште една училишна година. Таа се осврна и на фактот што децата чии родителите немаат можност да им купат на децата лаптопи, комјутери ќе мора да следат настава со физичко присуство. -Ова е дискриминација за оние кои немаат можности да следат онлајн настава, зошто овие деца немаат право на избор, како власта може да прави ваква дискриминација кај децата, праша Лашкоска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lashkoska-pochetokot-na-uchilishnata-godina-kje-bide-vistinsko-fijasko/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Заев наместо решенија во пресрет на училишната година, нуди проблеми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-namesto-reshenija-vo-presret-na-uchilishnata-godina-nudi-problemi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-namesto-reshenija-vo-presret-na-uchilishnata-godina-nudi-problemi/#respond Mon, 21 Sep 2020 06:49:11 +0000 https://kurir.mk/?p=406005

Зоран Заев и неговите министри во услови на пандемија со КОВИД-19 наместо решенија за проблемите и предизвиците, тие системот го доведоа до колапс, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека наместо скрининг на вработените и обука за работа во услови на корона пред отворањето на градинките приоритет ставија на личните и партиските интереси. -Сега поради негрижата на Владата на СДСМ речиси секој ден слушаме за заболени деца од градинките, за заболени лица кои работат во истите што води кон сериозен проблем во и онака лошата ситуцаија со корона кризата. Заборавено и со низа на проблеми остана и образованието. Владата на СДСМ го одложи и стартот на учебната година која имаше време да ја подготви, но наместо на тоа акцентот го ставија на предизборен поткуп и на лични и партиски интереси. Негрижата кон младите резултира со тоа децата да немаат прецизни насоки за тоа кој и како ќе ја следи наставата, води до тоа 40 илјади деца да немаат можност да ја следат онлајн наставата. Незаинтересираноста за образовниот процес резултира со тоа што обуките за наставниот кадар и на помалку од десет дена од предвидениот старт на учебната година да не се ни почнати, се наведува во соопштението од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека владата предводена од СДСМ и неодговорното однесување на Зоран Заев и неговите министри го ги направија нефункционални здравствените институции, градинките и обраовните институции. Одговоро немаат ни за колабираната економија. Зоран Заев и неговите министри не се решение на проблемите, тие ги создаваат проблемите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-namesto-reshenija-vo-presret-na-uchilishnata-godina-nudi-problemi/feed/ 0
Училишната година во Словенија почнува на 1 септември со физичко присуство https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uchilishnata-godina-vo-slovenija-pochnuva-na-1-septemvri-so-fizichko-prisustvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uchilishnata-godina-vo-slovenija-pochnuva-na-1-septemvri-so-fizichko-prisustvo/#respond Tue, 18 Aug 2020 14:32:46 +0000 https://kurir.mk/?p=392284

Министерката за образование на Словенија Симона Кустец денеска соопшти дека, врз основа на моменталната епидемиолошка состојба и трендовите, учебната година во Словенија ќе започне на 1 септември, потсетувајќи дека имплементацијата на препораките за заштита сè уште се обврска на сите. – Меѓутоа, ако епидемиолошката состојба значително се влоши во следните две недели, ќе мора да се прилагодиме, рече Симона Кустец, најавувајќи дека сè ќе биде појасно в четврток, по седницата на словенечката влада и експозето за епидемиолошката состојба во Словенија на министерот за здравство Томаж Гантар. – Јас лично ќе ги поддржам сите одлуки чија крајна цел е безбедно враќање во училиште за сите основци и средношколци, рече министерката. Министерството за образование на Словенија подготви модели на наставниот процес и во случај училиштата да бидат целосно отворени, но и во случај училиштата да бидат целосно затворени. Актуелни мерки препорачани од словенечката Влада се редовната хигиена, намалувањето на бројот на ученици на часовите и задолжителното носење заштитни маски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uchilishnata-godina-vo-slovenija-pochnuva-na-1-septemvri-so-fizichko-prisustvo/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ претстави план од 10 точки за почетокот на наставата од 1-ви септември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-pretstavi-plan-od-10-tochki-za-pochetokot-na-nastavata-od-1-vi-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-pretstavi-plan-od-10-tochki-za-pochetokot-na-nastavata-od-1-vi-septemvri/#respond Fri, 31 Jul 2020 11:13:25 +0000 https://kurir.mk/?p=384295

Ниту Министерството за образование, ниту Комисијата за заразни болести не покажаа иницијатива и инвентивност за изнаоѓање на решение за отворање на училиштата и почеток на наставата. Со оглед на тоа дека временскиот рок за изготвување на квалитетен и успешен план е краток, како одговорна партија ги споделуваме со нив, Планот и Програмата за почетокот на наставата од 1-ви септември, порачува Христина Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ. Интегрален текст од нејзината прес-конференција: Предлагаме: 1.Часот во училиштата каде ќе се одвива физичка настава да трае 20 минути, притоа потенцираме - една паралелка во една училница! Часот треба да трае 20 минути за да се зачува работното време на наставниците кои ќе работат со групи по 15, наместо по 30 ученици. Доколку часот трае подолго, наставниците ќе имаат подолгo работно време oд 8 часа. Прекувремената работа на наставниците треба да биде со нивна согласност и бараме истата да им биде платена. 2.Со вака организираниот час од 20 минути училиштата може да рабoтат во 3 смени. 3.Слушаме сте го прифатиле нашиот предлог сите часови да бидат снимени и достапни на учениците во секое време. Но, не ги присилувајте наставниците сега, набрзина да ги снимаат часовите кога уште не знаат по каква Програма треба да работат. Часовите треба да ги снимат во моментот кога ќе ја изведуваат наставата или ден пред тоа кога ќе се подготвуваат за час. 4.Наставниците треба да работат од училиште, не од дома. Еден наставник само во една училница да држи час. 5.На вака организираниот час може да присуствуваaт деца кои немаат соодветна опрема за да следат онлaјн настава, со сите превземени мерки за заштита. Тие сигурно нема да бидат пoвеќе од 15 во една паралелка. 6.За вака да работат наставниците, заедно со општините, обезбедете по еден компјутер во секоја училница и солидна интернет врска за часот непречено да се одвива. 7.За да можат наставниците да работат од училиште треба да ги отворите градинките. Инаку наставничките со деца помали од 10 години, ќе мора да работат од дома. 8.Ако недостасува персонал за организирање на дневниот престој, ангажирајте ги студентите од последните години на студии на наставничките факултети. 9.За практичната настава во средните стручни училишта организирајте ги учениците по пет во група во повеќе смени. 10.Одредете една или најмногу две унифицирани платформи за спроведување на онлајн настава и за истите организирајте обука. За спроведување на сето ова, како и бројни други детали, времето е прекратко. Со капацитетот кој досега го покажа Владата на СДСМ и Комисијата за заразни болести, по се изгледа дека и ова полугодие од школската година ќе помине неорганизирано и хаотично. Ако ова е премногу за оваа власт потсетуваме има кој знае и има кој може! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-pretstavi-plan-od-10-tochki-za-pochetokot-na-nastavata-od-1-vi-septemvri/feed/ 0
Една недела во училиште, една недела онлајн – Разговори за старт на учебната година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edna-nedela-vo-uchilishte-edna-nedela-onlajn-razgovori-za-start-na-uchebnata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edna-nedela-vo-uchilishte-edna-nedela-onlajn-razgovori-za-start-na-uchebnata-godina/#respond Tue, 28 Jul 2020 07:06:02 +0000 https://kurir.mk/?p=382373

Се бара модел по кој најбезбедно ќе почне новата учебна година. На нешто повеќе од еден месец надлежните почнаа да кројат планови и да бараат решенија како децата ќе продолжат во училиште. Од Комисијата за заразни болести велат дека во ниту еден случај децата не смеат целосно да остана дома и од 1.септември наставата да продолжи како што беше второто полугодие. Вчера се одржа првиот состанок со претставници од Министертсвото за образование и наука, но без министерот Арбер Адеми, кој во моментов е се уште во изолација, бидејќи е позитивен на корона вирусот, пишува Фактор. Од Комисијата за заразни болести, за Фактор велат дека претставниците од МОН дошле со конкретни предлози, но се уште е рано за да се каже како ќе биде организирана наставата. -Не смее да ни се случи основците и средношколците и од септември да останат дома. Секаде во светот наставата се организира некако. Претставниците кои вчера присуствуваа на состанокот имаа некои предлози, во смисла оние училишта кои бројат многу деца, а тоа се во Скопје, Куманово и во Тетово, наставата да биде организирана така што децата би биле поделени во групи. Наизменично да се следи наставата една недела во училиште, една недела онлајн, а часовите да траат по 30 минути. Ова секако нема да важи за сите училишта подеднакво. Во некои училишта во земјава има само по десеттина деца. Таму единствено што ќе треба е да се почитуваат општите мерки и протоколи, односно дезинфекција на клупите, просториите, тоалетите, и така натаму, како и задолжително носење маска и одржување растојание. Што значи дека ќе може да се обезбеди непречено физичко присуство во училиштата. Онлај настава е многу потешко да се организира на целата територија на земјава, бидејќи дел од луѓето во некои села немаат ниту компјутери, ниту интернет, велат за Фактор членови на Комисијата за заразни болести. Целиот текст прочитајте го на Фактор]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edna-nedela-vo-uchilishte-edna-nedela-onlajn-razgovori-za-start-na-uchebnata-godina/feed/ 0
Државна матура нема да има, учебната година ќе ја завршат онлајн – уписи на првачиња во јуни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavna-matura-nema-da-ima-uchebnata-godina-kje-ja-zavrshat-onlajn-upisi-na-prvachinja-vo-juni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavna-matura-nema-da-ima-uchebnata-godina-kje-ja-zavrshat-onlajn-upisi-na-prvachinja-vo-juni/#respond Fri, 01 May 2020 06:37:50 +0000 https://kurir.mk/?p=340176

Се укинува државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа учебна 2019/2020 година за ученици од завршните години во средните училишта. Сите ќе добијат диплома за завршено средно образование со иста важност како и во претходните години. Владата на вчерашната седница усвоила сет мерки од образованиот план, што произлегоа по воведувањето вонредна состојба во земјата поради спречувањето на ширењето на Ковид-19. Министерот за образование и наука Арбер Адеми на прес-конференција соопшти дека со овие мерки ќе се овозможи матурантите да избегнат стрес и да се посветат да бараат работа или да го продолжат високото образование на факултетите. Учениците во основно и во средно образование до 10 јуни нема да се вратат во училишните клупи, односно до крајот на учебната година ќе се реализира настава од далечина. Адеми апелираше и ги охрабри, како што рече, сите учесници во воспитно образовниот процес максимално да се ангажираат и продолжат да ги извршуваат своите обврски и да се даде заеднички придонес за квалитетот на далечинското учење, да се издигне колку што е можно повеќе над оптималното ниво. Уписот на првачињата наместо во мај ќе почне во јуни. Списоците со запишани ученици училиштата ќе ги објават најдоцна до 15 јули, а сите оние кои не ги запишале своите деца и не ја исполниле законската обврска ќе добијат писмено потсетување. Во однос на уписите на високообразовните установи на прв циклус академски стручни студии, како и на академски студии од областа на уметностите во академската 2020/2021 година ќе може да се запише лице кое положило државна матура или меѓународна матура заклучно со учебната 2018/2019 година, потоа лице кое завршило четиригодишно средно образование според прописите кои важеле пред воведување на државната матура и секако лице кое се стекнало со диплома за завршено средно образование во траење од четири години во учебната 2019/2020 година, соопшти министерот за образование. – Имено, ова значи дека покрај лицата со положена државна матура во некоја од изминатите години или меѓународна матура на факултет во земјава ќе можат да се запишат и сите лица кои се стекнале со диплома за завршено четиригодишно средно образование во оваа учебна година, рече Адеми. Владата усвои уште една мерка која е поврзана со високото образование, а се однесува на продолжување на важноста на студиските програми на сите три циклуси чија важност, акредитација престанала во академската 2019/2020 година со уште една дополнителна година. Адеми, исто така, соопшти дека за континуирано обезбедување наставен кадар во насока на непречена реализација на далечинското учење, на сите наставници кои до денот на прогласување на вонредна состојба биле ангажирани со договори на определено, работниот однос им се продолжува до крајот на учебната година. Воедно ќе се обезбеди и соодветна замена за секое испразнето работно место на наставник. Владата донела одлука и за продолжување на мандатите на раководителите и управителите во основните и средните училишта, доколку тие им истекуваат или се истечени за време на вонредната состојба. – Мандатите ќе бидат со важност до 90 дена по престанокот на вонредната состојба, рече Адеми. Уписите во средните и во основните училишта ќе се одвиваат според роковите, појасни министерот одгиварајќи на новинарски прашања. Во наредните денови ќе бидат донесени уредби за да се конкретизира како ќе се одвиваат уписите, а можеби и ќе бидат подготвени и соодветни протоколи. Адеми, одговарајќи на новинарски прашања појасни дека матурантите ќе се запишуваат на факултетите, како што кажа, идентично како пред воведувањето на државната матура, но и за ова Владата ќе донесе посебна уредба. Приемен испит или квалификационен испит, додаде тој, се организирало и до сега доколку повеќе лица имаат ист број на бодови. На владината седница беа усвоени и друг сет мерки, кои заедно со овие ќе бидат дополнително прецизирани со донесени уредби од страна на Владата во следниот период. Со овие сет образовни мерки, според Адеми, ќе се обезбеди непречено функционирање на воспитно образовниот систем на овие вонредни околности и услови предизвикани од појавата и ширењето на Ковид 19. Мерките се предложени од страна на МОН, а изготвени во соработка со низа други надлежни институции во областа на образованието со поддршка на граѓанскиот сектор и партнерските организации и истите го гарантираат остварувањето на правата на граѓаните во областа на образованието. Продолжува и реализацијата на сите останати права во областа на образованието, како на пример исплатата на парични надоместоци по основ на стекната стипендија, некои од еднократните парични надоместоци како финансирање на објава на научни трудови и слично. – По завршување на вонредните околности објавен е и повик за покривање на трошоци за пат и котизација за основци и нивните ментори за учество на меѓународни натпревари. Ова е наша обврска која што произлегува од новиот Закон за основно образование и должни сме да ја исполниме, рече Адеми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavna-matura-nema-da-ima-uchebnata-godina-kje-ja-zavrshat-onlajn-upisi-na-prvachinja-vo-juni/feed/ 0