угостителски сектор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Jul 2020 11:21:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png угостителски сектор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Велика Британија ќе го намали ДДВ во угостителскиот сектор https://arhiva.kurir.mk/svet/velika-britanija-kje-go-namali-ddv-vo-ugostitelskiot-sektor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/velika-britanija-kje-go-namali-ddv-vo-ugostitelskiot-sektor/#respond Mon, 06 Jul 2020 11:19:20 +0000 https://kurir.mk/?p=369856

Британскиот министер за финансии Риши Сунак планира привремено да го зголеми данокот на имот и да го намали данокот на додадена вредност (ДДВ) во угостителскиот сектор. Сунак новите мерки за обнова на британската економија ќе ги претстави в среда. Прагот на данокот на имот во Велика Британија во моментот изнесува 125.000 фунти, а предвидено е зголемување на половина милион фунти. Со таа мерка, која може да остане во сила една година, најпогодени ќе бидат купувачите на станови. Додека со привременото намалување на ДДВ за угостителскиот сектор ќе бидат опфатени пабовите, рестораните и кафулињата и мерката треба да придонесе за зачувување на 2,4 милиони работни места во угостителскиот и туристичкиот сектор, чии претставници преку отворено писмо побараа помош од британскиот премиер Борис Џонсон. Британската економија, која е петта во светот, во април поради пандемијата со Ковид-19, забележа пад од 20 проценти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/velika-britanija-kje-go-namali-ddv-vo-ugostitelskiot-sektor/feed/ 0