Угур Ибрахим Алтај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 May 2022 11:20:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Угур Ибрахим Алтај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Арсовска – Алтај: Потпишан значаен договор за соработка меѓу Скопје и Конја https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-altaj-potpishan-znachaen-dogovor-za-sorabotka-megju-skopje-i-konja/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-altaj-potpishan-znachaen-dogovor-za-sorabotka-megju-skopje-i-konja/#respond Tue, 24 May 2022 11:20:47 +0000 https://kurir.mk/?p=680879

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска при посета во Република Турција, оствари средба со градоначалникот на Градот Конја, г-дин Угур Ибрахим Алтај, кој воедно е и претседател на Светската унија на турски општини. Во рамки на работната средба градоначалниците потпишаа значаен меморандум за соработка помеѓу Градот Скопје и Градот Конја. -Денеска потпишавме значаен договор за соработка, истакнуваме благодарност до градоначалникот на Конја г-дин Угур Ибрахим Алтај, за гостопримството и отпочнувањето на ново поглавје за пријателство и соработка. Овој договор значи взаемна поддршка и реализација на соработка во областа на економијата, науката, културата и образованието, помеѓу Градот Скопје и Градот Конја, истакна градоначалничката Арсовска. Арсовска посочи дека од исклучителна важност за Градот Скопје е градење нови пријателства и поврзување на Градот Скопје со пријателски и збратимени градови, но и дека истото претставува создавање на нови можности за поврзување и работа на заеднички проекти. На средбата присуствуваше и директорот на ЈП Комунална хигиена, Зуди Енузи, кој по вчерашната заедничка посета на јавното претпријатие во Конја кое делува во областа на собирање и рецклажа на отпад, истакна дека секоја поддршка и соработка во делот на воспоставување на нови практики на делување од областа на третирањето на отпадот во насока на подобрување и унапредување на системот за управување со отпадот, е позитивна и може да придонесе за решавање на предизвиците. На средбата се дискутираше за можностите за соработка во конкретни области на делување кои се од интерес на двата градови, како и потенцијалните можности за економска соработка во насока на развој на политики и проекти од интерес на граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-altaj-potpishan-znachaen-dogovor-za-sorabotka-megju-skopje-i-konja/feed/ 0