уефа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 17:02:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png уефа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 УЕФА влегува во организација на „Златната топка“ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-vleguva-vo-organizatsija-na-zlatnata-topka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-vleguva-vo-organizatsija-na-zlatnata-topka/#respond Fri, 03 Nov 2023 17:02:34 +0000 https://kurir.mk/?p=896242

Најпрестижната фудбалска награда „Златна топка“ (Ballon d’Or) во иднина заеднички ќе ја доделуваат УЕФА и Групацијата „Амаури“, во чија сопственост се неделникот „Франс фудбал“ и дневниот весник „Л'Екип“. УЕФА и Амаури, која е творец на „Златната топка“, потпишаа денеска договор за партнерство за заедничка организација на доделувањето на престижната награда, почнувајќи од 2024. Договорот за соработка е постигнат седум години, откако беше раскината досегашната соработка меѓу француските организатори и ФИФА. Групацијата Амаури ќе остане мнозински сопственик на „Златната топка“ и ќе продолжи да го надгледува гласањето, а ќе бидат додадени две нови категории – за најдобар тренер и најдобра тренерка на годината. „Златната топка“ традиционално се доделува во Париз, но од Амаури најавија дека постои можност во иднина да се организира и во други европски метрополи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-vleguva-vo-organizatsija-na-zlatnata-topka/feed/ 0
УЕФА жестоко ја казни Србија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-zhestoko-ja-kazni-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-zhestoko-ja-kazni-srbija/#respond Thu, 02 Nov 2023 05:00:59 +0000 https://kurir.mk/?p=895546

Српската фудбалска репрезентација е казнета со еден натпревар без публика и парична казна од скоро 90.000 евра поради навивачки инциденти на натпреварот со Црна Гора. Па така Србија во последното коло од квалификациите за ЕП 2024 против селекцијата на Бугарија ќе мора да игра пред празни трибини. Казната на УЕФА ќе може да се замени со исполнување на стадионот во Лесковац со деца на возраст до 14 години. Натпреварот со Бугарија е решавачки за Србија во борбата за пласман на ЕП 2024 и играњето без публика може да биде хендикеп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-zhestoko-ja-kazni-srbija/feed/ 0
УЕФА: Натпреварот меѓу Белгија и Шведска нема да биде продолжен https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-natprevarot-megu-belgija-i-shvedska-nema-da-bide-prodolzhen/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-natprevarot-megu-belgija-i-shvedska-nema-da-bide-prodolzhen/#respond Thu, 19 Oct 2023 16:37:48 +0000 https://kurir.mk/?p=890904

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) објави денеска дека квалификацискиот дуел за ЕУРО2024 меѓу Белгија и Шведска што во понеделникот беше прекинат на полувреме, откако играчите дознаа дека во градот се убиени двајца шведски навивачи, нема да биде продолжен и ќе биде регистриран со резултатот 1-1, кој беше актуелен во моментот на прекин. Натпреварот меѓу Белгија и Шведска загуби резултатска важност, откако претходно во понеделникот Австрија со 1-0 го совлада Азербејџан и со тоа стана јасно дека првите две места во групата Ф кои обезбедуваат пласман на ЕУРО2024 ќе ги заземат Белгија и Австрија. По денешната одлука на УЕФА, Белгија е на чело на групата со 17 бодови, пред Австрија со 16, додека Шведска е третопласирана со седум бодови и натпревар помалку. „Двете национални федерации, земајќи ги предвид околностите, децидно бараа натпреварот да не биде доигран и резултатот од полувремето се смета за конечен“, објави УЕФА.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-natprevarot-megu-belgija-i-shvedska-nema-da-bide-prodolzhen/feed/ 0
УЕФА: Длабоко жалиме поради насилството во Израел https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-dlaboko-zhalime-poradi-nasilstvoto-vo-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-dlaboko-zhalime-poradi-nasilstvoto-vo-izrael/#respond Thu, 12 Oct 2023 15:17:19 +0000 https://kurir.mk/?p=888140

Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Александар Чеферин изрази денеска „длабока тага поради трагичното насилство во Израел“. Поради воените дејствија кои почнаа во саботата, УЕФА одлучи да го одложи натпреварот меѓу Израел и Косово во Приштина, под образложение дека израелските власти не ѝ дозволуваат на својата репрезентација да патува во странство. „Во име на УЕФА и европската фудбалска заедница пишувам за да ја изразам нашата длабока тага, откако дознавме за трагичните акти на насилство кои се случија минатата недела во Израел и резултираа со загуба на невини жртви. Ова е незамислива трагедија, а болката и тагата се длабоки и одекнуваат во целата фудбалска заедница“, наведе Чеферин во писмо упатено до претседателот на Фудбалската федерација на Израел. Бројот на загинати во Израел од почетокот на војната продолжува да расте и достигна 1.300, а околу 3.000 се ранети, вклучувајќи 28 во критична и 350 во тешка состојба. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-dlaboko-zhalime-poradi-nasilstvoto-vo-izrael/feed/ 0
УЕФА го одложи квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 меѓу Израел и Косово https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-go-odlozhi-kvalifikatsiskiot-natprevar-za-ep-2024-megu-izrael-i-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-go-odlozhi-kvalifikatsiskiot-natprevar-za-ep-2024-megu-izrael-i-kosovo/#respond Thu, 12 Oct 2023 10:48:47 +0000 https://kurir.mk/?p=888036

Европската фудбалска асоцијацијација (УЕФА) денес го одложи квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 меѓу Косово и Израел. Според веб-страницата на УЕФА, натпреварот е одложен поради одлуката на израелските власти да не дозволи на репрезентацијата да патува во странство поради актуелната воена состојба. Натпреварот со Косово требаше да се одигра на 15 октомври во Приштина. Новиот датум на одигрување на натпреварот помеѓу овие екипи ќе биде објавен подоцна. Претходно, УЕФА го одложи натпреварот меѓу репрезентациите на Израел и Швајцарија во квалификациите за ЕП 2024 година од 12 октомври на 15 ноември. Организацијата ги одложи и квалификациските натпревари за Европското првенство планирани за Израел за играчи до 17 години. Ноќта на 7 октомври, Израел беше изложен на ракетен и копнен напад од Појасот Газа. Палестинското исламистичко движење Хамас најави почеток на воени дејства. Како одговор, израелските власти започнаа и воена операција и извршија мобилизација на резервниот воен состав.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-go-odlozhi-kvalifikatsiskiot-natprevar-za-ep-2024-megu-izrael-i-kosovo/feed/ 0
УЕФА ја промени одлуката да им дозволи на руските младински тимови да учествуваат на меѓународни турнири https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-ja-promeni-odlukata-da-im-dozvoli-na-ruskite-mladinski-timovi-da-uchestvuvaat-na-megunarodni-turniri/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-ja-promeni-odlukata-da-im-dozvoli-na-ruskite-mladinski-timovi-da-uchestvuvaat-na-megunarodni-turniri/#respond Tue, 10 Oct 2023 12:57:23 +0000 https://kurir.mk/?p=887496

Извршниот комитет на Европската фудбалска унија (УЕФА) ја откажа одлуката да им дозволи на руските младински тимови да учествуваат на меѓународни турнири, пренесува „РИА Новости“ повикувајќи се на новинарот на Скај њуз, Роб Харис. УЕФА денес соопштила дека не може да се најде техничко решение за да им се дозволи на руските тимови да играат. На 26 септември, УЕФА им дозволи на руските репрезентации со играчи помлади од 17 години да се натпреваруваат под нејзино покровителство. Руските тимови требаше да ги играат своите натпревари на неутрална територија без употреба на знаме или химна. По оваа одлука Украина, Англија, Полска, Летонија, Шведска, Данска, Норвешка и Литванија најавија бојкот на натпревари со учество на Руси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-ja-promeni-odlukata-da-im-dozvoli-na-ruskite-mladinski-timovi-da-uchestvuvaat-na-megunarodni-turniri/feed/ 0
УЕФА го одложи мечот Израел – Швајцарија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-go-odlozhi-mechot-izrael-shvajtsarija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-go-odlozhi-mechot-izrael-shvajtsarija/#respond Mon, 09 Oct 2023 09:18:19 +0000 https://kurir.mk/?p=886841

Европската фудбалска унија (УЕФА) го одложи натпреварот меѓу репрезентациите на Израел и Швајцарија од квалификациите за Европското првенство во 2024 година. Секако, причината е војната во Израел по ненадејната воена офанзива на палестинскиот исламистички Хамас. „Со оглед на актуелните безбедносни услови во Израел, УЕФА одлучи да ги одложи сите натпревари во следните две недели во таа земја. Новите датуми ќе бидат потврдени во догледно време“, се вели во соопштението на УЕФА. Натпреварот меѓу Израел и Швајцарија од седмото коло од групата „И“ требаше да се одигра во четврток во Тел Авив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-go-odlozhi-mechot-izrael-shvajtsarija/feed/ 0
„Поздрав“ до УЕФА: Навивачите на Дортмунд испратија моќна порака (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pozdrav-do-uefa-navivachite-na-dortmund-ispratija-mokna-poraka-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pozdrav-do-uefa-navivachite-na-dortmund-ispratija-mokna-poraka-foto/#respond Thu, 05 Oct 2023 07:51:52 +0000 https://kurir.mk/?p=885433 foto:twitter.com/BlackYellow

Борусија Дортмунд и Милан не одиграа натпревар како што очекуваа сите фудбалски фанови, поточно мечот заврши без победник, но и без голови што значи дека двете екипи остануваат без погодок по две одиграни кола во Лигата на шампионите. Меѓутоа ако на теренот го немаше она за што се игра фудбалот, тогаш на трибините беше доста интересно, фантастично како што е секогаш на преполниот „Сигнал Идуна Парк“. Навивачите на Борусија знаат да направат сјајна атмосфера, ама и да испратат некоја порака ако е потребно што и беше случај на вчерашното соочување каде беше „поздравена“ УЕФА. -Фудбал за милиони луѓе, не за милијарди евра. Вратете ни ја играта, -порача од „жолтиот ѕид“. ]]>
foto:twitter.com/BlackYellow

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pozdrav-do-uefa-navivachite-na-dortmund-ispratija-mokna-poraka-foto/feed/ 0
Утре почнува продажбата на влезници за ЕУРО 2024 https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/utre-pochnuva-prodazhbata-na-vleznitsi-za-euro-2024/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/utre-pochnuva-prodazhbata-na-vleznitsi-za-euro-2024/#respond Mon, 02 Oct 2023 19:41:10 +0000 https://kurir.mk/?p=884387

Првата фаза од продажбата на влезници за Европското фудбалско првенство 2024 ќе почне утре, соопшти Европската фудбалска асоцијација (УЕФА). Заклучно со 26 октомври, до кога ќе трае првата фаза, достапни ќе бидат 1,2 милиони билети. Евроквалификациите се во тек и сè уште ниту една репрезентација нема обезбедено место на завршниот турнир, чиј домаќин од 14 јуни до 14 јули идната година ќе биде Германија. Цената на влезниците ќе се движи од 30 евра за натпревари во групната фаза, до 1.000 евра за најскапите билети за финалето во Берлин. Точниот распоред на натпреварите на ЕУРО2024 ќе биде познат по жрепката која е закажана за 2 декември во Хамбург.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/utre-pochnuva-prodazhbata-na-vleznitsi-za-euro-2024/feed/ 0
Русите се враќаат во натпреварувањата на УЕФА https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rusite-se-vrakaat-vo-natprevaruvanata-na-uefa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rusite-se-vrakaat-vo-natprevaruvanata-na-uefa/#respond Wed, 27 Sep 2023 04:04:40 +0000 https://kurir.mk/?p=882044

На конгресот во Париз, УЕФА направи два чекора кон делумна интеграција на Русија во европските фудбалски натпреварувања и покрај војната во Украина која е во тек. Европската фудбалска унија одлучи д а ги врати руските репрезентации до 17 години оваа сезона што претставува ублажување на општата забрана на руските национални тимови и клубовите да играат во меѓународните натпреварувања. „Децата не би требало да бидат казнети за постапките чија одговорност е исклучиво кај возрасните и УЕФА е цврсто е уверена дека фудбалот никогаш не треба да се откаже од испраќање пораки за мир и надеж“, се вели во соопштението од УЕФА. Во исто време, делегирани се и руски судии за меѓународните натпреварувања, но за враќање на клубовите, сепак, ќе треба да се почека.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rusite-se-vrakaat-vo-natprevaruvanata-na-uefa/feed/ 0