укинува – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Nov 2020 10:23:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png укинува – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нови отпуштања во германски Тисенкруп поради последиците од коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-otpushtanja-vo-germanski-tisenkrup-poradi-posledicite-od-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-otpushtanja-vo-germanski-tisenkrup-poradi-posledicite-od-koronavirusot/#respond Thu, 19 Nov 2020 10:23:56 +0000 https://kurir.mk/?p=431651

Германската групација Тисенкруп (Thyssenkrupp) денеска соопшти дека ќе укине дополнителни 5.000 работни места во текот на следните три недели, а претходно најави укинување на 6.000 работни места поради последиците од Ковид-19 врз нејзиниот бизнис во 2019-2020 година. – За да се соочи со последиците од пандемијата на Ковид-19, Тисенкруп мора да укине вкупно 11.000 работни места, се вели во соопштението на групата. Конгломератот, кој веќе неколку години е во криза, почна голема реорганизација во 2019 година, што првично требаше да опфати намалување на 6.000 работни места. – Оваа година веќе заминаа речиси 3.600 луѓе. Но, пандемијата е огромен тест и ја влоши ситуацијата во групата, изјави извршната директорка Мартина Мерц. Тисенкруп регистрира 16 проценти пад на приходите во деловната 2019/2020 година на 35,4 милијарди евра и оперативна загуба од 860 милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-otpushtanja-vo-germanski-tisenkrup-poradi-posledicite-od-koronavirusot/feed/ 0
Италија ја укинува помошта за Тунис поради големиот број на мигранти https://arhiva.kurir.mk/svet/region/italija-ja-ukinuva-pomoshta-za-tunis-poradi-golemiot-broj-na-migranti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/italija-ja-ukinuva-pomoshta-za-tunis-poradi-golemiot-broj-na-migranti/#respond Sat, 01 Aug 2020 07:20:54 +0000 https://kurir.mk/?p=384578

Шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо одлучи да ја укине помошта за Тунис во висина од 6,5 милиони евра, која е во рамките на програмата Соработка за развој. Тоа е една од мерките што ги презема италијанската Влада за да го стопира доаѓањето мигранти од Тунис, кои во првите шест месеци од годинава се помеѓу најбројните што пристигнуваат во Италија. Тунис се соочува со економска криза, па се е поголем бројот на лица кои се обидуваат да пристигнат во Италија и во Европа. Тунис спаѓа во безбедни земји, без војна и внатрешни конфликти, па затоа сите Тунижани кои нелегално ќе пристигнат во Италија ќе бидат вратени. Но, проблемот е во тоа што процесот на депортација е долг и скап. За разлика од претходната италијанска влада на Матео Салвини, чија политика беше затворање на италијанските пристаништа за мигрантите, Владата на премиерот Џузепе Конте, се обидува да го спречи поаѓањето на мигранти од туниски пристаништа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/italija-ja-ukinuva-pomoshta-za-tunis-poradi-golemiot-broj-na-migranti/feed/ 0
Во Србија утре се укинува вонредната состојба, но некои мерки остануваат на сила https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-utre-se-ukinuva-vonrednata-sostojba-no-nekoi-merki-ostanuvaat-na-sila/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-utre-se-ukinuva-vonrednata-sostojba-no-nekoi-merki-ostanuvaat-na-sila/#respond Tue, 05 May 2020 13:46:12 +0000 https://kurir.mk/?p=341985

Во Србија утре се очекува собранието да ја укине вонредната состојба, со што заклучно со четврток нема да има полициски час, но некои мерки воведени за време на борбата против коронавирусот ќе останат на сила. Членот на Кризниот штаб, епидемиологот Предраг Кон изјави дека по укинување на вонредната состојба во Србија, на сила останува мерката за прогласена епидемија од посебно значење, како и пандемија од Светската здравствена организација, која вклучува вонредни мерки. Како што јави дописникот на МИА од Белград, кризниот штаб по укинување на вонредната состојба, ќе и препорача на Владата на сила да остане забраната за масовни собири, вклучително и посети во кина и театри, како и спортски настани со гледачи. Покрај забраната за масовни собири, струката во кризниот штаб се согласи да се укине забраната за движење на лица над 65 години, со останување на препораките за нивно однесување во поглед на социјалната дистанца и рестриктивното движење. На сила ќе остане обврската за употреба на маски и ракавици во јавниот превоз, како и во рестораните и кафулињата, останува на сила и социјалната дистанца, ќе нема и понатаму настава во училиштата, а останува наставата од далечина. Одржувањето на оддалеченост од два метра останува на сила, како и избегнувањето на контакти- со гушкање и ракување. Според лекарите важно е и понатаму да се применуваат основните мерки за заштита за да се намали можноста од зараза со вирусот – миење на рацете, дезинфекција на површини со кои се доаѓа во контакт. Особено е важно да се одржува растојанието во затворен простор, а потребна е претпазливост и на отворено. Шетањето ќе биде дозволено, но не и во група. Прославите како свадби, крштевки, родендени ќе бидат дозволени од 15 јуни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-utre-se-ukinuva-vonrednata-sostojba-no-nekoi-merki-ostanuvaat-na-sila/feed/ 0
Оваа држава од ЕУ од 3 мај ја укинува вонредната состојба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovaa-drzava-od-eu-od-3-maj-ja-ukinuva-vonrednata-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovaa-drzava-od-eu-od-3-maj-ja-ukinuva-vonrednata-sostojba/#respond Tue, 28 Apr 2020 13:42:40 +0000 https://kurir.mk/?p=338745

Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса објави дека вонредната состојба воведена поради епидемијата со Ковид-19 ќе биде укината на 3 мај. Шефот на државата предупреди дека укинувањето на вонредната состојба не значи крај на епидемијата и додаде дека португалската економија повторно ќе се рестартира во фази. До денеска, бројот на заразен со новиот коронавирус во државата е 24.322, што претставува зголемување од 295 во однос на вчера. Починатите во последните 24 часа се 20, вкупно 984 смртни случаи од почетокот на епидемијата. Речиси 1.400 илјади луѓе оздравеле. Најмногу случаи на зараза има во северна Португалија. За време на вонредната состојба, работеа само продавниците за храна и аптеки. Португалскиот претседател предупреди дека поетапното рестартирање на економијата ќе биде бавен процес. „Она што е важно во оваа нова фаза е дека Португалците веќе знаат дека спречувањето на ширењето на нивната епидемија останува важно, затоа мора да преземеме мали чекори и постојано да ја проценуваме ситуацијата“, рече шефот на државата. Вонредната состојба беше воведена на 18 март. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovaa-drzava-od-eu-od-3-maj-ja-ukinuva-vonrednata-sostojba/feed/ 0
Словенија од денеска постепено ги укинува ограничувањата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-od-deneska-postepeno-gi-ukinuva-ogranichuvanjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-od-deneska-postepeno-gi-ukinuva-ogranichuvanjata/#respond Tue, 14 Apr 2020 08:54:41 +0000 https://kurir.mk/?p=331859

Словенија од денеска почнува постепено да ги укинува ограничувањата поради епидемијата на коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана. Здравствените установи од денеска ќе почнат да извршуваат специјалистички и амбулантски прегледи кои беа стопирани, а повторно ќе бидат отворени и центрите за рехабилитација. Од денеска повторно стартуваи производството во фабриките Горење, Адриа Мобил и Елан, а следната недела истото ќе го направи и Ревоз. Од словенечката Влада објавија дека во текот на денот на прес конференција ќе објават кои други забрани и ограничување ќе бидат укинати. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-od-deneska-postepeno-gi-ukinuva-ogranichuvanjata/feed/ 0