Укинати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Feb 2022 19:47:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Укинати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Швајцарија ги укинува сите епидемиолошки мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajcarija-gi-ukinuva-site-epidemioloshki-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajcarija-gi-ukinuva-site-epidemioloshki-merki/#respond Thu, 03 Feb 2022 19:47:03 +0000 https://kurir.mk/?p=626693

И покрај големиот број новозаразени, Швајцарија има намера наскоро да ги укине сите епидемиолошки мерки. Како вовед во укинување на мерките, од денеска е укината и обврската за карантин за лицата кои биле во контакт со заразени. Владата донесе одлука и за укинување на обврската за работа од дома. Владата има намера да донесе одлука за укинување на сите други мерки на 16 февруари, по консултации со кантоните. Владата има подготвено два предлога за средбата. Едниот предвидува укинување на речиси сите мерки од 17 февруари, доколку се намали бројот на заразени и бројот на хоспитализирани. Втората варијанта предвидува постепено укинување на мерките – прво 2G правила во угостителството, а како последна би се укинувала и обврската за носење маски во јавниот превоз. Исто така, на 16 февруари треба да се одлучи дали ќе се укине епидемиолошкиот режим на влез во земјава со кој се предвидува обврска за негативен тест за невакцинирани или излечени лица, како и пополнување електронски формулар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajcarija-gi-ukinuva-site-epidemioloshki-merki/feed/ 0
Црна Гора ги укина повеќето рестриктивни мерки, одлуката е донесена врз основа на проценка на моменталната епидемиолошка состојба во змејата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-gi-ukina-povekjeto-restriktivni-merki-odlukata-e-donesena-vrz-osnova-na-procenka-na-momentalnata-epidemioloshka-sostojba-vo-zmejata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-gi-ukina-povekjeto-restriktivni-merki-odlukata-e-donesena-vrz-osnova-na-procenka-na-momentalnata-epidemioloshka-sostojba-vo-zmejata/#respond Sat, 19 Jun 2021 13:04:44 +0000 https://kurir.mk/?p=525430

Во Црна Гора од денеска е укинато временското ограничување на работата на угостителските објекти, а списокот на земји чии граѓани влегуваат во Црна Гора под истите услови како и пред епидемијата на Ковид-19 е проширен, соопшти тамошното Министерство за здравство. Режимот на граничен премин за земјите од регионот не е променет. Одлуката е донесена врз основа на проценка на моменталната епидемиолошка состојба и бројот на вакцинирани жители, како и пад на бројот на заразени лица, на предлог на Советот за борба против коронавирусот. Од 19 јуни до петок, 2 јули, ќе се укине ограничувањето за работа на угостителски објекти, но во сила останува забраната за изведување музичка програма со учество на пејачи и музичари, освен во отворениот дел на објектите од 20 до 23 часот и со строго почитување на актите кои пропишуваат ограничување на бучава, пренесува РТЦГ. Се укинува временското ограничување за работа на компании и претприемачи што се занимаваат со трговија на непрехранбени производи и обезбедување услуги (трговски центри, продавници за обувки и облека, салони за убавина, фризерски салони …). Се укинува временскиот рок за работа на приредувачите на игри на среќа, културните институции и е дозволено да се одржуваат обуки на спортисти, спортски натпревари и спортски турнири во помали спортски простории во затворен простор со посебни мерки. Просечниот број на новозаболени во изминатата седмица беше 18, додека бројот на активни случаи е 380. Прва доза вакцина против коронавирус досега примиле 23,8 отсто, а втора 20,4 отсто од вкупното население.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-gi-ukina-povekjeto-restriktivni-merki-odlukata-e-donesena-vrz-osnova-na-procenka-na-momentalnata-epidemioloshka-sostojba-vo-zmejata/feed/ 0
Укинати забраните за камиони, магла и слаб снег на дел од патиштата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinati-zabranite-za-kamioni-magla-i-slab-sneg-na-del-od-patishtata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinati-zabranite-za-kamioni-magla-i-slab-sneg-na-del-od-patishtata/#respond Tue, 20 Feb 2018 07:36:24 +0000 http://kurir.mk/?p=23065

Укинати се забраните за тешки товарни возила што беа воведени на патните правци Гостивар - Кичево преку планинскиот превој Стража и на патниот правец Маврово-Дебар. Поради појава на магла утринава има намалена видливост од 50 до 60 метри на патот Тетово - Попова Шапка, до 50 метри на патот Делчево - граничен премин Делчево и до 100 метри во Крушево. Авто мото сојузот на Македонија утринава соопшти дека снег со слаб интензитет провејува во Маврово и на планинскиот превој Стража, а во Гостивар врнежите се од дожд и снег. На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози, додека на повисоките планински места во западните и југозападните делови од државата, по интервенцијата на екипите на „Македонија пат“ има остатоци од кашест снег, но тој не е пречка за сообраќајот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinati-zabranite-za-kamioni-magla-i-slab-sneg-na-del-od-patishtata/feed/ 0
Укинати вонредните мерки за намалување на аерозагадувањето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinati-vonrednite-merki-za-namaluvanje-na-aerozagaduvanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinati-vonrednite-merki-za-namaluvanje-na-aerozagaduvanjeto/#respond Thu, 11 Jan 2018 07:30:34 +0000 http://kurir.mk/?p=9213

Вонредните мерки и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот денеска престануваат да важат. Тие беа активирани на 8 јануари поради зголемените концентрации на ПM 10 честички во воздухот. Одлуката за укинување на мерките против аерозагадувањето ја соопштија вчера Министерството за животна средина и просторно планирање и Град Скопје, затоа што среднодневните концентрации на ПМ10 (200 µг/м3) биле под дозволената граница, односно само една мерна станица покажала поголемо загадување од дозволениот праг на загадувачките материи во воздухот. Престанувањето на важењето на вонредните мерки значи и дека од денеска е укинат бесплатниот превоз во автобусите на јавниот градски превоз, кој ќе се наплаќа според постојната тарифа. Вонредните мерки и препораки Градот Скопје ги воведе по добиеното соопштение од МЖСПП дека праговите на алармирање на ПМ10 (200 µг/м3) во два последователни дена се надминати на две мерни станици - Ректорат и Лисиче. Град Скопје соопшти дека мерките и препораките ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот, за што граѓаните ќе бидат навреме информирани. И покрај расчистувањето на воздухот, Град Скопје препорача граѓаните да не ги користат возилата без потреба, повеќе лица да се возат во едно возило и да се користи јавниот превоз. - За затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал, да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци, а печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот, апелира Град Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinati-vonrednite-merki-za-namaluvanje-na-aerozagaduvanjeto/feed/ 0