ујгури – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Apr 2021 06:42:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ујгури – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Велика Вританија усвои декларација за геноцид на Кина врз Ујгурите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-vritanija-usvoi-deklaracija-za-genocid-na-kina-vrz-ujgurite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-vritanija-usvoi-deklaracija-za-genocid-na-kina-vrz-ujgurite/#respond Fri, 23 Apr 2021 06:42:59 +0000 https://kurir.mk/?p=501052

Во третманот на кинеските власти кон муслиманите во провинцијата Синџијанг забележани се сите елементи на геноцид или свесна намера за целосно или делумно уништување на оваа национална, етничка, расна и религиозна група, пренесоа американските медиуми. Британските пратеници вчера усвоија декларација со која политиката на Кина кон Ујгурите во западниот кинески регион ја оценија за геноцид и злосторство против човештвото. Декларацијата не ја принудува британската Влада да дејствува, но тоа е уште ден вид притисок од Велика Британија за кршењето на човековите права во Кина, што Пекинг континуирано го негира. Претходно, и шефот на британската дипломатија, Доминик Раб, го осуди „варварството“ на кинеските власти кон Ујгурите, најавувајќи забрана за купување на стоки произведени со присилна работа врз муслиманското малцинство во кинескиот регион Синџијанг. Канадскиот парламент, на почетокот на оваа година, исто така, усвои закон со кој односот на Кина кон Ујгурите го третира за геноцид, а САД соопштија дека го прекинуваат увозот на памук и домати од овој кинески регион, заради начинот на кој кинеската влада се однесува кон Ујгурите. Првите извештаи за малтретирање на Ујгурите се појавија во 2017 година и оттогаш околу милион луѓе од оваа етничка група се сместени во повеќе од 400 концентрациони логори. Обединетите нации и повеќе медиуми известуваа за злосторствата, пренесувајќи дека малцинските Ујгури биле изложени на сексуално насилство, присилна стерилизација, тепање и други злоупотреби во логорите, наведува агенцијата Анадолија. Автономната покраина Синџијанг е најголемата кинеска провинција со претежно муслиманско население, составена од членови на турската ујгурска заедница и етнички Казахстанци. Во Синџијанг живеат околу 10 милиони Ујгури.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-vritanija-usvoi-deklaracija-za-genocid-na-kina-vrz-ujgurite/feed/ 0
Кина на смрт осуди двајца поранешни функционери Ујгури од Синџијанг за сепаратизам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-na-smrt-osudi-dvajca-poraneshni-funkcioneri-ujguri-od-sindzijang-za-separatizam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-na-smrt-osudi-dvajca-poraneshni-funkcioneri-ujguri-od-sindzijang-za-separatizam/#respond Wed, 07 Apr 2021 07:18:03 +0000 https://kurir.mk/?p=493462

Кина на смрт осуди двајца поранешни ујгурски функционери во северозападниот регион Синџијанг под обвинение за сепаратизам и примање поткуп. Пресудите им биле донесени доцна синоќа, а извршувањето е одложено за две години. Според кинеската пенолошка пракса, ваквите казни по две години вообичаено се заменуваат со доживотен затвор, доколку осудените лица во меѓувреме добро се однесувале. Осудениот поранешен функционер во локалното образование, Сатар Савут, и поранешниот правен советник, Ширзат Будвин, се најновите бирократи од Синџијанг, припадници на муслиманското малцинство Ујгури, кои се осудени под обвинение за загрозување на националната безбедност. Пекинг тоа го нарекува кампања против „лицемерните службеници“, кои се обидуваат одвнатре да ја поткопаат кинеската Влада. -И двајцата се изјаснија за виновни и нема да поднесат жалба, изјави Ванг Лангтао, потпретседател на Високиот суд на народот Синџијанг. Случаите за национална безбедност се разгледуваат зад затворени врати. Сатар Савут е приведен од 2018 година, а не е познато кога Ширзат Бавудун бил затворен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-na-smrt-osudi-dvajca-poraneshni-funkcioneri-ujguri-od-sindzijang-za-separatizam/feed/ 0
Кинески хакери го користеле Фејсбук за да следат Ујгури во странство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-hakeri-go-koristele-fejsbuk-za-da-sledat-ujguri-vo-stranstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-hakeri-go-koristele-fejsbuk-za-da-sledat-ujguri-vo-stranstvo/#respond Thu, 25 Mar 2021 08:36:50 +0000 https://kurir.mk/?p=487452

Фејсбук соопшти дека блокирал група кинески хакери кои ја користеле неговата платформа за да ги следат Ујгурите кои живеат во странство, привлекувајќи ги со софтвер кој, откако ќе влезат во него, ги заразува нивните уреди и овозможува да бидат надгледувани. Американската компанија тврди дека хакерите, познати во безбедносните кругови како Earth Empusa, или Око на злото, барале активисти, новинари и дисиденти кои им припаѓаат на Ујгурите, мнозинската муслиманска етничка група која се соочува со прогон во Кина. Фејсбук соопшти дека има помалку од 500 такви луѓе, кои доаѓаат од кинескиот регион Синџијанг и дека живеат надвор од Кина, во земји како Турција, Казахстан, САД, Сирија, Австралија и Канада. Компанијата тврди дека повеќето хакерски активности се одвивале надвор од платформата Фејсбук, која повеќе се користела за споделување линкови до заразени веб-страници, отколку за директно споделување на малициозен софтвер на платформата. Фејсбук тврди дека групата хакери користеле лажни профили кои се претставувале како новинари, студенти, активисти за човекови права или членови на ујгурската заедница за да придобијат доверба на нивните цели, а потоа ги наведувале на малициозни веб-страници преку кои на нивните уреди бил инсталиран шпионски софтвер. Овие малициозни страници биле дизајнирани да личат на домени на популарни ујгурски или турски медиуми. Фејсбук тврди дека отстранил помалку од 100 лажни профили, го блокирал споделувањето на заразени домени и ги предупредил луѓето за кои смета дека биле цел на напад. Кина ги негира сите обвинувања и тврди дека камповите нудат стручно образование и оти се потребни за борба против екстремизмот. Обединетите нации проценуваат дека во камповите во Синџијанг се затворени до милион луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-hakeri-go-koristele-fejsbuk-za-da-sledat-ujguri-vo-stranstvo/feed/ 0
ЕУ и воведе санкции на Кина за кршење на човековите права против Ујгурите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-i-vovede-sankcii-na-kina-za-krshenje-na-chovekovite-prava-protiv-ujgurite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-i-vovede-sankcii-na-kina-za-krshenje-na-chovekovite-prava-protiv-ujgurite/#respond Mon, 22 Mar 2021 10:30:39 +0000 https://kurir.mk/?p=486021

Европската унија денеска ја санкционира Кина за кршење на човековите права против ујгурскиот народ, изјави извор на ЕУ за ДПА, по договорот на шефовите на дипо,матиите на Унијата. Кинескиот регион Ксинџијанг е дом на околу 10 милиони муслимански Ујгури. Туркиската етничка група, која сочинува околу 45 отсто од популацијата на Ксинџијанг, долго време кинеските власти се обвинувани за културна, религиска и економска дискриминација. Во извештајот за 2018 година, „Хјуман рајтс воч“ (Human Rights Watch) го обвини Пекинг за спроведување систематска кампања за кршење на човековите права на муслиманите Ујгури во регионот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-i-vovede-sankcii-na-kina-za-krshenje-na-chovekovite-prava-protiv-ujgurite/feed/ 0