угинати риби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 Oct 2018 13:15:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png угинати риби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Угинати риби пливаат во Брегалница https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uginati-ribi-plivaat-vo-bregalnica/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uginati-ribi-plivaat-vo-bregalnica/#respond Fri, 12 Oct 2018 13:15:48 +0000 https://kurir.mk/?p=114133

Локални риболовци во текот на вчерашниот и денешниот ден по течението на реката Брегалница во Делчево забележале угинати риби. Тие велат дека, за разлика од пред три месеци, кога угинатите риби можеле да се забележат во горниот дел на реката Брегалница, сега ситуацијата е обратна. - Во изминатите два дена видлива е појавата на угинати примероци на мрена. Мртвите рибите се забележани на потегот од долниот мост во продолжение по течението на река Брегалница и се забележливи на растојание од неколку метри. Интервениравме до надлежните и очекуваме реакција, велат дел од риболовците. Додаваат дека се повторува сликата од летните месеци кога големо количество риби угинаа во реката. - Сега има многу помалки угинати риби. Апелираме, сепак, да не се повтори ситуацијата од летните месеци кога имавме страшен помор на риби во Брегалница. Тогаш се зедоа мостри, но до ден денес никој не излезе да каже што беше причината за поморот, велат тие. Последниот помор на риби во Делчево се случи во месец јули кога казни за сторителите најави лично делчевскиот градоначалник Горан Трајковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uginati-ribi-plivaat-vo-bregalnica/feed/ 0