угостителство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Aug 2021 09:24:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png угостителство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Колапс во угостителскиот сектор, а Битиќи вели нови мерки за поддршка АКО е потребно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kolaps-vo-ugostitelskiot-sektor-a-bitikji-veli-novi-merki-za-poddrshka-ako-e-potrebno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kolaps-vo-ugostitelskiot-sektor-a-bitikji-veli-novi-merki-za-poddrshka-ako-e-potrebno/#respond Wed, 25 Aug 2021 09:24:17 +0000 https://kurir.mk/?p=554802

Угостителскиот сектор повторно е најпогоден од новите рестриктивни мерки кои ги донесе Владата. Со целосниот хаос кој настана поради јасно недефинирани мерки, угостителите децидни дека тие се најпогодени со новите мерки кои ги донесе Владата. Децидни се во барањата дека мерките мора да се прилагодат и да се донесат нови, а нивните барањата ги испратиле и до Владата. Велат дека неопходно е да се земе во превид дека воведувањето на новите мерки и рестрикции значи сериозно ограничување во работата на туристичко-угостителскиот сектор поради што и треба да се планираат економски мерки за поддршка. И додека угостителите јавно говорат дека потребна им е поддршка, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека нови мерки за поддршка на угостителите ќе се донесат АКО има потреба. -Како секогаш ги пратиме донесените рестриктивни мерки и доколку заеднички одлучиме дека финансиските импликации се толку големи што бараат одредена поддршка ќе седнеме и ќе разговараме. Секако мерките ќе бидат за тие кои се најмногу погодени, рече Битиќи во одговор на прашање дали Владата размислуваме за некоја нова мерка за поддршка на угостителите и граѓаните заради неодамна донесените рестриктивни мерки. Посочи дека воведените рестриктивни мерки се привремени. -Да се надеваме дека здравствените бројки ќе укажат дека полека ќе можеме да се вратиме во нормалниот живот, а ако тоа не е возможно и досега сме докажале дека носиме мерки за стопанството кога е тоа потребно, потенцира Битиќи. Од почеток на пандемијата угостителскиот сектор е еден од најпогодените од мерките кои се носеа. Голем број луѓе останаа без работа, а дел од сопствениците беа приморани да ги затворат локалите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kolaps-vo-ugostitelskiot-sektor-a-bitikji-veli-novi-merki-za-poddrshka-ako-e-potrebno/feed/ 0
Пазарниот инспекторат годинава планира 19 211 надзори – ризични секторите трговија и угостителство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pazarniot-inspektorat-godinava-planira-19-211-nadzori-rizichni-sektorite-trgovija-i-ugostitelstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pazarniot-inspektorat-godinava-planira-19-211-nadzori-rizichni-sektorite-trgovija-i-ugostitelstvo/#respond Sun, 10 Jan 2021 08:34:19 +0000 https://kurir.mk/?p=453282

Државниот пазарен инспекторат планира годинава да спроведе 19 211 надзори, од кои редовни 3551 и вонредни 14 652. Според годишниот план предвидува и 1081 контролни надзори. Од Државниот пазарен иснепкторат во Годишниот план објавен на неговата веб-страница, наведуваат дека бројот на вонредни надзори е поголем поради состојбата со пандемијата, но дека доколку дојде до опаѓање или нејзино завршување, инспекторатот ќе даде приоритет на редовните инспекциски надзори. Според предвиденото контролите ќе ги спроведуваат 141 државен пазарен инспектор и шест државни пазарни инспектори за безбедност на производи. Од Инспекторатот во Годишниот план истакнуваат дека врз основа на анализи на претходните години, во оваа година , како ризични области и натаму остануваат угостителството и трговијата. Наведуваат дека најголем број неправилности се констатирани по Законот за трговија и Законот за угостителство. Надзорите ќе се вршат кај правни и физички лица и други субјекти и се планира да бидат опфтени 30 илјади субјекти. Се постапува по претставки од граѓани и други институции, но и во организирани акции на ниво на Инспекторатот. Активностите што ги преземаат се согласно Законот за Државен пазарен инспекторат со кој се уредуваат надлежностите и овластувањата, како и посебните закони и подзаконски акти од областа на трговијата, угостителството, туризмот, заштита на правата од индустриска сопственост во прометот, занаетчиството, заштитата на потрошувачите, безбедоност на производи и слично. Во документот стои дека годинава се планирани повеќе вонредни надзори од редовните поради состојбата со пандемијата со Ковид 19. – Во момент на опаѓање или нејзино завршување во 2021 година ДПИ ќе направи измени и дополнување на Годишниот план за работа за 2021 година со давање приоритет на редовните инспекциски надзори, стои во Годишниот план. Во годишниот план наведуваат дека во спроведување на активностите се соочуваат со фактори кои го отежнуваат работењето и негативно влијаат на спроведување на планираните инспекциски активности. Меѓу нив ги набројуваат недоволниот број инспектори, неповолната старосна структура на инспекторите со над 55 години, како и непостоење цели одделенија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pazarniot-inspektorat-godinava-planira-19-211-nadzori-rizichni-sektorite-trgovija-i-ugostitelstvo/feed/ 0
Нема нови рестриктивни мерки за угостителството и туризмот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-novi-restriktivni-merki-za-ugostitelstvoto-i-turizmot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-novi-restriktivni-merki-za-ugostitelstvoto-i-turizmot/#respond Mon, 07 Dec 2020 13:30:44 +0000 https://kurir.mk/?p=440007

Не се предвидува да има нови рестриктивни мерки во Секторот угостителство и туризам во периодот што следи имајќи ги во предвид податоците што ги имаме од страна на Комисијата за заразни болести, а и очекувањата за вакцинирање на населението за заштита од Ковид-19, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Моментално нема такви дискусии во Владата, а согласно моите информации ни во Комисијата за заразни болести. Во моментов остануваат на сила мерките кои се усвоени од страна на Владата по препорака и предлог од страна на Комисијата за заразни болести, но секако ако се намали бројот и процентот на заразени со Ковид-19 ќе се донесат олеснувања. Согласно податоците кои ги имаме не очекуваме да има дополнителни рестриктивни мерки, рече Бектеши во одговор на прашање наденешната прес-конференција. Тој посочи дека Министерството за економија и Владата секојдневно добиваат барања од страна на различни сектори за олеснување нарестриктивните мерки и посочи дека асите треба да ги почитуваме доколку останат на сила мерките. Истакна дека има над илјада апликации од компании од Секторот туризам и угостителство најавниот повик за субвенции од кои дел се од приватните сместувачки капацитети во делот на враќање на туристичката такса. -Повеќето од нив во 2019 година пријавиле многу мал број на гости и можеби повеќе ги чини документацијата за аплицирање од парите што ќе ги добијат, но сериозните туристички агенции, хотелиери и ресторани ќе добијат субвенции имајќи во предвид дека ги исполнуваат условите. Дополнително ќе добијат и рестораните за свадба, речеБектеши. Нагласи дека до моментот пред да се објави јавниот повик во Министерстовот за економија имало само 20 категоризирани ресторани за свадба, а согласно податоците што ги имаме сега, додаде, имаме над 100 апликации кои ги исполнуваат условите и ќе добијат грант. -Тоа придонесува за формализација на овој многу важен скетор од угостителството во нашата држава, нагласи Бектеши. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-novi-restriktivni-merki-za-ugostitelstvoto-i-turizmot/feed/ 0
НУК: Угостителството да биде изземено од иницијативата недела да биде неработен ден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuk-ugostitelstvoto-da-bide-izzemeno-od-inicijativata-nedela-da-bide-neraboten-den/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuk-ugostitelstvoto-da-bide-izzemeno-od-inicijativata-nedela-da-bide-neraboten-den/#respond Wed, 18 Nov 2020 07:20:36 +0000 https://kurir.mk/?p=430955

Угостителите се со единствен став дека не смеат да бидат опфатени на кој било начин во ограничувањата и условувањата за начините за работа во недела и целокупната угостителска индустрија мора да биде изземена од комбинации во иницијативата недела да биде неработен ден и за угостителството, соопшти Независната угостителска комора (НУК). Од НУК порауваат дека за сите угостители е неприфатливо какво било алтернативно решение, како што се најавува, со што одделни угостителски објекти во зависност од некои услови би можеле да продолжат да работат и во недела со обезбедување дополнителни потврди или лиценци за нивна оправданост. -Какво било ограничување со кое на дел од угостителите ќе им биде ограничено или условено работењето во кој било ден, не само недела, е дискриминација и деградација на тие угостители, истакна НУК во допис до медиумите. Комората ја поздравува прифатената иницијатива на Владата и потребата од законско прогласување на недела за неработен ден, но укажува дека за разлика од минатото кога семејните неделни ручеци, слави и веселби се правеле во домовите, денес тие многу често се одржуваат во кафеани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuk-ugostitelstvoto-da-bide-izzemeno-od-inicijativata-nedela-da-bide-neraboten-den/feed/ 0
Синдикатот за угостителство и туризам до Владата: Што со вработените доколку се затворат угостителските објекти? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-za-ugostitelstvo-i-turizam-do-vladata-shto-so-vrabotenite-dokolku-se-zatvorat-ugostitelskite-objekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-za-ugostitelstvo-i-turizam-do-vladata-shto-so-vrabotenite-dokolku-se-zatvorat-ugostitelskite-objekti/#respond Wed, 07 Oct 2020 12:37:18 +0000 https://kurir.mk/?p=413477

Синдикатот за угостителство и туризам при КСС остро реагира на несовесното повикување од страна на НУК (Независната угостителска комора) да се затворат сите угостителски објекти на две недели. -Свесни сме за здравствената состојба во нашата држава и за сите протоколи и мерки кои се наложуваат да бидат воведени во угостителските објекти, но никако не се согласуваме со недефинираните предлози од страна на НУК за затварање на угостителските објекти без да се знае што ќе биде со работниците на тие објекти. Сметаме дека мерките од владата се премногу строги и не се согласуваме со дополнителни мерки за намалување на бројот на гостите како и други мерки кои се на штета на угостителството. СУТ (синдикат за угостителство и туризам) бара од Владата да усвои мерки за поддршка на угостителството и туризмот за да се намалат последиците од корона вирусот а не да ја отежнуваат и онака тешката состојбата на угостителството со тековните протоколи кои придонесоа за енормно намалување на гостите во објектите а со тоа и губење на многу работни места. Сакаме воедно да испратиме порака до Владата, запрашајте се за работниците во угостителството и туризмот, како тие опстојуваат, се наведува во нивното соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-za-ugostitelstvo-i-turizam-do-vladata-shto-so-vrabotenite-dokolku-se-zatvorat-ugostitelskite-objekti/feed/ 0
Лазаров: Намалување на ДДВ за угостителство и туризам од 18 на 10%, средства за помош на фирмите и ослободување на истите од нивно враќање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lazarov-namaluvanje-na-ddv-za-ugostitelstvo-i-turizam-od-18-na-10-sredstva-za-pomosh-na-firmite-i-osloboduvanje-na-istite-od-nivno-vrakjanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lazarov-namaluvanje-na-ddv-za-ugostitelstvo-i-turizam-od-18-na-10-sredstva-za-pomosh-na-firmite-i-osloboduvanje-na-istite-od-nivno-vrakjanje/#respond Wed, 01 Jul 2020 09:50:26 +0000 https://kurir.mk/?p=366507

На денешната прес конференција ќе промовирам дополнителен сет на мерки и политики кои се дел од преодната стратегија која што ВМРО-ДМПНЕ ќе ја спроведе во првите 100 дена од формирањето на новата Влада за поефикасно справување со здравствено-економската криза во државата, истакна Дарко Лазаров, претседател на Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение интегрален текс од целата прес-конференција на Лазаров: Практично, мерките кои ќе ги презентирам денес се однесуваат на поддршка на приватниот сектор и реалната економија со цел амортизирање на економските последици од кризата и многу поважно јакнење на економските фундаменти на државата. Во таа насока, првиот сет на мерки предвидува: -Продолжување на субвенционирањето на плати за вработените во приватниот сектор за месеците јуни и јули во оние компании кои бележат пад на приходите за повеќе од 30% во изминативе два месеците. Дополнително, ќе се разгледа можноста и потребата од продолжување на оваа мерка и за месец август. Всушност, на овој начин ќе се овозможи зачувување на повеќе работни места кои во моментот се сериозно загрозени поради продлабочување на самата криза. -Целосно ослободување на компаниите од обврската за враќање на средства по основ на мерката за субвенционирање на плати за месеците април и мај независно од финансиските резултати кои што компаниите ќе ги остварат на крајот на годината. Практично, со ова ослободување ќе се обезбеди сериозен финансиски импулс за компаниите во процесот на целосно ревитализирање на нивните бизнис активности во периодот после кризата. -На крајот третата мерка во овој сет на мерки се однесува на отворање на нова бескаматна кредитна линија во износ од 10 милиони евра преку Развојната Банка на Македонија која ќе биде наменета за поддршка на сите компании кои имаат финансиски проблеми и проблеми со нарушена ликвидност како последица од кризата. Дополнително, се предвидува сериозна поддршка за секторот Туризам и Угостителство како сектори кои се најпогодени од кризата. За таа цел, ќе бидат имплементирани неколку мерки: -Прво, намалување на ДДВ од 18% на 10% за секторите угостителство и туризам, мерка која што практично ќе важи до крајот на 2021 година. -Ослободување или намалување на надоместокот за лиценци, такси и дозволи за угостителските субјекти до крајот на 2020 година. -И можеби најзначајната мерка за поддршка на туризмот е субвенционирање на трошоците за одмор во домашните туристички капацитети, во износ до 40% (или во висина до 12.000 денари) за сите граѓани кои остваруваат месечни приходи, односно плата не поголема од 20.000 денари. Со оваа мерка вистински ќе се поддржи туризмот и домашните туристички капацитети, но истовремено ќе се обезбеди поддршка и за туристичките агенции преку кои ќе може да се прават самите аранжмани. Понатаму, Вториот сет на мерки во делот на поддршката на приватниот сектор се однесува на јакнување на конкурентноста на македонската економија со посебен фокус на преработувачката индустрија и извозниот сектор како сектори кои имаат најголем потенцијал за поттикнување на македонската економија и забрзување на економскиот раст и развој на земјата во пост-кризниот период. Во таа насока Поддршката за јакнење на конкурентноста на индустријата предвидуваме: -Поддршка во форма на неповратни грантови за инвестиции во набавка и инсталирање на нови машини и опрема; -Поддршка за инвестиции во форма на купување лиценци или франшизи за производство; -Поддршка за инвестиции во градење на нови производни линии или подобрување на постоечките производни процеси; -Поддршка за воведување нови бизнис и организациски модели; -Поддршка за воспоставување на современи менаџмент системи за квалитет и стандардизација. Дополнително, предвидуваме Поддршка за јакнење на човечките ресурси и инвестиции во човечки капитал во домашните производни компании -Таа поддршка ќе биде во форма на поддршка во форма на покривање на дел од трошоците за организирање на специјалистички обуки за инженери и технички персонал во производните одделенија, поддршка за менаџерски обуки со цел стекнување на нови менаџмент алатки за поефикасно управување на самите компании, како и поддршка за организирање на коучинг и менторинг програми со можност за ангажирање на странски консултантни и експерти; На крај почитувани, не помалку важна е Поддршката за извозните компании која е базирана на повеќе конкретни мерки во форма на: -Неповратни грантови за барање на нови партнери и пазари; како и за инвестиции поврзани со отпочнување на извозен процес на компании кои немаат претходно извозно искуство; -Реформирање и зајакнување на институционалните капацитети за поддршка на извозот -Реформирање на Развојната Македонска Банка (РМБ) во Македонска извозна и развојна банка која ќе обезбедува поддршка за извозно ориентирани домашни компании -Градење мрежа на извозни промотори кои ќе работат со домашните компании во поддршка на извозот на одделни странски пазари; -Менување на моделот за привлекување на СДИ со таргетирање на конкретни странски компании од одредени сектори кои ќе имаат најголеми потенцијални ефекти за домашната економија. Кога зборуваме за ефекти од странските инвестиции за домашната економија не мислиме само на висината на инвестицијата и бројот на работни места, туку многу повеќе на висината на плати што ќе ги исплаќаат странските компании на домашните вработени и степенот на ангажираност на домашните компании во нивните ланци на снабдување; -Целосно усогласување на царинските стапки на ниво на соодветните стапки на ЕУ за одделни производи (компоненти) потребни за производство на технолошко-напредни производи. Со тоа ќе се зголеми атрактивноста на земјата за привлекување на компании кои произведуваат технолошко напредни производи. За спроведување на сите овие презентирани мерки за поддршка на приватниот сектор и јакнење на конкурентноста на македонската економија ќе бидат одвоени буџетски средства во износ од 150 до 200 милиони евра. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lazarov-namaluvanje-na-ddv-za-ugostitelstvo-i-turizam-od-18-na-10-sredstva-za-pomosh-na-firmite-i-osloboduvanje-na-istite-od-nivno-vrakjanje/feed/ 0
Бугарија со план да преполови ДДВ во угостителството https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-so-plan-da-prepolovi-ddv-vo-ugostitelstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-so-plan-da-prepolovi-ddv-vo-ugostitelstvoto/#respond Fri, 15 May 2020 15:51:19 +0000 https://kurir.mk/?p=346350

Бугарската Влада предложи да се намали стапката на данок на додадена вредност (ДДВ) на храна во рестораните и испорака на девет проценти, од сегашните 20 проценти, како привремена помош на секторот за време на кризата со коронавирусот. Според нацрт-законот објавен на веб-страницата на Парламентот, планираната пониска стапка треба да стапи на сила во јули и ќе остане на сила до крајот на 2021 година. Се проценува дека мерката ќе ја чини државната каса 255 милиони лева (141 милиони долари). Пониската даночна стапка нема да се однесува на пијалоците, на кои рестораните и превозниците ќе продолжат да плаќаат 20 проценти ДДВ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-so-plan-da-prepolovi-ddv-vo-ugostitelstvoto/feed/ 0
Арсовска: Имајте храброст спротивставете им се на олигарсите, се фативте за цената на кафето, а не ви пречи во Солун да го плаќате по 10 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/arsovska-imajte-hrabrost-sprotivstavete-im-se-na-oligarsite-se-fativte-za-cenata-na-kafeto-a-ne-vi-prechi-vo-solun-da-go-plakjate-po-10-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/arsovska-imajte-hrabrost-sprotivstavete-im-se-na-oligarsite-se-fativte-za-cenata-na-kafeto-a-ne-vi-prechi-vo-solun-da-go-plakjate-po-10-evra/#respond Wed, 08 Apr 2020 08:36:38 +0000 https://kurir.mk/?p=328996

Угостителскиот сектор соопшти дека нема да ги користи економските мерки, бидејќи со вакви мерки само дополнително ќе се задолжат. Економска логика има, треба кризата да ја преживеат, за некој нов ден можеби да се обидат да работат повторно, пишува претседателот на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска. За оние кои не ги разбираат, едноставно е, ако си мртов како ќе работиш? Постов коинцидира со нивниот револт јавно искажан денес, но важи за бројни други дејности. Прочитав многу коментари на луѓе кои ги осудуваат и единствен заклучок ми е, некој не отворил и не работел никогаш приватно, некој нема познавања од географија и некој нема познавања од математика. 1. Ако не си почнал никогаш нешто сам, не знаеш како им е на тие луѓе, не ги суди, тие на твоето место биле, ти на нивното не! 2. Газди со јахти, хациенди и џипови има 1% во државава и тие не се угостители, туку олигарси кои денешниве критизери ги величаат и не смеат да им писнат. Кога ќе имате храброст на олигархијата да и се спротивставите тогаш ќе разговараме. Ама затоа маливе фирми веднаш се напаѓаат и навредуваат, а извинете заборавив малите само го полнат буџетот со чесна работа, ама не финансираат политички кампањи. 3. Кој нема познавања од географија, не знае можеби дека Македонија не е само Скопје, има и многу други градови и населени места каде кафето не чини многу во угостителски објект, а замислете и тие луѓе кои немаат ниту денар на сметка од што се присилно затворени, се криви за се, а не институциите што не им помагаат. (ова за оние кои денес за цената на кафето се фатија, а во Солун кога го плаќаат 10 евра не им смета) 4. Ајде и малку математика, кафе кое магично се појавува на маса кога ќе посакате да седнете во угостителски објект чини ??? денари. Во секој град математиката е различна некаде се плаќа повисока цена но има и повисоки трошоци. А математиката вели, кафе не е = на кафе + вода +(млеко+шеќер/по вкус) туку кафе е = на кирија + опрема + струја + вода + набавки + кредит + фирмарина и 100 парафискални давачки и даноци + трудот на сите луѓе кои работат! Мислам е јасно или сепак не? ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/arsovska-imajte-hrabrost-sprotivstavete-im-se-na-oligarsite-se-fativte-za-cenata-na-kafeto-a-ne-vi-prechi-vo-solun-da-go-plakjate-po-10-evra/feed/ 0
Владините мерки недоволни за угостителството, отпуштени околу 15.000 лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladinite-merki-nedovolni-za-ugostitelstvoto-otpushteni-okolu-15-000-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladinite-merki-nedovolni-za-ugostitelstvoto-otpushteni-okolu-15-000-lica/#respond Tue, 07 Apr 2020 11:10:06 +0000 https://kurir.mk/?p=328580

Туристичко угостителската комора на Македонија денеска објави дека илјадници угостителски објекти кои тие ги застапуваат нема да ги користат мерките на Владата бидејќи, како што посочија оттаму, се недоволни и селективни и ќе придонесат за нивно дополнително задолжување. – Ние овде од сектор угостителство од сите градови сакаме да дадеме до знаење дека сме свесни оти подобри мерки нема да добиеме. Затоа сакаме да и соопштиме на Владата дека угостителскиот сектор, односно субјектите кои ги застапуваме нема да ги користат најавените мерки и дека средствата можат да ги насочат директно кон сите кои остануваат без работа или во сектори каде мислат дека ќе постигнат ефект. На овој начин институциите можат директно да им помогнат без притоа дополнително да не задолжуваат со кредити за придонеси и наталожени трошоци, изјави Мартин Ангеловски од Туристичко угостителската комора на Македонија. Тој посочи дека сите би сакале да ги задржат своите вработени, но оти нема да можат бидејќи немаат приходи, со оглед на тоа што тие беа први затворени, а веројатно и последни ќе бидат отворени, иако не се знае кога би било тоа. Се работи, рече тој, за мали фирми кои немаат резерви и не можат да го понесат товарот од оваа криза. Ангеловски информираше дека веќе е почнат процесот на одјавување и според нивните информации повеќе од 60 проценти од вработените низ цела Македонија се одјавени. Како што рече, според неофицијални информации, станува збор за околу 15.000 лица. Тој истакна дека мерките кои ги презема и ги донесе Владата не ги опфаќаат сите, оценувајќи дека тие се рестриктивни и недоволни и ќе го зголемат товарот во угостителската дејност со задолжувања. – Значи мерките не важат за никој кој претходно има земено каква било субвенција, сега не може фирмата воопшто да користи. Ако за еден човек вработен земале мерка која што, на пример, излезе минатата година за зголемување на плата, таа субвенција на придонеси од страна на државата или ако имате мерка за вработување на лице над 50 години за субвенција на придонесот од државата, сега таа фирма не може да аплицира за новите мерки. Дополнително за тие 14.500 денари сега секоја фирма треба да се задолжи до износот на придонесите, односно до брутото плата. Тие средства ние треба да ги обезбедиме во момент кога не функционираме и не се само тие трошоци во угостителството, сите имаме кирии, сите имаме режиски трошоци, други давачки, значи не е мала сумата што ние треба да ја поднесеме како што ни се апелира, објасни Ангеловски. Во однос на тоа дека многу работниците се жалат оти им се нуди да потпишуваат спогодбени договори за отпуштење, а со тоа не можат да го користат надоместот за невработеност, Ангеловски рече дека Владата најавила оти ќе се погрижи за сите што ќе останат без работа да добијат надоместок. – Со моменталниот закон не можат да го користат тој надомест. Владата со мерка број 4 најави дека сите што ќе останат без работа ќе се погрижи да добијат придонес и се повика на членот од законот каде што искажува колкав е тој придонес, а тоа е 50 проценти од нето платата во изминатите 24 месеци. Тоа би требало според наше разбирање, зошто така кажа и премиерот, да биде мерка број 4 од уредбите сега што ќе излезат, посочи Ангеловски. Тој информираше дека во овое дејности биле вработени околу 29 илјади лица, во околу 6.000 правни субјекти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladinite-merki-nedovolni-za-ugostitelstvoto-otpushteni-okolu-15-000-lica/feed/ 0
Ангеловски: Мерките на владата во доменот на угостителството се донесени во правец на поголеми задолжување на фирмите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovski-merkite-na-vladata-vo-domenot-na-ugostitelstvoto-se-doneseni-vo-pravec-na-pogolemi-zadolzuvanje-na-firmite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovski-merkite-na-vladata-vo-domenot-na-ugostitelstvoto-se-doneseni-vo-pravec-na-pogolemi-zadolzuvanje-na-firmite/#respond Sat, 04 Apr 2020 08:07:38 +0000 https://kurir.mk/?p=327084

Во Отворено студио на телевизија 24 гостуваше претставник на групацијата на угостители Мартин Ангеловски кој зборуваше за тоа како угостителството ќе се извлече од оваа ситуација. Според него угостителството многу тешко ќе се извлече бидејќи досегашните мерки кои што се најавени од страна на Владата сеуште не се објавени во Службен весник. Имено тој во своето гостување посочи дека во врска со мерките од Владата кои се во доменот на угостителството имаат многу различно толкување на сите уредби кои што се излезени и на кои начини тие ќе се изведуваат. -Генералниот впечаток кај сите нас, кај сите угостители е дека мерките нема да бидат доволни за ние да можеме да ги заштитиме пред се нашите вработени, а потоа и нашите фирми затоа што ако нема фирма ќе нема ни вработените каде да работат. Најголем дел од овие мерки кои што се донесени се во правец на наше дополнително задолжување кое што на крајот од здравствената криза, а кога ќе почне период на опоравување од економијата нас ќе не донесат во големи долгови, во дополнителни задолжувања и потоа ќе биде уште потешка ситуација за нас. Со други зборови кога една фирма премногу ќе се задолжи повеќе отколку што може да издржи, се знае што следува, а тоа е стечај. После тоа џабе ние сме ги држеле вработените, џабе сме правеле се што можеме да направиме и да дојдеме до сите средства за тоа да го покриеме кога на крајот ако згасне фирмата тие вработени повторно ќе останата без работа, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovski-merkite-na-vladata-vo-domenot-na-ugostitelstvoto-se-doneseni-vo-pravec-na-pogolemi-zadolzuvanje-na-firmite/feed/ 0