училница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Sep 2022 16:09:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png училница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дете нападнато во училница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dete-napadnato-vo-uchilnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dete-napadnato-vo-uchilnica/#respond Tue, 20 Sep 2022 16:09:54 +0000 https://kurir.mk/?p=735321

На 19.09.2022 во 14:30 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Д.(38) од с.Булачани, скопско, пријавила дека околу 09:50 часот во училница во основно училиште во с.Булачани нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dete-napadnato-vo-uchilnica/feed/ 0
Учебна година со различни модели и услови за настава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchebna-godina-so-razlichni-modeli-i-uslovi-za-nastava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchebna-godina-so-razlichni-modeli-i-uslovi-za-nastava/#respond Tue, 29 Sep 2020 05:27:22 +0000 https://kurir.mk/?p=409820

Учениците до трето одделение, освен оние чии родители не се согласиле, наставата од четврток треба да ја следат со присуство во клупите. За основците од повисоките одделенија и за средношколците, учебната 2020/2021 година ќе почне со онлајн-часови преку националната платформа за учење од далечина. Исклучок се 169 основни (главно подрачни училишта со помалку ученици) и четири средни училишта во кои учебната година ќе почне да се реализира со физичко присуство за сите ученици. Но овој број не е конечен зашто владината комисија што дава одобренија постојано разгледува барања од општините како нивни основачи. За настава со физичко присуство треба да бидат исполнети условите – пред сè стабилна состојба со КОВИД-19 во општината, и просторен капацитет согласно со протоколите – училниците (со стандардна големина) да може да прифатат до 20 ученици на растојание од најмалку 1,5 метар и да нема раздвиженост на поголем број ученици по ходниците и на влезовите. Учениците треба да носат заштитни маски освен за активности надвор од училницата и за време на оброк. Паралелките со повеќе ученици е предвидено да се поделат во две групи, а во Планот на Владата за одржување на наставата во основните и во средните училишта во 2020/2021 е утврдено и како да се организираат смените (исто како и за онлајн-наставата). За тие што ќе бидат присутни во училница, МОН во соработка и со поддршка на УНИЦЕФ и УСАИД изработи видео за да ги прикаже протоколите на кои треба да се придржуваат учениците, наставниците и родителите со враќањето на децата во училниците. Според министерката Мила Царовска, наставата е динамичен процес и важно е приспособување, а во зависност од епидемиолошката состојба може да се менува моделот на учење, така што и сегашниот број на училишта што добиле согласност од владината комисија за организирање настава со физичко присуство ќе се менува во текот на учебната година. Планот на Владата предвидува дека основачите на училиштата (општините) најдоцна до секој 10-ти во тековниот месец ќе треба да ги доставуваат до комисијата барањата за настава со физичко присуство со образложенија за исполнетост на условите. Комисијата во рок од седум дена, врз основа на исполнетоста на критериумите, ќе доставува предлог до Владата за давање согласност. Поголемиот дел од учениците и наставниците, сепак, ќе комуницираат на далечина. Единствената национална платформа за онлајн-учење www.schools.mk, како што беше истакнато на презентацијата, е едноставна за користење за што беа обучени 1600 наставници кои потоа ги обучуваат своите колеги-наставници. Министерството за образование и наука викендот испрати кориснички лозинки до училиштата за пристап до платформата, но таа вчера беше недостапна за вклучување. Од МОН соопштија дека постојано се работи на тестирање за нејзина оптимизација за да биде целосно функционална до 1 октомври. Платформата е изработена во соработка со ФИНКИ и е предвидено да ја користат 260 000 ученици и околу 25 000 наставници од основните и средните училишта. Содржините се на пет наставни јазици (македонски, албански, турски, српски и босански), а е креирана така што и самите ученици ќе може да ја дополнуваат и да ја надградуваат. За децата кои немаат ИТ-уреди во домашни услови, а според МОН се работи за околу 40 илјади ученици, ќе има алтернатива за следеење на наставата. Според владиниот План, за нив ќе се организира настава со физичко присуство во училиште, доколку тоа има дозвола, но и со согласност од родителите/старателите. Ако нема согласност од нив, ќе бидат обезбедени печатени материјали кои наставниците ќе им ги достават на родителите. За овие деца ќе се емитуваат и видеа од наставен час на Македонската радио-телевизија. Онлајн-наставата е веќе и законски регулирана откако беа изгласани измените на законите за основно и за средно образование на кои се чекаше да се состави и профункционира Собранието за да може одложено и невообичаено да почне учебната година. Првпат има исклучоци од редовниот воспитно-образовен процес за наставата да може непречено да се организира и во вонредни околности, како што е пандемијата со КОВИД-19. Законските измени овозможуваат исклучоци во однос на почетокот и завршувањето на учебната година во вонредни околности и кратење на наставните денови во учебната година од 180 на најмалку до 100, а наставниот час да трае пократко – во основното образование 30 минути во наставата со физичко присуство и 30 минути час со пет минути приклучување – за наставата со учење на далечина. Во средното образование времетраењето на наставниот час е 35 минути. Од МОН нагласуваат дека предизвиците на пандемијата ја потврдиле важноста од дигитална трансформација на традиционалното образование, а дигитализацијата и поголема застапеност на е-учебници во наставата е и меѓу главните образовни приоритети на Владата во програмата за работа во наредните четири години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchebna-godina-so-razlichni-modeli-i-uslovi-za-nastava/feed/ 0
Комисијата за заразни болести и Владата треба да одлучат како ќе се одвива учебната година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-i-vladata-treba-da-odluchat-kako-kje-se-odviva-uchebnata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-i-vladata-treba-da-odluchat-kako-kje-se-odviva-uchebnata-godina/#respond Thu, 13 Aug 2020 05:15:21 +0000 https://kurir.mk/?p=389986

Комисијата за заразни болести, како што најави вчера министерот за здравство Венко Филипче, треба да има завршен состанок, по што би требало да биде закажана седница на Влада, на која ќе се донесе дефинитивна одлука за тоа како ќе се одвива новата учебна година. -Апсолутно Комисијата за заразни болести смета дека е огромен ризик по здравјето и на учениците, нивните родителите и на вработените во училиштата доколку училиштата целосно се отворат и да функционираат од почетокот на септември, изјави Филипче. Додаде дека не само децата се во ризик, туку и нивните родители, некои од нив се и со хронични болести, и затоа нивните насоки се сепак да се стави акцент на онлајн настава. Според министерот Филипче, треба да се донесе тешка одлука. – Нема идеално решение. Мора да се заштити јавното здравје, а во исто време мора да се обезбеди и функционален едукативен процес многу битен за развојот на детето, рече Филипче. Заеднички состанок вчера имаа Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за образование и наука (МОН), на која присуствуваше и министерот за образование и наука Арбер Адеми. Конечна одлука не беше донесена. Во Министерството за образование и наука преовладува ставот за моделот физичко присуство на учениците, но според епидемиолошката состојба. Трите модели што ги содржи планот на МОН се настава со физичко присуство со мерки за заштита и растојание од 1,5 метар, далечинско учење или онлајн-настава и комбинирана – пред сè за училиштата со голем број ученици. Тие би се поделиле на помали групи – една која би следела настава со физичко присуството една недела, а во исто време другата група ќе следи онлајн. – Треба да се остави флексибилност на МОН и на Владата да го приспособи образовниот процес кон епидемиолошката состојба и флексибилно да се обезбеди премин од еден во друг модел. Во МОН преовладува мислење дека треба да се организира настава со физичко присуство, но секогаш имајќи ја предвид епидемиолошката состојба и условите во училиштата. Тоа значи дека секаде каде што ни дозволува епидемиолошката состојба да се организира наставата со физичко присуство и секаде каде што има услови да се организира наставата со физичко присуство, имајќи ги предвид протоколите што ги предвидовме и подготвивме, тогаш би требало да се организира наставата на таков начин. Нашиот став е јасен. Нема замена за наставата организирана со физичко присуство, но, сепак, треба да водиме сметка за здравјето на нашите ученици и за епидемиолошката состојба, рече Адеми. Адеми напомна дека без разлика на тоа кој модел ќе се избере, ќе треба да се направат измени на законите за основно и за средно образование, како што е бројот на ученици во паралелка или предлогот да се скратат наставните часови од 40 на 30 минути во основно, односно од 45 на 35 минути во средно. За тоа е потребно функционално Собрание, посочувајќи на можноста и за пролонгирање на почетокот на учебната година. Досега нема одлука за отворање на градинките. Министерството за труд и социјална политика информира дека на вчерашниот состанок со Комисијата за заразни болести и претставници на Министерството за здравство е одлучено да се направи ажурирање на податоците за бројот на деца за кои родителите се изјасниле дека ќе посетуваат градинка. -Согласно донесениот Протокол, приоритет за згрижување има дете на самохран родител којшто е во работен однос и дете на двајца родители кои се во работен однос, а работните задачи мора да ги извршуваат на работното место. Информацијата ќе биде изработена врз основа на податоците од сите градинки, јавни и приватни, соодветно на доставените потврди од родителите, соопштија од МТСП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-i-vladata-treba-da-odluchat-kako-kje-se-odviva-uchebnata-godina/feed/ 0
Се уште непознато како ќе се одвива наставата, Комисијата бара дополнителни податоци од МОН https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-nepoznato-kako-kje-se-odviva-nastavata-komisijata-bara-dopolnitelni-podatoci-od-mon/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-nepoznato-kako-kje-se-odviva-nastavata-komisijata-bara-dopolnitelni-podatoci-od-mon/#respond Wed, 12 Aug 2020 10:57:02 +0000 https://kurir.mk/?p=389699

Комисијата за заразни болести денес одржа состанок на кој присуствуваа и претставници на Министерството за образование и наука каде беа разгледани и се дискутираше за Планот за одржување на наставата во училиштата во учебната 2020/2021 година подготвен од МОН, од аспект на безбедност на сите чинители во наставниот процес – учениците, наставниците, помошниот персонал, како и од аспект на спречување на ширење на заразата со коронавирус во училиштата. -Од страна на Комисијата за заразни болести беше побарано од МОН да достави податоци за сите училишта во сите општини во Северна Македонија и бројот на деца во сите паралелки поединечно, кои се клучни податоци за да се утврди каде евентуално би имало онлајн настава, а дали и каде би било евентуално безбедно да се одвива настава и со физичко присуство, се вели во соопштението на Миистерството за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-nepoznato-kako-kje-se-odviva-nastavata-komisijata-bara-dopolnitelni-podatoci-od-mon/feed/ 0
Протоколите за новата учебна година беа најавени за 10 август, состанокот за нивно утврдување продолжува и денес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protokolite-za-novata-uchebna-godina-bea-najaveni-za-10-avgust-sostanokot-za-nivno-utvrduvanje-prodolzuva-i-denes/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protokolite-za-novata-uchebna-godina-bea-najaveni-za-10-avgust-sostanokot-za-nivno-utvrduvanje-prodolzuva-i-denes/#respond Tue, 11 Aug 2020 05:24:24 +0000 https://kurir.mk/?p=389022

Членовите на Комисијата за заразни болести и работната група на Министерството за образование и наука (МОН) денеска треба да го продолжат состанокот за протоколите со кои се утврдува начинот на реализација на наставата од 1 септември за сите предложени модели. Иако беше најавувано дека на 10 август ќе бидат финализирани протоколите за почеток на учебната 2020/2021 во услови на пандемија, состанокот вчера заврши без заклучоци и со известување дека ќе продолжи денеска. Министерството за здравство информираше дека разговорите продолжуваат со цел да се изнајде и договори најдобро и најбезбедно решение за начинот на одвивање на наставата и дека финалната одлука за начинот на одвивање на наставата ќе ја има МОН. -Комисијата за заразни болести ги подготви мерките за заштита и потребните протоколи што треба да се запазат за заштита на децата и наставниците во текот на наставниот процес. Сепак, финалната одлука за почеток на учебната година и начинот на одвивање на наставата е во надлежност на Министерството за образование и наука. Разговорите меѓу Комисијата за заразни болести и МОН продолжуваaт утре, соопшти Министерството за здравство. Заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска за МИА вчера изјави дека се разговарало за предлозите за времетраењето на наставните часови и за потребата од измени на законите доколку тие бидат скратени од регуларните 40 во основно односно 45 минути во средно образование. Одлуката за скратени часови, како што рече, треба да има и правна рамка и да биде усогласена со законите за основно и за средно образование. Измените треба да ги донесе Собранието кое до 1 септември се очекува да биде функционално.  Исто така, се разгледува и потребата што би ја имале општините од дополнителна финансиска или друга поддршка за хигиена на училишните објекти, за превоз на ученици односно за спроведување на сите инструкции што ќе ги содржат протоколите. Тие ќе имаат детали за три вида настава во зависност од епидемилошката состојба во одредена средина – со физичко присуство, онлајн-настава и комбинирана. Наумовска посочи дека постојано се во разговори со градоначалници и со директори на училишта за реалните состојби и проблеми, во координација се и со ЗЕЛС, ги добиле и мислењата на синдикатот за образование СОНК. Рече дека ако успеат да ги завршат консултациите, оваа точка може да биде на дневен ред и на денешната седница на Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protokolite-za-novata-uchebna-godina-bea-najaveni-za-10-avgust-sostanokot-za-nivno-utvrduvanje-prodolzuva-i-denes/feed/ 0