укинување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Sep 2023 18:21:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png укинување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Американската стопанска комора во Косово бара укинување на забраната за увоз од Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskata-stopanska-komora-vo-kosovo-bara-ukinuvane-na-zabranata-za-uvoz-od-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskata-stopanska-komora-vo-kosovo-bara-ukinuvane-na-zabranata-za-uvoz-od-srbija/#respond Tue, 05 Sep 2023 18:21:08 +0000 https://kurir.mk/?p=874918

Американската стопанска комора во Косово (АСКК) побара од владата на Албин Курти итно да ги преиспита мерките, воведени во јуни годинава, со кои се забранува увозот на стоки од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението што денеска го достави до медиумите, АСКК оценува дека со одлуката на владата во Приштина „се попречуваат меѓународните комерцијални интереси, преку ограничување на прометот на стоки од светски познати брендови“. Американската комора соопшти дека влијанието на оваа одлука во голема мера ги погодува меѓународните компании, вклучително и оние од Соединетите Американски Држави. Според официјалните податоци на кои се повикува Комората, „увозот од компании со значителна американска сопственост е намален за над 39 отсто во споредба со 2022 година, што го истакнува значителното влијание што сегашните мерки на Владата на Косово го имаат врз меѓународните претпријатија“. „Податоците откриваат тмурна реалност; увозот поврзан со американски компании се намалува со алармантен ритам. Понатаму, секоја трговска бариера, како што е оваа забрана, неминовно ги зголемува потрошувачките цени, дополнително оптоварувајќи ги буџетите на косовските семејства. Дотолку повеќе, во услови кога Косово веќе ја укина забраната за увоз на суровини и полуфинални производи од Србија, бесмислено и иронично е да остане на сила мерката со која се забранува увоз на стоки што претставуваат меѓународни комерцијални интереси“, се наведува во соопштението. Американската комора цени дека економската нормализација на Косово и Србија „ги надминува билатералните интереси“. „Постојано залагајќи се за отворена и урамнотежена трговска политика, АСКК бара брзи и решителни активности кои ќе го поддржат економскиот раст, просперитетот и регионалната хармонија“, се вели во соопштението. Владата на Курти одлучи да го запре увозот од Србија како економска мерка по киднапирањето на тројца косовски полицајци на територијата на земјата од страна на српските сили во јуни оваа година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskata-stopanska-komora-vo-kosovo-bara-ukinuvane-na-zabranata-za-uvoz-od-srbija/feed/ 0
Проширувањето на ЕУ дел од дебатата за укинување на едногласноста при одлучувањето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proshiruvanjeto-na-eu-del-od-debatata-za-ukinuvanje-na-ednoglasnosta-pri-odluchuvanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proshiruvanjeto-na-eu-del-od-debatata-za-ukinuvanje-na-ednoglasnosta-pri-odluchuvanjeto/#respond Tue, 20 Sep 2022 19:23:48 +0000 https://kurir.mk/?p=735419

Чешкото претседателство со ЕУ ја отвори темата за укинување на едногласно одлучување во одредени области од надворешната политика, при што проширувањето на Унијата иако не е висок приоритет, сепак е дел од дебатите, јави дописничката на МИА од Брисел. Министерот за европски работи на Чешка, Микулаш Бек, на прес-конференцијата денеска по Советот за општи работи на ЕУ, призна дека не е преголем оптимист дека до крајот на чешкото претседавање ќе се постигне успех за овој предлог да се премине од едногласност на квалификувано мнозинство во надворешната и безбедносната политика во Советот на ЕУ, но рече и дека не се откажува. Прага од земјите членки побара да ги дадат своите размислувања, кои делови од надворешната и безбедносната политика прифатливо би поминале под гласање со квалификувано мнозинство. Главната цел на оваа расправа е да се надминат блокадите на земји како Унгарија во санкциите против Русија, но министерот Бек потсети и на говорот на германскиот канцелар Олаф Шолц, кој неодамна посочи дека е време и одлуките за проширување да бидат ослободени од едногласното одлучување. Некои од поранешните силни противници (на квалификуваното мнозинство) се и силни поддржувачи на проширувањето, го слушнавме говорот на канцеларот Шолц, рече тој споменувајќи ја поврзаноста со проширувањето и потребата да се промени начинот на одлучување. За министерот Бек најпродуктивно во овој момент е да се добие генерална и широка слика од сите земји членки, каде се тие подготвени да попуштат за едногласното одлучување и истакна дека во овој дел важни елементи се теми како транснационални листи за ЕУ изборите, проширувањето и влезот на Украина во заедничкиот пазар на ЕУ, итн. -Не сум преголем оптимист, но не е сѐ изгубено. Има важни теми на маса, изјави Бек, повикувајќи уште еднаш да се има големата геополитичка слика на ум. На прашање на МИА дали станало збор и конкретно за укинување на едногласноста во областа на проширувањето, чешкиот министер одговори дека „проширувањето не беше официјална главна тема“. -Но, некако беше присутно во дискусијата за процесот на одлучување, повеќе земји членки го споменаа како релевантен контекст во дебатата и чешкото претседателство е многу посветено на процесот на проширување, многу е важно да биде присутен контекстот во дебатата за институционални промени, изјави Бек на прес-конференцијата попладнево.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proshiruvanjeto-na-eu-del-od-debatata-za-ukinuvanje-na-ednoglasnosta-pri-odluchuvanjeto/feed/ 0
САД го укинуваат задолжителниот ковид-тест за патниците во авионите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-ukinuvaat-zadolzitelniot-kovid-test-za-patnicite-vo-avionite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-ukinuvaat-zadolzitelniot-kovid-test-za-patnicite-vo-avionite/#respond Fri, 10 Jun 2022 19:31:25 +0000 https://kurir.mk/?p=689360

САД го укинуваат задолжителното тестирање за Ковид-19 за патниците кои доаѓаат во земјата со авион, соопшти денеска Белата куќа. Соочени со појавата на варијантата омикрон, американските здравствени власти ги заострија процедурите за тестирање за влез во САД во декември 2021 година. Сите патници на возраст над две години мораа да приложат негативен тест за ковид направен помалку од еден ден пред полетувањето, без разлика дали се вакцинирани или не. Наредбата за задолжително тестирање за Ковид истекува во недела во 12.01 часот по Гринич (18.01 по средноевропско време), бидејќи Центрите за контрола и превенција на болести утврдиле дека тестовите повеќе не се неопходни. Американската агенција повторно ќе ја проценува потребата од тестови на секои 90 дена и може повторно да се воведе доколку се појави загрижувачки вид на вирусот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-ukinuvaat-zadolzitelniot-kovid-test-za-patnicite-vo-avionite/feed/ 0
Од 1 јуни во Грција привремено се укинува задолжителната маска и на затворено https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-1-juni-vo-grcija-privremeno-se-ukinuva-zadolzitelnata-maska-i-na-zatvoreno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-1-juni-vo-grcija-privremeno-se-ukinuva-zadolzitelnata-maska-i-na-zatvoreno/#respond Wed, 18 May 2022 14:28:15 +0000 https://kurir.mk/?p=678537

Од 1 јуни привремено се укинува задолжителната маска и во внатрешните објекти во Грција, со исклучок на болниците, домовите за стари лица и јавниот градски сообраќај, соопшти попладнево министерот за здравство Танос Плеврис, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис рече дека одлуката е по препораката од надлежната комисија на епидемиолози и ќе важи до 15 септември 2022 година. Маската повеќе нема да биде задолжителна за затворените простори, но и за авионите и за превозните средства со нумерирани седишта, како што се возовите и меѓуградските автобуси. Министерот за здравство на Грција објасни дека маската и понатаму ќе биде задолжителна во болниците, домовите за нега на стари лица и слични институции, како и во јавниот градски превоз, како што се автобусите, метрото, трамваите и тролејбусите. За употребата на маската во образовните институции и во бродскиот сообраќај, Комисијата на епидемиолози, како што рече Плеврис, ќе одржи нов состанок следната седмица. -Укинувањето на задолжителната употреба на маска значи дека нема да се изрекува административната казна, но сепак останува охрабрувањето и препораката, дека ќе треба да се користи маската во сите простори, особено за населението кое припаѓа на ранливите категории, рече Плеврис. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-1-juni-vo-grcija-privremeno-se-ukinuva-zadolzitelnata-maska-i-na-zatvoreno/feed/ 0
Се укинува задолжителното носење маска на аеродроми во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-ukinuva-zadolzitelnoto-nosenje-maska-na-aerodromi-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-ukinuva-zadolzitelnoto-nosenje-maska-na-aerodromi-vo-evropa/#respond Wed, 11 May 2022 11:25:27 +0000 https://kurir.mk/?p=675058

Носењето маски веќе нема да биде задолжително на аеродромите и на летовите во Европа, соопштија денеска Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај и Европскиот центар за превенција и контрола на болести. Како што наведуваат, новите препораки ќе стапат во сила од 16 мај. – Од следната недела, маските за лице веќе нема да бидат задолжителни во авионите, што во голема мера е во согласност со променливите барања на националните власти низ Европа, кога станува збор за јавниот превоз, изјави извршниот директор на Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај, Патрик Ки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-ukinuva-zadolzitelnoto-nosenje-maska-na-aerodromi-vo-evropa/feed/ 0
Авиокомпаниите бараат укинување на Ковид мерките https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aviokompaniite-baraat-ukinuvanje-na-kovid-merkite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aviokompaniite-baraat-ukinuvanje-na-kovid-merkite/#respond Fri, 06 May 2022 14:34:16 +0000 https://kurir.mk/?p=672978

Најголемите американски авиокомпании и туристички компании побараа од Белата куќа да го укине задолжителното тестирање за Ковид 19 за вакцинирани патници во меѓународниот сообраќај што влегуваат во Соединетите држави. - Со оглед на бавното закрепнување во секторот за деловни и меѓународни патувања, како и во светлината на новите медицински откритија и подобрената слика за јавното здравје во Соединетите Држави, би сакале да ве охрабриме веднаш да ја укинете обврската за тестирање вакцинирани патници во авионите, Се вели во писмото потпишано од American Airlines, Carnival Corp, Marriott International, Disney Parks на Walt Disney, Американската стопанска комора, Американската асоцијација за патувања и други компании. Раководството на авиокомпаниите тврдат дека многу Американци се откажуваат од патување во странство бидејќи стравуваат дека тестот за ковид може да биде позитивен кога ќе се вратат, па нема да можат да се вратат во земјата. Во писмото до координаторот за коронавирус во Белата куќа, Ашиш Џау, се вели дека трошоците за одржување на мерката ќе бидат многу високи, додавајќи дека трошоците во секторот за меѓународни патувања паднале за 78 отсто од 2019 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aviokompaniite-baraat-ukinuvanje-na-kovid-merkite/feed/ 0
Џонсон: Ќе биде потребно повеќе од само прекин на огнот за Британија да ги укине санкциите за Москва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-kje-bide-potrebno-povekje-od-samo-prekin-na-ognot-za-britanija-da-gi-ukine-sankciite-za-moskva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-kje-bide-potrebno-povekje-od-samo-prekin-na-ognot-za-britanija-da-gi-ukine-sankciite-za-moskva/#respond Tue, 29 Mar 2022 12:41:23 +0000 https://kurir.mk/?p=655081

Договорот за прекин на огнот меѓу Русија и Украина не би бил доволен за укинување на британските санкции, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон на состанокот со неговите министри. – Премиерот рече дека само прекин на огнот нема да биде причина за укинување на британските санкции кон Русија, изјави портпаролот на Џонсон – Тој рече дека притисокот врз (рускиот претседател Владимир) Путин мора да се зголеми со дополнителни економски мерки и обезбедување воена помош за да се осигура дека Русија целосно ќе го смени курсот, додаде портпаролот на британскиот премиер. Шефицата на британската дипломатија Лиз Трас во неделата изјави дека санкциите наметнати на руски поединци и компании може да бидат укинати доколку Русија се повлече од Украина и се обврзе да стави крај на агресијата. Трас во интервју за британскиот весник „Телеграф“ посочи дека мерките може да престанат доколку Москва го промени курсот. – Она што го знаеме е дека Русија потпиша неколку договори кои едноставно не ги почитува. Значи мора да има висока цена. Се разбира, санкциите се висока цена, рече таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-kje-bide-potrebno-povekje-od-samo-prekin-na-ognot-za-britanija-da-gi-ukine-sankciite-za-moskva/feed/ 0
Бугарија до 20 март ќе ги укине ковид ограничувањата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-do-20-mart-kje-gi-ukine-kovid-ogranichuvanjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-do-20-mart-kje-gi-ukine-kovid-ogranichuvanjata/#respond Mon, 21 Feb 2022 16:35:25 +0000 https://kurir.mk/?p=634498

Бугарија влегува во втора и трета фаза од пандемијата, а се очекува земјата за краток период да стигне до првата фаза, што значи дека наскоро цела Бугарија ќе биде во зелената зона, изјави премиерот Кирил Петков. Според Петков, до 20 март ќе може да се укинат сите ограничувања во земјава, а зелениот сертификат ќе остане единствениот актуелен документ што ќе важи во европската регулатива за патување. Од 24 февруари, првиот чекор е секој објект во Бугарија да дозволи влез за лица без зелен сертификат, но за вработените ќе остане условот за зелен сертификат. Во образовните центри и училиштата ќе биде дозволено да учат до 12 деца. Следниот битен датум е 5 март – доколку дотогаш работите се развиваат позитивно, посети без зелен сертификат ќе бидат можни на активности и услуги во објекти од јавен интерес, изјави Ангел Кунчев. На 20 март ќе може да се соопшти дека посетите на дејности и услуги се одвиваат без сертификат, како и без потврда за персонал. Зелениот сертификат ќе важи се додека лицето, кое сака да патува, со него ќе му се обезбедува олеснет режим на патување, изјави главниот санитарен инспектор на Бугарија Ангел Кунчев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-do-20-mart-kje-gi-ukine-kovid-ogranichuvanjata/feed/ 0
Германија ќе ги укинува рестриктивните мерки против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-kje-gi-ukinuva-restriktivnite-merki-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-kje-gi-ukinuva-restriktivnite-merki-protiv-kovid-19/#respond Wed, 16 Feb 2022 17:24:19 +0000 https://kurir.mk/?p=632316

Германија ќе почне да ги укинува повеќето ограничувања воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, бидејќи опаѓа стапката на инфекции во државата и тоа сугерира дека бранот поттикнат од сојот Омикрон го достигнал врвот. Тоа го најави канцеларот Олаф Шолц денеска по разговорите со регионалните лидери. – Државата ќе започне со план од три чекори за постепено отстранување на голем дел од сегашните ограничувања до 20 март, изјави Шолц. Тој додаде дека Германците, сепак, мора да продолжат да носат заштитни маски и да бидат претпазливи бидејќи „пандемијата не е завршена“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-kje-gi-ukinuva-restriktivnite-merki-protiv-kovid-19/feed/ 0
Швајцарија ги укинува речиси сите мерки против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajcarija-gi-ukinuva-rechisi-site-merki-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajcarija-gi-ukinuva-rechisi-site-merki-protiv-kovid-19/#respond Wed, 16 Feb 2022 16:17:17 +0000 https://kurir.mk/?p=632291

Швајцарија ќе ги укине речиси сите рестриктивни мерки, воведени поради коронавирусот, освен носењето заштитни маски во јавниот превоз и здравствените установи, соопшти денеска швајцарската Влада. До крајот на март, мерката задолжителна изолација ќе остане во сила во период од пет дена за лицата кои се позитивни на коронавирусот, соопшти Владата. Укинувањето на мерките ќе стапи во сила утре, кога влезот во продавниците, рестораните и установите од културно значење ќе биде отворен за граѓаните, без ограничувања, соопшти владата. – Епидемиолошката состојба продолжува да се развива во позитивна насока. Благодарение на високото ниво на имунитет кај населението, малку е веројатно дека здравствениот систем ќе биде преоптоварен, и покрај сѐ уште високото ниво на циркулација на вируси, се вели во владиното соопштение. Повеќе од 90 отсто од швајцарските граѓани стекнале имунитет од коронавирусот, бидејќи или го прележале или биле вакцинирани против оваа инфекција, изјавија официјални лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajcarija-gi-ukinuva-rechisi-site-merki-protiv-kovid-19/feed/ 0