указ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Sep 2023 16:06:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png указ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 И Пендаровски експресно го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-pendarovski-ekspresno-go-potpisha-ukazot-za-proglasuvane-na-zakonot-za-izmenuvane-i-dopolnuvane-na-krivichniot-zakonik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-pendarovski-ekspresno-go-potpisha-ukazot-za-proglasuvane-na-zakonot-za-izmenuvane-i-dopolnuvane-na-krivichniot-zakonik/#respond Thu, 07 Sep 2023 16:04:42 +0000 https://kurir.mk/?p=875794

Претседателот Стево Пендаровски, денеска одлучи да го потпише Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, известуваат од кабинетот на шефот на државата. - Со измените во Кривичниот законик, усвоени од Собранието, не е предвидена амнестија за кривичните дела сторени во вршење на службата. Напротив, казни и понатаму се предвидени за сторителите на тие дела, со тоа што со овие измени акцентот е ставен и на т.н. проширена конфискација на имот. Во тој дел измените на Законикот се усогласени со eвропската Директива за замрзнување и конфискација на предмети и имотна корист, која освен казната затвор, фокусот го става на одземањето на имотната корист од сторителите на овие кривични дела, се наведува во соопштението. Претседателот Пендаровски, како што се нагласува, очекува мерката проширена конфискација на имот да не остане само на хартија како што е досега, туку многу почесто да бидеприменувана во пракса и во сите случаи на констатирани злоупотреби во вршењето на службата, незаконски стекнатата имотна корист и злоупотребените средства да бидат вратени во буџетот. Собранието вчера ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик со 48 гласови „за“, 36 „против“ и еден воздржан. Измените предизвикаа реакции во јавноста бидејќи се однесуваат на членови што ги „ублажуваат“ казните кои тангираат функционери, службени и одговорни лица во јавни претпријатија и установи. Според Владата, која овие измени ги предложи со европско знаменце, станува збор за усогласување со директивите на Европската Унија. За опозицијата, тоа е обид за амнестија на актуелните функционери во случај на промена на власта. Во меѓувреме, Канцеларијата на ЕУ во Скопје проверува дали е злоупотребено европското знаменце.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-pendarovski-ekspresno-go-potpisha-ukazot-za-proglasuvane-na-zakonot-za-izmenuvane-i-dopolnuvane-na-krivichniot-zakonik/feed/ 0
Бајден потпиша указ, САД воведе санкции кон Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-potpisha-ukaz-sad-vovede-sankcii-kon-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-potpisha-ukaz-sad-vovede-sankcii-kon-rusija/#respond Tue, 22 Feb 2022 08:44:40 +0000 https://kurir.mk/?p=634684

Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа потпиша извршна уредба со која се забрануваат инвестиции, трговија и финансирање, кои би ги извршувале граѓаните на САД со отцепените региони во источна Украина. – Потпишав извршна уредба за да се спречи Русија да профитира од сериозно кршење на меѓународното право, напиша Бајден на Твитер. Тој изјави дека САД ги продолжуваат консултациите со сојузниците, партнерите и со Украина за следните чекори. Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки вчера најави дека Бајден ќе потпише декрет со кој „ќе се забрани какви било нови американски инвестиции, размена или финансирање“ во проруските области Доњецк и Луганск.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-potpisha-ukaz-sad-vovede-sankcii-kon-rusija/feed/ 0
Путин го потпиша указ за признавање на Доњецк и Луганск https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-go-potpisha-ukaz-za-priznavanje-na-donjeck-i-lugansk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-go-potpisha-ukaz-za-priznavanje-na-donjeck-i-lugansk/#respond Mon, 21 Feb 2022 20:21:35 +0000 https://kurir.mk/?p=634549

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за признавање на независноста на Народна Република Луганск и Народна Република Доњецк и ги повика другите владини претставници да го поддржат во оваа одлука. „Требаше одамна да ја донесам оваа одлука и да ја признаам независноста на Луганск и Доњецк“, рече тој во своето обраќање. Путин го започна своето обраќање до нацијата со говор за историјата, велејќи дека модерна Украина е „создадена“ од Русија и дека таа е „составен дел од нивната историја“. Продолжувајќи ја дебатата за историјата, Путин го критикуваше поранешниот комунистички лидер Владимир Ленин, нарекувајќи го „авторот и архитект“ на Украина, кој ја „оштети“ Русија. Тој додаде дека Русија била „ограбена“ кога Советскиот Сојуз се распаднал во 1991 година. Тој ја нарече и „древна руска земја“, а моменталната ситуација во Донбас ја окарактеризира како „критична“. „Имаме информации дека Украина усвои нова воена стратегија во март 2021 година, а во тој документ може да се види дека тие директно ја таргетирале Русија со намера да вовлечат странски сили во конфликтот, но и во корист на меѓународната заедница“, додаде Путин. Тој се осврна и на можноста Украина да создаде нуклеарно оружје, што, како што вели, не е невозможно бидејќи има технологија, но и инфраструктура од СССР да направи нешто такво. „Изработката на нуклеарно оружје би било полесно за Украина отколку за некои други земји, особено ако имаат технолошка помош од други земји“, рече тој, додавајќи дека само САД и испорачале на Украина оружје и милијарди долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-go-potpisha-ukaz-za-priznavanje-na-donjeck-i-lugansk/feed/ 0
Бајден го потпиша указот за нови санкции против Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-go-potpisha-ukazot-za-novi-sankcii-protiv-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-go-potpisha-ukazot-za-novi-sankcii-protiv-rusija/#respond Thu, 15 Apr 2021 12:44:52 +0000 https://kurir.mk/?p=497669

Американскиот претседател, Џо Бајден денеска го потпиша указот за воведување санкции против Русија, соопшти Белата куќа. Новите американски санкции се однесуваат на шест руски компании, за кои Вашингтон смета дека се одговорни за изведување на кибер напади, соопшти весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори од американската администрација. Според весникот, САД ќе протераат и 10 руски „разузнавачи кои во земјата работат со дипломатско покритие“. Покрај тоа, САД им забранија на своите компании директно да купуваат руски хартии од вредност издадени од Централната банка, Националниот фонд или руското Министерство за финансии. САД, меѓудругото, сметаат дека Русија е одговорна за кибер нападот на „SolarWinds“. Американското Министерството за финансии веќе воведе санкции за 16 организации и 16 лица, наводно, поврзани со мешањето на Русија во изборите во САД во 2016 година. Санкциите на САД се поддржани од ЕУ и НАТО, но тие не планираат да воведат свои ограничувања, пишува „Вашингтон пост“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-go-potpisha-ukazot-za-novi-sankcii-protiv-rusija/feed/ 0
Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување на Законот за финансирање на политичките партии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-go-potpisha-ukazot-za-proglasuvanje-na-zakonot-za-izmenuvanje-na-zakonot-za-finansiranje-na-politichkite-partii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-go-potpisha-ukazot-za-proglasuvanje-na-zakonot-za-izmenuvanje-na-zakonot-za-finansiranje-na-politichkite-partii/#respond Fri, 11 Dec 2020 09:47:18 +0000 https://kurir.mk/?p=441925

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување на Законот за финансирање на политичките партии. -Претседателот Пендаровски очекува дека на ист начин на којшто на политичките партии им се враќаат запрените средства за финансирање, коишто законски им следуваат, ќе им се вратат и финансиските средства на сите институции коишто остваруваат витален јавен интерес, соопштуваат од Кабинетот на претседателот. Средствата беа запрени во услови на вонредна состојба заради нивно користење за справување со економските и социјалните последици од здравствената криза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-go-potpisha-ukazot-za-proglasuvanje-na-zakonot-za-izmenuvanje-na-zakonot-za-finansiranje-na-politichkite-partii/feed/ 0
Косовскиот претседател го потпиша указот за Законот за справување со пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskiot-pretsedatel-go-potpisha-ukazot-za-zakonot-za-spravuvanje-so-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskiot-pretsedatel-go-potpisha-ukazot-za-zakonot-za-spravuvanje-so-pandemijata/#respond Thu, 20 Aug 2020 18:13:04 +0000 https://kurir.mk/?p=393236

Косовскиот претседател Хашим Тачи објави вечерва дека го потпишал указот за прогласување на Законот за борба против пандемијата на Ковид-19, кој минатиот петок, на 14 август, беше усвоен од Собранието на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на својата страница на Фејсбук, Тачи информира дека, покрај споменатиот, потпишал уште два други закони, што треба да придонесат за поефикасно справување на државата со последиците од заразната болест. – Косово сега ги има Законот за спречување и борба против пандемијата на Ковид-19, Законот за ратификација на спогодбата со Меѓународната асоцијација за развој во врска со финансирањето на итниот проект Ковид-19 и оној за Договор за задолжување меѓу Косово и ЕУ за макрофинансиска помош. – Денеска ги потпишв овие три значајни закони кои помагаат за надминување на оваа ситуација и за економско закрепнување, напиша Тачи. Со Законот за борба против пандемијата на Ковид-19 им се дава легитимитет на мерките што ги презема Владата на Косово во соочувањето со заразната болест. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskiot-pretsedatel-go-potpisha-ukazot-za-zakonot-za-spravuvanje-so-pandemijata/feed/ 0
Потписот на Џафери не може да го замени потписот на Иванов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpisot-na-dzaferi-ne-moze-da-go-zameni-potpisot-na-ivanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpisot-na-dzaferi-ne-moze-da-go-zameni-potpisot-na-ivanov/#respond Thu, 22 Mar 2018 09:04:33 +0000 http://kurir.mk/?p=32069

Талат Џафер и да стави потпис наместо претседателот Ѓорге Иванов на указот на Законот за употреба на јазиците тоа нема да биде валидно бидејќи собранискиот спикер не може да го заменува шефот на државата во услови кога тој во целост ја извршува својата функција, се вели во анализата на телевизија Сител. Ваквиот заклучок произлегува од веќе воспоставените преседани кога Уставниот суд ваквата постапка ја оценил како противуставна. На ова упатува одлуката на Уставниот суд од 1998 кога имало ваков обид од страна на Тито Петковски по повод законот за знамиња на националностите. Петковски тогаш се потпишал на указот на местото на претседателот Киро Глигоров кој бил на службено патување, а по ова Законот за знамиња бил објавен во службен весник со два потписа од тогашниот собраниски спикер Тито Петковски. Година дена подоцна Уставниот суд одлучил дека ваквото законот е неуставен, а уште побитно како неуставна ја оценил и постапката на  Петковски за потпишување на указот. Уставниот суд тогаш во образложението истакнал дека, указот е потпишана од Претседателот на Собранието во својство на претседател на државата  иако на претседателот на Републиката не му престанала  функцијата, ниту бил спречен да ја врши’’. Во овој случај уставните судии се повикувале на Членот 92 од Уставот каде што е дефинирано кога собранискиот спикер ја врши функцијата на претседател на државата. Во овој член се утврдени три ситуации кога Претседателот на Собранието е овластен да го заменува:
  1. Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост или престанок на мандатот на Претседателот по сила на Уставот до избор на нов шеф на државата.
  2. Настапилe услови за престанок на функцијата претседател што го утврдува Уставниот суд по службена должност.
  3. Во случај на спреченост на претседателот на Републиката да ја врши функцијата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpisot-na-dzaferi-ne-moze-da-go-zameni-potpisot-na-ivanov/feed/ 0