Уфе Елеман Јенсен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 19 Jun 2022 15:11:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Уфе Елеман Јенсен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина Уфе Елеман-Јенсен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-ufe-eleman-jensen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-ufe-eleman-jensen/#respond Sun, 19 Jun 2022 15:11:19 +0000 https://kurir.mk/?p=692841

Хелсинки, 19 јуни 2022 година (МИА) – Почина Уфе Елеман-Јенсен, кој беше министер за надворешни работи на Данска повеќе од 10 години од раните 1980-ти. Елеман-Јенсен е носител на највисокото македонско државно признание „8 септември“, кое му беше доделено за исклучителен придонес во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката на Македонија со Данска, како и поради неговиот придонес во јакнењето на меѓународната положба и углед на македонската држава. Елеман-Јенсен важеше за еден од клучните политичари на нордискиот регион во последната фаза од Студената војна, а почина на 80-годишна возраст. Конзервативно-либералната партија Венстре, предводена од Елеман-Јенсен од 1984 до 1998 година, денеска соопшти дека тој починал во текот на ноќта по долго боледување. Данската премиекар Мете Фредериксен изјави дека Елеман-Јенсен бил остар политичар, голема личност и човек со голема храброст. – Тој вешто ја претставуваше нашата земја за време на Студената војна, рече Фредериксен, додавајќи дека Елеман-Јенсен инсистираше Данска да остане посветена на заедничката политика на НАТО и повика на одржување блиски врски меѓу Европа и САД. Зад него остави сопруга, четири деца и 10 внуци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-ufe-eleman-jensen/feed/ 0