УКЛО-Битола – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 27 May 2023 13:08:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png УКЛО-Битола – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нобеловецот Ден Шехтман промовиран за Почесен професор на УКЛО-Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nobelovetsot-den-shehtman-promoviran-za-pochesen-profesor-na-uklo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nobelovetsot-den-shehtman-promoviran-za-pochesen-profesor-na-uklo-bitola/#respond Sat, 27 May 2023 13:08:48 +0000 https://kurir.mk/?p=839425

Професор д-р Ден Шехтман од Израел, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година од денеска е избран Почесен професор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола. На свечена академска церемонија во Битола, ректорот на битолскиот Универзитет, професор д-р Игор Неделковски, на д-р Шехтман му врачи инсигнии, одора и универзитетска диплома за Почесен професор на УКЛО-Битола. -Почестен сум што ја добив оваа висока универзитетска титула. Најважното нешто за една држава, вистинско национално богатство се луѓето и нивната свест. Според мене на Македонија и треба економски успех што ќе го врати младото население во земјава и затоа ви се потребни повеќе инженери и научници. Универзитетот е местото каде што се подготвува таков кадар, да се отвораат стартапи и други инвестиции. Како што знаете јас доаѓам од мала земја, но таа е исклучително економски развиена и затоа младите се враќаат назад во државата, пред се заради економските стартапи. Македонија прекрасна земја со прекрасни луѓе, паметни, љубезни, слично како нас и затоа деновиве тука се чувствувам како дома, рече нобеловецот Шехтман. Промовирањето на д-р Шехтман за Почесен професор на УКЛО-Битола ќе придонесе за подобрување на рејтингот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, посочи ректорот Игор Неделковски. -Првпат на нашиот Универзитет присуствува еден нобеловец, прв пат на нобеловец му предложивме и тој се согласи да биде избран во звање Почесен професор и со тоа да прифати да биде дел од УКЛО. Овој чин го потврдува рејтингот на УКЛО што го има на меѓународно ниво, и се надеваме дека со академик Шехтман тоа ќе продолжи и затоа очекуваме овој чин да придонесе за поголема видливост на нашиот Универзитет во светот, нагласи ректорот Неделковски. Професорот Шехтман е член на четирите најмоќни академии на науки во светот, на Израелската, Европската, на Руската академија на науки, како и на Американската национална инженерска академија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nobelovetsot-den-shehtman-promoviran-za-pochesen-profesor-na-uklo-bitola/feed/ 0
Синдикатот на УКЛО-Битола бара повисоки плати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-uklo-bitola-bara-povisoki-plati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-uklo-bitola-bara-povisoki-plati/#respond Mon, 10 Oct 2022 12:35:17 +0000 https://kurir.mk/?p=743601

Синдикалната организација при УКЛО-Битола на прес-конференција побара повисоки плати, создавање можности за вработување на нов кадар и пополнување на испразнети места врз основа на пензионирање. Според проф. д-р Саша Дуковски, претседател на Иницијативниот одбор за синдикално организирање на сите вработени на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, во сите универзитетски еиници има недостиг ка кадар, додека пак според д-р Наташа Петрова Поповска, во ненаставниот кадар од 12 единици, осум функционираат без секретар правник кој ја организира работата внатре во единицата. -Ја поддрживме целосно иницијативата на Сојузот на синдикати на вработените на УКИМ и нивните разговори со Владата каде покрај подобрувањето на материјално-техничката состојба треба да дојде до зголемување на платите на сите вработени во следниот период линеарно со 25 проценти годишно. Во следните четири години треба да биде покачена за 100 проценти, истакна Дуковски. Ова е прв обид за создавање на репрезентаривен синдикат од сите вработени на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-uklo-bitola-bara-povisoki-plati/feed/ 0
„Рестарт“ на факултетските библиотеки на УКЛО во Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/restart-na-fakultetskite-biblioteki-na-uklo-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/restart-na-fakultetskite-biblioteki-na-uklo-vo-bitola/#respond Sun, 15 Nov 2020 08:03:23 +0000 https://kurir.mk/?p=429655

Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола почна со рестартирање на факултетските библиотеки, кои работат во универзитетските единици на УКЛО – Битола. Амбициозниот проект го реализира тим предводен од м-р Јелена Петровска, програмски раководител во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, а со цел COBISS и грижа за вработените и корисниците на библиотечните услуги. COBISS е кратенка од Co-operative Online Bibliographic System & Service или база која ги содржи библиотечните фондови на многу библиотеки од регионот. Ние како воопшто да не ги препознаваме библиотекарите што работат на факултетите, вели Петровска, и посочува на проблемите со кои се соочуваат во факултетските библиотеки. – Тие се соочуваат со проблем да влезат во системот на Универзитетот и да бидат препознаени, а со самото тоа и да немаат основни услови за работа во сфера на автоматизација на библиотечните процеси. За надминување на таа состојба многу библиотекари почнаа со професионално усовршување, положија испити за каталогизација во Националната библиотека во Скопје, но сепак не се дооформени како библиотекари. Поведовме инцијатива, библиотекарите кои работат на факултетите најнапред меѓусебно да се запознаат, да соработуваат, а потоа да направиме една критична маса, која ќе поттикне поквалитетно библиотечно работење во рамките на УКЛО. На овој начин ќе добиеме збогатена база на податоци за централен каталог на ниво на држава, односно сите библиотечни збирки што ги имаат факултетите ќе бидат онлајн обработени, и ќе бидат достапни за сите корисници на COBISS-системот, појасни Петровска. Според анализите на тимот од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, во факултетските библиотеки на УКЛО најчесто се ангажираат лица кои се пренасочуваат поради немање доволно часови во наставниот процес, но и лица кои се ангажираат со договор на дело кои не поседуваат посебни знаења и вештини. – Ние сакаме со наша поддршка да им се создаде можност за регулирање на нивниот статус, отворање место за вработување, а тоа значи да им се создаде можност за професионално усовршување, да се стекнат со звање виш библиотекар или библиотекар советник со што ќе станат дел од системот на УКЛО. Тоа е многу важно затоа што при акредитација на одредена студиска група на кој било факултет, во акредитацијата задолжителна е обврската на факултетот да има библиотека, а тоа со други зборови значи дека треба да има и библиотекар. Потребни се насоки за развој, стратегија за развој на факултетските библиотеки, и ние сме на располагање при изработка на сите потребни документи. Јас како програмски раководител ќе го водам тимот што ќе подготви стратегија за развој на факултетските библиотеки, a колешката Лидија Мирчевска од одделот за периодика ќе помогне за значењето на периодичните списанија, посебно научни списанија во системот на организација на една факултетска библиотека. Тие треба да знаат како да се набават, како да се разменат списанија, како да ги обработат во системот COBISS за да бидат препознатливи и кое е значењето на научните списанија со апстракти од нашата држава. Потоа, ќе направиме скен/снимање за тоа како библиотеките работат, каков простор имаат, и тоа важи за сите факултетски библиотеки на УКЛО, а ги има 15 на број, освен на Институтот за тутун во Прилеп каде немаат библиотека ниту имаат назначено лица за вршење на таа дејност. Библиотекарите што работат во факултетските библиотеки не се свесни, ниту знаат за своите можности и услови за кариерен развој или напредок во работата. Имено, со потпишувањето на Колективниот договор во културата, за библиотекарите е создадена можност за стекнување звање, а тоа се виш библиотекар и библиотекар советник, вели Петровска. Библиотеката која работи во рамките на Педагошки факултет – Битола во моментов е единствената која е вклучена во COBISS-системот, кој, како што е познато, овозможува вмрежување во заедничкиот интернет-библиографски систем на услуги. – Денес, нема општа проценка и е непознато колку книги има во факултетските библиотеки одделно затоа што не е вршен попис на книгите во ниту една библиотека. Во таа смисла потребно е да се знае со колку библиотечни единици располага соодветната библиотека, со колку списанија располага фондот и друга литература како неоткриено богатство. Во овој момент единствена библиотека од факултетите на УКЛО – Битола која работи во COBISS-системот е библиотеката од Педагошкиот факултет. Но ние сметаме дека сите библиотекари треба да се усовршат и да се стекнат со поголеми знаења кои ги овозможува виртуелниот центар на Националната библиотека во Скопје. Тоа, пак, директно ќе помогне при годишната евалуација на УКЛО – Битола, во евалуациските програми да се добијат повисоки оцени, со што ќе се зголемат параметрите за квалитет на студирање. Со акцијата на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се постигнуваат неколку ефекти: вмрежување, запознавање меѓу библиотекарите, библиотечниот фонд станува повидлив затоа што библиотеките по факултетите се почесто затворени отколку отворени, нагласува Петровска, и додава дека литературата што ја поседуваат факулетските библиотеки треба да биде во функција на сите, не само на професорите, туку и на студентите. Студентите многу побрзо ќе може да ги изнајмуваат книгите кои се добиваат преку размена од една со друга библиотека. Пример со размена на литература која ја има на факултети во Битола, Скопје или Штип, со соодветни факултети во Белград, Загреб, Варшава или некој друг европски град, системот COBISS брзо ќе ги препознава потребите и книгите. Не смее да се случува одредени книги да останат изложени и затворени во ничии кабинети или канцеларии, забележуваат од тимот што се зафати со рестартирање на факултетските библиотеки на УКЛО – Битола. Во меѓувреме, многубројна стара литература е на полиците на факултетските библиотеки, а читалниците се осамени со празни столови и клупи. Базите на податоци за книги и научни списанија не се доволно искористени, иако некои факултети сепак инвестираат во бази на податоци и набавка на референтна литература. Во Европа библиотечните сервиси се рефрешираат/освежуваат редовно, а во таа насока е проектиран планот на тимот од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, или рестартирање на факултетските библиотеки на УКЛО во Битола. Марјан Танушевски МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/restart-na-fakultetskite-biblioteki-na-uklo-vo-bitola/feed/ 0
Прв уписен рок за студенти бруцоши на УКЛО-Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-upisen-rok-za-studenti-brucoshi-na-uklo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-upisen-rok-za-studenti-brucoshi-na-uklo-bitola/#respond Thu, 27 Aug 2020 08:21:03 +0000 https://kurir.mk/?p=395959

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола денеска го реализира првиот уписен рок за студенти бруцоши. За студирање во прва година на сите универзитетски единици огласени се 2 697 слободни места, а од нив 1 450 се за редовни студенти кои ќе студираат во рамки на државната квота, 790 места се за категоријата редовни студенти со школарина во студиите, а 457 места се за вонредни студенти. Според јавниот конкурс на УКЛО-Битола, најмногу слободни места за упис се понудени на Технички факултет-Битола каде на осум насоки може да се запишат 420 студенти, ФИКТ-Битола годинава ќе запише 370, а Факултетот за туризам и угостителство во Охрид огласи 324 слободни места за упис. Во новата академска година, во прва година на Економскиот факултет во Прилеп ќе може да студираат 248 студенти, на Технолошко-техничкиот факултет во Велес, исто така членка на УКЛО, има можност за студирање на 75 студенти, а Факултетот за безбедност во Скопје може да запише 350 студенти. Денеска, во понеделник и во вторник пријави за студирање во прва година ќе се примаат и на Правен факултет, каде може да се запишат 220 студенти во трите категории за студирање, на Факултетот за биотехнички науки има 150 места, Ветеринарен факултет објави 45 слободни места, Педагошки факултет објави 215, додека Високата медицинска школа во новата академска година може да запише 280 студенти бруцоши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-upisen-rok-za-studenti-brucoshi-na-uklo-bitola/feed/ 0
Усвоен нов статут на УКЛО-Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/usvoen-nov-statut-na-uklo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/usvoen-nov-statut-na-uklo-bitola/#respond Wed, 11 Jul 2018 13:09:25 +0000 https://kurir.mk/?p=75623

Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, го усвои новиот Статут на УКЛО-Битола. Од УКЛО-Битола информираат дека новиот Статут е усогласен со Законот за високото образование, во соодветна простапка и по е спроведена утврдена процедура. - Пред денешното усвојување на новиот Статут претходеше зголемената динамика на органите и телата на УКЛО, спроведена јавна расправа на единиците на УКЛО и можност да изнесат предлози и мислења. По завршувањето на оваа фаза Комисијата за нормативна дејност прифати Предлог-Статут на УКЛО, кој потоа беше утврден од Ректорската управа, а сега веќе усвоен и од Сенатот, информираат од УКЛО-Битола. Статутот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола во предвидениот рок ќе биде доставен до Собранието на Република Македонија кое со одлука дава согласност на Статутот. Според ректорот Сашо Коруновски, усвојувањето на Статутот е особено важно за УКЛО, зашто го дефинира работењето на Универзитетот во сите негови домени и целосно е сообразен со новиот Закон за високото образование, обезбедува вистинска рамка за функционирање на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола и се отвораат перспективи за неговиот понатамошен развој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/usvoen-nov-statut-na-uklo-bitola/feed/ 0