угустителски објект – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 Aug 2022 07:48:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png угустителски објект – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Велешанец осомничен за разбојништво во угостителски објект https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/veleshanec-osomnichen-za-razbojnishtvo-vo-ugostitelski-objekt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/veleshanec-osomnichen-za-razbojnishtvo-vo-ugostitelski-objekt/#respond Mon, 22 Aug 2022 07:46:06 +0000 https://kurir.mk/?p=721896

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице на возраст од 21 година за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот велешанец, на 16 август во вечерните часови, на терасата од гостилница во Велес, се доближил до оштетениот кој седел сам и гледал телевизија. Најпрвин го удрил со тупаница во пределот на ребрата од десната страна, по што му ја тргнал столицата на која седел. Оштетениот паднал на земја, а осомничениот од задниот десен џеб му го извадил и одзел паричникот во кој имало 2.000 денари, банкарски картички и други документи, по што се дал во бегство. Имајќи предвид дека осомниченото лице претходно е осудувано за истовидно кривично дело, безимотен е, има блиски роднини кои живеат во странство, а и доста често отсуствува од сопствениот дом, Основното јавно обвинителство Велес оцени дека постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и за повторување на кривичното дело. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/veleshanec-osomnichen-za-razbojnishtvo-vo-ugostitelski-objekt/feed/ 0