училници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Sep 2019 14:16:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png училници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Алфа“: Дел од училиштата претесни за настава поради зголемен број ученици, од директорите молк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-del-od-uchilishtata-pretesni-za-nastava-poradi-zgolemen-broj-uchenici-od-direktorite-molk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-del-od-uchilishtata-pretesni-za-nastava-poradi-zgolemen-broj-uchenici-od-direktorite-molk/#respond Tue, 17 Sep 2019 14:16:41 +0000 https://kurir.mk/?p=241727

Како сардини во конзерва, така дечињата од основното училиште „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ од Скопје ја следат наставата, се пожалија родителите. Дел од нив пред камерата на Алфа велат дека нивните деца немале никакви услови за учење, зашто од една – се правеле две училници и тоа преградени со гипс картон, без никаква изолација. За проблемот ги известиле надлежните, но до сега немале никаков одговор, пренесува телевизијата. „Алфа“ беше и во двете училишта кои се водат под исто име. -Прво се обративме во главното каде е сместен персоналот, а потоа и во подрачното, каде нема услови за работа. Не бевме добредојдени на двете места. И додека директорката веќе неколку недели бега од нашата камера, јавноста очекува одговор, кој барем за сега го нема. Ниту директорката, ниту педагогот, ниту пак некој од училиштето не сакаше да каже ништо околу низата натрупани проблеми кои родителите ги мачат веќе извесен период. Побаравме одговор и од подрачното училиште, но таму не стигнавме ни до вратата. И додека децата немаат нормални услови за следење на наставата, родителите чекаат одговори од надлежните, кои им ветиле дека ќе се потрудат да најдат соодветно решение. Се надеваат дека ќе им се слушне гласот и дека во една училница повеќе нема да учат по околу 40 деца а некаде и повеќе деца кои немаат ни доволно место за седење, а уште помалку за учење, анализира „Алфа“. Инаку во ова училиште скоро секоја година се зголемува бројот првоооделнци. Дали ќе има доградба на уште некоја училница, за сега никој не кажува ништо. -Но проблемот не е само со ова училиште, туку многу поширок. Имено, проблем има и во основни училишта каде што родители иако не живеат на локалните улици – околу образовните установи, се обидуваат преку приватни конекции во општините и на други нивоа, сепак да ги запишат своите деца. Ќе ја реши ли некој пренатрупаноста?   https://youtu.be/lUHhOi1rwGw]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-del-od-uchilishtata-pretesni-za-nastava-poradi-zgolemen-broj-uchenici-od-direktorite-molk/feed/ 0
120 прочистувачи на воздух за секоја училница во основните училишта во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/120-prochistuvachi-na-vozduh-za-sekoja-uchilnica-vo-osnovnite-uchilishta-vo-kavadarci/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/120-prochistuvachi-na-vozduh-za-sekoja-uchilnica-vo-osnovnite-uchilishta-vo-kavadarci/#respond Fri, 14 Dec 2018 14:59:57 +0000 https://kurir.mk/?p=140287

Денеска кавадаречкиот совет одржа две вонредни седници, на кои советот донесоа значајни одлуки. 200 милиони денари што ЈП Комуналец во изминативе 10 години ги акомулирало како добивка ќе бидат прераспределени. Исто така беше прифатена иницијативата за зголемување на вкупното даночно задолжување од данок на имот на физички и правни лица. Со направеното ажурирање на базата на податоци, за данок на имот се евидентирани нови 4500 даночни обврзници кои досега не плаќале данок на имот. Овие две одлуки пред советот ги образложи градоначалникот Митко Јанчев, кој нагласи и дека со решавањето на предметите за легализација бројот на даночни обвзници и парите од данок на имот што се слеваат во општинската каса дополнително ќе се зголемат. Во рамки на деветата седница советот ја прифати и понудената донација од фондацијата „Никола Јанчев“ во 120 прочистувачи на воздух кои ќе бидат распределени во секоја училница од основните училишта. Станува збор за донација од 36 илјади евра. Во рамки на седницата можеа да се слушнат бројни обвинувања помеѓу советниците кои доаѓаат од партиите кои ја предводат актуелната и ја предводеа поранешна централна власт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/120-prochistuvachi-na-vozduh-za-sekoja-uchilnica-vo-osnovnite-uchilishta-vo-kavadarci/feed/ 0