угостителска индустрија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Apr 2021 08:41:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png угостителска индустрија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јосифовски за Курир: Мерките не го дадоа бараниот и очекуван ефект на помош за угостителската индустрија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/josifovski-za-kurir-merkite-ne-go-dadoa-baraniot-i-ochekuvan-efekt-na-pomosh-za-ugostitelskata-industrija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/josifovski-za-kurir-merkite-ne-go-dadoa-baraniot-i-ochekuvan-efekt-na-pomosh-za-ugostitelskata-industrija/#respond Fri, 09 Apr 2021 08:40:55 +0000 https://kurir.mk/?p=494697

Досегашните мерки за помош и поддршка на економијата во справувањето со последиците од пандемијата Ковид-19 како што самите укажуваат помогнаа за одржување на домашната економија, но реално не го дадоа бараниот и очекуван ефект на помош за угостителската индустрија како индустрија која е најпогодена и најмногу настрада во оваа глобална здравствена криза, вели за Курир претседателот на Независната угостителска комора, НУК, Здравко Јосифовски. Посочува дека нивните континуирани настојувања за изготвување на посебни неселективни сет мерки наменети исклучиво за угостителската индустрија со кои реално ќе се помогне и финансиски поддржат угостителите не вродија реултати и разбирање кај Владата. -Факт е и дека Владата мора да размислува ваквиот модел на мерки да биде променет доколку сака и има желба реално и вистински да им помогне на угостителите и угостителската индустрија. Можеби прифаќањето на моделот на директна неповратна финансиска помош за рестарт на угостителската индустрија кои некои земји од соседството веќе го применија е повеќе сериозен и прифатлив за целокупната угостителска индустрија со кој на некој начин може реално и директно да се интервенира кај угостителите во покривање на трошоците, загубите и штетите што ги имаа за време на време на пандемијата со Ковид-19, смета Јосифовски. Според него новата владина мерка со која се забранува работата на угостителските објекти е во ред, но истата не само што е задоцнета, туку е и прекратка и повторно селективна.Вели, Ако Владата смета дека како резултат на забраната во моментов ќе се надмине проблемот со зголемениот број заболени тогаш и препорачуваат да донесе одлука со која мерката ќе трае месец - два наместо 2 недели за кој период Комисијата за заразни болести ќе има време и можности да изготви нови унифицирани препораки и протоколи на работа за целокупната угостителска индустрија со што по завршувањето на истата летниот период ќе можат да работат сите угостители од постојните угостителски сектори. -Факт е дека со секоја забрана, ограничување на работно време за работа на угостителски објекти, несоодветни протоколи за работа се нанесува од ден во ден непоправлива штета и огромна финансиска загуба на угостителите и угостителската индустрија. Дел од нашите колеги не ги издржаа овие услови на “не”работење и беа приморани пермаментно - трајно да ги затворат своите локали. Останатите се веќе толку задолжени со обврски кон добавувачи, по основ на кредити или по основ на плати што не ја гледаат светлата иднина во скоро време. За разлика од минатите мерки кога не само што препорачувавме угостителите да вложат напори да на секој начин ги задржат во што поголем број своите вработени, овој пат се донесени до работ на опстанокот многумина наместо рационализација ќе се одлучат договорно со вработените да ги раскинат работните односи. Причината не е само што ветените мерки за субвенции од претходните пакети доцнат со месеци, многу поголем проблем претставува што угостителите веќе немаат можности и начини да се задолжуваат за да на некој начин ги премостат или одложат финансиските проблеми во кои се наоѓаат, со што можат да се доведат до многу полоша работа од договорно отпуштање е задржување на вработените ,а неможноста на неисплаќање на плати и создавање на непотребни проблеми, посочува претседателот на НУК. По однос на најавите од министерот за економија за грантови за угостителите, чиј модел е направен, а ќе следи дополнителна консултација со секторот, Јосифовски истакнува дека се затекнати и не се консултирани. -Ние како комора на ваква средба или средби ниту сме учествувале ниту сме биле консултирани на било кој начин за реални предлози и потреби на угостителите и угостителската индустрија.Вистината е и таа дека до овој момент не сме контактирани ниту за најавените дополнителни средби за консултации со нашиот сектор, посочува Јосифовски за Курир.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/josifovski-za-kurir-merkite-ne-go-dadoa-baraniot-i-ochekuvan-efekt-na-pomosh-za-ugostitelskata-industrija/feed/ 0
НУК почнува кампања: Ако Владата не сака, компаниите со дел од парите за предновогодишни забави да им помогнат угостителите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuk-pochnuva-kampanja-ako-vladata-ne-saka-kompaniite-so-del-od-parite-za-prednovogodishni-zabavi-da-im-pomognat-ugostitelite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuk-pochnuva-kampanja-ako-vladata-ne-saka-kompaniite-so-del-od-parite-za-prednovogodishni-zabavi-da-im-pomognat-ugostitelite/#respond Mon, 23 Nov 2020 06:45:49 +0000 https://kurir.mk/?p=432974

Независната угостителска комора започнува кампања #ИнвестирамЗаДаПомогнам за инвестиции и поддршка на угостителската индустрија. Целта е да ги поттикнат фирмите дел од својот планиран корпоративен буџет за предновогодишната забава да го пренаменат и да го инвестираат или донираат во угостителската индустрија или кај, како што наведуваат во соопштение,#МојотОмиленУгостител затоа што и тој #ЗаслужуваПоддршка. Како што укажуваат од НУК, во декември во поголемиот дел од угостителските објекти се организираат и до 40 корпоративни пладневни и вечерни забави. За организација на корпоративни и останати предновогодишни забави фирмите во Македонија, наведуваат, трошат повеќе од 20 милиони евра планиран буџет кој оваа година во повеќе случаи ќе остане неискористен или ќе биде пренаменет за други работи. Ако Владата не сака и не може, истакнуваат од НУК во соопштение, тоа не значи дека нема начин како ние сите заедно да помогнеме во опстанокот на вашите омилени угостители. -Денес македонскиот угостителски бизнис оставен на времето и сам на себе, навреден и деградиран, игнориран од државата и мерките за финансиска помош и поддршка од Владата, полека но сигурно ја губи битката со Ковид-19. Се повеќе угостители поради несоодветните и рестриктивни мерки на Владата за ограничување на работното време и посебните услови и протоколи за работа донесени по предлог на Комисија за заразни болести последните месеци не остваруваат доволно приходи, поради што генерираат енормни загуби и веќе не ја гледаат својата иднина во овој бизнис.Оставени сами на милост и немилост без конкретна и директна помош и поддршка што Владата можеше изминатите месеци да ја направи за нив, го чекаат денот кога ќе бидат доведени пред колапс и приморани трајно да ги затворат своите локали и да се откажат од своето минато, својот труд и својата иднина, вели во пишана изјава Здравко Јосифовски, претседател на НУК. За да не дозволиме да изгубиме ниту еден угостителски објект плус, дополнува, оваа година Незацвисната угостителска комора започнува кампања #ИнвестирамЗаДаПомогнам за инвестиции и поддршка на угостителската индустрија. -На прагот сме на декември, месец кога нема фирма која држи до себе, a нема направено предновогодишна прослава и забава за своите вработени и за своите најверни клиенти. Тоа е месецот кога се бараат врски и ургенции да се резервира невреме омилениот угостителски објект, кога се бара врска за влез и место плус за уште еден гостин.  Оваа година поради пандемијата Ковид-19 омилените новогодишни забави ќе ги нема. Ќе го нема жагорот, насмевките, играњата, пијанствата и забавата. За жал на многу ваши омилени локали исто така им се заканува опасност од трајно затворање. Но тоа не значи дека не постои можност и начин јавно да ги поддржите и да им помогнете на омилените угостителски објекти да опстанат оваа зима и со насмевка, харизма и позитивна енергија Ве дочекаат наредната пролет, истакнува Јосифовски. Од НУК очекуваат безмалку сите финансиските институции банки и осигурителни компании, телеком друштвата, фирмите од фармацевтската индустрија, друштвата кои тргуваат со електрична енергија, производителите и добавувачите на храна и пијалоци и сите останати кои оваа година ќе остварат добивки со планираните средства за предновогодишната прослава и забава да се приклучат кон кампањата и ги инвестираат или донираат во целост буџетите за предновогодишните прослави за опстанок на угостителската индустрија и омилениот угостител. Ги покануваат и сите останати фирми и индивидуалци кои можат и сакаат да се приклучат кон кампањата #ИнвестирамЗаДаПомогнам на #МојотОмиленУгостител и опстанокот на угостителската индустрија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuk-pochnuva-kampanja-ako-vladata-ne-saka-kompaniite-so-del-od-parite-za-prednovogodishni-zabavi-da-im-pomognat-ugostitelite/feed/ 0