Уганда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Jul 2023 10:51:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Уганда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Голема можност за соработка помеѓу Србија и Уганда: Претседателот Мусевини најави дека за 10 години афричкиот пазар ќе биде еден од најголемите во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golema-mozhnost-za-sorabotka-pomegu-srbija-i-uganda-pretsedatelot-musevini-najavi-deka-za-10-godini-africhkiot-pazar-ke-bide-eden-od-najgolemite-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golema-mozhnost-za-sorabotka-pomegu-srbija-i-uganda-pretsedatelot-musevini-najavi-deka-za-10-godini-africhkiot-pazar-ke-bide-eden-od-najgolemite-vo-svetot/#respond Wed, 05 Jul 2023 10:51:50 +0000 https://kurir.mk/?p=852932

Претседателот на Уганда, Јовери Мусевени во видео обраќањето го повика народот и земјоделците од Србија да ја посетат оваа братска земја и да инвестираат во неа. Тој нагласува дека Уганда ги произведува речиси сите земјоделски производи и дека тие се едни од најздравите во светот кои се одгледуваат на органски начин. „Задоволство ми е да ве запознаам со органски, свежи, хранливи земјоделски производи од Уганда. Нашите производи се одгледуваат на мали фарми со големо внимание на подготовката, бидејќи тоа е она што го јадеме и е дел од семејното наследство. Нашите земјоделци не произведуваат посеви само заради работата, туку тоа го прават затоа што тоа е нивно наследство, кое сега стана важно и за трговијата“, им порача претседателот Мусевени на претставниците на Владата и на потрошувачите на пазарот на Србија. „Имаме само 45 милиони луѓе, но имаме можност да нахраниме 200 милиони луѓе и повеќе, со оглед на плодната земја и зголеменото техничко знаење на нашите млади луѓе“, подвлече тој, додавајќи дека „тие се и на големиот пазар во развој на Источна Африка и поширокиот африкански заеднички пазар кој сега опфаќа површина од 1,4 милијарди луѓе. За 10 години, африканскиот пазар ќе биде еден од најголемите во светот каде што младите ќе трошат се повеќе и повеќе“. Претседателот Мусевени му се заблагодари на претседателот на Србија, неговата екселенција Александар Вучиќ, кој при неодамнешната посета на Уганда на министерот за трговија во Владата на Република Србија, г. Томислав Момировиќ испрати специјална порака во која го покани во Татковинската Република Србија. „Ќе дојдам со делегација од 60 бизнисмени и претставници на компании кои ќе ви ја претстават нашата храна и други производи. Би сакале тие да соработуваат со вашите компании за да инвестираат повеќе во земјоделскиот сектор во Уганда“, повика тој. Претседателот Мусевени, исто така, со задоволство истакна дека Република Србија веќе покажала интерес за угандскиот ананас, кафе, житарки, цвеќиња, млечни производи и производи од банана. „Ние сме посветени да ви понудиме на сите стимулации во однос на земјиштето, даноците и пристапот до поголемиот африкански пазар“, увери тој. „Ќе продолжиме да ја подобруваме соработката што ја имавме со вас и со поранешната Република Југославија од 1963 година кога ги започнавме билатералните односи, меѓусебно поддржувајќи се. Тоа ќе ги зајакне мисиите и на нашите народи, институции и на човештвото“. Претседателот исто така побара „Уганда ерлајнс“ да започне партнерство со „Ер Србија“ за двете компании да можат да го забрзаат бизнисот, туризмот и личната размена. „Ве охрабрувам да го користите трговскиот центар што го нарековме Uganda Connect за да можете директно да ги нарачате нашите производи од таму, а исто така да дојдете и да ја посетите нашата земја. Овој деловен центар се наоѓа во Белград на вода. Посетувајте го редовно за да се запознаете со нашата храна и култура“, рече тој. „Исто така, му благодарам на трговскиот претставник на Уганда, г-дин Братислав Стоиљковиќ, кој работеше многу напорно за да отвори нов мост за трговија и инвестиции меѓу приватниот сектор на Уганда и Србија и им помогна на производите од Уганда да дојдат до вашите продавници на мало“, заклучи тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golema-mozhnost-za-sorabotka-pomegu-srbija-i-uganda-pretsedatelot-musevini-najavi-deka-za-10-godini-africhkiot-pazar-ke-bide-eden-od-najgolemite-vo-svetot/feed/ 0
Убиен министер на Уганда, телохранителот пукал поради доцнење на плата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-minister-na-uganda-telohranitelot-pukal-poradi-dotsnene-na-plata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-minister-na-uganda-telohranitelot-pukal-poradi-dotsnene-na-plata/#respond Tue, 02 May 2023 09:49:05 +0000 https://kurir.mk/?p=829651

Министер за труд на Уганда, Чарлс Енгола денеска е убиен од неговиот телохранител, најверојатно поради приватни несогласувања, објавија локалните медиуми. Енгола беше пензиониран армиски полковник. Според државната телевизија на Уганда, напаѓачот, чиј идентитет не се соопштува, пукал во министерот, а потоа и во себе. Инцидентот се случил во домот на Енгола во главниот град на Угранда, Кампала. Според локалните медиуми спорот бил за платите на обезбедувањето. Очевидци тврдат дека војникот викал дека долго време не добил плата, иако работел за министерот, објави порталот „Најлпост“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-minister-na-uganda-telohranitelot-pukal-poradi-dotsnene-na-plata/feed/ 0
Најмалку девет жртви: Хорор во новогодишната ноќ, стампедо во трговски центар во Уганда https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-devet-zrtvi-horor-vo-novogodishnata-nokj-stampedo-vo-trgovski-centar-vo-uganda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-devet-zrtvi-horor-vo-novogodishnata-nokj-stampedo-vo-trgovski-centar-vo-uganda/#respond Sun, 01 Jan 2023 11:40:47 +0000 https://kurir.mk/?p=782994

Најмалку девет лица загинаа, а неколку други се повредени во метеж во трговски центар во главниот град на Уганда, Кампала за време на новогодишната прослава, соопшти денеска локалната полиција. По огнометот пред трговскиот центар во јужниот дел на Кампала, настана метеж, пет лица загинаа на лице место, а повеќе се повредени, се вели во соопштението на полицискиот портпарол. Итната помош ги пренесе повредените во болница, каде е констатирана смрт на девет лица, додаде тој. Портпаролот рече дека меѓу жртвите има и млади луѓе и ја осуди негрижата и невниманието. Прославата на Новата година во Уганда е прва во последните три години, поради ограничувањата поврзани со пандемијата на Ковид-19 и безбедносните проблеми. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-devet-zrtvi-horor-vo-novogodishnata-nokj-stampedo-vo-trgovski-centar-vo-uganda/feed/ 0
Претседателот на Уганда го назначи Братислав Стоиљковиќ за трговски претставник на земјата за Југоисточна Европа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-uganda-go-naznachi-bratislav-stoiljkovikj-za-trgovski-pretstavnik-na-zemjata-za-jugoistochna-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-uganda-go-naznachi-bratislav-stoiljkovikj-za-trgovski-pretstavnik-na-zemjata-za-jugoistochna-evropa/#respond Tue, 13 Dec 2022 12:08:00 +0000 https://kurir.mk/?p=774980

Пријателството меѓу Уганда и земјите од поранешна Југославија, кое трае неколку децении и датира од заедничките активности во Движењето на неврзаните, повторно е продлабочено и на обострано задоволство. Имено, претседателот на Уганда, Јовери Мусевени, ја назначи српската бизнисменот Братислав Стоиљковиќ за трговски претставник на земјата за Југоисточна Европа. На церемонијата одржана во лондонското предградие Виндзор, претседателот Мусевини го назначи Стоиљковиќ за претставник за трговски и инвестициски односи со Уганда за сите земји од Југоисточна Европа. Обраќајќи им се на присутните на церемонијата, Мусевени ги повтори историските врски на Уганда со  земјите од поранешна Југославија, кои траат од првиот самит на Движењето на неврзаните одржан во Белград во 1961 година. Тој со гордост нагласи дека Уганда ќе биде домаќин на самитот на Движењето на неврзаните следната година. Колку се силни односите меѓу нашиот регион и Уганда, говори и податокот дека во јуни следната година во Белград ќе биде отворен културно-угостителскиот центар на Уганда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-uganda-go-naznachi-bratislav-stoiljkovikj-za-trgovski-pretstavnik-na-zemjata-za-jugoistochna-evropa/feed/ 0
Поддршка од пет милиони евра за Уганда од ЕУ во борбата против ебола https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poddrshka-od-pet-milioni-evra-za-uganda-od-eu-vo-borbata-protiv-ebola/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poddrshka-od-pet-milioni-evra-za-uganda-od-eu-vo-borbata-protiv-ebola/#respond Mon, 28 Nov 2022 14:24:39 +0000 https://kurir.mk/?p=767665

Европската комисија соопшти дека мобилизира пет милиони евра поддршка за Уганда која се соочува со нов бран на ебола. Со оваа помош ќе се поддржат клиничките тестирања на вакцини и третмани против суданскиот сој на ебола за кој не постои во моментов ниту лек ниту вакцина. Еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, порача дека со оваа итна помош за Уганда ЕУ се обидува да придонесе во контрола на епидемијата, која е смртоносна и “многу загрижувачка“, рече таа. -Ќе обезбедиме пет милиони евра финансии за клинички тестирања за вакцини и третмани водени од Светската здравствена организација и владата на Уганда. Ова е конкретен пример кој покажува дека нашите дела одат подалеку од границите на ЕУ, рече еврокомесарката за здравство. Петте милиони евра за поделени на два: четири милиони евра за вакцините, еден милион за третманот.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poddrshka-od-pet-milioni-evra-za-uganda-od-eu-vo-borbata-protiv-ebola/feed/ 0
Уганда ќе ја скрати учебната година за две недели за да го ограничи ширењето на еболата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uganda-kje-ja-skrati-uchebnata-godina-za-dve-nedeli-za-da-go-ogranichi-shirenjeto-na-ebolata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uganda-kje-ja-skrati-uchebnata-godina-za-dve-nedeli-za-da-go-ogranichi-shirenjeto-na-ebolata/#respond Tue, 08 Nov 2022 14:03:40 +0000 https://kurir.mk/?p=757468

Уганда ќе ја скрати учебната година за две недели во обид да се ограничи секојдневниот контакт меѓу учениците и со тоа да го ограничи ширењето на еболата, соопшти министерката за образование на таа африканска држава. Властите се борат да го сузбијат ширењето на многу заразната и смртоносна хеморагична треска ебола. Епидемијата го зафати главниот град Кампала, со население од околу два милиони луѓе. Според податоците на Министерството за здравство, до вчера во Уганда се потврдени 135 случаи на зараза и 53 смртни случаи. Министерката за образование Џенет Катаха Мусевени рече дека владата одлучила да ги затвори градинките, основните и средните училишта на 25 ноември, бидејќи полните училници претставуваат ризик од ширење на вирусот. Студентите во Уганда моментално се во третиот и последен рок од календарската година, на крајот од кој одат на испити. Кај децата има осум смртни случаи од 23 потврдени. Суданскиот вид на ебола циркулира во Уганда, за кој нема вакцина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uganda-kje-ja-skrati-uchebnata-godina-za-dve-nedeli-za-da-go-ogranichi-shirenjeto-na-ebolata/feed/ 0
Единаесет лица, меѓу кои и деца, загинаа во пожар во училиште во Уганда https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edinaeset-lica-megju-koi-i-deca-zaginaa-vo-pozar-vo-uchilishte-vo-uganda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edinaeset-lica-megju-koi-i-deca-zaginaa-vo-pozar-vo-uchilishte-vo-uganda/#respond Tue, 25 Oct 2022 07:16:28 +0000 https://kurir.mk/?p=750047

Единаесет лица, меѓу кои и деца, загинаа во пожар во училиште во село во близина на главниот град на Уганда, Кампала, соопшти денеска локалната полиција. Претставник на полицијата рече дека инцидентот се случил во текот на ноќта во училиште за слепи во областа Муконо, без да даде повеќе детали. Пожарите во училиштата во Уганда предизвикуваат загриженост кај образовните службеници во оваа источноафриканска земја.
Две спални во познатиот интернат во Кампала беа уништени во одделни пожари во 2020 година, но никој не беше повреден во тие инциденти. Во близина на Кампала во 2008 година, 19 ученици загинаа во пожар што избувна во интернат за ученици во основно училиште.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edinaeset-lica-megju-koi-i-deca-zaginaa-vo-pozar-vo-uchilishte-vo-uganda/feed/ 0
Еболата се шири, оваа земја воведе карантин во две области: На сила е и полициски час https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ebolata-se-shiri-ovaa-zemja-vovede-karantin-vo-dve-oblasti-na-sila-e-i-policiski-chas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ebolata-se-shiri-ovaa-zemja-vovede-karantin-vo-dve-oblasti-na-sila-e-i-policiski-chas/#respond Thu, 20 Oct 2022 14:56:03 +0000 https://kurir.mk/?p=748533

Епидемијата на ебола во Уганда брзо се разви во текот на еден месец откако болеста беше откриена во оваа источноафриканска земја, изјави денеска регионалниот директор на здравствената агенција на ОН за Африка, Матшидисо Моети. - Министерството за здравство на Уганда покажа извонредна отпорност и ефективност и постојано го прилагодува својот одговор на предизвикувачката ситуација. Подоброто разбирање на синџирите за пренос на болести им помага на оние на теренот да реагираат поефикасно, рече Моети. Уганда прогласи епидемија на ебола на 20 септември, неколку дена откако заразната болест почна да се шири во рурална земјоделска заедница. Оттогаш, 64 луѓе се заразиле со ебола, а 24 починале како последица на болеста, иако официјалните податоци не ги вклучуваат луѓето кои најверојатно починале од ебола пред да се прогласи епидемијата. Стравувањата дека еболата би можела да се прошири далеку од епицентарот на епидемијата ги наведоа властите да воведат карантин, како и полициски час, во два од петте окрузи кои пријавиле случаи на ебола. Еболата се шири преку контакт со телесни течности или контаминирани материјали на заразено лице. Симптомите вклучуваат треска, повраќање, дијареа, болки во мускулите, а понекогаш и внатрешно и надворешно крварење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ebolata-se-shiri-ovaa-zemja-vovede-karantin-vo-dve-oblasti-na-sila-e-i-policiski-chas/feed/ 0
СЗО: Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-vo-uganda-29-lica-pochinaa-od-ebola-megju-niv-i-zdravstveni-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-vo-uganda-29-lica-pochinaa-od-ebola-megju-niv-i-zdravstveni-rabotnici/#respond Wed, 05 Oct 2022 20:45:18 +0000 https://kurir.mk/?p=741577

Дваесет и девет лица, меѓу нив четворица здравствени работници, починаа од ебола во Уганда, откако пред две недели властите прогласија епидемија во централниот дел на земјата, соопшти денеска Светската здравствена организација. – Вакцините што успешно се користат за да се спречат неодамнешните епидемии на ебола во ДР Конго, не се ефикасни против типот на вирусот ебола што ја предизвика оваа пандемија, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Тој зборуваше на темата на прес-конференција. – Сепак, неколку вакцини против овој вирус се во различни фази на развој, од нив две може да започнат клинички испитувања во Уганда во наредните недели, во очекување на регулаторни и етички одобренија од Владата на Уганда, појасни тој. Идентификувани се вкупно 63 потврдени и веројатни случаи. Меѓу нив се 29 смртни случаи. Според Тедрос, „десет здравствени работници биле заразени, а четворица починале”. Министерката за здравство на Уганда, Џејн Рут Асенг Осеро на Твитер информираше за денешната смрт на 58-годишен анестезиолог. – Кога има доцнење во откривањето на епидемија на ебола, нормално е најпрво случаите постојано да се зголемуваат, а потоа постепено да се намалуваат, додека не се применат интервенции за спасување животи и мерки за контрола на епидемијата, посочи Тедрос. Вирусното заболување ебола често е смртоносно, но сега се достапни вакцини и третмани за оваа хеморагична треска што се пренесува на луѓето од заразени животни. СЗО ослободи два милиона долари од својот резервен фонд за итни случаи и работи со партнерите за да им помогне на властите да ја засилат реакцијата со испраќање специјалисти и медицински материјали. Првите случаи во Уганда беа регистрирани во областа Мубенде во централниот дел на земјата, а потоа се распостранија во соседните области Касанда, Киегегва и Кагади. Минатата недела претседателот Јовери Мусевини отфрли каков било карантин. Тој смета дека земјата има капацитет да ја контролира епидемијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-vo-uganda-29-lica-pochinaa-od-ebola-megju-niv-i-zdravstveni-rabotnici/feed/ 0
Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-uganda-16-lica-zarazeni-so-ebola-od-pochetokot-na-epidemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-uganda-16-lica-zarazeni-so-ebola-od-pochetokot-na-epidemijata/#respond Sun, 25 Sep 2022 18:53:36 +0000 https://kurir.mk/?p=737350

Министерството за здравство на Уганда денеска соопшти дека од вторникот, кога во земјата беше прогласена епидемијата на ебола, 16 лица се заразени со вирусот на хеморагична треска. Властите во петокот соопштија дека четири лица починале од ебола за три дена, додавајќи дека епидемијата ја зафатила централна Уганда. -Засега нема потврдени случаи на инфекција во главниот град, додаде Министерството. Уганда и претходно имаше епидемија на ебола, која уби неколку илјади луѓе низ Африка од нејзиното откривање во 1976 година во соседно Конго. Вирусот ебола може да биде смртоносен, но сега постојат вакцини и терапии против оваа болест. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-uganda-16-lica-zarazeni-so-ebola-od-pochetokot-na-epidemijata/feed/ 0