укинат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 31 May 2021 06:55:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png укинат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Укинат полицискиот час во Косово, се олеснуваат и други анти-ковид мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ukinat-policiskiot-chas-vo-kosovo-se-olesnuvaat-i-drugi-anti-kovid-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ukinat-policiskiot-chas-vo-kosovo-se-olesnuvaat-i-drugi-anti-kovid-merki/#respond Mon, 31 May 2021 06:55:25 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517068

Денеска во Косово стапуваат во сила новите, олеснети мерки за спречување на ширењето на пандемијата на Ковид-19, со кои, меѓу другото, се укинува полицискиот час, односно досегашната забрана за движење на граѓаните во периодот од 23 до 5 часот наутро, јави дописникот на МИА од Приштина. Со одлуката што во петокот ја донесе Владата на Косово по видното намалување во последните недели на бројката на смртни случаи и заболени од Ковид-19, се продолжува и работата на угостителските објекти за еден час, односно до 23 часот. Освен тоа, се укинува и обврската за носење маски на граѓаните на отворено, доколку не се во друштво на други лица, односно се движат сами. – Според извештајот на Институтот за јавно здравство на Косово, епидемиолошката ситуација во Косово се прикажува како стабилна, со продолжување на падот на позитивни случаи. Главни мерки се следните: Се укинува ограничувањето на движењето, меѓутоа од полноќ до 5 часот не се дозволува собирање на лица во внатрешни и надворешни амбиенти; се продолжува работното време на угостителството до 23 часот; се укинува обврската за носење маски на граѓаните додека се движат сами во надворешни амбиенти, се вели во владината одлука. Во Косово последните денови е забележан значителен пад на бројот на заболени и починати од Ковид-19. Од, во просек, по две до три илјади извршени тестирања дневно, последните неколку недели заразени од коронавирусот резултираат по десетина до неколку десетици лица. Видно е намален и бројот на починати како последица на пандемијата, така што, на пример, во последните 72 часа, според вчерашниот извештајот на Националниот институт за јавно здравство на Косово, е забележан само еден смртен случај на заразен од коронавирусот. Бројката на активно заболени од Ковид-19 во земјата, според последниот извештај на надлежните здравствени власти, моментно изнесува 2.380. Проблем во справувањето на косовските власти со пандемијата останува ниската бројка на обезбедени вакцини и на вакцинирани лица. Официјално, досега се вакцинирани околу 64 илјади лица – главно медицински персонал и пензионери, и тоа со вакцини добиени како донација од програмата КОВАКС и од Европската унија. Ова, според медиумските извештаи, го сместува Косово во групата на земји со најнизок процент на вакцинирани, и тоа не само во регионот и во Европа. Во петокот, на 28 мај, Владата на Албин Курти соопшти дека постигнала договор со компанијата „Фајзер“ за купување во наредните месеци на 1,2 милиони дози вакцини, по што очекува до крајот на годинава да се имунизира повеќе од 60 отсто од населението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ukinat-policiskiot-chas-vo-kosovo-se-olesnuvaat-i-drugi-anti-kovid-merki/feed/ 0
Заев и Ахмети сами ќе ја укинуваат техничката влада која се формираше по барање на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-ahmeti-sami-kje-ja-ukinuvaat-tehnichkata-vlada-koja-se-formirashe-po-baranje-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-ahmeti-sami-kje-ja-ukinuvaat-tehnichkata-vlada-koja-se-formirashe-po-baranje-na-sdsm/#respond Tue, 18 Aug 2020 15:45:17 +0000 https://kurir.mk/?p=392311

Во најавата за формирање на новата влада, лидерот на СДСМ, Зоран Заев напомена дека ќе ја укинуваат техничката влада. Оваа влада за првпат беше воспоставена на барање на СДСМ пред изборите во 2016 година кога тие беа во опозиција, пишува Република. Тогаш СДСМ сметаше дека немаат фер услови за избори па затоа четирите лидери, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи договорија да се формира техничка или т.н Пржинска влада.Договорот беше постигнат во населбата Пржино на 2 јуни 2015 година во амбасадата на тогашниот ЕУ амбасадор Аиво Орав комесарот Хан и амбасадорот на САД Џес Бејли. Тоа значеше дека во владата ќе влезат технички министри на СДСМ, од кои најважно беше минитерствтото за внатрешни работи, но и повлекување на премиерот Груевски на сто дена до изборите закажани за 15 април. Така и бидна, Груевски се повлече во јануари,но СДСМ бегаше од избори најпрвин во април, а потоа и во јуни.Избори имаше дури во декември 2016 година. Влада не се формираше до јуни 2017 година па техничка влада имаше речиси година и половина наместо предвидените три месеци. По втор пат, техничката влада се формираше на почетокот на јануари оваа година кога Заев си поднесе оставка и на негово место дојде Оливер Спасовски.Во владата влегоа министри на ВМРО-ДПМНЕ и таа трбаше да функционира до април за кога беа закажани изборите. Но, тие се одложија поради короната и оваа влада ќе функционира до формирањето на новата власт. Оваа техничка влада функционираше и во вонредна состојба поради корона кризата. Се поставува прашањето како Заев и Ахмети мислат да ја укинуваат техничката влада која беше изгласана во договор со сите партии и дали за тоа ќе има согласност од ВМРО-ДПМНЕ и останатите партии?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-ahmeti-sami-kje-ja-ukinuvaat-tehnichkata-vlada-koja-se-formirashe-po-baranje-na-sdsm/feed/ 0
Укинат полицискиот час во Њујорк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukinat-policiskiot-chas-vo-njujork/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukinat-policiskiot-chas-vo-njujork/#respond Sun, 07 Jun 2020 14:56:41 +0000 https://kurir.mk/?p=354837

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио денеска го укина полицискиот час во градот, еден ден порано од планираното. Тој исто така најави дека од утре во градот почнува првата фаза од повторното отворање, по рестриктивните мерки воведени со цел сузбивање на епидемијата на коронавирусот. Полицискиот час беше воведен поради насилства, грабежи и оштетување на имот за време на протестите поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukinat-policiskiot-chas-vo-njujork/feed/ 0
Во Бугарија укинат карантинот за Македонците и за граѓаните на овие земји https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-bugarija-ukinat-karantinot-za-makedoncite-i-za-gragjanite-na-ovie-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-bugarija-ukinat-karantinot-za-makedoncite-i-za-gragjanite-na-ovie-zemji/#respond Mon, 01 Jun 2020 16:45:18 +0000 https://kurir.mk/?p=352481

Директорите на регионалните здравствени инспекторати ја укинаа наредбата за задолжителен карантин на лицата кои влегле на територијата на Република Бугарија во периодот од 20.05.2020 до 31.05.2020 година, а се од земјите членки на Европската унија, од Србија и Македонија. Тоа се однесува на граѓаните за кои причината за карантинот не е контакт со лице заразено со Ковид-19, се наведува во новата наредба на бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев, пренесува БГНЕС. За сите лица кои во периодот од 20.05.2020 до 31.05.2020 година влегле на територијата на Република Бугарија од Кралството Шведска, Велика Британија, Северна Ирска, Кралството Белгија, Република Ирска, Република Португалија, Кралството Шпанија , Република Малта и Италија, останува да важи мерката карантин. Сите лица што влегуваат во Бугарија од овие земји, како и од сите трети земји, со исклучок на Србија и Македонија, ќе бидат ставени во карантин за период од 14 дена во домот или друго сместување каде што лицето ќе посочи дека ќе престојува, со налог издаден од директорот на релевантниот регионален здравствен инспекторат или службено лице овластено од него. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-bugarija-ukinat-karantinot-za-makedoncite-i-za-gragjanite-na-ovie-zemji/feed/ 0