училиште – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 15:08:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png училиште – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 УНРВА: Во израелски напад погодено училиште, помеѓу жртвите има и деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unrva-vo-izraelski-napad-pogodeno-uchilishte-pomegu-zhrtvite-ima-i-detsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unrva-vo-izraelski-napad-pogodeno-uchilishte-pomegu-zhrtvite-ima-i-detsa/#respond Sat, 04 Nov 2023 15:08:03 +0000 https://kurir.mk/?p=896456

Палестинците денеска соопштија дека при израелски напад е погодено училиште, кое служело како засолниште. Според очевидците во израелскиот воздушен напад погодено е училиштето Ал Факур во Џабалија. Сппоред палестинското Министерство за здравство во нападот загинале најмалку 15 луѓе, а десетици се повредени. Директорка за комуникации на агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Жилиет Тума потврди дека училиштето управувано од УНРВА е погодено и дека помеѓу загинатите има и деца. Но, таа не наведе бројка на жртвите/ Најмалку еден воздушен напад го погоди училишното игралиште каде имаше шатори за бегалските семејства. Вториот напад погоди училиште во кое жените печеа леб, истакна Тума.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unrva-vo-izraelski-napad-pogodeno-uchilishte-pomegu-zhrtvite-ima-i-detsa/feed/ 0
Стефковски: Интензивно се работи на изградба на училишната сала во Булачани https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-intenzivno-se-raboti-na-izgradba-na-uchilishnata-sala-vo-bulachani/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-intenzivno-se-raboti-na-izgradba-na-uchilishnata-sala-vo-bulachani/#respond Fri, 15 Sep 2023 12:11:40 +0000 https://kurir.mk/?p=878381

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук информира дека денес направил увид на градежните работи за изградба на новата училишна сала на ООУ Наум Охридски во Булачани. Во објавата, градоначалникот Стефковски напиша: ИНТЕНЗИВНО СЕ РАБОТИ НА ИЗГРАДБАТА НА НОВАТА УЧИЛИШНА САЛА ВО ООУ НАУМ ОХРИДСКИ ВО БУЧАЛАНИ. Направив увид во градежните работи за изградба на новата училишна сала во општинското основно училиште Наум Охридски во Булачани. Она што може да се заклучи е дека градежните активности се реализираат согласно утврдениот план и динамика за изградба на училишната сала. После 60 години ова основно училиште добива училишна сала со што учениците добиваат поквалитетни услови за реализација на часовите по физичко и здравствено образование. Продолжуваме со реализација на проекти за подобрување на условите за образование на сите ученици на територија на општина Гази Баба. – напиша Стефковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-intenzivno-se-raboti-na-izgradba-na-uchilishnata-sala-vo-bulachani/feed/ 0
Шок во Крагуевац: Пред училиште принудиле 9 годишник да изеде бонбона полна со дрога, детето завршило во болница https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shok-vo-kraguevats-pred-uchilishte-prinudile-9-godishnik-da-izede-bonbona-polna-so-droga-deteto-zavrshilo-vo-bolnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shok-vo-kraguevats-pred-uchilishte-prinudile-9-godishnik-da-izede-bonbona-polna-so-droga-deteto-zavrshilo-vo-bolnitsa/#respond Fri, 08 Sep 2023 12:50:16 +0000 https://kurir.mk/?p=876030

Девет годишно дете од повозрасни млади лица било принудено да изеде бонбона во која има психоактивни супстанци. Сега тоа се лекува во Универзитетскиот клинички центар во Крагуевац и е надвор од животна опасност, потврдиле од установата. Според локалните портали во Крагуевац, случајот со намерно дрогирање на деветгодишно дете се случил пред основно училиште во поширокиот центар на градот. Детето без свест било пренесено во КЦ Крагуевац, објавија медиумите. Детето моментално се лекува на одделението за интензивна нега.. Неговата здравствена состојба е добра и тоа е стабилно, надвор од животна опасност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shok-vo-kraguevats-pred-uchilishte-prinudile-9-godishnik-da-izede-bonbona-polna-so-droga-deteto-zavrshilo-vo-bolnitsa/feed/ 0
Училиште во Турција ќе го носи името „Македонија“, а секоја училница ќе има име на македонски град https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchilishte-vo-turtsija-ke-go-nosi-imeto-makedonija-a-sekoja-uchilnitsa-ke-ima-ime-na-makedonski-grad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchilishte-vo-turtsija-ke-go-nosi-imeto-makedonija-a-sekoja-uchilnitsa-ke-ima-ime-na-makedonski-grad/#respond Wed, 06 Sep 2023 09:26:39 +0000 https://kurir.mk/?p=875125

Училиште именувано „Македонија“ кое ќе има 24 училници именувани по македонските градови, ќе започне со настава на 11 септември оваа година во Малатија, Турција. Стопанска Комора на Македонија-Турција (МАТТО) информира дека училиштето кое го носи името „Македонија“, е на површина 8 656 метри квадратни и има 24 училници именувани по градовите Скопје, Тетово, Охрид, Штип, Куманово... Училиштето го симболизира духот на пријателството и соработката меѓу народите на Република Северна Македонија и Република Турција. Овој проект, нагласуваат од МАТТО, освен што ќе биде еден дополнителен мост за поврзување на народите од двете држави, ќе биде уште една гордост на сите граѓани на Република Турција кои потекнуваат или имаат корени од нашата држава. Училиштето е изградено со донацијата од еден милион евра, во која учествуваа членките на МАТТО, а со поголема сума учествуваше Црвениот Крст на Република Македонија. Станува збор за донација со која се изгради едно од стотината срушени училишта во реонот Малатија. Протоколот за соработка за изградба на училиштето беше потпишан во јули годинава од страна на МАТТО и подрачната единица на министрите за образование на Република Турција, и Валијата на Малатија. Овој проект се реализираше со поддршка на Црвениот Крст на Република Северна Македонија, Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија како и со поддршка на Сојузот на турски невладини организации во земјава (МАТУСИТЕБ), здружението ЕСНАФ, општини, образовни институции, здруженија и фондации и хумани граѓани на Република Македонија. Со изградбата на училиштето се прави чекор кој чекор кој ќе стави уште еден печат во насоката на продолжување на пријателството и солидарноста меѓу двете држави. - Ова е чекор кој придонесува за развојот на образованието на децата кои останаа без своите училишта. Ова е чекор со кој на новите генерации ќе им се даде уште еден светол пример за хуманоста, заедништвото и пријателството меѓу двата народи, истакнуваат од МАТТО. Училиштето „Македонија“ во Малатија е круна на сите активности на МАТТО, Црвениот Крст, МАТУСИТЕБ, организации, поединци од Република Македонија, кои беа преземени со цел да се помогне на турскиот народ по разорниот земјотрес што се случи на шести февруари годинава во Турција. Турција ја погодија два земјотреси со епицентар во Кахраманмараш, јужна Турција, и со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, а предизвикаа поместување на копнената маса во Турција за три метри. По августовскиот земјотрес во 1999 година, во регионот на Мраморното Море, земјотресите од шести февруари се најмоќните и најразорните во последните 100 години.   (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchilishte-vo-turtsija-ke-go-nosi-imeto-makedonija-a-sekoja-uchilnitsa-ke-ima-ime-na-makedonski-grad/feed/ 0
Училиште во Турција ќе го носи името МАКЕДОНИЈА во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uchilishte-vo-turtsija-ke-go-nosi-imeto-makedonija-vo-znak-na-blagodarnost-za-solidarnosta-po-zemjotresot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uchilishte-vo-turtsija-ke-go-nosi-imeto-makedonija-vo-znak-na-blagodarnost-za-solidarnosta-po-zemjotresot/#respond Tue, 05 Sep 2023 12:11:04 +0000 https://kurir.mk/?p=874795

Во турскиот град Малатија, кој беше еден од погодените од катастрофалниот земјотрес во Турција во февруари годинава, ќе биде изградено училиште кое ќе го носи името на нашата држава, а училниците, 32 на број, ќе бидат именувани по македонските градови, информираат од Црвениот крст на РСМ. Училиштето ќе биде изградено со поголемиот дел од средствата кои македонските граѓани ги донираа во хуманитарната акција на Црвениот крст за помош на настраданото население во Турција и Сирија. Турција и Сирија на 6 февруари годинава беа погодени од катастрофален земјотрес во кој загинаа илјадници луѓе, а илјадници други беа повредени и оставени без покрив над главата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uchilishte-vo-turtsija-ke-go-nosi-imeto-makedonija-vo-znak-na-blagodarnost-za-solidarnosta-po-zemjotresot/feed/ 0
Аутомакедонија со донација на енергетски ефикасна фасада за ООУ „Стив Наумов“ во населбата Автокоманда https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/automakedonija-so-donatsija-na-energetski-efikasna-fasada-za-oou-stiv-naumov-vo-naselbata-avtokomanda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/automakedonija-so-donatsija-na-energetski-efikasna-fasada-za-oou-stiv-naumov-vo-naselbata-avtokomanda/#respond Wed, 30 Aug 2023 11:39:59 +0000 https://kurir.mk/?p=872515

Аутомакедонија, една од водечките компании за услуги поврзани со мобилетот и еден од најголемите дистрибутери на автомобили во Македонија, направи уште една донација со која ја зацврстува титулата на општествено одговорна компанија. По своја иницијатива и темелно планирање на овој проект од страна на Аутомакедонија, основното училиште Стив Наумов во Автокоманда доби нова енергетски ефикасна фасада. На веќе постоечки ѕид е додадена изолација која ја зголемува топлотната изолација со што се добива енергетска заштеда.
„Истражувајќи ги потребите на училиштата во нашата општина, дојдовме до идејата за обнова на фасадата во ООУ „Стив Наумов“. Во договор со општината во која се наоѓа нашиот објект – Автокоманда, заеднички го избравме основното училиште „Стив Наумов“. Примопредавањето на фасадата го усогласивме со почетокот на училишната година, а ќе го продолжиме со уште еден мурал кој ќе биде избран преку ликовен конкурс со цртежи од учениците.“ – изјави Гордица Штерјева, заменик директор на Аутомакедонија.
„Како градоначалник на општина Гази Баба изразувам благодарност до компанијата Аутомакедонија за покажаната општествена одговорност преку донацијата на изградбата на енергетски - ефикасната фасада на општинското основно училиште Стив Наумов во Автокоманда. Како локална самоуправа негуваме партнерски однос со компаниите кои функционираат на нашата територија. Наша обврска како локална самоуправа е да изнаоѓаме различни начини на финансирање со цел реализација на што повеќе проекти. “ – изјави градоначалникот на Гази Баба - Бобан Стефковски.
Со сите чекори за обнова на фасадата објектот добива минимално 20% зголемена енергетска ефикасност, што воедно ќе придонесе и за намалување на вкупните трошоци за енергија на училиштето. Реновирањето на оваа фасада е само еден дел од активностите кои Аутомакедонија како општествено одговорна компанија ги спроведува во рамки на својата стратешка определба за поддршка на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/automakedonija-so-donatsija-na-energetski-efikasna-fasada-za-oou-stiv-naumov-vo-naselbata-avtokomanda/feed/ 0
ХОРОР пред училиште во САД: Три безживотни тела пронајдени во автомобил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-pred-uchilishte-vo-sad-tri-bezzhivotni-tela-pronajdeni-vo-avtomobil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-pred-uchilishte-vo-sad-tri-bezzhivotni-tela-pronajdeni-vo-avtomobil/#respond Mon, 14 Aug 2023 19:17:40 +0000 https://kurir.mk/?p=866728

Полицијата во Индијанаполис денеска во 8:15 часот по локално време пронашла тела на тројца мажи во автомобил пред училиштето Џонатан Џенингс во тој град. -Четвртиот маж кој бил во автомобилот бил пренесен во болница, но засега не е познато во каква состојба е овој човек, пренесува АП. Полицијата соопшти дека не се забележани видливи знаци на насилство дека истрагата е во тек. Од друга страна, окружната образовна управа соопшти дека еден од мажите во автомобилот бил во алкохолизирана состојба. Училишните автобуси беа пренасочени за да се избегне местото на несреќата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-pred-uchilishte-vo-sad-tri-bezzhivotni-tela-pronajdeni-vo-avtomobil/feed/ 0
Наставник физички нападнал ученик во двор во основно училиште кај Бит Пазар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nastavnik-fizichki-napadnal-uchenik-vo-dvor-vo-osnovno-uchilishte-kaj-bit-pazar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nastavnik-fizichki-napadnal-uchenik-vo-dvor-vo-osnovno-uchilishte-kaj-bit-pazar/#respond Sun, 28 May 2023 15:02:28 +0000 https://kurir.mk/?p=839770

На 27.05.2023 во 21.00 часот Н.А.(38) од Скопје пријавил дека на 26.05.2023 околу 08.00 часот во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот А.И. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nastavnik-fizichki-napadnal-uchenik-vo-dvor-vo-osnovno-uchilishte-kaj-bit-pazar/feed/ 0
Оформен предмет за мајката на Коста, еве што ќе утврдува Обвинителството https://arhiva.kurir.mk/svet/region/oformen-predmet-za-majkata-na-kosta-eve-shto-ke-utvrduva-obvinitelstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/oformen-predmet-za-majkata-na-kosta-eve-shto-ke-utvrduva-obvinitelstvoto/#respond Mon, 22 May 2023 09:55:18 +0000 https://kurir.mk/?p=837330

Белградското јавно обвинителство денеска соопшти дека оформило предмет по службена должност за да се утврди дали во дејствијата на мајката на малолетникот К.К., кој се товари за масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“ се содржани елементи на кривичното дело „запуштање и злоупотреба“на малолетно лице“, јави Бета. Обвинителството испратило барање до Полициското одделение за град Белград за прибирање на потребните информации, кое наредило распит на осомничената М.К., се наведува во соопштението. Исто така, побара „да се одржи разговор со педагогот и психологот вработени во училиштето како и да се преземат сите други мерки и дејствија неопходни за целосно утврдување на фактичката состојба. Градскиот центар за социјална работа има наредба да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на малолетникот К.К. и за ова да го извести обвинителството. Откако ќе бидат доставени бараните пријави до обвинителството, јавноста „без одлагање ќе биде информирана за натамошниот тек на постапките и одлуките“, стои на веб-страницата на обвинителството. Над 200 родители на деца од „Владислав Рибникар“ се приклучија на иницијативата за итно прекинување на наставата во постојниот објект на тоа училиште и завршување на работната учебна година на 3 мај, кога ученик од седмо одделение уби девет ученици и чувар на тоа училиште.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/oformen-predmet-za-majkata-na-kosta-eve-shto-ke-utvrduva-obvinitelstvoto/feed/ 0
Во основно училиште во Чаир, малолетник со закана со пиштол му одзел пари на друг малолетник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-osnovno-uchilishte-vo-chair-maloletnik-so-zakana-so-pishtol-mu-odzel-pari-na-drug-maloletnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-osnovno-uchilishte-vo-chair-maloletnik-so-zakana-so-pishtol-mu-odzel-pari-na-drug-maloletnik/#respond Fri, 19 May 2023 16:17:53 +0000 https://kurir.mk/?p=836511 Денеска (19.05.2023) во околу 11.20 часот во двор на основно училиште на подрачје на Чаир, полициски службеници од Полициската станица Чаир лишиле од слобода малолетник од Скопје.

Според пријавеното, тој претходно со закана со пиштол одзел пари од друг малолетен ученик во училиштето.

Со малолетникот бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

]]>
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-osnovno-uchilishte-vo-chair-maloletnik-so-zakana-so-pishtol-mu-odzel-pari-na-drug-maloletnik/feed/ 0