укина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Dec 2020 13:04:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png укина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грчкиот Парламент ја укина 20-годишната одредба за држење на децата бегалци без придружба во полициски станици https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-parlament-ja-ukina-20-godishnata-odredba-za-drzenje-na-decata-begalci-bez-pridruzba-vo-policiski-stanici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-parlament-ja-ukina-20-godishnata-odredba-za-drzenje-na-decata-begalci-bez-pridruzba-vo-policiski-stanici/#respond Thu, 10 Dec 2020 13:04:02 +0000 https://kurir.mk/?p=441496

Со широка поддршка од сите опозициските партии, со исклучок на Грчко решение, Парламентот во Грција ја укина одредбата од пред 21 година за задржување во полиските станици на децата бегалци без придружба, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис во неговото обраќање рече дека станува збор за „историска расправа во Парламентот“, со оглед на тоа дека земјата уште од 2001 година била остро критикувана од Советот на Европа, а биле донесени и пресуди за конкретната мерка. Митаракис објасни дека на 31 март 2020 година имало 331 дете бегалец без придружба под „заштитен притвор“ во полициските станици, а од 14 ноември 2020 година, сите деца, веќе се префрлени во центри за прием на бегалци. Говорејќи за малолетните бегалци без придружба во земјата, надлежниот министер рече дека преку програмата за доброволна релокација на овие деца, досега заминале 521, а до април следната година планирано е, во некоја од европските земји, да се релоцираат уште 1.036 деца . Објасни дека од март до септември, сите малолетници без придружба вкупно 1.752, кои биле во прифатните центри на грчките острови и кај Еврос, биле пренесени во континентална Грција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-parlament-ja-ukina-20-godishnata-odredba-za-drzenje-na-decata-begalci-bez-pridruzba-vo-policiski-stanici/feed/ 0
Словачка го укинува карантинот за повратници од 19 земји https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovachka-go-ukinuva-karantinot-za-povratnici-od-19-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovachka-go-ukinuva-karantinot-za-povratnici-od-19-zemji/#respond Tue, 09 Jun 2020 11:16:00 +0000 https://kurir.mk/?p=355623

Мерката на задолжителен двонеделен карантин за словачките граѓани кои се враќаат од странство ќе биде укината за сите оние кои доаѓаат од 19 земји прогласени за безбедни, потврди премиерот Игор Матовиќ. Носењето заштитни маски на отворени јавни места нема да биде задолжително, туку ќе важи само како препорака. Во затворен простор, оваа мерка ќе мора да се почитува, освен во рамките на затворена група работници кои се на растојание од најмалку два метра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovachka-go-ukinuva-karantinot-za-povratnici-od-19-zemji/feed/ 0
Косовската влада го укина реципроцитетот кон Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-vlada-go-ukina-reciprocitetot-kon-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-vlada-go-ukina-reciprocitetot-kon-srbija/#respond Sat, 06 Jun 2020 10:06:29 +0000 https://kurir.mk/?p=354391

Новата Влада на Косово, предводена од премиерот Авдулах Хоти, одлучи денеска да ја укине одлуката од 20 март годинава за постепено воведување реципроцитет кон Србија и онаа од 30 мај за дополнување и измена на истата, кои ги донесе претходната влада на Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина. Премиерот Хоти ја оцени денешната одлука како мошне значајна и порача дека очекува соодветна реакција и од српската страна, со цел да се отвори патот за продолжување на дијалогот. – Донесовме значајна одлука за отстранување на пречките за продолжување на дијалогот. Очекуваме и српската страна да ги отстрани сите пречки, меѓутоа ние го задржуваме нашето право како суверена држава да воведеме мерки за зачувување на нашиот суверенитет, изјави Хоти. Тој нагласи дека очекува по отстранувањето на пречките да продолжи дијалогот со Србија и дека одлуките ги донел во координација со меѓународните партнери. – Овие одлуки доаѓаат како резултат на координацијата со меѓународните партнери. Заложбите кои ги презедовме се дека ќе ги укинеме пречките за дијалогот. Отстранети се сите пречки на определен рок. Доколку дијалогот не ги донесе очекуваните резултати, ние го задржуваме правото повторно да ги воведеме, изјави Хоти. Против денешната одлука гласаа министрите од редовите на Алијансата за иднината на Косово (ААК), чиј лидер, Рамуш Харадинај, во ноември 2018 година, во времето кога беше премиер, ја воведе таксата од 100 отсто на увозот од Србија, што беше причина за прекин на дијалогот меѓу Приштина и Белград. Таксата на Харадинај ја укина неговиот наследник на чело на Владата, Албин Курти, кој истата ја замени со реципроцитет, наспроти противењата на Соединетите Американски Држави и на дел од косовските политички партии, во прв ред на Демократскиот сојуз на Косово, кој ја формира новата влада предводена од Хоти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-vlada-go-ukina-reciprocitetot-kon-srbija/feed/ 0
ОН им го укина правото на глас на седум земји поради неплатени придонеси https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-im-go-ukina-pravoto-na-glas-na-sedum-zemji-poradi-neplateni-pridonesi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-im-go-ukina-pravoto-na-glas-na-sedum-zemji-poradi-neplateni-pridonesi/#respond Sat, 11 Jan 2020 08:53:43 +0000 https://kurir.mk/?p=288200

Обединетите нации соопштија дека седум земји премногу доцнат со плаќањето придонеси, па затоа ја губат можноста за гласање во Генералното собрание со 193 членки. Портпаролот на ОН, Стефан Дизарик изјави дека станува збор за Венецуела, Либан, Централноафриканската Република, Гамбија, Лесото, Тонга и Јемен. Тој истакна дека уште три држави – Комори, Сао Томе и Принсипе и Сомалија, исто така доцнат, но е одлучено да можат да го задржат својот глас до септември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-im-go-ukina-pravoto-na-glas-na-sedum-zemji-poradi-neplateni-pridonesi/feed/ 0